
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Утре вечер во почеток од 19.30 во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи концерт на државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски-Луј“ од Скопје. Темата на концертот е „Од умот се подизгубив за едно лично“ и е во организација на насоката за традиционална музика и игра. Директорката на Луј, познатата пијанистка Даница Стојанова вели дека учествуваат околу 30 ученици од прва до четврта година, а вклучени се и ...
Да се даде зналење на локалното земјоделско производство, но и да се поттикнуваат земјоделците од општина Ново Село да ги зголемат површините под компир. Ова е целта на организацијата на Ден на компирот што оваа саботанќе се одржи во Ново Село. Градоначалникот Божинов објасни дека локацијата на настанот е пазарот. Компирот има одличен квалитет и дава добри приноси на тукашните ниви. Според Божинов граѓаните не треба да ги оставаат нивите ...
Собранието со 63 гласа „За“ го избра Ристо Пенов од ЛДП за нов министер за локална самоуправа. -Констатиран дека Ристо Пенов е избран за министер кој ќе раководи со министерството за локална самоуправа. Дозволете од името на сите пратеници да му честитам за изборот и да му посакам успех во работата, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери. Во Собранието беа присутни 101 пратеник, а 30 гласаа „против“. Немаше воздржани. После изгласувањето ...
Комисија формирана со одлука на министерот за образование и наука ќе ја преиспитува содржината на учебникот по историја за 6. одделение, откако до министерството пристигнаа повеќе претставки дека одредени податоци и информации кои се објавени во учебникот не соодветствуваат со научната реалност. Во законски утврден рок од 10 дена, Комисијата има обврска до министерот да достави предлог за повлекување на учебникот, доколку членовите констатираат ...
На 27.10.2022 во 21.50 часот кај индустриската зона во Валандово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Стар Дојран ги лишиле од слобода В.Р.(22), А.Д.(24), Г.А.(23), Ф.Г.(23) и Л.Р.(20), сите од Косово затоа што со три патнички возила „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки превезувале 10 лица мигранти од Авганистан, од кои пет мажи, две жени и три малолетници. Околу 21.30 часот на стариот пат Стојаково – ...
Вечерва со почеток во 19.00 часот во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се одржи трибина на тема „Родова идеологија“. Организатор за трибината е Фондација Елеуса“. Говорници се д-р Биљана Аризанкоска Ефтимова, специјалист психијатар, професор д-р Ристо Солунчев, професор на Институтот по филозофија и викарниот епископ г-н Јаков Стобиски. Оваа е втора трибина на Фондација елеуса. Првата беше во јуни во струмичкиот ...
Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија не избра ниту еден од шесттемина пријавени кандидати јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје. Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, на денешната 67 седница информира дека биле пријавени шест кандидати, и тоа: – Милица Гаврилова, од ОЈО ГОКК Скопје, која е оценета позитивно со 23 поени; – Арсен Адеми од ОЈО ...
Како резултат на успешната соработка Про Кредит банка донираше 40 канти за собирање на пластичен отпад. Кантите ќе бидат поделени пред јавни и деловни објекти во Босилово и на јавни места во Босилово, а пластиката ќе се подига секој втор Петок. Сите граѓани од Босилово кои сакаат да се вклучат во акцијата и кои ќе селектираат пластика, може да се јават во комуналното претпријатие и ќе бидат вклучени во подигањето на отпадот. На почеток граѓаните ...
Проценките се дека за еден месец ќе се стабилизира пазарот, па потоа ќе се спушти цената на основните производи. Ова се дел од мерките за ублажување на кризата. ТЕ-ТО ќе произведува топлинска енергија од ноември Намалени цени на основните производи и решавање на проблемот со топлинската енергија со помош на когенеративната термоелектрана ТЕ-ТО, кој ќе започне со работа на 1 ноември, се само дел од мерките коишто ги најави денеска министерот за ...
Стекнување со знаења за работата на Собранието, историјата на парламентаризмот, законодавната постапка и други теми од работата на институцијата, како и средби со пратениците од општините се дел од парламентарниот карван што денеска е во Гевгелија. Освен едукативна, активностите имаат за цел зголемување на транспарентноста и отчетноста на Собранието. Како што информира собраниската прес-служба, карванот „Собрание за граѓаните” ќе посети 12 ...
Нациналниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност во сабота по 23 пат ја организира теадиционалната манифестација „Тортијада“ во Струмица. Локацијата е Вила парк, со почеток од 20.00 часот. Од Мобилност велат дека се горди на долгата традиција на манифестацијата на која ќе се натпреваруваат 10 здруженија. „Главната цел на оваа манифестација е дружбата, забавата, но покрај тоа таа има за цел и да допринесе за подигањето на ...
На 25.10.2022 во 13.10 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на локалниот пат село Стојаково – село Богородица, гевгелиско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд ескорд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(40) од Гевгелија и патничко моторно возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(69) од село Селемли, општина Богданци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле ...
Нашата намера, нашата цел, е да изградиме фудбалска реалност која не е ограничена само на првиот тим. Сакаме да направиме поширока реалност за еден фудбалски клуб, кој има меѓународен стандард, не само поради резултатите на првиот тим туку затоа што станува за голем клуб. Вака истакна Алехандро Алеоти од ФК Брера во интервју за Канал ВИС во емисијата ВИС Спорт во која тој зборува што всушност значи договорот за соработка, кои им се плановите, ...
Денеска во ФФМ беше одржана ждрепката за 1/4 финалето во Купот на Македонија. Академија Пандев за противник го има ланскиот КУП победник Македонија ЃП Најинтересен натпревар ќе биде на „Чаир“ каде што Шкупи ќе игра против Шкендија, двата тима кои се борат за висок пласман сезонава. Натпреварите се предвидени да се играат на 9. ноември во 13 часот. КУП 1/4 ФИНАЛЕ, ДВОЈКИ: СИЛЕКС – ВАРДАР ШКУПИ – ШКЕНДИЈА МАКЕДОНИЈА ЃП – АК.ПАНДЕВ СТРУГА ТЛ – ...
Народна банка ги објави најновите бројки за депозитите и кредитите за септември, кои говорат за натамошен раст на депозитите, и тоа кај сите сектори, иако домаќинствата се главни носители на растот на влоговите, додека порастот е многу помалку изразен кај компаниите. Вкупните депозити во септември годинава достигнале дури 7,62 милијарди евра. Во однос на претходниот месец тоа е раст за близу 70 милиони евра, говорат податоците на централната ...
Вечерва ќе се одржи првото издание на фестивалот на детски песнички, „Вртелешка“. Станува збор за авторски проект на професорките во основното музичко училиште „Боро Џони“, Ана Тимова и Костадинска Ончева. Тие велат дека создавале музика за деца во текот на пандемијата и долгиот карантин, па отккао заврши тој период сфатиле дека имаат материјал што вреди да се презентира во јавноста. така, се родила и идејата за детски фестивал. За името на ...
Граѓаните и деловната заедница ќе може да постават најбрзо и по најповолни услови фотонапонски електроцентрали за производство на струја. Стапија на сила измените на Законот за градење како дел од низата мерки за поддршка во услови на најголемата светска енергетска криза. На овој начин се поедноставува процедурата за поставување на фотонапонски електроцентрали на објектите и тоа до 6 киловати за домаќинствата и до 40 киловати за компаниите. ...
Книгите на писателите треба поинтензивно да се преведуваат за читателската публика во регионот поблиску да е запознаена со авторите од другите земји. Но, истото важи и за научниците-книжевници, кои честопати немаат доволно литература за своите истражувања. Ваков е впечатокот на учесниците на Меѓународната научна конференција за литература за деца која се одржа викендов во Тузла, Босна и Херцеговина. На конференцијата свои трудови имаат и ...
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ учествување на панел дискусијата во рамки на Европскиот самит во Стразбур, на тема „Дали Европа ќе ги преживее кризите?“, на кој рече дека само обединета, одлучна, со јасен план и стратегија ЕУ ќе успее да ги надмине предизвиците со кои се соочува во моментот. – Новата реалност која ја живееме и ние и ЕУ бара конкретни чекори и одлуки кои ќе нè прават поединствени и ќе ...
Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, се сретна со Маркета Пекарова Адамова, претседателка на Домот на пратениците на Парламентот на Чешката Република. На состанокот е истакната блиската и пријателска соработка помеѓу Северна Македонија и Чешката Република, веќе 28 години до денес, со заедничка определба за натамошно унапредување. Пренесен е ставот дека Чешката Република и Северна Македонија ...
Албанската влада ја враќа можноста за спортско обложување во земјата. Во Предлог-буџетот за 2023 година, стартот на оваа активност е предвиден од 1 јануари следната година. Оваа одлука доаѓа четири години откако владата го прогласи коцкањето за незаконско. Неодамна премиерот Еди Рама на средба со целни групи рече дека „обложувачката активност продолжила на црно и дека повторното враќање на легалното спортско обложување ќе донесе приход во ...
Петмина државјани на Македонија се повредени, но надвор од животна опасност во сообраќајна несреќа која околу половина час по полноќ се случила на патниот правец Игнација Одос, кај клучката Амфиполи Сер. Возилото во кое се превезувале повредените, под засега неутврдени околности излетало од коловозот. Како што јавуваат грчките медиуми, за извлекување на возачот, на помош била повикана противпожарната служба. Сите патници, според информациите на ...
Тројца возачи се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 23:10 часот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село, во близина на село Дабиље. МВР информира дека во несречата учествувале три автомобили: „Фолксваген поло“ со италијанска национална ознака, управуван од В.А.(52) од село Еднокуќево, струмичко, „Ауди а3“ управувано од М.М.(31) од Струмица и „Фиат типо” управуван од М.К.(52) од Струмица, двете со струмички регистарски ...
АД ЕСМ на 23.10.2022 година произведе 10.709 MWh електрична енергија, соопштија владините служби. „Во Термоелектраните произведени се 6.896 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.813 MWh“, се потенцира во владиното соопштение. Според Владата, АД ЕСМ во изминатото деноноќие целосно ги задоволило потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво, како што се напоменува, од сопствените, домашни ...
На 23 октомври 1893 година во Солун била основана Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација По тој повод, претседателот Пендаровски преку соопштение порача: „Инспирирани од оваа идеја, генерации родољуби се вклучија во долгата борба за слободна Македонска република… Таа храбра визија што ги поврза Илинден 1903 и асном 1944, конечно се реализираше на 8 септември 1991 година во независната Македонска држава“… „Без македонските ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вчера попладне престојуваше во Дебар каде во општинската зграда оствари средба со замјоделци од ова подрачје. – Од Дебар започнуваме со низата средби на кои детално, транспарентно и отчетно ќе го презентираме новиот модел за субвенционирање за земјоделците. Промената која ја предлагаме за сточарите предвидува субвенционирање на основните репродуктивни грла, односно тие што ...
Струмичкиот музеј со изложба на оружје и воена опрема. Изложбата со експонати од повеќе периоди може да се видат во галеријата на Заводот и Музеј Струмица.Во оваа изложба се изложени предмети од Збирката на оружје и воена опрема на Историското одделение при Националната установа “Завод за заштита на спомениците на културата и музеј” – Струмица. Во неа, може да се видат мeчеви, сабји, ножеви и копја, но и огнено оружје – кубури, револвери, пушки, ...
РСБСП и МВР реализираа превентивни активности за едукација на возачите на трактори и земјоделски машини и за дополнително обележување на овие возила заради нивна поголема видливост и безбедно учество во сообраќајот. Во период кога по сообраќајниците се движат поголем број на трактори и земјоделски машини РСБСП и МВР спроведуваат кампања под мотото „Безбедно возење на трактори и земјоделски машини“. Целта на кампањата е подигање на свеста за ...
Светлана Мазгалоска Вучетиќ ја промовираше својата прва книга поезија ,,Љуби, верувај и надевај се”.Промотори на нејзината поезија беа Ѓоко Калајџиев и Даниела Пејева Митева во издание на ЛУБ,, Благој Јанков Мучето”. Промоцијата е во организација на Дом за деца и млади ,,Благој Мучето”, а покровител е градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. „Марија Витанова и Македонка Стојкова ја исполнија салата со моите стихови , преполна со драги ...
Пакет за енергетска поддршка од Европската комисија за регионот ќе биде презентиран следната недела во Скопје од претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, најави вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи. Вредноста на пакетот за поддршка, според најавите, е милијарда евра. Османи бил информиран од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за пакетот за енергетска поддршка којшто, како што рече, ќе биде најавен со доаѓањето на ...