
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Ураганот Милтон, најсилниот во последните сто години, ја погоди Флорида. Иако ослабе од категорија 5 до категорија 2 во пресрет на неговото пристигнување на брегот на Флорида, ураганот остава пустош по него. Повеќе од милион луѓе се евакуирани, многу области се веќе поплавени, нивото на морето се подига, забележани се екстремни количества дожд и ветрови со брзина од 200 километри на час. Најтешко погодени области се Неапол, Форт Мајерс и Тампа. ...
Ураганот Милтон, најсилниот во последните сто години, ја погоди Флорида. Иако ослабе од категорија 5 до категорија 2 во пресрет на неговото пристигнување на брегот на Флорида, ураганот остава пустош по него. Повеќе од милион луѓе се евакуирани, многу области се веќе поплавени, нивото на морето се подига, забележани се екстремни количества дожд и ветрови со брзина од 200 километри на час. Најтешко погодени области се Неапол, Форт Мајерс и ...
Претседателот на САД Џо Бајден се обрати денеска до жителите на крајбрежните области на Флорида, каде живеат повеќе милиони луѓе, веднаш да се евакуираат со приближувањето на ураганот Милтон. -Ако ви е наредено да се евакуирате, треба веднаш да го направите тоа… сега, сега, сега. Веќе требаше да се евакуирате. Ова е прашање на живот и смрт, и не е претерување, истакна Бајден денеска на брифинг за новинарите. Милтон пристига од Мексиканскиот ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во невообичаено остар говор критикувајќи ги односите на Будимпешта со Русија и Кина, изјави дека Унгарија ја загрозува европската безбедност, пренесува Ројтерс. Во Европскиот парламент во Стразбур, таа остро ја критикуваше неподготвеноста на Будимпешта да им се придружи на партнерите од ЕУ во помагањето на Украина во борбата против руската инвазија и одлуката на таа земја да ги ...
Обвинение е покренато против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, осомничените за убиството на малата Данка Илиќ на 26 март годинава во Бањско поле, како и против Радослав Драгијевиќ, кој се товари дека не го пријавил делото и сторителите и му помагал на сторителот по кривичното дело што е сторено. Во обвинението, чии детали ги открива српска „Република“, се наведува дека Драгијевиќ детално раскажал како ја убил малата Данка. „Не го познавав ...
Врховниот суд денеска го ,,врати во живот” случајот ,,Талир”, за нелегалното финасирање на ВМРО-ДПМНЕ, откако републичката јавна обвинителка Анита Тополова- Исајловска бараше да запре, односно врховните судии да го укинат решението со кое беше одобрено обвинението. -Постапувајќи по поднесено барање за заштита на законитоста од Јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија КОЗ бр.63/24 од 28.06.2024 година, во ...
Ако Камала Харис победи на изборите во САД, едно е сигурно: таа ќе биде првата жена претседателка на Белата куќа во последните осум години која ужива во пиво, како што покажа синоќа во хумористичната емисија кога подели лименка пиво со водителот Стивен Колберт. За разлика од претходните двајца станари на Белата куќа, заколнатите антиалкохоличари Доналд Трамп и Џо Бајден, демократската кандидатка призна дека понекогаш сака да се напие пиво. На ...
Пилотот на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ починал за време на меѓународен лет над САД, а остатокот од екипажот го прекинал патувањето и авионот слетал во Њујорк, соопшти компанијата. „Ербасот 350“ полетал во вторникот вечерта од Сиетл, на западниот брег на САД, кон Истанбул, а капетанот се онесвестил за време на летот, објави „Туркиш ерлајнс“. Обидот за прва помош бил неуспешен. 59-годишниот пилот успешно го поминал редовниот лекарски ...
Во најновиот број на неделникот „Фокус“ објавуваме интервју со пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев. Тој вели дека досега се покажало дека Левица не е фејсбук-партија, туку сериозна партија со бројно членство, која народот почнал да ја препознава како „вистинска опозиција“. Според него, партијата ќе постигнела подобар резултат на последните избори, доколку, како што посочува, не бил медиумскиот бојкот и формирањето на ЗНАМ. –Се случи ...
Текстот е објавен во неделникот ,,Фокус”, во број 1.510, објавен на 11 септември 2024 година. Пишувала: Валентина ВУРМО Градот Петрич во Западна Бугарија, кој е лоциран веднаш до границата со Македонија, се чини дека е омиленото место на десетици македонски политичари и бизнисмени, без разлика дали се од власта или од опозиција. До пред некоја година, Петрич им беше тајната „златна кокошка“, но потоа почнаа меѓусебно да си ги вадат „кинат ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Израел, кој продолжува да ги бомбардира Газа и Либан, е „ционистичка терористичка организација“. „Историјата никогаш нема да им прости на оние кои му аплаудираат на чудовиштето одговорно за крвта на десетици илјади палестински деца, жени и цивили“, рече Ердоган, обраќајќи се на состанокот на владејачката Партија на правдата и развојот (АК) во Анкара. Турскиот претседател го предупреди ...
Зголемени безбедносни мерки во Дубровник, каде денеска се одржува самитот Украина-Југоисточна Европа. На самитот присуствуваат, македонскиот премиер Христијан Мицкоски, претседателите на Црна Гора, претседателот на Косово и премиерите на Грција, Бугарија, Албанија. Се очекува и доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ. Учесниците на самитот треба да ја прифатат заедничката дубровничка декларација за чиј текст се уште се преговара, но ...
Водата за пиење која се обезбедува од акумулацијата Турија, се уште не е безбедна за пиење за граѓаните на Струмица и останатите населени места кои го користат градскиот водовод. Нивото на манган кое беше пронајдено во техничката вода која ја купува ЈП Комуналец и потоа преку филтрирање ја носи како питка вода до населението преку секундарна мрежа, повторно е зголемено, односно синоќа повторно имало влошување на водата во браната Турија. Ова за ...
Меѓународната вселенска станица орбитираше над ураганот Милтон додека повторно се засилува над јужниот Мексикански Залив. The International Space Station just orbited above Hurricane Milton as it is re-intensifying over the southern Gulf of Mexico. Spectacular view from space. pic.twitter.com/KDShU0qZIN — Nahel Belgherze (@WxNB_) October 8, 2024 Милтон се очекува денеска да ја погоди Флорида. Милиони луѓе се загрозени, во тек е голема ...
Додека на Флорида се подготвуваат за ураганот Милтон – бура од 5-та категорија која најверојатно ќе набие опасни ветрови со брзина од 180 милји на час и ќе остави пустош по него, во исто време кон Европа се движи уште една бура – ураганот Кирк, пишува Euronews. Иако Кирк повеќе не е класифициран како ураган, туку како тропска бура, сепак најверојатно ќе предизвика штета и нарушување во делови од Европа кога ќе пристигне оваа недела. „Ова повеќе ...
Професорот по историја на Универзитетот во Лавов, Јарослав Хрицак во интервју за весникот „Кориере дела сера“ зборуваше за слабостите на украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Популарноста на Володимир Зеленски е на најниско ниво. Ако денеска се оди на избори тој би бил поразен. На Украина и требаат избори што е можно поскоро за да го врати своето политичко лидерство. За жал, треба да почекаме: нема да можеме да одиме на избори се додека ...
Американските власти во вторникот ги засилија повиците до жителите на Флорида да се евакуираат пред пристигнувањето на Милтон, „исклучително опасен“ ураган што се очекува да ја погоди американска територија меѓу среда и четврток и може да биде „најлошата бура“ што го погодила полуостровот. – Мора веднаш да се евакуирате, тоа е прашање на живот и смрт. Милтон може да биде најлошата бура во Флорида во последните сто години – предупредува ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ќе отвори „неколку шишиња шампањ“ доколку Доналд Трамп се врати во Белата куќа. Орбан треба да биде домаќин на колегите лидери на ЕУ на самитот во Будимпешта неколку дена по претседателските избори во САД на 5 ноември. „Ќе отвориме неколку шишиња шампањ ако Трамп се врати“, рече Орбан, опишувајќи го самитот на ЕУ во ноември како момент за „блокот да се собере за да се обиде да најде заеднички глас“. ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тајно му испратил апарати за тестирање корона на рускиот претседател Владимир Путин во раните фази на пандемијата за негова лична употреба, наведува американскиот новинар Боб Вудворд во неговата нова книга што ќе биде објавена следната недела. Вудворд понатаму наведува дека Путин потоа побарал од Трамп никому да не кажува за таа испорака, објавија денеска американските медиуми. „Не сакам никому ...
Принцот Хари и Меган Маркл доживеаја нов удар во Обединетото кралство каде нивната популарност продолжува да опаѓа и покрај напорите да се смени овој тренд. Тие бележат пад на популарноста по сензационалното излегување од кралското семејство и преселбата во САД во 2020 година. Првите жестоки тврдења на Хари и Меган за кралското семејство не наидоа на добар одзив во јавноста, која сè повеќе им негираше поддршка. Тие остануваат меѓу најмалку ...
Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел го убил заменикот на лидерот на Хезболах Саид Хасан Насрала, Хашем Сафиедин. Сепак, тој додаде дека е убиен и заменикот на Сафиедин. – Израел го „елиминираше“ наследникот на починатиот лидер на Хезболах Хасан Насралах, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој додаде дека Израел исто така „елиминирал илјадници терористи“, како и „самиот Насралах, наследникот на Насрала и наследникот на ...
Наим Касем, кој е привремен лидер и заменик на убиениот лидер на Хезболах, Хасан Насрала, денеска изјави дека групата ги поддржува напорите и плановите за прекин на огнот во конфликтот со Израел долж либанско-израелската граница. Касем ги наведе обидите на претседателот на парламентот Набих Бери да обезбеди крај на борбите, за разлика од новите напади на Израел во југозападен Либан и по воздушните напади во областа Дахие во Бејрут. Касем рече и ...
Американскиот претседател Џо Бајден ја откажа посетата на Германија оваа недела поради ураганот Милтон, потврдија владини извори во Берлин. Жалиме за одлуката да се одложи посетата, но секако ја разбираме моменталната ситуација на Флорида, изјави портпаролот на германската влада, реагирајќи на веста за одложување на посетата на американскиот претседател Џо Бајден, кој требаше да пристигне во Германија во четврток. Пред тоа Белата куќа објави ...
Генералниот секретар на НАТО во заминување ќе ја продолжи кариерата како нов претседавач на Минхенската безбедносна конференција (МСЦ). „Јенс Столтенберг ќе стане следниот претседавач на Минхенската безбедносна конференција (MSC) во февруари 2025 година“, се наведува во соопштението за печатот. „Голема чест ми е да служам како претседавач на Минхенската безбедносна конференција и да придонесам за нејзината мисија „мир преку дијалог“. Неколку ...
Незавршените објекти во кампусот на УКИМ, каде треба да бидат сместени Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и Факултет за физичко образование и спорт, познати како ФИНКИ и ДИФ, нема да бидат завршени во скоро време. Премиерот Христијан Мицкоски, во вчерашното гостување на МРТВ, вели дека прво треба да се направат измени во Законот за градење, со цел да се продолжи важноста на градежната дозвола за двата објекти која ...
На денешната Општа седница на Врховниот суд се расправаше за прашања кое е од голем интерес на јавноста, за загадениот воздух. Поточно, на дневен ред се најде Иницијатива за утврдување начелен став поднесена од Адвокатско друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски од Охрид, а која се однесува на загадувањето. Врховниот суд утврди Начелен став за правото на здрава животна средина и загадувањето на воздухот. Накратко, Врховниот суд поентираше дека ...
Членот на Унгарската демократска коалиција Мартон Џекички денеска го нападна унгарскиот премиер Виктор Обран за време на прес-конференција во Европскиот парламент. На видеото објавено од Corriere della Sera се гледа како човек, кој обезбедувањето го крева од подот, му вика на премиерот. Орбан не е повреден во инцидентот, а обезбедувањето брзо го совлада Џекички и го фрли на подот, по што беше изнесен од собата. 🔵#Strasburgo Protesta solitaria ...
Момчето-убиец кое на 3 мај минатата година го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“, денеска, како што потврди српски „Блиц“, за масакрот ја обвини неговата мајка Миљана Кецмановиќ. „Мајка ми постојано бараше да бидам најдобар. Се лутеше и викаше кога не бев најдобра. Бидејќи постојано бараше повеќе од мене, и јас бев лут на неа. Нејзиното однесување влијаеше на мене да го правам тоа што го правев. Да ги немав пиштолите на ...
Во најновиот број на неделникот „Фокус“ објавуваме интервју со пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев. Тој вели дека на следните локални избори очекува Левица да освои неколку градоначалници, при што посочува дека најдобро котираат во урбаните центри. На следните парламентарни, пак, тој очекува да го заземат приматот како водечка партија во левицата, па дури, ако се создадат услови, да се пресметаат и со ВМРО-ДПМНЕ. –Ние веќе работиме ...
Потпретседателката на Демократската партија, Камала Харис, води пред републиканскиот кандидат Доналд Трамп со три поени, 46 отсто спрема 43 отсто, покажува најновата анкета на Ројтерс/Ипсос. Четиридневната анкета што заврши во понеделникот покажа дека Трамп, кој заостануваше со шест поени во анкетата на Ројтерс/Ипсос, од 20 до 23 септември, беше претпочитан кандидат за низа економски прашања и некои гласачи може да бидат под влијание на неговите ...