
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Тимот на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачјата средина за грашанските организации „ одржа информативна сесија во Струмица. На претставниците на невладините одрганизации и здруженија им беше претставен механизмот на граѓанска отпорност на ЕУ и повикот за предлози. -Граѓанските организации се важна алка во локалните средини. Ова беше кажано од страна на Зинта Миезаине, лидер на тимот на проектот финансиран од ЕУ „Техничка ...
Време е да се разговара за утврдување на минималната пензија на ист начин како што имаме утврдена минимална плата, смета министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Таа денес на вториот ден од „Текстилијадата“ во Штип, одговарајќи на новинарско прашање за барањата на пензионерите минималната пензија да изнесува 20.000 денари, рече дека в година ќе се одлучува колкава да биде минималната пензија. „На состанокот кога го ...
Цените на храната паднаа во септември, шести месец по ред, како одраз на пониските цени на растителното масло што го засени растот на цените на житото, покажа денеска извештајот на Агенцијата за земјоделство на Обединетите нации – ФАО. Индексот на цените на ФАО на кошниците со основни прехранбени производи падна во септември 1,1 отсто во однос на ревидираната вредност во август, на 136,3 поени. Неговата вредност паѓа од март кога достигна ...
Економијата во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) и покрај предизвиците го одржува трендот на добри резултати. Во првите три квартали годинава е регистриран вкупен извоз од 2,8 милијарди евра, а само во септември извозот достигнал половина милијарди евра, рече денеска директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски. Посебно радува фактот, напомена Деспотовски, што продолжува да расте и бројот на работни места. Директорот очекува ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,59% во однос на одлуката од 5.10.2022 година. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,59% во однос на одлуката од ...
Транспарентноста не е еднаш засекогаш дефинирана категорија, туку тоа е процес кој постојано мора да се унапредува и да се надградува и затоа меѓународната и регионалната соработка и размена на искуства се од исклучително значење, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната меѓународна конференција на темата „Заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен ...
Ѓоко Камчев од Валандово е избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Ваква одлука донесе Советот на градоначалници од овој дел на држават ана седницата одржана вчера во Гевгелија, откако во јули ја разрешија Жулиета Ѓуркова. Камчев е дипломиран политиколог но и поранешен пратеник во Собранието на Р. Македонија од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Во Собранието беше активен пратеник во периодот од 2014 до 2016 тата а во ...
Поетесата Вања Изова-Велева ја доби наградата Даница Ручигај на Друштвото на писателите на Македонија. Оваа награда ѝ припадна на струмичката поетеса за нејзината последна објавена збирка „Место за бегство“. Во соопштените на Друштвото на писателите се вели: Жири комисијата во состав: Васил Дрвошанов (претседател) и Ивица Челиковиќ и Зоран Пејковски (членови) едногласно одлучи наградата Даница Ручигај за 2022 година, што ја доделува Друштвото на ...
Заврши тендерот за изградба на опожарениот Дом на култура во Куклиш, наредните денови ќе се знае која фирма ќе го работи. Станува збор за прва фаза која според распишаната јавна набавка ќе чини максимум 7,3 милиони денари за кој општината 4 милиони доби од Министерството за локална самоуправа а остатоктот се од општинскиот буџет. Денеска е крајниот рок за доставување на понудите а веќе на 10 октомври треба да се направи увид и анализа дали и кои ...
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес, на терен направи увид во активноста на чистење на отворениот трапезен канал во населеното место Василево, кој се протега покрај улицата во близина на училиштето. „Конечно после долг период се чисти овој канал. Чистењето е по претходни средби со граѓаните од овој дел на на селеното место Василево. Се отстранува вегетацијата, наносите од кал и останатиот друг отпад со што му се враќа ...
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес, на терен направи увид во активноста на чистење на отворениот трапезен канал во населеното место Василево, кој се протега покрај улицата во близина на училиштето. „Конечно после долг период се чисти овој канал. Чистењето е по претходни средби со граѓаните од овој дел на на селеното место Василево. Се отстранува вегетацијата, наносите од кал и останатиот друг отпад со што му се враќа ...
Во изминатите три месеци цените на недвижностите во државава се зголемиле за 21,2 отсто во однос на истиот период минатата година. Недвижностите летово биле поскапи и во однос на претходните три месеци, и тоа за 4,7 отсто, покажуваат податоците од Народна банка. Во периодот од април до јуни годинава цените на становите имаа зголемување од 16,5 отсто на годишно ниво, а во однос на претходниот квартал тоа зголемување е 6,8 отсто. Раст на годишно ...
На 05.10.2022, при преземање на мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во дворното место на М.И.(54) во село Конче, радовишко, пронашле огревни дрва за кои сопственикот не поседувал соодветна документација. Од вработени во Шумска полиција Радовиш дрвата биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, подружница Плачковица – Радовиш, а по целосно документирање на случајот ...
Во Европскиот парламент во Стразбур заврши 20-от Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Македонија и ЕУ (Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација), со усвојување заеднички препораки. МПК за првпат се одржува откако Македонија ги отпочна преговорите за членство во ЕУ. Претставниците на европските институции, европратениците и македонските пратеници инсистираа на фактот дека започна нова фаза во односите меѓу ЕУ и Република ...
Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија, Австрија и Србија се договориле да ги здружат силите и дополнително да ги зајакнат границите меѓу Србија и Северна Македонија. „Нашиот заеднички интерес е да ја преместиме таа одбранбена линија на југ и затоа се договоривме да ги комбинираме нашите сили и да обезбедиме уште подобро и посериозно зајакнување на границите меѓу Србија и Северна ...
Денеска (06.10.2022) во 06.50 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода Ѓ.Ќ. (48) од село Стојаково, затоа што при преглед кај него и во возилото „застава југо“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со херион. Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, за настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денска во Украинската амбасада во Прага во присуство на двајцата премиери на Македонија и Украина, Димитар Ковачевски и Денис Шмихал, заедно со заменик министерот за економски развој и трговија на Украина, Тарас Качка ги потпиша одлуките за ревидирање на протоколите од Договорот за слободна трговија помеѓу Македонија и Украина. Преку потпишувањето на овој Договор се ...
Општина Струмица почнува со подготовка на Локалната стратегија за млади. Денеска потпишаа договор со Центарот за истражување и анализи НОВУС Струмица. Информацијата ја објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Започнуваме со изработка на Локална стратегија за млади на општина Струмица со Акциски план за периодот 2023-2027 година. По Јавниот повик, договор потпишавме со Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица и заедно ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц потврди дека Германија има проблем со работната сила и коментираше каква заедничка миграциска политика би сакал да види во Европа. „Европа е посакуваната дестинација за милиони луѓе ширум светот. Можеме да бидеме горди на ова, бидејќи покажува дека правиме многу работи правилно и дека европските вредности се привлечни. Едно е јасно: ни треба имиграција. Тоа сега го гледаме на сите места каде што недостасуваат ...
Верувале или не, богданчанец прави ракија од јапонско јаболко. Ова овошје, кое е специфично токму за југоисточниот дел на Македонија, стана основа за производство на ракија. Оваа мајсторија е на Костадин Воданов, кој тврди дека е првиот ракијаџија кој прави ваков вид ракија во земјава. Костадин учествува и на повеќе натпреварувања за варење ракија, од каде се враќа со многу медали и признанија. За вистинскиот рецепт се трудел со години, дури не ...
Ја знаеме како наставничка со позитивен дух и став. Секогаш насмеана и подготвена да им се најде на децата и колегите. Сега, по 40 години во образование, наставничката Соња Појразовска е пензионерка. Ова е првиот 5-ти октомври после долги децении што го минува дома. Вели, тешко е да се навикне на новиот ритам, затоа што учителскиот позив е нешто што го обележува целиот човеков живот, дури и кога не е повеќе во училницата. Учителската професија е ...
Следејќи го успешниот пример на работата на мобилните гинеколошки амбуланти низ различните општини во државата во текот на оваа година, со огромно задоволство би сакале да ве известиме дека услугите од мобилната гинеколошка амбуланта ќе бидат достапни и во општината Василево. Во мобилната гинеколошка амбуланта, почнувајќи од втората половина на септември 2022 година се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените и девојките од оваа општина за ...
В сабота Струмица е домаќин на Агросаем 2022. На саемот се планирани следниве активности: -Презентација на најновата механизација во агро секторот… -Презентации на најновите ѓубрива и заштитни средства.. -Дегустација и продажба на мед -Натпревар во избор на најквалитетен мед…. -Презентација и дегустација на вина од Македонија -Дегустација и продажба на домашно подготвени зимници, сокови, слатка….. -Презентација, продажба и дегустација на ...
Првачињата од Ново Село во посета на општината. Градоначалникот Ѓорге Божинов на својот Фејсбук профил објави дека посетата била по повод Светскиот ден на учителите. -По повод Светскиот ден на учителите, денес во посета на Општина Ново Село, беа дечињата од прво одделение во ООУ Мануш Турновски и ООУ Видое Подгорец На средбата им објаснивме како функционира општинската администрација и им посакавме успешен едукативен развој, напиша ...
-Кога велиме дека децата се нашата иднина тогаш мора сите да знаеме дека градители на патот кон таа иднина се учителите. Наставниците се тие кои, преку образовниот процес и воспитувањето, од децата прават луѓе, оние луѓе кои ќе ја преземат одговорноста за понатамошниот прогрес на заедницата, општеството и човештвото. Има една мудрост која вели: „Просечниот учител раскажува. Добриот учител објаснува. Квалитетниот учител демонстрира. Најдобриот ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело полов напад врз дете што не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот, кому родителите му ги доверувале на чување трите деца на возраст од 8, 6 и 2 години, искористувал исти пригоди и во повеќе наврати вршел кривично ...
Вработените во Заводот за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица вчера беа во посета на Историскиот музеј во Петрич, Бугарија, каде тимовите од двете страни споделиле и размениле искуства и идеи и разговарале за можностите за соработка во новиот програмски период и идните европски проекти кои ќе ги развиваат и реализираат заедно. Ова го соопштија од струмичкиот Завод и Музеј, споделувајќи ја заедничката објава на двете установи. ...
Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидро-електрични централи во Националниот парк Шар планина, одлучи владата на денешната седница. Владата ја усвои информацијата за договорите за концесија на малите хидро-централи во строго заштитени зони, и на управување на Националниот парк Шар планина, за кои се водеше постапка за спогодбено раскинување на договорите за концесија за користење вода за производство на струја. Опфатени се шест ...
Фудбалскиот клуб Беласица ќе има нов прв тренер во наредниот период. Се работи за довчерашниот асистент Благој Гуцев откако синобелите спогодбено ја раскина соработката со Шефки Арифовски. Гуцев ова лето дојде како асистент во стручниот штаб на Арифовски, а сега ќе ја има првата тренерска авантура. Во играчката кариера Гуцев беше дел од Беласица, Влазрими, Пехчево, Брегалница, Силекс Трепча На клупата на Беласица, Гуцев ќе тргне со тешко ...
Овој четврток во Струмица се организира Вечер на поезија. Ќе се слушнат стихови од струмички поети кои не се веќе помеѓу нас, а настанот го носи симболичниот наслов „За нас нема збогум“ според книга песни од Љубен Ташковски. „Целта е да се потсетиме на значајните поети со струмичко потекло, но и да упатиме порака дека нема зборум за уметниците кои имаат значаен придонес за развој на македонската книжевност“, велат од Друштвото за наука, ...