Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на правото на надоместок меѓу жртвите, институциите и јавноста. „Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство е новоформиран независен правен субјект кој одлучува за правото на паричен надоместок и за определување на видот и висината ...

„Ова не е повик за последен танц, ова е повик за ослободување!Ја отвораме агората! Ја ослободуваме младинската култура, повторно! Ве повикуваме да заедничариме, сѐ повеќе и повеќе да ја прошириме младинската сцена“, се вели најавата за настанот на „Култура Бета“ на 12 февруари во „Буква“, каде ова младинско здружение ќе го прослави својот петти роденден. Од Здружението велат дека во февруари навршуваат 5 години откако започнаа нивните ...

Некни гледав интервју со брилијантниот Норман Финкелстин, американски професор по политички науки. Неговите родители биле полски Евреи што ги преживеале ужасите на холокаустот – мајка му од Варшавското гето била депортирана во Мајданек, а татко му во Аушвиц. Иако по војната се скрасиле во САД, никогаш не престанале да им искажуваат благодарност на народите на Советскиот Сојуз како најзаслужни за победата над Хитлерова Германија и европскиот ...

Проценките за глобалните последици од враќањето на Доналд Трамп на чело на САД се движат од тези дека неговиот втор мандат ќе го преобликува меѓународниот поредок и светот воопшто, до поретки тврдења дека нема да се случи ништо што и онака не би се случило, како кога лидерството, на пример, би го презела Камала Харис. Сепак, Вашингтон уште е воено седиште на речиси неприкосновената суперсила која во 2023-та година на оружје потроши повеќе од ...

Во клубот „Минус еден“ во Скопје утре, сабота 8 февруари“, од 19 часот ќе биде одиграна „Диско (в)Љубеници“, најновата инклузивна претстава на „Трисомија 21“ во соработка со „Колектив Ветерница“ која го истражува полето на имерзивниот театар и феноменот на диското. „Преку истата ги отворивме прашањата: Што е диско? Каква е диско музиката? Како се танцува во диско? Дали диското е за сите возрасти? Зошто диското е важно? На вас останува да се ...

Поттикнат од актуелните настани околу предложената „Концепција за гимназиско образование“, по освртот на есејот на Мерилин Робинсон направив осврт на книгата Поништувањето на човекот од К. С. Луис. Сметам дека оваа книга, достапна на македонски во издание на Издавачката куќа „Метаноја“, дава исклучително важни увиди во оваа проблематика, но ги опфаќа и општествените феномени кои влијаат на ваквите и на сличните одлуки во образованието не само во ...

Здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. од Скопје се револтирани и ужаснати од резултатите од Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2025 година, објавени од Министерството за култура и туризам на 03.02.2025 година, согласно кои, тринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО не добива никаква финансиска поддршка, пишува во реакцијата на ова здружение. Од ...

На 10 февруари во Културниот центар „Јадро“ премиерно ќе се одигра новата театарска претстава за млади „Чудо“. Следниот ден е планирано репризно издание, а изведбите започнуваат во 20 часот. Целта на претставата е да се занимава со актуелни проблеми на младите луѓе од овој геополитички контекст, врзани со род, социјален статус, недостаток на конструктивна поддршка од системот и родителите, како и неможност да се потпрат на никој освен на своите ...

Кога минатиот месец Доналд Трамп ги покани своите поддржувачи на инаугурацијата во Вашингтон, тие тргнаа од целиот свет: претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи, италијанската премиерка Џорџа Мелони. На повикот се одзваа ултра-десничарските опозициски политичари како Британецот Најџел Фараж, но и претставниците на десничарско популистичката Алтернатива за Германија (АфД). Радикалната десница од целиот свет ја искористи инаугурацијата за ...

Неколку работи ми паѓаат на памет. Трамп има недостиг од одредени својства кои Британците традиционално ги ценат. На пример, нема ни класа, ни шарм, ни смиреност, ни веродостојност, ни сочувство, ни хумор, ни топлина, ни мудрост, ни суптилност, ни осетливост, ни самосвест, ни понизност, ни чесност, ни милост – сè особини со кои, иронично, неговиот претходник, господинот Обама, беше мошне обдарен. За нас, значи, таа остра спротивност прилично ...

Летна школа Црес, 22-27 септември, 2024 година Кога се случил Брегзит, Лора била премногу млада за да гласа. По 8 години таа се’ уште се сеќава на утрото кога биле објавени резултатите. Тоа утро отишла на училиште целосно разочарана, а повеќето од нејзините соученици во Обединетото Кралство ги споделувале истите чувства. Според неа гласањето било одлучувачко за цела генерација, а подоцна при аплицирањето на универзитети, младите сфатиле колку ...

Пренесено од: Дојче Веле Пред речиси три години, мрачното поглавје во гренландско-данската историја излезе на виделина преку подкаст на данското радио: таканаречениот скандал со контрацептивна спирала. Се покажа дека илјадници жени во Гренланд, често малолетни, биле принудени да користат спирала за да спречат бременост во 1960-тите и 1970-тите - по налог на Данска. Гренланд, кој е претежно населен со домородните Инуити, од 1953 година повеќе ...

Градовите во земјава, кои редовно се меѓу светски најзагадените, се соочуваат со криза на аерозагадување чии последици добиваат пандемиски размери. Проблемот не е само еколошки туку преминува во здравствена катастрофа. И граѓаните и повиците за акција се задушуваат во воздухот, враќајќи се како ехо секоја година. Слично како и за пожарите, за кои престанавме да слушаме во текот на зимата, и на проблемот со загадувањето му се потребни долгорочна ...

По повод предлог-концепцијата за реформи на гимназиското образование на Министерството за образование и култура Најновата предлог-концепција за реформи во гимназиското образование на Министерството за образование и култура предизвика бурни реакции и револт во јавноста. Разбирливо меѓу оние кои ги искажаа своите ставови најгласни и најбројни се претставниците на наставниот кадар на универзитетите и на средните училишта кои предаваат општествени ...

По враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа најголема грижа на кинеските лидери не се најавените високи царини за кинеските производи. Тие знаат дека зголемувањето на царините за Трамп е поважно како политички и симболичен чин, отколку како економско оружје што навистина би можело да ги загрози растот и напредокот во Кина. Главната дилема пред Кина во моментов е прашањето дали треба да се исклучи од меѓународниот монетарен систем во кој доминира ...

Во 2019 година, кога Доналд Трамп првпат изјави дека САД би требало да го „купат Гренланд“, данската премиерка Мете Фредериксен со право ја отфрли таа идеја како „апсурдна“. Гренланд не е на продажба, изјави таа. Иако Данска ја контролира надворешната политика и безбедноста на територијата, Гренланд самиот одлучува за внатрешните прашања. Меѓутоа, сега Трамп се враќа во Белата куќа и уверен е дека за Америка „апсолутен императив“ е да стекне ...

- Во 2015 на Фросина Цековска ѝ го одзедоа животот на Партизанска кај Ленинова. - Во 2022 на Викторија Николова ѝ го одзедоа животот на Партизанска кај Сити Мол. - Во 2025 на Фросина Кулакова ѝ го одзедоа животот на Партизанска кај Универзална Сала. Сите три случаи се исти: На истиот булевар девојка прописно преоѓа преку пешачки премин, а младо момче со непрописна брзина ѝ го одзема животот. Ова се само 3 случаи од стотиците сообраќајни удари и ...

Историчарот Стивен Шапин ја започнува својата книга Научна револуција со зборовите: „Научна револуција никогаш не се случила. Ова е книга за тоа“. Беше примамливо да се каже истото и за „либералниот меѓународен поредок“ (ЛМП), дека тој всушност „не постои и дека за тоа веќе се напишани стотици книги“. Ним сега им се придружува и оваа колумна. Но, научната револуција се случи. А од крајот на Втората светска војна постоеше и глобална рамка која ...

Ќе започнам на сократовски начин и ќе речам дека луѓето грешат од незнаење, а не од злонамера, затоа што не можам да прифатам дека ваква концепција – укинување на предметите Филозофија, Логика и Етика од гимназиското образование, произлегла од некој што разбира што е филозофијата. Самата расправа (и покрај тоа што е навистина навредлива) за тоа дали филозофијата е корисна (во образованието и општо), е во суштина филозофско прашање. Било кое ...

Пренесено од: Дојче Веле Акциите на Нвидиа (Nvidia), Мајкрософт (Microsoft) и Мета (Meta) значително паднаа во раната трговија, при што индексот Nasdaq, кој е фокусиран на технологија, исто така доживеа сериозен пад. Вкупната загуба на берзата во САД достигна над илјада милијарди долари. Најтешко погоден беше американскиот производител на чипови Nvidia, со историски највисока загуба на 465 милијарди долари од нејзината пазарна вредност. Падот е ...

Преземено од Дојче веле Седум часа откако водечките луѓе во државата и на Српската напредна странка повикаа на дијалог, во Нови Сад „работеа“ палките. Според пишувањата на медиумите, приврзаниците на СНС истрчале од партиските простории, ги бркале и тепале студентите кои сакале таму да залепат налепници со повици за нов протест. Една девојка завршила во болница со изместена вилица. Едвај шеснаесет часа по тој повик за дијалог, премиерот Милош ...

Одбрана на заедничката земја Една ноќ во 1830-тата година, во селата во областа Отмур во јужна Англија, група фармери се собрале и со секири и лопати почнале да ги рушат оградите на нивите кои некогаш биле заеднички. Таа земја, која била неопходна за преживување, им овозможувала да ги изведат животните на пасење, да собираат дрва за огрев и да одгледуваат храна. Овие ресурси не биле само извор на материјалниот живот, туку и столб на колективната ...

Пренесено од: Дојче Веле Триесетина гимназиски професори по философија, логика и етика во Северна Македонија испратија отворено писмо по повод Концепцијата за гимназиското образование која што беше објавена на почетокот на годината и се води расправа во однос на предложените измени. Тие велат дека „радикално и категорично“ ja отфрлаат понудената Концепција за гимназиско образование. „Многубројни се негативните импликации во однос на учениците, ...

Пренесено од: Дојче Веле Ошвјенчим. Во суштина, ова не е особено важен град. Станува збор за полски град со население од нешто повеќе од 10.000 жители, кој беше окупиран од германскиот Вермахт во 1939 година, а потоа анектиран и преименуван во Аушвиц. Но, денес сите го знаат тоа име. Во оваа област, нацистите го изградија најголемиот германски логор за истребување, концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау, во 1941 година. Овде, до крајот на ...

Колективот „Гола планина“ ја презема „Буква“ на 31 јануари, петок, каде „голопланинци“ ќе имаат специјална џем сесија плус музичка селекција по повод четвртиот роденден на овој скопски локал и културно свртувалиште. „Четири години и четирицифрен број денови постои ‘Буква’ во Скопје. На истото место, зад Собрание, под трите брези, со сите повеќе или помалку трајни, но еднакво драги и свои лица. Четири години во служба само и само на културата во ...

Дали и вам ви се расипа интернетот? Не мислам на останување без конекција, туку дека со текот на времето стана без врска? Прашувам зашто сè повеќе корисници пријавуваат дефекти: „теоријата за мртвиот интернет“ е во оптек веќе неколку години, а вели дека наместо луѓето мрежата ја презеле ботовите, додека други пак зборуваат за „зомби интернет“ на кој лутаме заедно со ботовите и вештачката интелигенција, при што разликата веќе никому не му е ...

Колку што човечката заблуда е поголема, толку е освестувањето потешко и потегобно. Колку што е заблуденоста помасовна и подолготрајна, толку помала е веројатноста генерациите родени во нејзините прегратки да дојдат и на мисла да го симнат превезот од очите. И колку што оваа системска заблуда станува посеопфатна и ги плави сите брегови на општеството, толку таа станува единствената можна стварност за нејзините поклоници (колку и таа да е далеку ...

Ширум светот беснеат многу повеќе вооружени конфликти отколку што пробиваат во медиумските наслови кај нас. На пример, според Меѓународниот комитет на црвениот крст, во светот денес има повеќе од 120 вооружени конфликти. Женевската академија (на Правниот факултет на Универзитетот во Женева) мониторира над 110 тековни вооружени конфликти ширум светот. Најмногу вооружени конфликти – 45, се регистрирани на Средниот исток и Северна Африка, а ...

Демократијата е под закана, но мнозинството од нас не го сфаќаат тоа. Веројатно така би можеле да ги опишеме ставовите и расположенијата присутни во најголем дел од земјите на Западот. Силите што се борат против демократијата се појавуваат насекаде, имаат голема моќ и немаат скрупули. Тие што не го гледаат тоа се наивни. „Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција“, смета заменик генералниот секретар на НАТО, ...

Пренесено од: Дојче Веле Развојната организација Оксфам на почетокот на Светскиот економски форум во Давос пресмета дека минатата година имало 204 нови милијардери ширум светот. Имотот на супербогатите исто така станува сѐ поголем: нивниот вкупен имот се зголеми од 13 трилиони долари за една година на 15 трилиони долари во 2024 година. Спротивно на тоа, 733 милиони луѓе немаат доволно за јадење - околу 152 милиони луѓе повеќе отколку во 2019 ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
63%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
6.17
46%
1018
weather icon

Загреб

21ᴼ / 15ᴼ
1.03
70%
1019
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
67%
1021
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.84
53%
1020
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.51
92%
1020
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
6.17
62%
1013
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
78%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
0.0
69%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
56%
1019
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
0.89
55%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.77
61%
1014
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052