Уставниот суд за утре ја одложи 38 седница на која меѓудругите точки треба да се оцени и уставноста на измените на Законот за работни односи, кои се однесуваат на неработната недела. Судот расправаше за овој случај на седница која се одржа на 14 септември годинава, но одлука не беше донесена поради недоволно мнозинство гласови. Подносител на иницијативата е Стопанската комора на Македонија, кој смета дека оспорениот закон кој се однесува на ...

Опасна за јавното здравје, според министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, е одлуката на Уставниот суд на Грција да ја прогласи за противуставна мерката за продолжување до крајот на годинава на принудното отсуство од работа за невакцинираните здравствени работници, јави МИА од Атина. Говорејќи за грчката телевизија „Скај“, Плеврис рече дека е обврзан да ја почитува одуката и најави дека враќањето на работа на невакцинираните здравствени ...

Вработените на Клиничката болница Жан Митрев, предводени од д-р Митрев заедно со медицинскиот и немедицинскиот персонал доброволно даруваа крв и испратија порака за хуманост и подигнување на свесноста за потребата од дарување на течноста што живот значи. Доброволната крводарителска акција беше реализирана во организација на Институтот за трансфузиона медицина BloodBank TENK и во присуство на доброволци од Црвен крст на Република Северна ...

Од Мета и Твитер, до Селсфорс и Амазон, технолошката индустрија ја зафати бран на отпуштања во последните месеци, а како резултат на тоа илјадници луѓе останаа без работа. Новиот извештај сугерира дека можеби не е крај на нивните грижи, бидејќи отпуштањето би можело да влијае и на оние кои ќе останат во компаниите, па може да се јави флуктуација на вработените. Фирмата за анализа на луѓе Висиер открила дека за 7,7 % е поголема веројатноста дека ...

Инфлацијата во еврозоната падна за првпат во последните 17 месеци, што ги зголеми надежите дека најголемиот пораст на цените за една генерација го достигна врвот и Европската централна банка ќе може да се префрли на помали зголемувања на каматните стапки следниот месец. Забавувањето на цените на енергијата и услугите помогнаа инфлацијата во блокот на единствената валута да падне повеќе од очекуваното на 10 отсто во ноември, што е намалување од ...

Шведскиот моден бренд „Ејч енд ем” (H&М), популарен и во Македонија, денеска објави дека ќе ја намали глобалната работна сила за околу 1.500 работни места, како дел од планот за намалување на трошоците и подобрување на ефикасноста. Компанијата со седиште во Шведска соопшти дека трошоците за реструктуирање од 800 милиони круни (76 милиони долари) ќе бидат запишани во финансискиот извештај за последните три месеци од оваа година, пренесува ...

За десет месеци по основ членарина на сметката на Сојузот на здруженија на пензионерите во земјава легнале 1,5 милиони евра, покажува последната статистика на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за месец октомври. На месечно ниво, пак, по овој основ на здруженијата во октомври им се уплатени 155.000 евра. И покрај бројните негодувања од пензионерите за оваа давачка, од која, како што тврдат многу пензионери, имаат корист само оние што се ...

Овие денови Австрија стана земја на штрајкови, бидејќи има се повеќе гранки во индустријата каде вработените престануваат да работат поради незадоволство при преговорите за нов колективен договор, односно зголемување на платите, бидејќи земјата се соочува со рекордна инфлација, објави Политика рс. Така, вчера штрајкуваа железничарите барајќи поголемо зголемување на платите од она што го нудат работодавачите. Вработените во трговијата најавуваат ...

Во земјава, од една страна, има голема невработеност, а од друга, многу компании не можат да обезбедат кадар кој ги поседува потребните вештини и квалификации за вклучување во работниот процес. Иселувањето и флуктуацијата се дополнителни фактори кои го усложнуваат овој проблем. Од тие причини, како што беше речено на денешниот настан што го организира Стопанската комора, треба да се најдат начини како кадарот кој е на располагање, да се ...

Дел од пекарниците најавуваат дека од утре, 1 декември, граѓаните ќе може да купуваат леб и за 32 денара. Во наредниот период, како што велат за МИА, ќе има корекција и на цените на другите пекарски производи, веројатно за околу 10 проценти. Снижувања за над 10 отсто се можни и кај месните производи доколку Владата донесе одлука со која би се укинале давачките на увозните суровини, како што бараат компаниите од овој сектор. Намалени цени во ...

Јас сум од оние менаџери за човечки ресурси кои сметаат дека транспарентната плата е најдобро решение, вели Билјана Чкламовска, професионалец за човечки ресурси во деветата епизода на „Работник Поткаст“. Доколку една компанија која е општествено – одговорна има направено систематизација на работните места, каде што е и направена организација за тоа кое работно место во кој сектор припаѓа, кои се работните должности, описот на работата и ...

Јас сум од оние менаџери за човечки ресурси кои сметаат дека транспарентната плата е најдобро решение, вели Билјана Чкламовска, професионалец за човечки ресурси во деветата епизода на „Работник Поткаст“. Доколку една компанија која е општествено – одговорна има направено систематизација на работните места, каде што е и направена организација за тоа кое работно место во кој сектор припаѓа, кои се работните должности, описот на работата и ...

Кавадарци во континуитет комуналната изградба ја следи со голема динамика. Како отчетна и транспарентна партија и пред се народна партија, нормално интересот на претседателот е сите негови функционери и чинители во делот на завршувањето на обврските спрема граѓанството и општеството во која фаза сме. Како што сами споменавте дека ќе посетиме неколку проекти тоа се четири од вкупно 24 почнати кои што се работат во моментов. Сега се наоѓаме на ...

Европската Унија одлучи да ѝ зададе нов даночен удар на тутунската индустрија преку предлог за зголемување на најниската можна акциза. Потегот на ЕУ значително ќе ја зголеми вкупната цена на цигарите во источноевропските земји членки, каде што некои цигари сè уште може да се купат за помалку од 3 евра. Администрацијата на ЕУ предвидува зголемување на минималната можна акциза за цигарите од 1,8 на дури 3,6 евра за кутија од 20 парчиња. Со оглед ...

Меѓу главните домашни фактори за инфлација, според Кадиевска Војновиќ, е растот на платите без раст на продуктивност, тесен пазар на труд, ниско домашно производство на струја… Македонија е веќе влезена во стагфлација, а според висината на годишната стапка на вкупна инфлацијата е на петто место во Европа, истакна Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна вицегувернерка на НБРМ, која присуствуваше на неодамнешната конференција што ја организираше М6 ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Кавадарци одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со енергетската криза во државата истакна дека иако од Владата најавуваа дека комплетните потреби на граѓаните за струја ќе бидат задоволени од домашното производство, тие повторно излажаа.„Јас ќе дадам еден податок денеска ексклузивно од овде од Кавадарци. Започнаа во ноември да увезуваат струја за потребите ...

Од четврток јавните комунални водоводни претпријатија ќе добијат поевтина цена на електрична енергија која ќе им биде обезбедена преку „ЕСМ продажба“ и ќе им помогне на овие комунални претпријатија да ја подобрат ликвидноста, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на состанок со претставници од Здружението на даватели на водни услуги АДКОМ. Тој побара РКЕ да ја одредува конечната цена на ...

Од Сојузот на синдикатите на Македонија информираат дека денешното рочиште за постапката поведена од страна на вработените застапувани од Синдикатот за градежништво – СГИП при ССМ, е одложена за 17 јануари 2023 година од страна на стечајната судијка Сашка Трајковска на барање на привремениот стечаен управник Ацо Петров поради тоа што истиот заради обемноста на документацијата и големината на должникот Бетон АД Скопје побарал дополнителен период ...

Иако најверојатно на многумина вработени им делува невозможно да работат само четири дена во неделата, на Запад се почесто се зема во предвид моделот на четиридневната работна недела или намалувањето на работното време со задржување на истите приходи, за кои се смета дека долгорочно можат да доведат до попродуктивна работа и поздрави општества. Неодамна Белгија станала првата членка на Европската унија која официјално ја вовела опцијата ...

Неоправдано е административците вработени во министерства и секретаријати да имаат за 10.000 денари повисока плата од останатите административци вработени до институциите, заклучи Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Комисијата бара од Владата и од Министерството за информатичко општество повлекување на одредбата од предлог – Законот за административни службеници оти е дискриминирачка и се прави голема разлика во платите за ...

Во Австрија поради високата стапка на инфлација се зголемуваат платите на политичарите, додека вработените во различни стопански гранки сè уште преговараат за нов колективен договор односно за зголемување на платите по автоматизам. Австриската Ревизорска институција го проследи до Владата „факторот на адаптација“ односно процентот, со кој од 1 јануари ќе се зголемат платите на државните функционери. Како основа е земена инфлацијата од јули 2021 ...

Каков беше животот во Југославија на Тито? Како што пренесуваат повозрасните генерации тогаш никој не прашуваше за националност, материјалниот статус не беше важен, а луѓето се ценеа по карактерните особини. Не биле ретки приказните за луѓето кои од работници стигнувале до директори на работни организации. Вработените добивале бонови за топол оброк, па се хранеле во ресторани или на киосци. Во СФРЈ се сметало нормално да на вработените им биде ...

Во Агенцијата за вработување на РСМ, според последната евиденција за невработени лица, има 623 невработени магистри на науки, како и 19 невработени доктори на науки, пишува Мета.мк. Порталот веќе објави дека се забележува тренд на опаѓање на бројот на магистри и на доктори кои бараат работа. Побаравме одговори од одговорните во Агенцијата, што прават тие за да им помогнат на невработените лица да најдат работа. „Невработените лица се насочуваат ...

Веб-страницата „Резуме.ио“ направила анализа на законите за платениот одмор и платените неработни денови во 197 земји низ светот за да открие каде вработените добиваат најмногу платени слободни денови. Според резултатите од анализата, работниците во Иран добиваат дури 53 платени слободни дена, вклучувајќи ги платениот одмор и државните празници. Во Иран работниците може да земат 26 дена одмор во годината, а 27 дена во годината се празнуваат. ...

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека денеска почнува етапната исплата на пензиите за месец ноември. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 29 ноември (вторник). ...

Преработувачите на месо, како одговор на кризата и намалената куповна моќ на потрошувачите, најавуваат акција „Домашни квалитетни евтини месни производи достапни за секој наш граѓанин“. Ова е договорено на работниот состанок што го организира Групацијата за преработка на месо и производи од месо во Стопанската комора на Северна Македонија. Месната индустрија уште еднаш апелира Владата да ги укине давачките на увозните суровини кои не се ...

На Германија итно ѝ е потребна квалификувана работна сила – тоа ќе биде една од темите на средбата во Берлин оваа среда. Подготвителниот документ, кој го разгледал јавниот сервис АРД, предвидува помалку пречки за работниците од странство. Германската владејачка коалиција, која ја сочинуваат социјалдемократите, либералите и зелените, постигна согласност за клучните точки поврзани со доаѓањето на квалификувани работници од странство. За тоа ќе се ...

Нова епизода или девета по ред на „Работник Поткаст“. Гостинка во оваа епизода е Билјана Чкламовска, HR/Compliance Manager или подобро објаснето професионалец од областа на човечките ресурси. Дел од прашањата на кои разговаравме со Чкламовска се за тоа како треба да изгледа едно CV за да го привлече вниманието на менаџерот за човечки ресурси, на што треба најмногу кандидатот да обрне внимание при интервју за работа, за тоа како да се одговори на ...

47,8 проценти од студентите на УКИМ одговориле дека биле во ситуации каде биле присутни на кажани сексуални шеги од нивните професори кон нив. 21,3 проценти кажале дека дел од професорите им се обраќале со зборовите: кукле, маче, злато и девојче, а дел од нив кажале дека професорите им давеле коментар и за нивниот физички изглед. Скоро никој од студентите немал храброст да му укаже на професорот дека се чувствува непријатно за одредени коментари ...

Вистинско чудо од дете, Македон Димитровски ученик во О.О.У „Лирија“ Тетово има само 7 години но решава математички задачи од втора година од средно образование. Овој мал генијалец ни донесе златен медал по математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет. Македон е дружељубив и секогаш расположен за своите другарчиња и соученици. Меморијата на Македон е на завидно ниво, зборува течно англиски, а учи грчки, германски и кинески јазик. ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
30%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
43%
1012
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
43%
1015
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
9.26
49%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.42
42%
1013
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
4.12
50%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.6
55%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
53%
1011
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
41%
1011
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
42%
1013
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 25ᴼ
3.6
51%
1014
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
6.17
86%
1014
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52