Поетесата Вања Изова-Велева ја доби наградата Даница Ручигај на Друштвото на писателите на Македонија. Оваа награда ѝ припадна на струмичката поетеса за нејзината последна објавена збирка „Место за бегство“. Во соопштените на Друштвото на писателите се вели: Жири комисијата во состав: Васил Дрвошанов (претседател) и Ивица Челиковиќ и Зоран Пејковски (членови) едногласно одлучи наградата Даница Ручигај за 2022 година, што ја доделува Друштвото на ...
Стихозбирката на Вања Изова Велева содржи 30 песни поделени во три циклуси: Прво пројавување, Второ пројавување и Трето пројавување. Поетската книга се надоврзува на книгите поезија: „Вентил на постоењето" (1993), „Смртта на рибата" (1995), „Зашиени грла" (1997), „Правта не зборува" (2002), „Плач во кутија" (2007), „Бездна угоре" (2010), „Позајмена прашина" (2013), „Безмалку, избор" (2016) и „Чекор по жица" (2017). Освен тоа, таа е авторка на ...