
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Американскиот производител на авиони Боинг најави укинување на 17.000 работни места, или околу 10 отсто од својата глобална работна сила, како и одложување на првата испорака на авионот 777X за една година и забележа загуба од 5 милијарди долари во третиот квартал. Во пораката до вработените, извршниот директор на Боинг, Кели Ортберг го објасни ваквото значајно намалување со потребата да се „помири со финансиската реалност“ по штрајкот на 33.000 ...
Со „ефектот на камелеон“ како метафора за способност на камуфлирање дејствија и манири на други, ВРЕДИ продолжува да го „храни“ чувството на племенска припадност преку имитирање и симулирање на нераскинлив дел од три држави на Албанците. Парадоксот е што повеќе од две децении македонските корумпирани говеда на власт мазохистички благословуваа и финансираа паралелни албански институции. Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ Најдоа, па зајдоа! Во изблик ...
Фудбалскиот клуб Вардар преку соопштение потврди дека има нов сопственик, откако унгарскиот бизнисмен Атила Бижен Жалили купил 85 отсто од акциите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб. Во соопштение споделено преку фудбалскиот клуб, сопственикот се обрати до фановите, потврдувајќи го преземањето на клубот. -Задоволство ми е да ја информирам македонската јавност дека од 7 октомври според претходно потпишаниот договор, 85 отсто од акциите ...
Премиерот Христијан Мицкоски, во друштво на Велешкиот градоначалник Марко Колев, министерот за култура Зоран Љутков, пратениците Игор Здравковски и Александар Јамалов, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, претседателот на Совет Даниел Јаневски и советниците од Советот на Општина Велес, синоќа се забавуваше на традиционалната велешка манифестација – Питијада. Градоначалниците Колев и Јанчев објавија фотографии од настанот на кој се гледаат ...
Американската влада вчера објави нови санкции против Иран како одговор на нападот на Техеран врз Израел на 1 октомври, пренесе ДПА. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека мерките имаат за цел да го нарушат „протокот на приходи што иранскиот режим го користи за финансирање на својата нуклеарна програма и ракетен развој, поддршка на терористичките полномошници и партнери и траење до бескрај на конфликтот низ Блискиот Исток“. ...
Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди неодамнешните напади на Израел врз мировниците на Обединетите нации во Либан. -Целосно е неприфатливо да се види како силите на израелската армија намерно гаѓаат војници на УНИФИЛ. Ние го осудуваме, не толерираме и нема да толерираме да се повтори – рече Макрон. Израелската армија денеска изврши нов напад на позициите на УНИФИЛ, при што беа повредени двајца мировници од Шри Ланка, стационирани ...
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска соопшти дека доделувањето на Нобеловата награда за мир на јапонската организација Нихон Хиданкјо, која ги обединува преживеаните од атомските бомби фрлени на Хирошима и Нагасаки, служи како потсетник за многу сериозните последици поврзани со употребата на нуклеарно оружје. Борел во соопштение на веб-страницата на Дипломатската служба на Европската Унија (ЕЕАС), ...
Во коридорите на политичките институции во Босна, кои како да беа испразнети од луѓе, владееше некаков чуден мир, некакво злокобно спокојство. Значи, ова е тоа што се подразбира под „затишје пред бура“, помислив. Сите, имено, знаевме дека масовниот етнички колеж само што не почнал и бевме како парализирани. Пишува: Денко МАЛЕСКИ (Белешки од годините на независноста) Во недела, на 26 април 1992, Скопје е место за средба меѓу Босанците и Србите. ...
„Со среќа и со ум“ – ова, после убедливата победата на двојните избори, им го порача поранешниот премиер Никола Груевски на неговите наследници во ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, со што всушност сопре спиралата на негативни пораки и остри тонови меѓу двете страни, која се отвори откако Мицкоски пред изборите го обвини Груевски дека е дел од валкана игра на власта за поделба на партијата и насилно туркање на уставни измени. Мицкоски и ...
За време на овие стотина дена по промената на власта, се уште не се остварени амбициозните предизборни најави за одговорност на поранешни високи функционери обвинувани за „епски криминал“. Сепак, од Владата уверуваат дека се работат десетици случаи каде се испитуваат сомнежи за злосторнички здруженија кои злоупотребиле милионски средства. Во таа насока, премиерот Христијан Мицкоски јавно ветува дека ќе има „голема одговорност“ за набавките на АД ...
Вкупно 22 лица загинале, а повеќе од 100 биле повредени во синоќешните израелски напади врз центарот на Бејрут, соопштија либанските власти. Висок функционер на Хезболах избегнал обид за атентат, јавува Ројтерс, повикувајќи се на три безбедносни извори. Либанското министерство за здравство извести и за 117 ранети. А меѓу загинатите има и осумчлено семејство, вклучително и три деца, кои се евакуирале од југот, според безбедносни извори. Во јужен ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера отпатува во Париз и Рим на разговори со европските лидери на кои им го претстави својот План за победа. Посетата на украинскиот претседател на Париз уследи по посетата во Лондон. Телевизиските снимки покажаа дека Зеленски е примен од францускиот претседател Емануел Макрон. Зеленски на платформата Икс по средбата со Макрон напиша дека дел од разговорот е презентација на неговиот таканаречен План ...
Најмалку четири лица загинаа, а 10 се повредени во синоќешните руски напади врз регионот Одеса. -Непријателот со балистички проектили ја гаѓаше Одеската област. Четири лица загинаа, меѓу кои и една тинејџерка – објави регионалниот гувернер Олег Кипер на Телеграм. Тој додаде дека во луѓето се заробени под урнатините на уништената двокатна станбена зграда. Руската армија ги интензивира нападите врз јужна Украина, при што се оштетени цивилни ...
Флорида се уште ги чисти соборените дрвја и далноводи и поплавените населби по ударот на ураганот Милтон, оставајќи најмалку 16 мртви. Иако Милтон не го предизвика катастрофалниот наплив на морска вода за кој се стравуваше во Флорида, една од многуте држави погодени од ураганот Хелена пред две недели, операцијата за чистење за некои може да трае со недели или месеци. -Тоа ви ги отвора очите за тоа што може да направи мајката природа – изјави ...
Одлични вести за македонската фудбалска репрезентација вечерва доаѓаат од Фарските Острови каде Фараните им откинаа два бода и на Ерменците. Натпреварот заврши 2-2 благодарение на голот на гостите во 93 минута. Фарски Острови двапати водеа против Ерменија. Сега само од Македонија зависи дали ќе завршиме на првото место во групата и ќе се искачиме на нивото Б во Лигата на нации на УЕФА. Поради вечерашниот резултат на Фарски Острови, Македонија ...
Украинската новинарка Викторија Рошчина, која исчезна на териториите окупирани од Русија, почина додека беше во руско заробеништво, објавија денеска украинските власти. Веста ја потврди Петро Јаценко, претставник на украинскиот Координативен штаб за третман на воени затвореници, по внатрешна истрага за нејзиното исчезнување. „Спроведовме внатрешна истрага и за жал, информацијата за смртта на Викторија беше потврдена“, рече Јаценко. Сепак, ...
Фудбалерите на Норвешка во Осло ја пречекаа селекцијата на Словенија во Лигата на нации убедливо ја совладаа, веќе во 62 минута беше 3:0. Ерлинг Халанд се врати во својот елемент… Најдобриот напаѓач во историјата на својата земја сега го официјализираше тој факт, бидејќи го постигна 33-от, а потоа и 34-от гол во 36-от настап за националниот тим… Напаѓачот на Манчестер Сити го собори 87-годишниот рекорд кој го држеше Јорген Јуве, до вечерва ...
Велика Британија не и даде дозвола на Украина да ги користи своите ракети со долг дострел за напади на руска територија, соопшти денеска кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер, откако тој се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Лондон. „Очигледно, сакаме Украина да биде на најсилна позиција, но победата во која било војна не се добива само со едно оружје. А што се однесува до Storm Shadow (ракети), британската влада не ...
Два израелски воздушни напади го погодија центарот на Бејрут вечерва, во напад во кој беше срамнета цела станбена зграда, изјави за Си-Ен-Ен извор од либанските безбедносни сили. Според изворот, се стравува дека има масовни жртви. Населбата Горна Баста во која беше погодена катната зграда е густо населена населба каде што стотици луѓе избегаа по интензивните израелски напади во јужен Бејрут и други делови на Либан во последните недели. The ...
Македонската фудбалска репрезентација со 3-0 ја победи Летонија нагости во Рига и со новите три нови бода во групата во Лигата на нации се зацврсти на првото место. Головите за „рисовите“ ги постигнаа Јани Атанасов во првото полувреме, а Лирим Ќамили и Елиф Елмас во вториот дел. Во 35. минута по убава акција, Елмас додаде до Миовски, а тој асистираше до Атанасов, за водство на Македонија од 1-0. Летонија во вториот дел се закануваше по ...
Специјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи за руско-американски хуманитарни односи – Стивен Сигал денеска изјави дека е подготвен да се бори на страната на Русија во Украина и дека доколку е потребно, ќе умре за својот претседател Владимир Путин. „Денот по почетокот на специјалната воена операција во Украина, напишав писмо и се уверив дека најверојатно ќе стигне до претседателот Путин. А во писмото му напишав дека сега ...
Најдобриот српски тенисер – Новак Ѓоковиќ се огласи во јавноста откако Рафаел Надал реши да стави крај на професионалната кариера! Надал денеска неочекувано ѝ кажа на јавноста дека 2024 година ќе биде неговата последна година кога е во прашање активното играње тенис. Новак остави емотивна порака на својот Инстаграм, заедно со галерија од заеднички фотографии. – Рафа, еден пост не е доволен за да ја изразам почитта што ја имам кон тебе и она што ...
Денеска во Стразбур се случи експлозија во возот кој превезувал пратеници од Европскиот парламент назад во Брисел, пренесува „Политико“. Политичарите штотуку се качиле во возот на Еуростар во 14 часот и 57 минути, кога била извршена евакуација. Емануел Фулон, белгиски парламентарен асистент на групата Обнови Европа, напиша на интернет дека слушнал „експлозија“. Пеле Герцен, дански функционер од партијата Левица, ја опиша евакуацијата како ...
Нема оправдување за израелското гранатирање на мировните позиции на ОН во Либан, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел. – Во Либан опасно е помината уште една црвена линија, израелските сили пукаат во мировниците на ОН чии позиции биле познати. Го осудуваме овој неприфатлив чин за кој не може да има оправдување – напиша Борел на платформата Х. Тој ја изрази својата целосна поддршка за ...
Четири лица загинаа од торнадо на источниот брег на државата во округот Сент Луси, Флорида во текот на ноќта. Жителите на Флорида се предупредуваат да не ги посетуваат областите погодени од ураганот Милтон, откако донесе торнада, поплави и бранови бури во државата. Повеќе од три милиони домови и деловни објекти се без струја, додека гувернерот Рон ДеСантис вели дека се очекуваат нови поплави во наредните денови. Во Санкт Петербург, на западниот ...
Јужнокорејската писателка Хан Канг е добитник на овогодинешната Нобелова награда за литература „за интензивна поетска проза која се соочува со историските трауми и ја разоткрива кревкоста на човечкиот живот“, објави Шведската академија. Хан Канг (53) е најпознатата јужнокорејска современа писателка и добитничка на Букеровата награда за нејзиниот роман „Вегетаријанка“ во 2016 година. Авторката, родена на 27 ноември 1970 година во Гвангжу, има ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му го претстави својот „план за победа“ на британскиот премиер Кир Стармер додека се зголемува притисокот врз Обединетото Кралство да и дозволи на Украина да користи ракети „Олуја сенка“ за да нападне цели во Русија. Во трипартитните разговори во Даунинг стрит, каде што е седиштето на британскиот премиер, Стармер, украинскиот претседател и генералниот секретар на НАТО Марк Руте разговараа за војната. ...
ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да удри на СДСМ, туку ќе води лични пресметки, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев. Во интервју за „Фокус“, тој потврдува дека своевремено имало обид за поткуп на пратеникот од оваа партија Борислав Крмов. Воедно, посочува дека се уште водат „црвен тефтер“, каде, како што порачува, запишани се стотина луѓе кои треба да бидат уапсени кога Левица ќе дојде на власт. –Пресметките ќе бидат лични, а не политички. Ако некој ...
Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски повторно седна на обвинителна клупа, откако Апелациониот суд го врати предметот за набавката на софтверот што беше купен за парламентарните избори во 2020 година, на повторно судење. Од Кривичниот суд за „Фокус“ велат дека првото рочиште веќе се одржало на 2 октомври кога странките дале свои воведни зборови и судењето ќе продолжи следната недела на 15-ти. Деркоски првично ...
Четири млади лица загинаа околу 1 часот по полноќ во сообраќајна несреќа во градот Добриње во Босна и Херцеговина. Возилото слетало во реката Босна. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон, Алдина Алиќ, за „Klix.ba“ потврди дека во возилото се пронајдени четири безживотни тела. Жртвите се од Кисељак и Високо. Полицијата прво добила дојава за 22-годишен млад човек кој талкал барал помош со видливи повреди и ...