
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Тв ВИС е трета најгледана регионалана телевизија во Македонија во последниот квартал за 2022 година. Ова го покажува најновото истражување на Агенцијата за аудиовиузелни медиумски услуги. Во редовното истражување на гледаноста на македонските радиодифузери, телевизија ВИС се искачи на високото трето место со гледаност од 12,37%. Со тоа ВИС е најгледаната македонска регионална телевизија во македонскиот етер. Пред неа се само две регионални ...
Мокриево е подготвено да ги пречека Страчинарите. Страшните маски и годинава ќе се дел од традиционалното празнување на Василица. Десетици групи од земјава и околните држави ќе ги изведат Страчинарските игри тропајќи со ѕвонците и стаповите во центарот на селото. Овој своевиден спектакл привлекува и многубројни гости, љубители на традиционалните случувања. Според традицијата стрaчинарите одат од куќа во куќа низ селото и собираат милостина за ...
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“ финансиски поддржан од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Република Северна Македонија 2014-2020 година спроведе тендерска процедура за набавка на 2 возила за заштита од шумски пожари и успешно склучи договор со компанијата „TIMAK SHPK“ од Тирана, ...
Тутунот од ланската реколта во Струмичко е откупен по просечна цена од 285 денари, а откупните пунктови на компаниите во овој регион дел се затворени дел го привршуваат откупот. Според информацијата Здружението „Басмак“, годинава за разлика од лани тутунарите се задоволни од откупните цени, иако не во целост бидејќи производствената цена на еден килограм тутун изнесува околу 245 денари. Според тутунарските здруженија производството на тутун во ...
Општина Гевгелија за потребите на социјално-ранливите категории граѓани, годинава, издвои 4.000.000 денари општински средства. Програмата за социјална заштита, која Советот на Општина Гевгелија ја усвои на последната седница во 2022 година, предвидува мерки и услуги според потребите на корисниците, како: еднократна парична помош за новородено дете, еднократна парична помош за социјално-загрозени лица, субвенционирање на потрошувачката на вода за ...
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза. Поддршката се однесува на: корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок заради попреченост, корисниците на надоместокот за попреченост и трајни промени во ...
Сениорскиот тим на Академија Пандев ги започна со подготовките за пролетниот дел во ПМФЛ. Тренерот Александар Васоски ги има на располагање 27 играчи, а кон тимот се приклучени и неколку фудбалери од младинскиот тим. Новитет во стручниот штаб е Томе Пандев кој се враќа на позицијата тренер на голмани. Закажени се 11-дневни подготовки во Анталија (Турција), каде се заминува на 21-ви јануари. До заминувањето во Анталија ќе се одигра една ...
Македонската фудбалска репрезентативка Викторија Недева е на прагот да стартува интернационална кариера затоа што моментално е во Хрватска каде е на тест во Хајдук Сплит. 19-годишната фудбалерка која настапува во дефанзивата веќе пет сезони игра професионален фудбал во Македонија. Шансата ѝ ја даде Тиверија Струмица, нејзиниот клуб кој е познат по работата со млади фудбалерки. А-репрезентативката на Македонија замина за Сплит каде ќе мине ...
Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов, преку Фејсбук објави дека во детските градинки во Валандово ќе се укине партиципацијата. „Започнуваме со постапка за целосно укинување на партиципацијата на родителите, за згрижување на своите деца во детските градинки, на територијата на општина Валандово“, се вели во објавата. Костадинов информираше дека општината целосно ќе ја покрие родителската партиципација со средства од буџетот на ...
На 18 јануари ќе се навршат три години од мистериозното исчезнување на тогаш 28 годишната Марија Брзакова од Босилово. Младата мајка која со години живеела во Швајцарија заедно со сопругот и тригодишната ќерка, преку ноќ исчезна од својот дом каде престојувала со семејството. Според пријавеното, на 18 јануари во раните утрински часови, облечена во темни тренерки и патики или влечки, без телефон или друг личен документ, тогаш 28-годшната жена го ...
„Фејсбук“ и „Инстаграм“ ќе ги заострат ограничувањата за податоците за тинејџерите, така што компаниите не може да ги користат за да ги насочат рекламите кон таа демографија, соопшти компанијата мајка на платформата, „Мета“. Почнувајќи од февруари, огласувачите повеќе нема да може да го видат полот на младите корисници или видот на нивните објави како начин за насочување на рекламите кон таа категорија, велат од компанијата. „Мета“ исто така ...
На 10.01.2023 во 23.50 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ѓ.А.(39) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 19.00 часот извршил тешка кражба во продажен објект во Струмица, при што одзел пари. По наредба на Основен суд Струмица бил извршен претрес во неговиот дом во Струмица, при што биле пронајдени паричните средства, кои ќе бидат вратени на сопствениците. Ѓ.А. е задржан во ...
Месечните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари годинава се зголемени за 19.425 денари повеќе во однос на јануари минатата година. Според Сојузот на синдикати (ССМ), во јануари 2022 за да се задоволи потрошувачката кошничка биле потребни 31.811 денари, кон средината на годината трошокот достигнал 43.163 денари, а во декември 51.234 денари. Многу граѓани сè уште не се опоравуваат од новогодишните трошоци кои годинава беа далеку ...
Од ноември се очекува да започне да функционира т.н. ЕТИАС-систем за патување во 30 земји. Оние од Шенген зоната, како и Исланд, Норвешка и Швајцарија. Секој македонски државјанин за да влезе во овие земји најпрвин ќе треба електронски да се најави. На посебна интернет страница ќе мора да се пополни формулар. Ќе ги бара основните лични податоци, а процедурата ќе чини седум евра по човек. Парите исто така ќе бидат платени електронски, преку ...
Наместо на 18 јануари, второто полугодие од учебната 2022/2023 година ќе почне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Владата го разгледа и го усвои овој предлог на Министерството за образование и наука денеска на 118-та редовна седница. – Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците, информира ...
Градоначалниците од Југоистокот ја утврди конечната листа з афинансирање на проекти од Програмата за регионален рамномерен развој. Станува збор за предлозите кои преоизлегоа од регионалниот форум каде преставници од Југоистокот разработуваа идеи и ги приоритезираа концептите предложени за реализација во Југоистокот. На седницата во Радовиш Советот за развој на југоисточниот плански регион ја изготви годишната листа при што фокус на проектот ...
Секој ден во чаршијата, меѓу своите сограѓани. Така триесет години живее гевгеличаенцот Илија Трпков. Неговата работа е подвижната тезга на која продава ситни украси и пуканки. Во време кога занаетчиството не е на цена а малите бизниси изумираат, Илија зборува за слободата да се работи и да се заработува на свој начин. Дали и колку гости доаѓаат во Гевгелија тој најдобро знае, бидејќи цели денови минува во центарот на градот. Ги пречекува, ги ...
На 09.01.2023 во 11.45 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Радовиш го лишиле од слобода М.Ј.(19) од Штип. Тој се сомничи дека во текот на 2022 година извршил повеќе кривични дела тешки кражби и кражби на подрачје на Радовиш. Истиот ден во 13.50 часот во Радовиш, полициски службеници го лишиле од слобода и Ч.Ш.(21) од Радовиш, кој се сомничи дека му помагал на М.Ј. во вршење на ...
Од оваа година повратот на данокот на додадена вредност од фискалните сметки наместо 1.800 денари ќе се зголеми на 2.100 денари. Предлог-законското решение е во собраниска процедура и ставено е како шеста точка на денешната 99. пленарна седница. Законот се носи по скратена постапка. Правото на враќање на ДДВ се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка. На предлог на Министерството за финансии, Владата на 27 ...
Веднаш над паркот во центарот на Нов Дојран, од засега непознати причини вчера се запали и изгоре објект што се користел како летна кујна со помошни простории. Огнот е забележан околу пладне од соседите и веднаш е пријавен во Противпожарната станица Гевгелија. Додека да пристигне возилото од Гевгелија и пожарникарите од доброволното противпожарно друштво од Дојран, соседите се мобилизираа и се обидуваа да го локализираат пожарот. По ...
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари/литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Од 10.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 ...
Општина Гевгелија, за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општината, во 2023 година, согласно буџетската рамка, издвои 26.442.360 денари, односно околу 430 илјади евра. Според градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, средствата ќе бидат наменети за проширување и подобрување на патната инфраструктура. Годинава ќе биде изградена сообраќајницата од поранешниот базен, кај ...
Во најкритичниот зимски период досега, Националната здравствена служба на Англија (НХС) планира итно отпуштање илјадници пациенти од болниците и домовите за стари лица во следните неколку недели, во обид да ги ослободи потребните капацитети за други пациенти. Националната здравствена служба, што обезбедува бесплатна медицинска нега, до неодамна беше гордост на Англија, но од минатата година е под притисок од пандемијата на коронавирусот и е ...
Денеска (09.01.2022) во 01.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода М.С.(27) од Гевгелија. За него била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија, а бил баран за доиздржување на затворска казна од осум месеци за сторени кривични дела „телесна повреда” и „неизвршување на судска одлука”. Лицето било спроведено во Затвор Гевгелија за доиздржување на ...
Денеска околу 01.15 часот, на место викано „Македонија пат” на излезот од Гевгелија, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ лишен е од слобода 42-годишниот М.К. од Кавадарци, извести МВР. „При контрола на патничко возило „мазда 6“, со германски регистарски ознаки, кое тој го управувал, во возилото се затекнати 8 лица – мигранти од кои пет од Сирија, две од Авганистан и едно од ...
Цените на храната во светот се на рекордно ниво. Тие се намалуваат деветти месец по ред во декември, но ако се погледне големата слика го достигнаа своето највисоко ниво за цела година во 2022 година. Податоците на ОН обајвени вчера покажуваат каква е состојбата со цените на храната. Цените на храната се искачија на месечен рекорд во март, откако Русија ја нападна земјоделската централа Украина, главен снабдувач на пченица и масло за јадење во ...
Грчките гости ја преплавија Гевгелија за новогодишно-божиќните празници. Од пазарење до прослави во рестораните, или само куса посета на казината на границата, незамисливи се празниците без најредовните муштерии на гевгеличани. Граѓаните велат дека без нив во Гевгелија нема живот. И градоначалникот на Гевгелија се сложува дека грчките посетители се значаен дел од локалната економија. Вели дека тие се особено важни за трговците и малите бизниси, ...
Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека е прекинат прагот на алармирање за загаденост на воздухот во Битола и Струмица. „ Согласно податоците од Државниот миниторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 05.01.2023г., среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Битола и Струмица и ...
Осумдесетина деца пееја бадникови песни и го најавија Христовото раѓање со концерт на градскиот плоштад во Струмица. По околу два месеца подготовки за концертот што го организираат волонтерите на Фондација Елеуса заедно со учениците од школата за веронаука при храмот „Свети Кирил и Методиј“ и Струмичката епархија, струмичани имаа можност да уживаат во божиќните композиции со изведба во живо од хор и оркестар. Ова е втора година да се одржува ...
Осумдесетина деца низ песна ќе го најват Христовото раѓање на градскиот плоштад во Струмица. По вторпат ќе се одржи Бандикарски концерт во организација на Фондација Елеуса, Струмичката Епархија и Школата за веронаука при храмот „Свети Кирил и Методиј“. Младиот Лука Митев втора година е дел од концертот. Вели дека идејата е тој постојано да расте. И со број на изведувачи и со композиции. Годинава има и поголем оркестар, главно ученици од ...