Студентите од Турција коишто студираат на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ ќе добијат можност за дополнителна испитна сесија. Оваа можност ја нуди универзитетот со оглед на ситуацијата во Турција по катастрофалниот земјотрес. Во Штип студираат голем број турски студенти особено на Медицинскиот факултет. Ги информираме сите наши студенти кои доаѓаат од области во Р. Турција, кои беа погодени со катастрофалниот земјотрес, кои имаат при-јавено ...

Заблуда е дека биоразградлвиите ќеси се еколошки. Ова е ставот на Иницијативата за ослободување од еднократна пластика. Оттаму наведуваат дека наместо подобро решение, тие се дополнителен отров за почвата и затоа инсистирањето на нивно користење не е најдобрата опција на приордната средина. Биоразградливите ќеси се разградуваат под природни услови како што се почва и песок, или пак под специфични услови како што се условите на компостирање или ...

Доцна вечерва се очекува струмичите пожарникари да пристигнат од спасувачката мисија во Турција. Тимот од осум спасители изминатите денови помагаше да се извлечат повредени и настрадани граѓани од под урнатитните на најпогодените турски градови. Во вклучување за канал ВИС, тим-лидерот на USAR тимот, Вернер Стоилов, зборуваше за страшната катастрофа што ја сведочат на лице место и за големиот број жртви. Се очекува пожарникарите да ги пречека ...

Со експлозив тритол во јужниот албански приморски град Саранда, целосно е уништен хотел а оштетени се и најмалку 20 други деловни објекти. Експлозијата е снимена со безбедносни камери. Полицијата истражува, а албанските медиуми шпекулираат дека е можно експлозивот да бил подметнат во рамки на пресметките на двајцата сопственици на хотелот кои се со нарушени односи и се судат околу сопственоста на хотелот Бизанти. Медиумите наведуваат дека ...

Во сабота на 25 февруари ќе се одржи традиционалниот струмички карневал. Тогаш е закажано големото карневалско дефиле што се случува на струмичките улици, а главните точки се изведуваат пред присутно жири и официјални гости на градскиот плоштад „Гоце Делчев“. Освен традиционалните домашни карневалски групи и училиштата кои секоја година ги подготвуваат најмасовните маски на карневалот, се очекуваат и гости од голем број европски земји, како и ...

Ве информираме дека сте предмет на тековни правни постапки за сајберпорнографија, порнографски сајтови и детска порнографија. Одговорете во следните 48 часа – лажни електронски пораки со ваква содржина веќе четири дена се испраќаат во име на МВР и УЈП. П ретставувајќи се во име на министерот Спасовски и Европол, испраќачот бара граѓаните да испратат лични податоци преку вибер линк и објаснување за наводните сторени дела, во спротивно ќе бидат ...

Во Собранието почна дискусијата за предлогот за реконструкција на владиниот кабинет. Премиерот Димитар Ковачевски својот говор пред пратеници го започна со изразување сочувство за загинатите во земјотресите кои ги зафатија Турција и Сирија. Тој изјави дека денешните одлуки за реконструкција на владиниот кабинет не е мотивирана од тесно партиски интереси на ниту една партија во Владата. „За мене овие одлуки не се врзани и не смеат да бидат ...

Министерството за култура ќе финансира три драмски проекти на струмичкиот театар годинава со вкупна вредност од милион и 900 илјади денари. Според објавените резултатите на министерството за култура а по распишаните конкурси за проекти од национален интерес, на струмичкиот театар прифатени се делата ,,Вујко Вања“ од Чејов а во режија на Дејан Ангелов за што министерството доделува 600 илјади денари додека за преставите ,,Поблиску“ од Патрик ...

Во наредните три години ќе се гради фекален и атмосферски канализационен систем во Градско Балдовци откако министерството за транспрот и врски склучи договор со струмичката фирма Жикол во вредност од милион и 376 илјади евра. Договорот е склучен деновиве и се чека градежната фирма во наредниот период да ги отпочне работите за изведба на системот. Жикол го доби тендерот откако на јавната укција понуди најниска цена. Тие понудија 71 милион денари ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 83,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за ...

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) во 2021 и во 2022 година има добиено над 420 поплаки од потрошувачи во делот на онлајн купувањето. Најмногу од поплаките, како што информираат за МИА, се за техничките карактеристики на производите, доставувањето оштетен производ или откажувањето на нарачката. Од ОПМ препорачуваат при онлајн продажбата, потрошувачите да не даваат премногу лични податоци доколку им се сомнителни онлајн местата ...

Меѓународниот саем за туризам, 44-ти по ред и 18-ти Меѓународен саем за хотелска и угостителска опрема, ќе се одржат од 23 до 26 февруари на Саемот во Белград. Годинешниот слоган е „Кога одморот не е тежок“, а оваа година земја партнер на Саемот е Кина. На саемот во Белград своите туристички понуди на македонскиот штанд, ќе се промовираат и општините Гевгелија и Дојран а од земјава освен овие две локални самоуправа ќе бидат вклучени и општините ...

Задоцнетата испорака на фактурите по разни основи на граѓаните кои избирале да ги добиваат во хартиена форма ги чини дополнителен износ на сметките поради плаќање камата, како и трошење време за административни процедури за „поправање” на состојбата. Решение за тој хроничен проблем според компаниите и регулаторите е зголемена информираност на граѓаните за опциите што им се на раслогање и користење онлајн услуги. За испораката на фактурите преку ...

Вчера (11.02.2023) во периодот од 11.00 до 16.00 часот Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при одделот за униформирана полиција спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Струмица за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 106 возачи, од кои 37 за возење без возачка дозвола, 17 за непрописно вградени фолии ...

На 09.02 и 10.02.2023 година полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода С.З. (32) од село Муртино, струмичко, В.К. (37) од Струмица, М.К. (20) од Радовиш и К.М. (25) од село Пирава, валандовско. При претреси, по претходно издадени судски наредби, во нивни домови со помошни простории, еден деловен објект и едно возило биле пронајдени и одземени марихуана, хероин, 28 семки од канабис, три опаковки со ...

Владата најавува казни за компаниите кои во криза се богатат на грбот на граѓаните. Анализата, која до крајот на месецов ќе биде готова, ќе покаже кои се тие кои држат се уште неосновано виоки цени на производите, па нив ќе им се одземе државната помош која ја користат, пренесе ТВ24 Прва на удар ќе биде субвенционираната струја, која ЕСМ веќе трет месец им ја обезбедува на прехранбените компании, а која се плаќа со народни пари. Бектеши вели ...

Општина Дојран доби позитивен одговор од страна на Центарот за меѓународна соработка и развој на Р. Словенија за финансирање на проектот “Унапредување на заштитата на споменикот на природата – Дојранско Езеро преку подобрен третман на отпадните води во Општина Дојран.” Од таа причина Словенија преку амбасадата во земјава ќе додели средства во висина од 1.300.000 евра за изградба на нова пречистителна станица. ,,Предлог проектот е позитивно ...

Новото задолжување е скапо, но е неопходно, за да се врати долгот од претходната еврообврзница, кој доспева годинава, смета поранешниот министер за финансии Никола Поповски. Според него, ова е всушност репрограмирање на стариот кредит, кој сега ќе го плаќаме со повисока камата, поради кризата. Поповски вели дека грешката е направена пред десетина години, кога во еден период се издавале високи еврообрзници, со кои наместо да се инвестира во ...

Премиерот Димитар Ковачевски достави до Собранието предлог за реконструкција на Владата, за четворица министри и пет заменици министри, откако вчера ги заокружи преговорите за влез во владиното мнозинство на Алијансата за Албанците. Нови кадровски решенија има за министерствата за правда, за здравство, за информатичко општество и администрација, каде доаѓаат кадри од АА, и за животна средина и просторно планирање, каде наместо ДУИ ќе раководи ...

Општина Струмица направи анализи за потрошувачката на електрична енергија на струмичките основни и средни училишта. Според податоците, училиштата ги намалиле давачките за струја до 80%. Трите средни и десетте основни општински училишта во Струмица ги покажале првите позитивни резултати по склучените договори за снабдување со електрична енергија со ЕСМ Продажба ДООЕЛ, по цена од 95 евра за мегаватчас, информираат од Општина Струмица. Договорите ...

Состојбата во Турција е многу лоша. Се извелкуваат само мртви тела, но ние не се откажуваме, велат од армискиот тим од Македонија кој трет ден е ангажиран во спасувачките операции во Каранманмараш. Македонската армија испрати три тима во Каранманмараш кои непрекинато ги извршуваат задачите заедно со останатите со цел спасување на човечки животи. ...

Не се очекува ново зголемување на цената на електричната енергија, туку најверојатно од први јули ќе се намали цената. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека домашното производство дава надеж дека ќе се задржи стабдардот на граѓаните и нема дополнително да се оптоваруваат малите и средните претпријатија. Во однос на компаниите од прехранбениот сектор, кои добија повластена цена на електричната енергија и кои не ги намалиле цените во ...

Италијанската компанија „Брера Холдинг“ излезе на њујоршката берза Насдак и на јавна понуда собра околу 8 милиони долари од кои дел ќе треба да инвестира и во македонскиот прволигаш Академија Пандев. Струмичкиот клуб го очекува реструктуирање, а „Брера Холдинг“ ќе откупи 70% од акциите на Академија Пандев. Целиот проект треба да биде поврзан и со клубови во Аргентина, Гана и Мозамбик, мрежа која треба успешно да работи во фудбалскиот свет. ...

На 07.02.2023 во 18.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Е.Б. (20) од Радовиш. Во извршениот службен разговор тој признал дека во текот на месец февруари, заедно со М.Ш. (18) и уште едно малолетно лице од Штип, на подрачјето на Радовиш извршиле кривични дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“. На 09.02.2023 во Полициска станица Радовиш бил повикан и М.Ш. (18) кој ги признал ...

Во рок од четири до пет месеци во зависност од временските услови треба да се уреди булеварот Првомајска во Валандово на влезот од Струмица. Деновиве градежната фирма Пешо Инженеринг ги почна со земјените работи по што ќе пристапи на бетонските, метало браварските но и работите за електрика и осветлување. Станува збор за уредување на потег од околу 400 метри при што ќе бидат поставени тротоари, јавни зелени површини, патокази, клупи за одмор и ...

Младата оперска певица Јаворка Витанова од Струмица изминатиот викенд настапи во Москва на големата сцена во Кремљ палатата. Таму се одржа традиционалниот 10-ти „Меѓународен ден на руската романса во Кремљ“, каде настапија најдобрите вокали на светот. Свој настап имаше и струмичанката Јаворка Витанова, која во дует со Сергеј Обабкин изведоа познато дело од руската класика. Инаку, Јаворка Витанова, која магистрираше во класата на Весна Гинова ...

Струмичките пожарникари утрово се вклучија со видео за Канал ВИС директно од местото на ужасот во Турција. Тие кратко информираа за текот на нивната спасувачка мисија од градот Адијамен, каде во моментов помагаат во расчистување на урнатини од зграда каде се претпоставува дека има над сто мртви лица. Вернер Стоилов, тим лидер на тимот од Струмица USAR вели дека се прават напори на секој начин да се помогне во справување со последиците од ...

Струмичките пожарникари обучени за пребарување и спасување и се во состав на Републичките сили за заштита и спасување при Дирекцијата за заштита и спасување, од вчера во попладневите часови и во текот на ноќта работи на пронаоѓање и спасување на евентуални преживеани луѓе . ,,Ќе се продолжи со напорите се додека постои и најмала надеж за спасување на барем еден човечки живот“ стои во објават ана струмичките пожарникари Завчера од Струмица замина ...

Владата ќе прави обид да ги отстрани казината и обложувалниците од кругот на училиштата. Најмалку половина километар ќе треба да се оддалечени објектите во кои се приредуваат игри на среќа. Тоа значи дека голем број објекти во околината на струмичките основни и средни училишта би требало да бараат нови локации. Во моментов неколку казина и обложувалници се безмалку во дворот на струмичката гимназија. Владата, на седница, го утврди ...

Со проекција на филмот Аја започна месецот на проекции на филмови за човекови права во просториите на Еу хаус во Струмица. Синоќа публиката го гледаше првиот од трите предвидени филма што се прикажуваат со поддршка на германската амбасада во земјава. По проекцијата имаше и дискусија за прашањата што ги отвора овој филм. Освен во Струмица, проекции ќе има во уште пет други градови: Скопје, Крива Паланка, Куманово, Тетово и Крушево. Проекциите се ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
9.77
43%
1011
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
56%
1011
weather icon

Загреб

26ᴼ / 23ᴼ
4.12
40%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
7.72
48%
1012
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.23
39%
1011
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
56%
1015
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
3.58
62%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
28%
1011
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
35%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
5.66
49%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
6.69
49%
1013
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52