И по две децении протекување и по една година од завршената реконструкција вредна 10 милиони денари, продолжува да прокиснува покривот на училиштето „Петар Мусев“ од Богданци. Повеќе од една година по завршувањето на реконструкцијата што ја правеше тетовската фирма „Квалитет Бетонида Дооел“ училиштето има сериозен проблем со функционирање на неколку училници кои протекуваат, па кога врне не се користат. Директорот на училиштето вели дека ...

Со ставањето во функција на стационарот за бездомни кучиња се отвора можноста и за вдомување на кучињазгрижени во Лана. Секој што ќе сака да вдоми милениче може слободно да ги контактираат во вработените во Лана и да направат избор и бидат дел од лицата кои ќе дадат придонес во решавање на овој проблем. Впрочем ова го најави и првиот човек на општина Струмица Костадин Костадинов кој подвлече дека целата заедница треба да даде придонес во ...

Бугарски и македонски митрополити со заедничка богослужба за големиот христијански празник Сретение Господово, објави БНТ. Во Пловдивската митрополитска црква „Света Марина“ отслужија Соборна епископска света литургија по повод празникот. Ова е прво заедничко министерство со свештенството од македонската црква по осамостојувањето минатата година. Македонските свештеници се во Бугарија на покана на митрополитот Пловдивски Николај. На свечената ...

Со 150 илјади денари од сопствениот буџет и околу 100 илјади денари обезбедени од донации, или околу 4 илјади евра, Гевгелија ќе работи на проблемот со семејното и родово-базираното насилство. Тоа е сумата со која располага општината за 2023 година. Од Општината велат дека преку програмата за активностите во областа на еднаквите можности на жените и мажите ќе се фокусира на реализирање активности за: – заштита од насилство врз жените и семејното ...

Јорданчо Давитков повторно ќе биде активен на македонската клупска кошаркарска сцена, откако поранешниот селектор постигна договор за соработка со челниците на КК Струмица. Новиот прволигаш игра под очекувањата во досегашниот дел од сезоната, моментно се наоѓа на последното место на табелата со две победи и десет порази, а од Давитков се очекува да успее да го извлече тимот од дното и да обезбеди опстанок. „Разговарав со луѓето од клубот, имам ...

Средните училишта од Валандово и Гевгелија заедно со фирмите кои се вклучени во дуалното образвоание ќе добијат поддршка од германската влада за да го продолжат дуалниот модел на образование како модел за добивање на стручен кадар според потребит ена компаниите. Подршката е обезбедена од Стопанската комора на Македонија и освен за средното училиште Гоце Делчев од Валандово и Јосиф Јосифовски од Гевгелија поддршка ќе добијат уште две други ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08% во однос на одлуката од 30.1.2023 година. ва за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се ...

Врз основаната потреба од постоење на единица за соодветен третман на бездомни кучиња во Струмица и нејзината околина, како резултат на решителноста на општинската администрација и градоначалникот на Општината, денес со работа започнува современиот стационар “Лана“. Основна цел на постоењето на Јавното претпријатие за заловување бездомни кучиња “Стационар Лана – Струмица“ е хуман третман и благосостојба на бездомните кучиња со што треба трајно и ...

На 31.01.2023 во 15.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода М.П.(42) од Гевгелија. При преглед на патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден амфетамин. Истиот ден, во 17.45 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода и Д.Д.(39) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и ...

Штетното влијание на пандемијата допрва ќе се открива и размерите на штетата што таа ги направи врз менталното и психосоцијалното здравје кај младите. Психолозите сметаат дека има нарушувања во однесувањата на младите особено премостувањето на виртуелната комуникација во реална. Поради тоа, ескалира и однесувањето меѓу учениците. Покрај нетрпеливост и насилство, кај учениците се забележува и појава на анксиозност и депресија. Според УНИЦЕф 30% ...

Општина Гевгелија ќе додели 5 стипендии за студентите запишани во прва година на Медицинските факултети и 4 стипендии за студентите запишани во прва година на Машинските и Електротехничките факултети во државата, за академската 2022/2023 година. Согласно Одлуката на Комисијата за образование, култура и спорт која беше задолжена за спроведување на Конкурсот, а во врска со Одлуката на Советот на Општина Гевгелија за стипендирање на 10 студенти, ...

Во организација на ШК Цареви Кули од Струмица, викендов почна одржувањето на 12 те месечни турири за изборот на најдобар шахист на Струмица за ова година. Според Митко Андонов вкупно 34 шахисти од струмичкиот регион зедоа на јануарскиот турнир а до крајот на годината ќе се одржат уште 11 други месечни турнири. Според Митко Андонов учесникот кој ќе освои најмногу поени од сите 12 турнири ќе ја понесе титулата Шахист на Струмица за 2023. ...

СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија е добитник на донација од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање- опрема за спроведување на GLOBE Програмата на Општина Гевгелија. Донацијата се состои од метеоролошка дрвена куќичка со столб и стопа за монтажа и лабараториска стаклена чаша. Ова е втората по ред метеоролошка куќичка со потребните инструменти, која СОУ „Јосиф Јосифовски“ ја добива, а со која на учениците во СОУ „Јосиф ...

Организациониот одбор на струмичкиот карневал, ја објави програмта за годинашново издание. Седумдневните свечености почнуваат на 22 февруари кога клучот на градот ќе биде доделен на карневалистите по што ке има изложба на маски на СОУ Никола Карев. Следниот ден музичкото училиште ќе има концерт под маски а ќе бидат објавени и наградените литературни и ликовни творби на тема струмички карневал Во петок на 24 февруари ќе се избира принц и принцеза ...

Викендов започна реновирањето на ПУ „Атанас Нивичански“ во Висока Маала кое ќе добие нов кров, клупи, столови… Веста ја објави првиот човек на општина Василево Славе Андонов кој на својот ФБ профил подвлече дека училишната зграда почнува да го менува својот лик. Станува збор з астарата училишна зграда каде се школуваат учениците од прво второ и трето одделение кои за врема на наставата ќе се префрлат во поновата училишна зграда каде ќе се ...

Околу половина милион евра ќе бидат инвестирани за три проекти во општините Василево, Босилово и Ново Село преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион откако ова институција на распишани јавни набавки и склучи договори за реализација на прокетите. Станува збор за проекти за кои се обезбедени средства од Бирото за регионален рамномерен развој и општините при што во Василево ќе се асфалтира улица до црвката во населеното место ...

Вчера СВР Струмица казни 71 возач кој возел со брзина над дозволената. Контролата е вршена на целата територија на СВР Струмица. Во соопштението се наведува дека најмногу казнети има од Струмица. На 29.01.2023 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 71 ...

Случајот за смртта на 26 годишниот Јован Витанов, сепак не е затворен. Јавното обвинителство ја промени изјавата за истрагата. Откако првично одговорија дека смртта на Јован Витанов не настанала по насилен пат и јавен обвинител го затворил случајот, потоа го променија исказот. Испратија ново сооштение во кое велат дека наодите од двете обдукции не покажуваат дека смртта настанала по пат на насилство. Готови биле и резултатите од токсиколошката ...

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, гостуваше во емисијата Zoom in на регионалната телевизија Bloomberg Adria на која говореше за потребата за увоз на работна сила како неминовно решение за недостигот на работна сила со која се соочува нашата земја. Вицепремиерот Битиќи истакна дека веќе е дојдено време да ја отвориме дискусијата за ...

Ранливи групи граѓани од Гевгелија ќе бидат вработувани во производство на еко плочки за надворешна употреба. Станува збор за проект што се реализира од страна на Здужението за заштита на животна средина и едукација на деца и млади „Еко Лајф“ од Гевгелија, а целта е воспоставување на систем за правилно управување со отпадна пластика и негово одржување Драгица Чобанова, координаторка на проектот вели дека проектот почна од октомври 2022 година и ...

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион деновиве склучи договор со скопската фирма „ОСД Кирил ДООЕЛ“ за изградба на спортско рекреативна трим патека вдолж реката Струмица во должина од околу еден километар. Целиот проект треба да го реализира за 4,7 милиони денари со вклучен ДДВ Трим патеката со должина од 1003 метри кај Босилово треба да биде готова за 6 месеци . Според договорот на неа треба да бидат поставени 15 бетонски канти со ...

Проектот Селектирај отпад со пријавување од мобилна апликација во Струмица не ги дава очекуваните резултати. Иако ЈП Комуналец од јуни минатата година објави дека ќе дели ќеси за пластика и хартија за домакинствата да вршат примарна селекција на отпадот, според мониторингот на Зелен Институт од Скопје околу 50 физички и правни лица покажале интерес за тој процес со кој комуналното еднаш неделно го собира селектираниот отпад. Лилјана Поповска од ...

Уставен суд ќе го преиспитува законот за апанажа на разрешени јавни функционери и оние кои поднеле оставка. Иницијатива за преиспитување и оспорување на уставноста и законитоста на одредбите од законот за плата и други надоместоци на избрании именувани лица пред десет месеци ја поднесоа правници од Струга. Тие бараа целосно укинување на апанажата, како класна привилегија , но Уставен суд одби. Принципот на еднаквост пред законот во конкретниот ...

Иднината на образованието треба да се базира на развојот на т.н. STEM дисциплини (наука, технологија, инженерство и математика), родовата еднаквост и развојот на зелените компетенции кај младата популација беше заклучено на работилницата која се организираше во Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ. Настанот го отворија претседателот на МАНУ, академик д-р Љупчо Коцарев, проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен ...

За првпат после 50 години почна реконструкција на Одделот за педијатрија при стурмичката болница. Благодарение на повеќе фондации и фирми како што објави болницата на ФБ целосно е променета старата столарија, подот во болничките соби, обезбедени нови болнички кревети, шкафчиња за пациенти, простор за игра на дечиња при престој на детското одделение. ,, Во наредниот период продолжуваме со целосна реконструкција на санитарниот чвор за пациентите, ...

Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ лани биле решени 710 проблеми од вкупно пријавените 765 од страна на граѓаните, информираа денеска од Општина Струмица. Според информацијата од локалната самоуправа, за останатите 55 е потребно повеќе време и истите се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ биле од областа на уличното осветлување-601, ...

Продадени 25% од акциите на компанијата Еуромакс рисорсис, објави Здрава котлина. Според Здрава котлина ова е потврда на нивните предупредувања дека тетовски Еколог е заинтересиран да ја купи компанијата концесиоер на рудникот Иловица. Според информациите што ги објавија активистите акциите се купени преку холандскиот холдинг NDX BV. Станува збор за акции во вредност од 3 милиони американски долари, а договорени се дополнителни финансии од 10 ...

Општина Валандово распиша јавна набавка за асафалтирање на улици во индустриската зона Раброво. Според објавената техничка спецификација ќе бидат асфалтирани две улици со вкупна должина од околу 950 метри или околу 5 820 метри квадратни. Асфалтирањето на улиците во ова индустриска зона било баранје на бизнисмените на бизнис форумите организирани од општината кажа првиот чоивек на Валандово Перо костадинов, кој подвлече дека со асфалтирањето на ...

Три лица од Струмица ќе заработат пријави за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата“, откако беа фатени во атарот на река ,,Тркања“ како горат кабли за да добијат бакар. Полицијата заедно со општински комунални инспектори на Струмица, по пријава на граѓани излегле на терен и на лице место ги затекнале тројцата струмичани како од стари апарати ги гореле каблите при што создале чад подолг период. ,,Полициски службеници ...

За 105 илјади евра се продаде една од најатрактивните парцели во центарот на Гевгелија. Просторот на поранешниот градски пазар ќе стане комплекс со станбени згради. Општина Гевгелија ја продаде градежната парцела наменета за домување во станбени згради бр. 58, КО Гевгелија, кај м.в. Пазар што беше огласена на последната јавна објава за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија. За учество на електронското јавно ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
55%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
67%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
41%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
59%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.79
62%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
2.68
68%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1013
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
64%
1013
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
77%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
4.63
50%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.69
54%
1013
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52