На 81- годишна возраст, водејќи битка со ракот, рано утрово почина архиепископот на Кипарската православна црква Хрисостом Втори, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно официјално медицинско соопштение од четворица лекари, „неговото Блаженство се упокои мирно, откако со храброст, трпение и христијанска издржливост се соочи со неговата болест“. Хрисостом Втори 16 години беше поглавар на Кипарската православна црква откако во ноември 2006 ...

Повик за прекин на војната во Украина упати митрополитот, кој е познат како „личен исповедник“ на Владимир Путин, согласно Daily Mail. Како што пренесува весникот, митрополитот Псковски Тихон Шевкунов, кој, како што е познато, има многу тесна врска со рускиот претседател, пристапи кон драматични изјави велејќи дека „Божја волја“ е мирот помеѓу двете земји. Духовниот советник на Путин ја окарактеризира војната како „невидена трагедија“ и рече ...

Искривената православна вера (т.е. црковно кажано ереста) „стана основа на идеологијата на режимот на Путин“. Ова е главната теза на големиот програмски говор, произнесен од Вселенскиот (Константинополски) патријарх Вартоломеј (Архондонис), „првиот по чест“ јерарх во светското православие. Тој ги произнесе овие силни зборови на конференцијата за меѓународна политика што се одржува деновиве во Абу Даби, како платформа за презентирање на деталниот ...

Ако пат Ве нанесе во Белград и го посетите Соборниот Храм Свети Сава на Врачар, не мора да одите и во трговскиот Усче. Покрај тоа што ќе запалите свеќа, ќе се помолите, ќе купите бројаница или некој црковен сувнери, можете да си купите луксузна женска чанта, или луксузна машка кравата. Се тоа го има во црковната породавница на Храмот. Женските чанти се околу 180 евра, а машките крвати се околу 80 евра. И за да има некаква поврзаност продавачите ...

Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари испрати честитка до православните христијани од општина Кичево за големиот празник Божиќ. -Со желба за мир, спокој, радост и разбирање во име на граѓаните на општина Кичево и лично во мое име, дозволете да Ви ги честитам христијанските празници Бадник и Божик. Овие празнични денови нè учат да ги сакаме своите најблиски, семејствата, пријателите и градот во кој живееме. Да се почитуваме и да работиме заедно ...

Поглаварот на Руската православна црква, Патријархот Кирил учествувал на воен состанок на министерството за одбрана на кој се анализирале резултатите од воените активности во Укрина. Веста за учеството на Патријархот Кирил ја соопшти руската православна црква. -На 21 декември 2022 година, Врховниот командант на Вооружените сили на Руската Федерација, Владимир Путин, го посети Националниот центар за управа на одбраната во Москва, каде одржа ...

Англиската црква денеска се извини за нејзиниот третман кон луѓето од ЛГБТ заедницата, иако на истополовите парови сè уште нема да им биде дозволено да се венчаат во нејзините цркви. Извинувањето на црковните бискупи стои во извештајот по петгодишната дебата за ставот на црквата за сексуалноста. Извештајот ќе биде доставен до црковното национално собрание, Генералниот синод, кој ќе се состане во Лондон идниот месец. „Сакаме да се извиниме за ...

Украинската влада денеска до парламентот поднесе предлог-закон со кој може да се укине Украинската православна црква доколку украинските власти утврдат дека е поврзана со Русија. ТАСС наведува дека предлог-законот е изготвен според инструкциите на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Претставникот на владата во собранието, Тарас Мелничук, на мрежата Телеграм напиша дека предложениот закон предвидува измени на сегашниот закон со кој се ...

Дритон Абазовиќ ја загуби поддршката од ДПС на Мило Ѓукановиќ и неговата Влада е без потребното мнозинство, откако го прифати договорот со СПЦ. Во соопштението по седницата на Претседателството на ДПС, на која се разговараше за понатамошните чекори откако Владата во петокот го усвои Предлогот за Основниот договор со СПЦ, беше изразено жалење за промената на политичкиот курс на Владата на Црна Гора, со која, како што се оценува, „спротивно на ...

Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ) би можел да биде потпишан наскоро, дури и на почетокот на август, откако сите уште еднаш ќе го достават своето мислење за тој документ, изјави премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ. Коментирајќи ја изјавата на митрополитот Јоаники дека измените на договорот не се прифатливи, Абазовиќ изјави дека Владата на Црна Гора одлучила за инклузивен пристап во процесот на потпишување на Основниот ...

Патријархот на Српската православна црква (СПЦ), Порфириј, пристигна во Подгорица, каде што со премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, го потпиша Темелниот договор. Црногорскиот премиер оваа информација ја соопшти на Телеграм, каде што објави фотографија од потпишување на договорот. На фотографијата се гледа дека на потпишувањето присуствувале и министерот за правда Марко Ковач и митрополитот црногорско-приморски Јоаникиј. Црногорскиот весник ...

Пет опозициски партии во Црна Гора предводени од Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ денеска до Собранието поднесоа барање за гласање недоверба на владата на Дритан Абазовиќ, по потпишувањето на Темелниот договор со СПЦ. Покрај ДПС, на предлогот се приклучија и Социјалдемократската партија (СДП), Либералната партија (ЛП), Социјалдемократската партија (СД) и Демократската унија на Албанците (ДУА) со вкупно 36 пратеници. ...

Свештеникот Кристијан Зеба во Риека одбил да крсти дете зачнато со вештачко оплодување на женска хомосексуална двојка, а тоа предизвика бура од реакции во Хрватска. Целата световна јавност не е на страната на свештеникот, кој остана доследен, бидејќи смета дека таквиот чин е против црковното учење и дека детето нема да биде воспитувано во духот на католичката вера. Аргументот на свештеникот е дека хомосексуалната двојка е веќе во грев, бидејќи ...

Митрополитот Иларион Алфеев од Руската Православна Црква и Митрополитот Петар од Македонската Православна Црква –Охридска Архиепископија беа единствените гости од сестринските православни цркви на свеченото устоличување на српскиот Патријарх Порфириј во седиштето на СПЦ во Печ, на Косово, речиси две години по неговиот избор за поглавар. Сите други владици кои учествуваа во литургијата беа од СПЦ, меѓу нив и членовите на ПОА. Сепак, и во ...

Лидерот на ГЕРБ и екс бугарски премиер, Бојко Борисов беше одликуван од Вселенскиот патријарх со Орден „Крстот – Христов Семоќен“. Посетата на Борисов на Вселенската патријаршија предизвика големо внимание и во бугарската и во македонската јавност. Настанот имаше голем публицитет, а настапот на Борисов беше во насока на високодостојна поќит кон Вселенската Патријаршија, нарекувајќи ја Мајка Црква. Лидерот на ГЕРБ јавно ги поддржа сите одлуки на ...

Досегашниот Митрополит на Пафос г. Георгиј, на 24 декември беше избран за Архиепископ на Кипар од страна на Свештениот Синод. Процесот на гласање се реализира по завршувањето на Божествената Литургија во параклисот на Светиот Апостол Варнава, во Свештената Архиепископија. Новиот Архиепископ беше втор од гласовите на народот, во одредувањето на Тројката кандидати, но ги собра повеќето гласови од 16-члениот Свештен Синод. Согласно сигурни ...

Свештенослужители од преспанско-пелагониската епархија и Општина Демир Хисар, празникот Богојавление-Водици го одбележаа во населбата Мургашево. Светиот крст беше положен во Стара Река, а најсреќен и највешт учесник годинава е Дарко Кочовски, кој од градоначалникот Никола Најдовски доби пригоден подарок. Според востановената традиција, празнични манифестации за Водици се одржаа и во демирхисарските села Прибилци, Журче, Белче, Слепче, Граиште, ...

Јован Рафтоски од Струга беше најсреќен меѓу големиот број верници што денеска скокнаа во студените води на реката Црн Дрим и го извади светиот крст. За 32-годишниот стружанец, кој првпат го фаќа крстот, разбрануваните и заматени речни води не биле проблем прв да стигне до него, бидејќи бил искусен нуркач и пливач. – Скокам пет – шест години, а годинава првпат го фаќам крстот. Заматените води не ми претставуваа проблем бидејќи сум искусен нуркач ...

Дејан Чиплаковски е најсреќниот меѓу дваесетмината учесници, кои во водите на реката Брегалница во Берово, прв стигна до светиот крст во рамки на денешното чествување на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Градоначалникот на Берово Звонко Пекевски на Чиплаковски му посака многу среќа и успех во Новата година. -Честитки и многу успех посакувам и на сите кои се фрлија по светиот крст, во водите на Брегалница, во Берово, а на сите ...

Љубе Шопов денеска го фати крстот во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица. Шопов беше најбрз меѓу 20-те граѓани кои скокнаа во водата. – Повеќе пати досега скокав по крстот, но годинава успеав да го фатам. Голема е радоста. Им посакувам здравје и среќа на сите, рече Шопов. Тој од Општина Струмица доби Плакета-православен крст и подароци од спонзорите. Празникот Водици беше одбележан во сите храмови на Струмичката епархија со свечена ...

Александар Ристески по четврти пат го фати светиот крст положен во водите на реката Луда Мара во Кавадарци, што го дели градот на два дела. Голем богојавленски водосвет денеска по повод Богојавление Водици се спроведе во водите на реката Луда Мара, во присуство на голем број на верници. Најсреќен меѓу повеќемината што се фрлија во реката по чесниот крст, беше Ристески од Прилеп, којшто живее во Кавадарци. Ристески рече дека сите подароци што ќе ...

Повардарската Епархија денеска, на 20 јануари, на денот на Св.Јован Крстител за првпат го прославува својот патрон на најновата велешка црква „Св Јован Крстител“ во месноста Багремче во најновиот дел на Велес. По тој повод утрово во 8:15 часот со Света Златоустова Литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреостештенство Митрополитот Повардарски Агатангел. Во пресрет на празникот синоќа свештеници од оваа црква и Епархијата Повардарска ...

Тетовчанецот Томица Петкоски го фати осветениот крст во Радика, што беше положен по повод денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици. -Оваа година имавме рекордна бројка од околу 200 луѓе кои учествуваа во извлекувањето на крстот од бистрите води на реката Радика. Истите тие, најпрвин присуствуваа на Божествена Литургија во храмот посветен на Пресвета Богородица во село Ростуше, со која чиноначалствуваше нашиот старец, епископот ...

Не ретко доаѓа до инциденти при чинот на фрлање и фаќање на крстот во водите за Водици. Годинава, видео од еден таков инцидент стана вирално на социјалните мрежи, а доаѓа од Крива Паланка каде крстот се положуваше во водите на Крива Река, во центарот на градот. Многумината присутни сведочеа за турканицата која настанала околу фаќањето на крстот. Во моментот кога крстот бил положен во водите, неколку од учесниците се закошкале околу него. Тие ...

Поглаварот на Руската православна црква вчера предупреди дека секој обид за уништување на Русија ќе значи крај на светот. -Денес има големи закани за светот, за нашата земја и за целото човештво, рече патријархот Кирил на богослужбата по повод празникот Богојавление, верски празник во спомен на крштевањето на Исус Христос. -Желбата да се победи Русија денес добива многу опасни форми. Му се молиме на Господ да ги вразуми лудаците и да им помогне ...

Денешната средба во архиепископијата во Скопје меѓу руската црквона делегација и македонската црковна делегација била сепак по друг повод, а не поради именденот на Архиепископот г.г. Стефан. Тоа го открива Руската православна црква, која за средбата објави вест, од која се чита суштината на посетата. Руската црковна делегација, всушност е составена од членови на РПЦ кои се важен фактор во руската црковна дипломатија, особено на балканот. Покрај ...

Изјава на проф. д-р Марјан Ѓуровски во врска со посетата на Рускиот митрополит Антониј задолжен за меѓународните односи на Руската православна црква (РПЦ) на РМ. „Тајната посета на Рускиот митрополит Антониј задолжен за меѓународните односи на Руската православна црква (РПЦ) е лоша вест и претставува ризик за националната безбедност, закана за социеталната (идентитеска) безбедност во земјата и е спротивна на државните и национални интереси на ...

Посетата на рускиот митрополит Антониј на земјава и неговата вчерашна средбата со поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, според претседателот Стево Пендаровски, е исклучиво во рамки на т.н. црковна дипломатија. Тој нагласи дека лично нема проблем со се што се движи во тие рамки, имајќи предвид, како што рече, дека Руската црква ја призна Македонската православна црква. – Не мислам дека ја руши државата, истакна ...

Архиепископот Стефан и Рускиот патријарх Кирил, вчера разговарале телефонски, објави руската православна црква. Главна тема на разговорот не бил именденот на Архиепископот, туку стратешката соработка меѓу Македонската и руската црква. РПЦ пишува дека Архиепископот Стефан му се заблагодарал на ПОатријархот Кирил за „канонската автокефалност“ и посакал наскоро да имаат и заедничка средба. Рускиот патријарх Кирил пак ветил сеопфатна поддршка за ...

Митрополит на Аркалохори, Кастели и Вијано, г. Андреј, имал средба со Архиепископот г.г Стефан денеска во Скопје. Владиката од Вселенската Патријаршија, заедно со неговата придружба од Архимандритот Филотеј и јеромонахот Андреј, четири дена биле гости на МПЦ-ОА. Во Охрид имале средба со Митрополитот г. Тимотеј, а во Бигрскиот манастир задно сослужувале со Епископот г. Партениј. Митрополитот Андреј Аркалохориски за средбите во Македонија, објави ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
30%
1009
weather icon

Белград

27ᴼ / 24ᴼ
2.57
41%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
38%
1009
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
29%
1011
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.33
33%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
0.89
44%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.47
53%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
44%
1010
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1009
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
39%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
0.89
43%
1009
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
52%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52