
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Земјоделките за првпат ќе добиваат платено отсуство за мајчинство, одлучи Владата, на која ја донесе Програмата за обезбедување социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност. За првпат досега, со оваа Програма ќе се реши правото за користење надоместок за мајчинство, кое не е опфатено за земјоделките со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи. „Предвидена е мерка за финансиска поддршка во износ од ...
И гевгелиските пожарникари се приклучија на спасувачката мисија во Турција. Четворица припадници на територијалната противпожарна единица Гевгелија заминаа да им помагаат на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција. Пред заминувањето со пожарникарите се поздрљавија градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и претседателот на Советот на општина Гевгелија, Патрик Мат. „На сите граѓани од Турција и Сирија, особено на оние ...
На 07.02.2023 во 20.35 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ш.(38) од село Зрновци, општина Зрновци. Тој баран по потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на затворска казна во времетраење од една година и 7 месеци за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „фалсификување исправа“. Лицето било предадено во установата ...
Струмичките ликовни уметници, брачниот пар Александар и Ана Филеви донираа свои дела за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија. Филеви понудија по едно свое дело во вредност од 30.000 денари. Средствата за делото требаше да се уплатат на сметката на Солидарниот фонд на Црвен крст, а потоа сопственикот со копија од уплатницата ќе може да го подигне своето дело. Ова не е прва хуманитарна акција во која учествуваат уметниците Филеви. Нивни ...
Повеќе од 9.500 луѓе загинаа во силниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија. Бројот на жртвите во Турција се зголеми на 6.957, соопшти Управата за вонредни ситуации. Повредени се 38.224 лица, јавува Анадолија. Претходно беше објавено дека во Сирија загинале повеќе од 2.500 луѓе. Овој земјотрес е еден од најсмртоносните во овој век. По разорниот земјотрес во понеделникот, во Турција се регистрирани 648 последователни потреси, ...
Парите од продадените влезници за изведбите на струмичкиот театар, како и танцовиот перформанс што во текот на февруари ќе може да се гледа во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе одат за помош на настраданите од земјотресот во Турција. Центарот за култура „Антон Панов“ објави дека средствата од целиот репертоар се наменети за помош на Турција: „Како општествено одговорна институција НУЦК „Антон Панов“-Струмица, Ве известува дека ...
Училиштето „Атанас Нивичански“ од Висока Маала во Општина Василево и училиштето „Климент Охрдиски“ во Миравци, Општина Гевгелија, заеднички ќе спроведуваат проект за промоција на мултикултурализамот. Двете училишта добија средства од Министерството за образование и наука, кое распиша Конкурс за проекти кои придонесуваат за развој на мултикултурализмот но и унапредување на меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта ...
За „докомплетирање и отстранување на недостатоците“ на првата фаза од автопатот од граничниот премин Блаце до селото Блаце во должина од 2 километри, градежната компанија „Гранит“ доби уште еден договор од Јавното претпријатие за државни патишта. Ова е еден вид на шок за јавноста, ако се знае дека „Гранит“ веќе доби еден договор за изградба на оваа фаза од автопатот од коридор 10 со кој Скопје треба да се поврзе со македонско-косовската граница ...
Поради катастрофалниот земјотрес што ја погоди Република Турција каде има големи човечки загуби, повредени граѓани, како и голема материјална штета, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе додели финансиска помош – донација во висина од еден милион денари за санирање на последиците од земјотресот. Финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Фонд за ...
Осум пожарникари од ТППЕ Струмица, припадници на тимот за пребарување и спасување од урнатини (USAR тим), кој е во состав на републичките сили за заштита и спасување при Владата на Македонија, утрово заминаа во спасувачка мисија во пријателска Турција. Тимот специјалци треба да им помогне на настраданите во земјотресот. Нашите пожарникари се специјално обучени за вакви непогоди и имаат искуство од земјотресот во Албанија. Веста за заминувањето ...
Според последните информации кои доаѓаат од состојбите во подрачјето на југоисточниот дел до Турција, бројот на загинати граѓани, потврдени од турските надлежни институции, надмина 1.500, додека бројот на повредени засега е околу 10 илјади. Како последица на земјотресот уништени се над 3.700 објекти. Најтешко се погодени десет града, меѓу кои: Газиентеп, Кахраманмарас, Хатаи, Османије, Адијаман, Малатија, Санлиурфа, Адана, Дијарбакир и Килис. Во ...
Осум пожарникари од ТППЕ Струмица, припадници на тимот за пребарување и спасување од урнатини (USAR тим), кој е во состав на републичките сили за заштита и спасување при Владата на Македонија, ќе заминат во спасувачка мисија во пријателска Турција. Тимот специјалци треба да им помогне на настраданите во земјотресот. Нашите пожарникари се специјално обучени за вакви непогоди и имаат искуство од земјотресот во Албанија. Веста за заминувањето ја ...
Вчера (5.02.2023) во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 92 пречекорување на брзината, од кои 37 на подрачје на Радовиш, 35 на подрачје на Струмица, 15 на подрачје на Валандово и 5 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани. ...
Од утре почнува проекција на филмови во просториите на EU House во Струмица. Секој вторник во месец февруари ќе се прикажува еден филм со поддршка на Германската амбасада во Македонија. Со проекциите се одбележува Месецот на филмот за човекови права со селектирани проекции на три од најдобрите филмови од Берлинскиот филмски фестивал за човекови права кои ќе бидат прикажани во 6 градови во Македонија, вклучувајки ја и Струмица. Проекциите ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари за литар, а цената на дизел горивата се намалуваат за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 78,5, а Екстра ...
Двајца македонски државјани се повредени во земјотресот во Турција. Според информациите од МНР, се работи за ученици кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Турција. „Министерството за надворешни работи преку својата Амбасада во Анкара и преку Генералниот конзулат во Истанбул обезбеди информации и стапи во контакт со деветтемина наши државјани што се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, ...
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јануари 2023 година. Корисниците на парични права, кои поседуваат дебитна картичка, ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 февруари 2023 година. Со цел да се избегне ...
На 06.02.2023 околу 05.35 часот во СВР Штип било пријавено дека кај клучка со автопат Штип-Миладиновци, во близина на населба Три Чешми – Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.К.(36) од Гевгелија и товарно возило „ман“ со косовски национални ознаки, управувано од О.Б.(26) од с.Блаце, скопско. На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот на ...
Невремето „Барбара“ донесе во Грција снег, снежни виулици и ниски температури во централниот дел на земјата, ветер и сериозни проблеми на Пелопонез, Евија и Атика, која од утрово е под снег. Поучени од минатогодишното искуство кога животот во Грција беше парализиран поради ненадејна снежна бура, кога десетици автомобили со патници беа заробени во длабок снег повеќе од 24 часа на приодите кон Атина, овој пат сите служби се на готовност, 1.100 ...
Двете семејства од Јосифово, Валандово кое ги зафати лошото невреме на Попова Шапка се добро, навреме се евакуирале и ги избегнале сите проблеми, јави Радио Валандово. “Добро е што децата се искусни, одлични скијачи, биле оставени без помош па самите свесни за сите проблеми што можат да настанат побрзале да се спуштат од висините на Шапка. Тие се во добра здравствена состојба и сите сме добри” вели Јасмина од Јосифово за Радио Валандово. Инаку ...
Внуката на струмичката кашаркарска легенда, Владо Илиевски, младата балерина Стефанија Гаштарска, руски Форбс ја вбројува меѓу осумте идни ѕвезди на Русија. Дваесетгодишната Стефанија почна да се занимава со балет на девет години во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, во класата на Дафина Данилоска-Кочевска. На 15 години замина да учи во државното училиште во Перм (Русија), едно од најстарите балетски школи кои работат по Ваганова методот, а ...
Македонците во Бугарија бараат истрага за демолирањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Синоќа околу 21 часот клубот е каменуван. Организацијата ОМО Илинден Пирин бара од бугарската полиција да го истражи случајот. Велат дека со години има слични инциденти. „Веќе 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија. Дали полицијата конечно ќе истражи овој пат и нема да одбие? Да видиме дали ќе ги најде сторителите откако неодамна ...
За три учебни години во Струмица се отворени 17 дуални паралелки. По шест во средните училишта Никола Карев и Димитар Влахов и лани прва во гимназијата Јане Сандански во економската струка. Трендот е најавен и за следната учебна година. Општината смета дека на тој начин училиштата ќе производуваат кадар конкурентен на пазаот на трудот. Директорката на струмичката гимназија, Невенка Стојанова, вели дека главен проблем на трите средни училишта е ...
Во организација на Општина Гевгелија и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, во Средноучилишниот центар, беше одржана работилница на тема: „Социјален дијалог за упис во средното образование на општинско ниво“. На средбата беа поканети и присуствуваа претставници и раководители од локални компании, директори на основните училишта, претседатели на стручните активи и координаторот за практична настава во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, како и ...
Спортот ја афирмира Струмица, порача најдобриот спортист во градот за 2022 година. На традиционалниот настан на кој се прогласуваат најуспешните во поединечниот и екипниот спорт во Струмица, Владо Милев, капитенот на ОК Струмица, рече дека исклучително важно е градот и општината и понатаму да го поддржуваат и да вложуваат во спортот и спортските надежи. Градоначалникот Костадинов наброја дел од струмичките спортски легенди чии имиња го вивнаа не ...
Четврти февруари е датумот на раѓање на еден од најголемите македонски дејци, Гоце Делчев, визионер, кој скоро пред век и половина го опиша светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Денеска, се одбележува 151-годишнина од раѓањето. Тој е учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, ...
Уште еден типичен саботен ден на граничниот премин Ново Село. Без гужви, застој или проблеми се одвива протокот на патници и возила на македонско-бугарската граница. Освен специјалните полициски единици кои се распоредени околу граничниот премин, нема друг показател дека денешниот ден се одвива под посебни околности. Бугари доаѓаат, но, според изјавите, никој не е упатен кон Скопје, на чествување на роденденот на Гоце Делчев. Туку напротив, ...
Радовишката полиција го пронајде човекот што малтретираше куче во ораовица, радовишко. Човекот е пронајден, со него е направен службен разговор и преземени се сите потребни активности, при што е утврдено дека наведените дејствија се извршени пред повеќе години и констатирано е кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик. Инаку, На 01.02.2023 околу 14.00 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека на социјалната мрежа ...
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, упати апел за смиреност до сите граѓани по повод чествувањето на 4 февруари, денот на раѓањето на нашуот великан Гоце Делчев. -Како министер за внатрешни работи нема да дозволам понижување на македонскиот народ! Институциите работат и се прибираат информации кои значат дека ова очекување на граѓаните ќе биде реализирано. Мораме да ја деескалираме состојбата што неодговорните политичари, групи и ...
Времето денес со слаб локален снег, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе ...