Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,90 % во однос на одлуката од 16.1.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 7,084 %, кај дизелот 4,546 %, кај екстра-лесното масло 4,351 % и кај ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,355 ден/кг и сега ќе изнесува 40,814 ден/кг. Од 21.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС ...

Се ограничува времето кое работникот може да биде вработен на определено време. Работодавецот ќе може да држи работник на определено време најмногу две години, наместо сегашните пет, а потоа ќе мора да му го трансформира работниот однос на неопределено. Ова се измените што се содржани во Нацрт-верзијата на новиот Закон за работни односи што министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, го образложи во неколку наврати. Според ...

Пандевци од утре формата ќе ја темпираат во Анталија Турција, каде имаат договорено 4 контролни меча. Стратегот Васоски очекува пролетва струмичкиот прволигаш да го поправи впечатокотТие вчера го одиграа првата контролка со штипска Брегалница на која двајцата стратези пробуваа повеќе тактики но им се даде можност речиси на сите фудбалери за да се констатира нивната подготвеност. Во Турција ќе бидат 11 дена каде ќе бидат одиграни и натпревари со ...

За три сантиметри е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро се исти како вчера. Со тоа, според резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Дојранското Езеро е за 2,57 метри повисок од просекот за јануари. Нивоата, пак, на Преспанското и на Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,83 метри кај Преспанското и за 19 сантиметри ...

Дождот кој непрекинато паѓаше неколку дена предизвика издигнување на реки и поројни води кои поплавија куќи во Сјеница, Пријепоље, делови од Нови Пазар, Тутин Рашка, Брус и Куршумлија, каде беше прогласена вонредна состојба. Потрагата по двајца мажи кои ги однесе поројот во Нови Пазар се уште трае. Поради покачување на нивото на реката Ибар, на територијата на општина Рашка е поплавена индустриската зона, а наредба е да се затворат градинките и ...

Променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни во утринските и претпладневните часови во источните делови каде локално ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер. Поради заладувањето на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје променливо облачно со повремени ...

Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач. Податоците на Аналитика покажуваат дека преваленцата на пушење во земјата изнесува 48,4%. За споредба во европските земји, преваленцата на пушење е далеку пониска – ЕУ просекот е 29%. Во Шведска таа изнесува 8.7 %, во Грција и Бугарија 27%. Аналитика тинк-тенк заедно со Универзитетот Илиноис од Чикаго во 2020 годинa ...

Само прегледот е клучен за рано откривање на карцином на дојка. Лекарите апелираат дека секоја девојка над 18 годипна возраст треба еднаш месечно да прави самопреглед со кој би забележала доколку дојде до некаква промена на градите. Специјалист доктор Јасминка Чабуковска вели дека важно е и да се знае како правилно се прави самопрегледот . Прегледот на мамограф е задолжителен за секоја жена со навршени 40 години, или доколку во семејството има ...

На денешната прес-конференција на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, и соработникот за енергетика, Виктор Андонов, беа презентирани најновите информации за енергетската состојба во земјата и одлуките од вчерашната 119. владина седница. Соработникот Андонов рече дека оваа година почна со стабилно домашно производство на електрична енергија. „Неколку дена по ред во јануари ЕСМ произведува и продава ноќни вишоци електрична ...

Деновиве воградскиот парк во Струмица почна да се гради Скеј парк. Тој ќе биде на површина од 625 метри квадратни а реализацијата ќе биде со општински средства, објави градоначалникот Костадин Костадинов. ,,СКЕЈТ паркот се гради во спортско – рекреативниот дел на градскиот парк со средства од општинскиот буџет во износ од 6, 2 милиони денари.На рамна бетонска платформа која ќе биде заградена, ќе бидат поставени 7 спортски реквизити кои ќе ...

Зелениот Институт од Скопје врши мониторинг на независните советници од Стига е во Ново Село, Босилово и Струмица кои како предизборно ветување го имаа селекција и рециклажа на отпадот. Станува збор за проект ,,Реформа на изборните процеси’’ финансиран од швајцарската влада и Ифес мегународниот фонд за избори. Лилјана Поповска кажа дека овие советници контуинирано работат на овој сегмент при што анализата покажала дека во општините има напредок ...

На 18.01.2023 во 10.45 часот Оперативен тим – потраги на ул.„Черења“ во Штип го лиши од слобода С.Д.(31) од Струмица, осуден на казна затвор во траење од 10 години и 6 месеци, поради сторени кривични дела по член 235 и чл.236 од Кривичниот законик. За него била распишана Централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправна установа Затвор Штип, со која се бара за доиздржување 5 години 8 месеци и 5 дена. Лицето ќе биде спроведено во ...

На 17.01.2023 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода Ш.Б.(21), А.Б.(32), О.К.(28) и уште едно малолетно лице, сите од Радовиш, кои биле затекнати при вршење на кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Радовиш, а кај нив биле пронајдени и предмети од извршените кривични дела. Лицата се задржани во полициска станица и во текот на денешниот ден со нив ќе бидат извршени службени разговори, поради ...

Општина Василево и ЈПКД „Турија“, по повод верскиот празник Богојавление – Водици се вклучија во подготовките за традиционалното фрлање на светиот крст во осветените води. ЈПКД „Турија“, со механизација врши чистење и уредување на речното корито во населените места Василево, Пиперево, Владевци, Сушево и Добрашинци, каде на 19.01.2023 година црковните лица ќе извршат осветување на водите и фрлање на светиот крст. Општина Василево традиционално во ...

Наместо на 9 јуни учебната година ќе заврши на 14 јуни. Ќе се учи три дена повеќе за се одработат 180 наставни дена. Причина за ова е продолжувањето на зимскиот распуст, информираат од Министерството за образование. „18 јануари е среда, 19 е празник за поголем дел од граѓаните, а 20 јануари е петок, па одлучивме второто полугодие да почне во понеделник, на 23 јануари. За да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие, ...

До 26 јануари напладне е продолжен рокот за доставување понуди на тендерот за субвенции за нови авиолинии, којшто според првичната објава требаше да трае до задутре во 12 часот. Од Министерството за транспорт и врски за МИА изјавија дека рокот е продолжен поради измени во тендерската документација, каде во критериумите за учество нема да се бара позитивен биланс за 2020 и 2021 година поради ковид кризата. Остануваат критериумите за превезени 10 ...

Раноградинарите да не брзаат со расадување на првите култури бидејќи времето може да се промени и да настрадаат насадите. Ова се советите на агрономите кои предупредуваат дека ваквите температури знаат да направат многу проблеми во земјоделските насади. Температурите можат да предизвикаат проблеми и кај овошките, како прерано цветање, но за пчелите ова е поволно време. Последните неколку години температурите се поблаги во јануари, а следува ...

АМД Дичо Панов од Гевгелија го спроведува проектот „Гевгелија Вело град“ кој има за цел промоција на велосипедизмот преку искористување на климатските и теренски погодности за негова поголема промоција, стекнување на здрави животни навики кај младите, зголемување на економската активност на општината преку туристичко ориентирани услуги кон велосипедизмот и развој на Гевгелија како пријателска велосипедска општина. Дополнително, проектот ќе ...

На 16.01.2023 година во 20.54 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на А.Е.(63) на улица „Пиринска“ во Струмица, во која било пронајдено и едно починато лице. Од страна на територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а увид на местото ќе биде вршен во текот на денешниот ден од страна на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Од ТППЕ Струмица ...

Загаденоста на воздухот да се следи од државните мерни станици, препорачува министерството за животна средина. Министерот Насер Нуредини вели дека граѓаните можат да се информираат преку апликацијата „Мој водух“ на која се покажуваат државните мерни станици. Останатите апликации, вели Нуредини, не се релевантни и податоците што тие ги покажуваат не може да с есметаат за точни. Според министерот, во земјава има вкупно 21 мерна станица која го ...

Седум месеци по смртта на 26 годишниот Јован Витанов од Струмица-случајот е затворен. Јавното обвинителство информира дека по извршената обдукција на телото не открила траги на насилство кај починатото момче и по испитување на сите траги најдени на местото каде е откриено телото на Витанов, надлежниот јавен обивнител го затворил случајот. Смртта на Јован Витанов отвори многу полемики во јавноста а околностите под кои починало момчето се уште не ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 проценти во однос на одлуката од 9.1.2023 година. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,785%. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ...

Место досегашното породилно отсуство се предвидува поделба на отсуствата на мајчинско, татковско и родителско отсуство. Ова се предвидува согласно новиот Предлог- закон за работни односи, кој е во нацрт-верзија, за кој периодов ќе оддржиме серија јавни расправи со цел вклучување на јавноста и отворање на можноста за коментари, објави вечерва министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на својот Фејсбук профил. -Татковското е во ...

Низ светот и во 2023 година сè уште има многу проблеми кои ја засегаат прехранбената индустрија – лошите временски услови, војната во Украина, инфлацијата… Кога одите на шопинг, можно е да најдете само дел од производите што ви се потребни. Во однос на временските непогоди, војната во Украина, болестите кои ги погодуваат растенијата и слично, порталот EatThis.com издвои осум производи чиј недостиг може да се забележи во светот годинава. 1. ...

Јавното обвинителство не го затворило случајот на исчезнатата Марија Брзакова од струмичко Босилово. Според информациите од основното јавно обвинителство дејствија по меѓународна правна помош се побарани и од неколку други држави и странски компании. Марија Брзакова исчезна на 18 јануари 2020 година и цели три години нема напредок во потрагата по неа. Тогаш 28 годишната млада мајка излегла од семејниот дом во Босилово во раните утрински часови, ...

Колку пострашна, толку поуспешна маска. Вакво е правилото за Страчинарските игри во Мокриево. Секоја година на Василица, тука се собираат голем број маскирани лица, но главни се страчинарите кои според преданијата шетале по куќите и собирале храна за сиромашните и немоќните Освен локални групи, гости имаше од цела држава и соседна Бугарија. Учесниците велат дека овој е период на многу карневали и слични манифестации, па буквално во јануари и ...

Традиционалниот ручек што секоја година се дава за време на Страчинарските игри во Мокриево, годинава се најде и како посебна маска. Пораката на маската беше да се чува традицијата за Василица, но и специфичната кујна за Мокриево. Качамакот што се прави од мелено пченкарно брашно е вкусен, но и исклучително здрав оброк. Се приготвува со домашни колбаси. Годинава се сварија околу 80 килограми качамак и уште толку колбаси, а ручекот е наменет за ...

Засега нови мерки за намалување на инфлацијата Владата нема да објавува, а за понатаму, ќе се прави проценка. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека со субвенционираната струја која Владата, ја понуди на прехранбениот сектор цените на храната се намалиле од 5 до 12%. „Мора да се внимава и на буџетот. Буџетот има своја приходна и своја расходна страна и ако постојано ја зголемуваме расходната страна, а ја намалуваме приходната страна, тогаш тоа ...

За 31 насто е зголемен бројот на откриените илегални преминување на македонската државна граница минатата година во однос на 2021. Ова го покажува статистиката на МВР од каде соопштуваат дека најголемиот дел од илегалните преминувања биле откриени на македонско грчката граница при што и понатаму се најзастапени лицата од Сирија, Пакистан, Авганистан чија цел е преку државата да заминат во земјите членки на ЕУ ,,Во 2022 година на границите со ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
55%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
67%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
41%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
59%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.79
62%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
2.68
68%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1013
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
64%
1013
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
77%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
4.63
50%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.69
54%
1013
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52