Исламската верска заедница во Р.С. Македонија ужива висока доверба меѓу своите верници во државата, покажува најновото истражување на „Религија.мк“, „Институтот за политички истражувања – Скопје –ИПИС“, поддржано од Фондацијата „Конрад Аденауер“ – КАС, дел од проектот за анализа на перцепцијата на јавноста во мулти-религиски општества, како што е Р.С. Македонија. Истражувањето во кое беа опфатени само муслимани, покажува дека во ИВЗ доверба ...
Голем настан организира Бигорската обител и Дебарско-кичевската епархија следната недела на 30 јули за осветување на Прекрасната црква посветена на Пресвета Богородица, во долнореканското село Ростуше. Бигорска обител со голема чест и радост ги поканува верници, сите ростушани и пријатели на Река и на Мијачкиот крај, да присуствувате на овој свет и значаен настан за овој крај. – Осветувањето ќе се изврши на 30 јули 2023 година, недела, со ...
На покана од Неговото Високопресвештенство Доростолскиот митрополит Јаков, Неговото Високопреосвештенство Кумановско-Осоговскиот митрополит Григориј од Православната црква на Северна Македонија, отслужи празнична архиерејска вечерна со петолебие во соборната црква „Свети апостоли Петар и Павле“, објави Доростолската митрополија на Бугарската Православна црква. Митрополитот Григориј бил гостин на Бугарската црква два дена, служел и утринска ...
Две сериозни пораки испратил Митрополит Халкидонски Емануил, од Вселенската патријаршија до архиереите на Бугарската православна црква. Владиката Емануил, кој практичко е втор човек во Вселенската Патријаршија, денеска од БПЦ побарал две работи. „Доксологијаинфоњуз“ пишува дека едната е поврзана со исполнување на ветувањето на бугарскиот Патријарх Неофит, да го додаде во својот Диптих името на Митрополитот Киевски и на цела Украина. И втората со ...
Во рамки на својата посета на градот Константинопол, Премиерот на Република Северна Македонија, г. Димитар Ковачевски, денеска 15 јули 2023 година, ја посети Вселенската Патријаршија, објави ВП. Неговата екселенција, Премиерот г. Ковачевски, беше примен од Сесветиот Патријарх Вартоломеј, со кого имаше прилика да разговара во добросрдечна атмосфера на теми од заеднички интерес, стои во соопштението. Премиерот Ковачевски го посети и се поклони во ...
На аџилак годинава заминаа 919 верници муслимани од 13 муфтиства во нашава држава. Ова за Радио Слободна Европа го изјави претседателот на Исламската верска заедница во С. Македонија Хаџи Шакир еф. Фетаху кој додаде дека авионското патување кон светите исламски места во Саудиска Арабија во Мека и Медина е реализирано последните три дена со пет авиони на Саудиска Арабија од Скопје до Џеда. Како што пренесува нашиот дописник од Дебар, Кенан ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дека епископот Јаков Стобиски извршил дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Комисијата му наложи на епископот да се извини јавно, а доколку тој не го стори тоа, Комисијата ќе поднесе барање за покренување прекршочна постапка пред надлежен суд Комисијата нотирала дека при јавните настапи епископот Јаков Стобиски изразил мислења, ставови и идеи кои се ...
Еве не, чедата на МПЦ, собрани заедно со претставници на сите цркви и верски заедници за да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили – децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии. Собрани сме за достоинствено и радосно да го покажеме нашето прегрнување на сиот свет како Божјо творение и да кажеме дека Црквата ниту сега, ниту кога било, не ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во посета на Вселенската патријаршија На 8 јули утрото пристигна во Фанар, каде имал средба со Всленскиот патријарх Вартоломеј. Зеленски присуствувал и заупокоената службаза загинатите украински војници и мирни жители во патријаршискиот храм Свети Ѓеорги во Фанар. Вчера беше 500 дена од почетокот на руската агресија врз Украина. Десетици илјади жртви и милиони раселени е досегашниот биланс. -Благодарам ...
Нов видео запис под наслов „Пасха во Бигорски 2023“ е изработен за овој надалеку познат манастир, овој пат за годинешното величенственото одбележување на Христовото воскресение-Велигден. Присуството на неколку илјадници верници, во саботата 15 април пред Христово воскресение и со повеќе стотици во другите денови, од сите делови на државава, но и на верници од православниот свет од повеќе европски држави, само потврди дека Бигорски останува ...
Украинската државна Комисија за етничка политика и слобода на совеста, обзнани пет барања до УПЦ-МП, под раководство на митрополитот Онуфриј, со чие исполнување ќе може да се докаже дека истата навистина објавила независност од Московската Патријаршија и дека веќе не е „Руска православна црква во Украина“, како што ја нарекуваа мнозина од клириците на УПЦ пред руската инвазија. Овие барања се формулирани и испратени до УПЦ-МП по специјалната ...
Во највисокото раководство на Синодот, не мислам на поглаварот, има луѓе кои соработуваат со руските служби. Ваква информација обелодени Претседателот Стево Пендаровски во вчерашното гостување на ТВ 24, посочќувајќи дека овие информации ги споделил со највисоките црковни достојници. Потенцира дека информацијата се базира на извештаите на органите кои се бават со таа работа, меѓу нив и НАТО. На прашањето дали руското влијание има вмешано прсти во ...
Исламската верска заедница соопшти дека е против донесување на законите за родова еднаквост и за матична евиденција и оти нејзиниот став во однос на спорните закони за кои се отвори дебата во јавноста, е „пред се заштита на традиционалните семејни вредности, и по структура и по морал“. ИВЗ, како што се наведува, и порано излезе со став дека ја поддржува одлуката на сите поглавари на верските заедници во земјава, која дојде како резултат на ...
Македонската православна црква доби поддршка и од протестантските цркви во Макеоднија во протестот за законите за родова еднаквост и матична евиденција. -Согласно нашите анализи и апели за јавна дебата и соодветен општествен дијалог по повод македонското ратификување на Истанбулската Конвенција во 2017 година, Евангелско Протестантска Инцицијатива ги изразува истите загрижености и во однос на носењето на Закон за Родова Еднаквост. Евангелско ...
МПЦ на денешната прес-конференција упати апел за учество на сенародниот собор што ќе се одржи в четврток во знак на протест поради игнорантскиот однос на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на Законот за измени во матична евиденција и Предлог законот за родова еднаквост којшто се подготвува да влезе во процедура. -И покрај сериозното спротивставување и сосема аргументираните забелешки за содржината на двата закони ...
Во актуелната расправа што за Законот за родова еднаквост, а која предизвикува голем интерес и реакции и во јавноста во Србија, Српскиот патријарх Порфириј имал средба и разговори со еминентни српски лингвисти. Сите учесници во разговорите се согласиле дека по начинот на изразување и меѓусебна комуникација, а со тоа и мислењето и животот на српскиот народ ќе се случат трајни последици, доколку навистина се примени овој закон, соопшти СПЦ. ...
Кога жените имаат еднаков пристап до образование, ресурси, вработување и до економски можности, тоа води до зголемена продуктивност во економската активност и во ослободување иновативен потенцијал. Ова е важно и од аспект на борбата против сиромаштијата и социјалната нееднаквост, затоа што градењето силна економска улога на жените значи создавање поправедно општество во кое поголем број домаќинства ќе се извлечат од сиромаштијата, пишува ...
Демократијата ете за сѐ имала решение. Маргинализиран си. Отвораш невладина и добиваш право на црквата да и одредуваш место на маргините на општеството. Ти имаш право на мислење и слобода а верникот нема. Без гајле, знаеме ние кај ни е местото. Знаеме дека нашата власт не е извршна и дека ако науми државата да донесе некој закон ќе најде начин тоа да го стори. И треба ли да премолчиме, да не кажеме наше мислење? А знаат ли тие на другата страна ...
Под слоганот „Имаме должност да спречиме менување на реалноста“ Светиот архијерејки синод на МПЦ – ОА повкува на сенареден протест против Законите за родова еднаквост и за матична евиденција. Собирот е закажан за в четврток во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а причините детално ќе ги образожат утре на посебна прес-конференција. Во видео-обраќање поглаварот на МПЦ г.г. Стефан обвини дека се прави обид законитие да ...
Стобискиот епископ Јаков одговори на одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација, сокоја беше прозван за извинување бидејќи неговите јавни настапи биле дискриминрачки кон трансродовите лица. Реакцијата вопродлжение во целост: Неодама добив претставка од Квир Центарот во Скопје, порано познат како Субверзивен фронт, обвинувајќи ме дека сум извршил говор на омраза и насилство врз трансродовите лица со тоа што на моето гостување во ...
МПЦ-ОА ја доби и првата поддршка од политичка партија за најавениот протест на 29 јуни пред Соборниот храм, поради законите за родова еднаквост. Македонски Концепт, на Петар Богојевски донел одлука за целосна поддршка на протетсот и го повикува членството за присусуство. -Македонски Концепт дополнително реагира на најновите измени во Законот за матична евиденција со кои се интервенира во содржината на Изводот од матичната книга на родените, во ...
Зголемувањето на цената на Хаџот за ова година за аџиите од Северна Македонија предизвика голема забуна во јавноста, особено кај оние кои решија оваа година да го исполнуваат петтиот столб на исламот. Во целиот регион цената беше поевтина отколку во Северна Македонија, пренесува порталот ТS на албански јазик. Скопскиот Муфтија др. Еф. Ќенан Исмаили ја обвини комисијата за хаџ за недоволна транспарентност, во врска со ова порталот ТS се обидел ...
Синодот на МПЦ-ОА ја формализираше одлуката за интеграција на ПОА, а со тоа и за назначување на влиадиците за епархиски управители. На денешната Синодска седница, по канонскиот отпуст на архијереите г. Јован, г. Јоаким, г. Марко и г. Давид од Соборот на СПЦ, МПЦ-ОА ги прифати во своја канонска јурисдикција – За Крушевско-демирхисарската епархија го назначи Митрополитот г. Јован, со титула Митрополит Крушевско-демирхисарски; За ...
Српската православна црква, преку своите свештеници на литургиите се моли за „многустрадалниот српски род“. Но она што е контроверзно е што свештениците кога набројуваат каде се има „страдален српски род“, ја споменуваат и Македонија. Ова стана јасно откако еден од клириците на СПЦ сподели видео од Литургија во црква во Земун, каде свештеникот на СПЦ вели: „Да го спомне Господ Бог во Царството свое, сега и во век и во векови, многустрадалниот ...
Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) на 29 јуни во Скопје ќе организира протест за достоинство, слобода и заштита на основните верски права. Причината за протестот, е неприфаќањето на сугестиите во однос на предлог-законите за матична евиденција и родова еднаквост. -На денешната редовна седница, Светиот Синод на МПЦ-ОА изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале Соопштението од ...
Новиот епископ на МПЦ-ОА, Каменичко-делчевскиот Марко бил на сослужување со Српскиот патријарх Порфириј во Австрија, каде заедно сослужувале и уште неколку епископи на СПЦ и на Московската патријаршија. Поводот е осветување на спомен капела посветена на Сите Српски Новомаченици од Првата Светска Војна. Но она што повторно е симптоматично е начинот на кој СПЦ го претставува Епископот Марко. Првиот проблем е титулата, а вториот припадноста на ...
Во манастирот на св. великомаченик Георгиј во сесло Дељадровце, надлежниот митрополитот Кумановско-осоговски Григориј служел заупокоена Литургија, а потоа заедно со митрополитите Европски Пимен, Брегалнички Иларион и пензионираниот Јосиф извршиле панихида за починатиот Митрополит Полошко-кумановски г.Кирил. Кирил, беше еден од основоположниците на автокефалноста на Македонската Православна Црква-Охридска архиепископија, и потписник на Одлуката ...
“Почна процесот на интеграција на ПОА во МПЦ-ОА, соопшти денеска Тимотеј, и се донесени неколку одлуки со поделбата на епархиите… меѓутоа сè уште не може да ги сподели со јавноста затоа што е потребно да се усогласат со Српската православна црква.” Со истата онаа “мајка-црква СПЦ, која нели и го додели “томосот” за афтокефалност на “ќерката-црква МПЦ-ОА”, но се чини дека од “афтокелноста” нема ништо, штом се уште се бара усогласување, односно ...
Муарем Вејсели, Директор на Агенцијата за Халал Стандард, и член на Ријасетот на Исламска Верска Заедница, еден од разрешение од страна на Поглаварот на ИВЗ, Шакир Фетаху, за наводна организација на пуч во ИВЗ, испрати јавно писмо, адресирано до Претседателот Стево Пендаровски, спикерот, Талат Џафери, премиертот Димитар Ковачевски, министрите Груби, Спасовски, Лога, судските институции, Обвинителството, Комисијата за односи со верските заедници ...
Киевскиот суд му нареди на митрополитот Павел од Украинската православна црква (УПЦ), игуменот на Киевско-печерската лавра, да остане во домашен притвор 60 дена во дом надвор од главниот град на Украина, далеку од манастирот, а тој исто така ќе мора да носат заграда за нога, објави ТАШ пишувањето на украинскиот „ Странски “. Во наредбата се наведува дека игуменот ќе мора да престојува во село надвор од Киев, на 42 километри од манастирот. ...