Македонија

Се зголемува цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,90 % во однос на одлуката од 16.1.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 7,084 %, кај дизелот 4,546 %, кај екстра-лесното масло 4,351 % и кај мазутот 5,491 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,777 %.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 2,50 денара/л, а малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 2,00 денара/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 1,355 денар/кг и сега ќе изнесува 40,814 денари/кг. Од 21.1.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 82,50 (денара/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 85,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 83,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 40,814 (денари/килограм)

Препорачуваме:

Отворен нов јавен повик за сточарите

Се зголемуваат цените на горивата

Сузана Мицева

Фирмите кои добија поевтина струја од државата имаат рок уште 10 дена да ги намалат цените, во спротивно ќе останат без субвенции

Сузана Мицева