
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Отфрлена е кривичната пријава која беше поднесена против вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и тоа од нејзиниот шеф, Мустафа Хајрулахи. Тој ја поднесе пријавата откако Маријан Стаменковски -Доказ обвини дека обвинителката соработувала со него и му откривала информации, а истото обвинување беше упатено и за вишиот обвинител Сашо Рајчев, за кого постапката по пријавата се уште е во тек. Информацијата за ,,Фокус” ја потврдија од Обвинителството. ...
Американскиот музичар и продуцент – Маршал Метерс, попознат како Еминем, објави дека неговата ќерка Хејли Џејд Метерс го чека своето прво дете, и тоа преку новиот спот за песната „Temporary“. Во видеото, Хејли, инаку исто така музичка уметница и водителка, на татко си му дава син дрес од Детроит Лајанс со број 1, а наместо име е натпис „Дедо“ на грбот. Зачудениот рапер потоа држи и слика од ултразвук. Музичкото видео содржи монтажа на домашни ...
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека го интересира, како што рече, каков „дил“ има шефот на државата Зоран Милановиќ со рускиот претседател Владимир Путин. Сè за Милановиќ му изгледа загрижувачки и тврди дека претседателот на Хрватска „глуми“. – Ме интересира каква зделка има Милановиќ со Владимир Путин. Затоа жалам за наметливото однесување на членовите на СДП. Претпоставувам дека тоа го прават на бранот анкети кои, за мене ...
Бутуровиќ Поље кај Коњиќ, во Босна и Херцеговина е едно од населените места погодени од катастрофални поплави, по обилните врнежи од дожд во ноќта од четврток кон петок. Видеата кои се шират на социјалните мрежи и оние кои ги носат босанските медиуми од терен покажуваат колкава е штетата предизвикана од оваа елементарна непогода. Има и бројни видеа од спасување на луѓе во критичните зони. Едно такво доаѓа токму од Бутуровиќ Поље. Снимката ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија е подготвена да и помогне на Босна и Херцеговина, „ако сакаат да веруваат дека Србија може да помогне“. На прашањето на Танјуг, Вучиќ нагласил дека Србија може да пружи помош во хеликоптери, чамци и во секаква поддршка и финансиски средства, пренесуваат босанските медиуми. „Изразувам сочувство до семејствата на жртвите во БиХ. Подготвени сме да пружиме секаква помош, доколку сакаат и ...
Додека дел од опозицијата и од албанскиот политички блок изразуваат увереност или оптимизам дека власта ќе ги донесе уставните измени за внесување на Бугарите во Преамбулата, од кои зависи отворањето на преговарачките поглавја со ЕУ, премиерот Христијан Мицкоски засега не дава никакви сигнали дека тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ би влегле во таков процес под моменталните услови и околности. Влатко СТОЈАНОВСКИ Како што рече Мицкоски во вчерашното ...
Граѓаните од земјите на Западен Балкан: Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово како и од други земји на кои не им треба виза за влез во ЕУ, за два месеца од сега ќе мора да ги почитуваат новите правила за влез во рамки на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) кој го одреди Европската комисија. Од 10 ноември годинава на границите на ЕУ ќе мора да дадат отпечатоци од четири прсти и фотографија на лицето, во рамки на ...
Во поплавите што ја зафатија Јабланица, во БиХ, загинале најмалку 14 лица, соопшти раководителот на Секторот за односи со јавноста, Дарко Јукан. Тој објави дека се пронајдени 14 тела и дека има многу жртви, а најкритична е состојбата во областа Долна Јабланица, на патот од Мостар кон Сараево, по обилните врнежи во текот на ноќта, што предизвика одрони и свлечишта на југот на Босна и Херцеговина. Јабланица сè уште е целосно отсечена од остатокот ...
Врховниот лидер на Иран ги повика муслиманските нации да „заврзат одбранбен појас“ од Авганистан до Јемен и од Иран до Газа и Либан. Ајатолахот Али Хамнеи зборуваше додека ја водеше петочната молитва во Иран првпат по речиси пет години. Во согласност со иранската традиција, тој го одржа својот говор со пушка покрај себе. Во десниот агол на насловната фотографија се гледа дел од цевката на пушката. Тој рече дека непријателот на Иран е ист како ...
Најмалку пет лица загинаа во поплавите и свлечиштата што ја погодија населбата Јабланица на југот на Босна и Херцеговина, според неофицијалните информации што ги објави Дневни аваз. Сојузната управа за цивилна заштита (FUCZ) изјави за Аваз дека испратиле барања до Федералното Министерство за внатрешни работи и вооружените сили на Босна и Херцеговина за помош. Poplave širom Federacije BiH u trenutku kada je @vladafederacije potpuno obezglavila ...
Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ќе ја води петочната молитва и ќе одржи јавна проповед што може да ги расветли плановите на Техеран по масовниот ракетен напад врз Израел. Ретката проповед на Хамнеи во петок, негова прва по речиси пет години, доаѓа три дена пред годишнината од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Газа, која започна со нападот на палестинската милитантна група врз Израел на 7 октомври. Ајатолахот, кој има ...
Кинескиот давател на услуги во областа на вселенската технологија и копнените апликации USPACE Technology Group го назначи поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, на позицијата независен неизвршен директор на компанијата со седиште во Хонг Конг. Како што пренесува Bizlife.rs, во соопштението на компанијата се наведува дека Борис Тадиќ, заедно со новоименуваниот извршен директор и претседател на Одборот на директори, Бен Амор, генерален ...
Владата наскоро ќе објави кои капитални проекти на општините ќе бидат финансирани откако денеска ќе заврши евалуацијата на предлозите по јавниот повик за прибирање апликации за капитални инвестиции за 250 милиони евра од кредитот на Унгарија. Вкупно 80 општини доставија 357 проекти со кои ќе се борат да добијат дел од колачот. Доделените средства со ребалансот на буџетот се 100 милиони евра и овие пари се наменети за проектите до крајот на 2024 ...
Севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун се закани дека ќе употреби нуклеарно оружје и „трајно ќе ја уништи“ Јужна Кореја доколку биде испровоциран, објавија денеска државните медиуми на земјата. За време на посетата на единицата за специјални операции во средата, Ким рече дека неговата војска „нема да се двоуми да ги искористи сите офанзивни сили што и се на располагање, вклучително и нуклеарно оружје“, доколку Јужна Кореја се обиде да ги ...
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека нема да преговара јавно на прашањето дали го повикал Израел да не ги напаѓа иранските нафтени постројки. Израел, имено, одлучува како да одговори на големиот ракетен напад што Техеран против него го изврши во вторник. Неофицијални извори блиски до израелската влада велат дека цел може да бидат иранските нафтени постројки. Бајден веќе јавно кажа дека во својот одговор го советува Израел да не ги гаѓа ...
Европската комисија врши притисок со цел да го запре транзитот на нафта и гас од исток кон запад, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо. „Се мачиме со тоа што има огромен притисок од Европската комисија ништо да не оди од исток кон запад и никому да не му е гајле што имаме некакво „Општество“, некакви гасоводи““, рече Фицо на прес-конференција, пренесува Спутник. Тој посочи и дека е подготвен да вложи напори за обновување на односите со Русија, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска разговараше со новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, што е негова прва странска посета откако е назначен на функцијата генерален секретар на Алијансата. – Денеска новиот шеф на НАТО Марк Руте за прв пат го посети Киев – веднаш по добивањето на овластувањата на генералниот секретар на Алијансата. Јасно е колку е важно целосно да се спроведе секој наш договор за одбранбена поддршка што е ...
Францускиот претседател Емануел Макрон на берлинскиот глобален дијалог призна дека „Европската унија може да умре“, а потоа издаде уште пострашно предупредување за економската состојба на земјите-членки. Макрон тврди дека ЕУ претерано регулира и инвестира премалку и дека Кина и САД ги надминаа сите 27 земји-членки во однос на економските перформанси и инвестициите. Како што пренесува Телеграф, Емануел Макрон нагласил дека „ние сме на прагот на ...
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху вечерва го одржува последниот од серијата состаноци за безбедност на високо ниво, додека Израел одлучува како и кога да одговори на иранскиот балистички ракетен напад. Како што јави израелскиот телевизиски канал „Канал 12“, повикувајќи се на извори од министерството, Израел „ќе го натера режимот на иранскиот ајатолах Али Хамнеи да плати висока цена“. Очекуваниот остар одговор е тесно координиран со ...
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон тврди дека по посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред неколку години, пронашол апарат за прислушување во неговата бања, пренесува dpa. Џонсон вели дека неговиот безбедносен тим го пронашол уредот за време на проверка на бањата по посетата на израелскиот премиер во 2017 година, кога тој беше министер за надворешни работи. Поранешниот конзервативен лидер во своите мемоари напиша дека ...
Пратениците на албанската опозиција денеска протестираа во Собранието, палејќи фигури на политичари, а потоа се судрија со обезбедувањето, откако нивниот колега Ервин Салијани беше осуден на затворска казна за клевета. Пратениците на конзервативните демократи, кои повикаа на бојкот на денешната седница, се обидоа да ги спречат своите колеги од владејачката Социјалистичка партија да влезат во салата, пренесува АП. Салијани во 2018 година побара ...
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека од почетокот на израелската офанзива на Либан, во таа земја се убиени 28 здравствени работници. Претставникот на СЗО во Либан, Абдинасир Абубакар, на прес-конференција рече дека сите здравствени работници загинале додека вршеле должност, помагајќи им на повредените. „Многу други здравствени работници не се појавуваат на работа и побегнаа од областа каде што работат поради бомбардирањето“, ...
По околу две недели во Скопје ќе се одржи големиот солистички концерт на Калиопи, закажан на 19-ти октомври во Арена Борис Трајковски. Започна одбројувањето на последните денови до големиот концерт на Калиопи во Скопје. Нешто повеќе од две недели не делат до овој спектакл, а како што деновите поминуваат, така и возбудата расте, и кај публиката, но и кај Калиопи. 19 октомври е опасно блиску, а истиот тој 19 октомври е совршен датум за ...
Либанскиот министер за надворешни работи тврди дека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах се согласил на 21-дневно примирје предложено од САД и Франција само неколку дена пред Израел да го убие во напад на Бејрут. „Целосно се согласивме. Либан се согласи на прекин на огнот, но во договор со Хезболах. Претседателот на либанскиот Претставнички дом, Набих Бери, се консултираше со Хезболах и ги информиравме Американците и Французите. И ни рекоа дека ...
Скопје се бори со тешка криза со управувањето на Градот. Преполните контејнери и минидепонии се на секој чекор, додека јавните претпријатија се соочуваат со финансиски тешкотии, кои се пресметуваат во милиони евра. Едно од нив е и „Комунална хигиена“, чиј долг спрема добавувачите, според последните извештаи, достигнал над 6 милиони евра, алармантна бројка што ја доведува работата на самото претпријатие до тотален колапс. Ништо поразлична не е и ...
Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, денеска ја посети Украина, каде се сретна со претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, и вети континуирана поддршка за Киев. Ова е прва официјална посета на Руте на Украина откако во вторникот ја презеде функцијата шеф на Алијансата, пренесе АП. Тој се сретна со Зеленски во Киев додека во тој период двапати се вклучија сирените во главниот град на Украина. Како што јави Ројтерс, Зеленски ...
Шефот за надворешни работи и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека израелскиот напад врз Бејрут во кој загинаа медицински работници е „кршење на меѓународното хуманитарно право“. „Во текот на ноќта, ИДФ повторно ги нападна здравствените работници во центарот на Бејрут: седум лица беа убиени, вклучително и болничари. Не само што цивилите се жртви на напади, вклучително и оние во густо населените области, туку тие се и лишени од итна помош. Го ...
Во најновиот број на неделникот „Фокус“ објавуваме интервју со пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев, кој, меѓу другото, вели дека веќе се води Трета светска војна, притоа посочувајќи дека Балканот има 3 жаришта – Косово, Република Српска и Македонија. Сепак, Апасиев не очекува да дојде до реприза на 2001 година. Но, доколку дојде до такво сценарио, тој вели: „тогаш ќе фатиме пушки како партизаните“. Интервју | Димитар Апасиев: Со амин на ...
„Македонија е остров на рационалност ама и океан на лудило и забеганост“ – вака поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев во изјава за „Фокус“ одговара на обвинувањата на Зијадин Села од Европскиот фронт, кој во интервју дека „Фокус“ рече дека Заев му дозволил на Никола Груевски да ја напушти државата поради високиот рејгинг, а на последните избори дејствувал во корист на Христијан Мицкоски да постигне апсолутна победа. „Колку треба човек ...
Најмалку шест луѓе загинаа во денешниот израелски воздушен напад врз центарот на главниот град на Либан, Бејрут. Израелската армија (ИДФ) соопшти дека извршила прецизен воздушен напад врз зграда во квартот Бачура, кој е во близина на Парламентот. Три проектили го погодиле и јужното предградие на Бејрут, Дахије, каде минатата недела беше убиен ллидерот на Хезболах, Хасан Насрала. Јужните предградија на Бејрут од вчера беа мета на десетина ...