Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, по повод одбележувањето на државниот празник Денот на народното востание- 11-ти Октомври, денеска во Куманово на Спомен- костурницата присуствуваше и говореше на свечениот настан под слоганот „Секогаш на вистинската страна“. Премиерот Ковачевски истакна дека одбележувањето на овој празник е продолжение и насока за нашата иднина, а нашата денешна битка е да продолжиме ...

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов упати честитка по повод Денот ма македонската револуционерна борба. -Денес Струмица и струмичани на достоинствен начин ја прославија 81- годишнината од првите истрели во Прилеп и Куманово, со што започна Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија. Македонскиот непокор повторно стапи на сцена со единствена цел – слобода на Македонија и македонските граѓани. 11 Октомври – Денот на ...

ТВ Канал ВИС денеска одбележува 31 година од своето постоење. На 11 октомври 1991 година, ТВ Канал ВИС почна да зрачи во македонскиот етер, зачувувајќи ја за себе позицијата на прва приватна локална телевизија која останува запишана во историјата на македонското новинарство. Низ повеќе од трите децении постоење, ТВ Канал ВИС од локална прерасна во регионална телевизија со препознатлив бренд на професионално, одговорно и критичко информирање. Низ ...

Сметките за електрична енергија во кои цената на потрошената струја е еднаква или дури и пониска од дистрибуцијата на истата ги тревожат граѓаните. Најмалку 50 жалби стигнале до канцеларијата на народниот правобранител во Струмица токму за високите сметки за струја. Народниот правобранител Славчо Тимов вели дека е покрената истрага за овој случај и ќе се испитува дали е оправдано да се плаќа таква сума. Надоместот за пренос и дистрибуција на ...

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за време на 73. редовна сесија на Извршниот комитет на Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации во Женева, кадешто ја предводи делегацијата од МВР, се сретна со високиот комесар за бегалци Филипо Гранди. На средбата беше даден детален осврт на реализираното во изминатиов период, имајќи го предвид партнерството со УНХЦР во обврските кои произлегуваат од Акцискиот план за миграциска политика ...

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ...

Само четири гола беа постигнати на денешните четири натпревари во 10. коло на Првата македонска фудбалска лига. На две средби мрежите мируваа, во Струмица еден погодок го одлучи победникот, додека Победа го изненади Силекс среде Кратово. Резултати: Академија Пандев – Шкупи 0:1 Скопје – Работнички 0:0 Шкендија – Брегалница 0:0 Силекс – Победа 0:3. Вчера, Тиквеш – Македонија ЃП 4:0. Слободна во ова коло беше екипата на Струга ТЛ. Табела: Струга 25 ...

Со цел заштеда на електрична енергија владата размислува годинава да го задржи летното сметање на времето. Доколку биде донесена таква одлука тоа би значело дека нема да има поместување на стрелките на часовникот на крајот од овој месец, во зимските месеци ќе се разденува еден час подоцна, но денот ќе трае подолго. Дебатата за укинување на зимското и летното сметање на времето ја отвори и Европската комисија пред четири години, а дури 83 отсто ...

На 21.10.2022 година со почеток во 19:00 часот во просториите на НУ Завод и музеј Струмица ќе се отвори изложба на оружје и воена опрема. Во оваа изложба ќе бидат изложени предмети од Збирката на оружје и воена опрема на Историското одделение при Националната установа “Завод за заштита на спомениците на културата и музеј” – Струмица. -Првите предмети од оваа Збирка, започнале да се евидентираат во музејските книги уште со основањето на нашата ...

Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески денеска 10.10.2022 година (понеделник) ќе ги посети рудниците „Бучим“ и „Боров дол“, кои поради енормниот пораст на цената на електричната енергија од 01 септември 2022 година привремено прекинаа со процесот на производство. Во двата рудника има вкупно 674 директно вработени и се едни од најголемите работодавци во регионот кои придонесуваат за ...

Владата донесе одлука финансиска поддршка од државата вопериод од 4 месеци да добиваат ранливите категории граѓани. Станува збор за лица кои користат право на: социјална сигурност; лицата кои го користат правото за попреченост; родителите на децата со попреченост до 26 годишна возраст, кои користат право на посебен додаток; лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, а не користат право заради попреченост; лицата со ...

Во наредниот период ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија, во соработка со „Пакомак“ започнува со нов начин на третирање на комуналниот отпад од домаќинствата и правните лица. Проектот опфаќа издвојување-селектирање на: хартија, пластика и лименки од останатиот отпад. Во првата фаза како Пилот-прект ќе биде опфатен само еден дел од градот, а во наредниот период од страна на Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“ ќе се обезбеди по една канта за секое ...

Диметоат и ометоат се откриени во замрзнати цреши на белгискиот пазар, а црешите кои потекнуваат од Полска, освен во Белгија биле дистрибуирани и во Хрватска, Франција и Холандија. Популарното овошје итно се повлекува од пазарот поради присуството на забранетите пестициди диметоат и ометоат, известија од Европскиот центар за брзо предупредување во сообраќајот со храна, пишува Даница.хр. Ризикот е сериозен, а во производот биле откриени траги од ...

Владата на денешната седница разговарала за економско-енергетската криза и донесе нови антикризни мерки во вредност од над 350 милиони евра, соопшти премиерот Димитар Ковачевски. -Клучната порака денеска е дека никого нема да заборавиме и да оставиме сам да се справува со последиците од кризата. Кризата ќе ја пребродиме сите заедно, мора да има енергенси, парно и струја, но и таргетирани мерки за најранливите категории граѓани. Направивме ...

Глобална криза за менталното здравје донесе пандемијата со Ковид-19. Светската здравствена организација вели дека се поттикна стресот и се поткопа менталното здравје на милиони луѓе. Ова предупредување доаѓа ден пред Светскиот ден на менталното здравје, 10 октомври. Дури и пред пандемијата во 2019 година се проценува дека еден од осум луѓе во светот живеел со ментално растројство, а ковидот дополнително придонесе да се влоши менталното здравје ...

Во рамки на Литургијата на која ќе се изврши прогласувањето за светец на македонскиот прередобеник Кирил Пејчиновиќ верниците ќе имаат можност да се поклонат на моштите. Канонизацијата ќе се одржи наредниот викенд 16 октомври во Соборниот храм ,,Св. Кирил и Методиј” во Тетово, со почеток во 8:30 часот, кога ќе се отслужи света Божествена литургија, со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на ...

Продолжува трендот на раст на трошоците за живот. Во септември годинава во однос на истиот месец лани инфлацијата е зголемена за 18,7 отсто. На месечно ниво, од август до септември трошоците на граѓаните се зголемени за 1,6 отсто. Извештајот кој го објави Државниот завод за статистика покажува дека за една година трошоците на граѓаните за набавка на храна и пијалоци се зголемени за без малку 30 отсто. Режиските трошоци се повисоки за речиси 20 ...

Рестрикции на струја се на повидок во Франција и Британија. Париз се подготвува за недостиг на електрична енергија. Франција на своите граѓани реши да им испраќа известувања за оптоварувањето на електричната мрежа и тоа веднаш по временската прогноза ќе има прогноза за снабдување со електрична енергија. Зелениот симбол ќе значи дека потрошувачката на електрична енергија е во рамнотежа, а жолтиот симбол ќе сигнализира притисок врз снабдувањето, ...

Цените на основните прехранбени производи вртоглаво растат, маржите замрзнати, но струјата го притиска производството. Единствената мерка за малите и средните компании доминантни во производството на храна е субвенционираната струја на регулираниот пазар. И тие најавија затворање и намалување на обемот на производство преку стопанските комори ако владата идната седмица не испорача конкретни предлози. Во најновиот “пакет“ ветувања, премиерот ги ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оваа сабота е на Огражден. Тој објави неколку фотографии на социјалните мрежи. „Саботно октомвриско претпладне на Огражден планина, 1746 мнв. Македонска убавина, наоколу Беласица, Малешевските планини, а на исток Пирин“, напиша Мицкоски.Инаку, во 2020 година, Мицкоски ги повика граѓаните да летуваат во Македонија, на планина или езеро. Претходниот ден, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ имапе средба со ...

Како дел од активностите на секцијата на сниматели при ЗНМ, викендов се реализираше тродневна работилница во Струмица на тема: ,,Унапредување на соработката помеѓу снимателите и новинарите”. Основната цел за ваквите средби помеѓу снимателите и новинарите е преку детектирање на проблемите во секојдневната работа, со активно учество преку нудење на аргументирани решенија да се обидат да ги надминат предизвиците и направат позитивни промени во ...

Домашна произведена зимница, разни чаеви, креми, мед и пчелни производи се најдоа на стотината изложбени штандови на вториот Агро саем во Струмица. Покрај механизацијата и земјоделските продукти, забележливи беа креативните производи на македонските фармери кои велат дека уште слабо заработуваат но имаат верба во иднината на домашното и рачното производство. Организаторите велат дека идејата е на едно место да се соберат прозиводителите, ...

Лаици да не се впуштаат во авантура да собираат печурки и истите да ги консумираат, затоа што тоа може да биде фатално. Искусните печуркари и откупувачи на печурки велат дека дури и ако граѓаните читале литература или се информирале на интернет за печурките, тоа не е доволно за да можат да препознаат која печурка е отровна, а која не. На интернет може да се најдат многу трикови, според кои може во домашни услови да се провери дали печурката е ...

Во храмот на Свети 15 Тивериополски свештеномаченици вечерва ќе се одржи 11 Фестивал на источно црковно пеење. Со почеток од 19 часот ќе настапат два хора. Првиот е женскиот хор„ Свети Теофил Струмички“ од Струмица под диригенство на професор Зоран Мазнејков, а вториот е машкиот византиски хор „Свети Нектариј Битолски“ од Битола под диригенство на м-р Игор Гулевски. Женскиот хор „Свети Теофил Струмички“ од Струмица основан 2006 година по ...

Настудено утрово било во Берово каде се измерени нула степени, а во Дојран се измерени десет степени. Како што соопшти УХМР, два степени е во Лазарополе, 3 во Битола, 4 во Маврови Анови, Тетово и Струмица, 5 во Крива Паланка, 6 во Прилеп, Штип, Демир Капија, Скопје-Петровец и Попова Шапка, 7 во Претор, Дебар, Крушево, Охрид, Гевгелија и Куманово, 8 во Скопје-Зајчев Рид, како и 9 степени во Виница. Времето денеска е сончево со мала до умерена ...

Објавена е листа со најгостопримливи земји и градови во Европа во 2022 година по избор на читателите на Conde Nast Traveler. Титулата најкосмополитска земја ѝ припадна на Ирска, а град е шпанскиот Сан Себастијан. Инаку, Шпанија е на десетто место. На листата се најде и еден град од Хрватска – Дубровник. „Овој град, со својот стар дел, опкружен со камени ѕидови од 16 век и секогаш гостопримливи граѓани, заслужува посета. Камени улици полни со ...

Струмичката болница ќе може да врши стентирање и ангиографија. Како што информираат од управата на болницата пуштена е во употреба единицита за интервентна кардиологија. Стентирањето на коронарните артерии претставува модерен начин на решавање на недоволното крвоснабдување на срцевиот мускул, а кое најчесто е последица на атеросклеротични промени на артериите и честа ургентна состојба во интерна амбуланта. „Со тоа овозможуваме ургентен третман ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска, 7.10.2022 година, регистрираше земјотрес 132 km југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Валандово. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 14 часот и 19 минути со ...

Кошаркарите на Струмица 2022 утре ја отвораат новата првенствена сезона со настап во најсилната кошаркарска лига на Макеоднија. Во салата Парк во Струмица утревече со почеток во 19 часот, струмичкиот прволигаш го пречекува тимот на Еуро Никел од Кавадарци Ова ќе биде камбек на струмичани во прволигашкото друштво по пауза од пет години откако лани како втора најдобра екипа од второлигашкото друштво, обезбедија право за настап во елитната кошарка ...

Градоначалникот на општина Василево, денес присуствуваше на свечените настани организирани во двете основни општински училишта „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала, организирани по повод приемот на првачињата во Светската детска организација. „Децата треба да бидат сакани, милувани и од секого почитувани“, порачаа првачињата, и во еден глас, сложно, пред присутните наставници, родители и гости дадоа ветување дека ќе ги ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
40%
1009
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
56%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
1.03
46%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1011
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.13
46%
1010
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
4.63
38%
1009
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
68%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
8.23
49%
1011
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
37%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
41%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
8.23
67%
1012
Currency

61.535

Currency

53.9688

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57