Во зградата на Високиот суд во Белград, како што дознава српска „Република“ Коста Кецмановиќ на прашањата одговара со пауза од една до две минути. Во пресрет на судењето беше одлучено Коста да сведочи од говорница во судницата, а не од посебна просторија. Коста денеска за првпат одговорил на прашањето кое година и пол ги мачи сите родители на убиените деца – зошто ги убил своите врсници. – Се чувствував отфрлено од децата и затоа го направив ...

Американскиот потпретседател и кандидат за претседател Камала Харис изјави дека не е подготвена да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за Украина без учество на Киев. – Билатерална без Украина? Не – рече таа во интервју за „Си-Би-Ес њуз“, одговарајќи на прашање за подготвеноста за билатерална средба со Путин со цел да се реши конфликтот во Украина. Харис најави и дека прашањето за можното членство на Украина во НАТО ќе се реши „ако ...

Ситуацијата во Либан од ден на ден се влошува, изјави денеска во Европскиот парламент шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел и посочи дека треба што поскоро да се постигне прекин на огнот во конфликтот што го водат Израел и Хезболах во оваа земја. Борел изјавил и дека околу 20 отсто од либанското население било принудено да се пресели, пренесува Ројтерс. Либанската привремена влада денеска објави дека најмалку 1,3 милиони луѓе, ...

Ноќта меѓу четвртокот и петокот на северот на Херцеговина за неколку часа наврнаа и до 300 литри дожд на метар квадратен, со катастрофални поплави и порои, како и одрони. Најмногу настрадаа северните региони на Херцеговина и централните региони на Босна, пред се Јабланица, Фојница, Вареш и Кисељак. И додека штетите се уште се проценуваат, а семејствата ги погребуваат своите најблиски, следува нов пресврт на времето. Кон крајот на денот ќе има ...

Македонската фудбалска репрезентативна „единица“ – Столе Димитриевски кој летово ги смени клупските бои и од Рајо Валјекано премина во Валенсија моментно е втор голман во екипата од „Месталја“. Првиот избор во клубот за голманската позиција, Грузицот Мамардашвили остана во клубот како позајмен играч на Ливерпул, па Димитриевски е на клупата за резерви. Македонскиот голман во интервју за дел од шпанските медиуми вели дека не му е лесно да седи ...

Кривичната постапка за масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград продолжува денеска. Таа е затворена за јавноста, а рочиштето на кое ќе сведочи момчето кое го изврши убиството ќе се одржи во Специјалниот суд во Белград, поради заштита на малолетникот и неговиот идентитет. Коста Кецмановиќ денеска ќе биде изнесен од детската психијатриска установа во која е откако е уапсен. Тој првпат ќе зборува и пред судот, а досега сведочеше и ...

Мајка и татко од Индијана (САД) се зад решетки откако се осомничени дека наводно ги убиле нивните две деца, а потоа ги запалиле нивните тела во нивниот двор. Стивен Вол (31) и Саманта Себела (25) се соочуваат со обвиненија за убиство, занемарување на зависно лице кое резултирало со смрт, злоупотреба на труп и непријавување мртво тело, пишува Law&Crime. Канцеларијата на шерифот на округот Џаспер соопшти дека полицајците започнале истрага на ...

Тројца членови на медицински хеликоптерски тим загинаа во несреќа во Кентаки, објави денеска ABC News. Според Air Evac Lifeteam, тројцата загинати биле на пат да земат пациент. We are on scene of a deadly medical helicopter crash in Owen County Kentucky. KSP is supposed to update the media at some point. @wlwt pic.twitter.com/CaDNqcBBHS — Karin Johnson WLWT (@karinjohnson) October 8, 2024 „Ова беше страшна несреќа и изразуваме сочувство до ...

Израелската армија соопшти дека командантот на штабот на Хезболах е убиен во воздушен напад во либанската престолнина Бејрут. Скај њуз објави дека во соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ) се вели дека убиениот Сухаил Хусеин Хусеини бил задолжен за логистика во странство, буџет и управување со различни единици на Хезболах. Се наведува дека Хусеини одиграл „клучна улога“ во трансферот на оружје од Иран и дека е одговорен за ...

Албанската опозиција вечерва протестираше во Тирана, но без говори на политичките лидери на Демократската партија или другите опозициски партии. Толпата се упати кон кабинетот на премиерот Еди Рама каде фрлале со молотови коктели, јавува „A2CNN“. Албанската опозиција побарала дозвола од полицијата за четиричасовен митинг пред премиерскиот кабинет. Лидерот на Слободарската партија, Илир Мета и претставници на оваа опозициска партија се ...

Во обилните поплави кои ја зафатија Босна и Херцеговина загинаа 20 луѓе, а се трага за уште 18 други. Ситуацијата е особено тешка во градот Јабланица, каде поплавите предизвикаа значајни штети на на куќите, а поплавена беше и џамијата. Спасувачките акции се во тек, а екипи од соседните земји, како и од неколку земји од ЕУ, пристигнуваат за да помогнат во расчистувањето. Прогласена е тридневна жалост од страна на Владата. Критична е ситуацијата ...

Високиот суд на ЕУ соопшти дека следниот месец ќе ја разгледа тужбата за објавувањето на приватни СМС пораки што шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги испратила за да преговара за купување вакцини против Ковид-19. Случајот се фокусира на пораките што Фон дер Лајен ги размени во екот на пандемијата со Алберт Бурла, главен извршен директор на Фајзер, за да помогне да се организираат големи набавки на вакцини во ЕУ. Размената беше ...

Владата на округот Брчко на Босна и Херцеговина донесе одлука да го прогласи 8 октомври за Ден на жалост. Со оглед на тоа што владите на ФБиХ и РС го направија истото претходно, тоа значи дека утре (вторник) ќе биде ден на жалост во цела Босна и Херцеговина. Одлука за прогласување Ден на жалост во областа Брчко во БиХ поради катастрофалните поплави во пет општини во БиХ донесе градоначалникот на округот Брчко, Зијад Нишиќ. Денот на жалост се ...

Во Атлантскиот Океан е забележана интензивна активност на урагани, додека во Јужна Америка потпросечните врнежи неколку месеци доведоа до силна суша. Ураганот Кирк се движи кон Европа. Во централниот дел на Атлантикот тој достигна статус на четврта категорија, со максимална брзина на ветерот од околу 233 километри на час. Додека Кирк се движи североисточно кон Европа, оставајќи зад себе топли води, се очекува до понеделник да биде намален на ...

Сто посто нема да им ги лижеме чевлите на странците, ама мора да викаме „Северна“, сто посто сме посветени на патот кон ЕУ, ама ќе се здружиме со Орбан, да му фрлиме на народот малку кинески пари. Сто посто сме против криминалот и корупцијата, ама нема да апсиме, нејќеме да правиме естрада од апсењата. Пишува: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ Се јавувам оваа вечер од мојот кабинет во Владата за да Ви честитам повисоки пензии, кои ќе почнат да се ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска го слави својот 72 роденден, а тоа ќе биде 21-ви пат да го дочека својот личен празник на една од важните функции во Руската Федерација. Како и претходните години, Путин роденденот ќе го прослави на работа, бидејќи првиот дел од денот беше предвиден за приватни работни состаноци, а попладне средба со лидерите на земјите од ЗНД во Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека рускиот ...

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, денеска предупреди дека целиот Блиски Исток е на „работ на целосен оган што меѓународната заедница се чини дека не може да го контролира“. На годишнината од нападот на Хамас врз Израел и почетокот на војната во Газа, Борел рече дека „ситуацијата само се влошува“. „Луѓето во регионот се понесигурни од кога било и паднаа во бескрајна спирала на ...

Киев не планира да отстапи ниту една територија за да постигне мир во конфликтот со Русија, изјави Владимир Зеленски по медиумските извештаи дека Западот размислува да поддржи решение во кое Москва де факто ќе ја задржи контролата врз некои области кои порано биле дел од Украина. Зеленски во редовното видео обраќање рече дека следната недела украинските власти ќе разговараат за таканаречениот „план за победа“ на Киев со западните поддржувачи, ...

Години наназад, скопската Клиника за детски болести ја тресат разни скандали, а не стивнуваат реакциите за случувањата и по доаѓањето на новото раководство. Сето тоа се случува во болница, во која се лекуваат најтешкоболните деца. Клиниката врие од дечиња на кои им е потребна здравствена нега, добра организација и посветеност. Во последниот период, атмосферата меѓу лекарите и медицинскиот персонал е напната и тензична, особено откако на ...

Цените на недвижнините продолжуваат да растат и во третиот квартал иако забави темпото на поскапување. Последните податоци на Народната банка откриваат дека во третиот квартал има пораст од осум проценти на цените за метар квадратен и тоа е малку помало поскапување во споредба со вториот квартал кога цените пораснаа за 11 проценти. Во првиот квартал цените се зголемија за само 4,6 проценти, но од вториот квартал повторно има голем раст на ...

Смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври минатата година го врати Израел на нула, изјави денеска висок функционер на палестинската исламистичка организација Калед Машал. „Операцијата „Поплава Ал-Акса“ ја врати окупацијата на нула и го загрозува нејзиното постоење“, изјави Машал, поранешен лидер на Хамас, за катарската телевизија Ал Арабија, користејќи го името на нападот пред точно една година. Во нападот на 7 октомври 2023 година, околу 1.200 ...

Во најновиот број на неделникот „Фокус“ објавуваме интервју со пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев, кој, меѓу другото, говори за конфронтацијата на Левица со дел од медиумите, како и за состојбите во правосудството, при што изнесува сериозни обвинувања, тврдејќи дека во негово присуство новинари нарачувале закони од министри, а вели дека лично знае и судии-милионери, како и лица кои им плаќале мито на пратеници за да станат судии. ...

Коста Кецмановиќ, момчето-убиец, кој на 3 мај минатата година изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградски Врачар кога уби девет ученици и училишен чувар, утре во судница ќе сведочи во постапката против неговиот родители Владимир и Миљана Кецмановиќ. Тој првпат ќе ја напушти болницата каде што беше сместен веднаш по масакрот. Сведочејќи преку видеоврска кон средината на јули минатата година, во истрагата што во тоа ...

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан изјави дека доколку продолжи илегалната миграција во Европа, ќе донесат мигранти во Брисел и ќе ги остават пред канцелариите на ЕУ. – Ќе донесеме мигранти од Будимпешта во Брисел и ќе ги оставиме пред канцелариите во Брисел. Ако ги сакаат, нека ги задржат – изјави Орбан во Италија. „Не верувајте дека тоа е невозможно, ние сме жив пример“, додаде Орбан, потсетувајќи дека „во Унгарија бројот на мигранти е ...

Илдар Дадин, познат руски опозициски активист кој се борел во Украина на страната на Киев, бил убиен во акција, според групата што го регрутирала. Портпаролката на таа група за Би-Би-Си потврдила дека Дадин е убиен и додала дека „тој бил и останува херој“. Активистот кој стана војник беше убиен кога војниците од неговиот волонтерски баталјон, Легијата на слободата на Русија, беа под руски оган во Харковската област, североисточна Украина. ...

Сју Греј, шефот на кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка, по неодамнешните критики за тензиите меѓу неа и главниот советник на Стармер, Морган МекСвини и веста дека таа заработува повеќе од премиерот. Би-би-си објави дека годишната плата на Греј била 170.000 фунти (154.000 евра), што е за околу 3.000 фунти повеќе од годишната плата на еден британски премиер. Греј рече дека ја прифатила новата улога на пратеник на Стармер ...

Шпанскиот голман Давид де Хеа уште еднаш покажа за каков голман се работи во победата на неговата Фиорентина над Милан (2:1) во натпреварот од седмото коло во Серија А. Де Хеа се чинеше дека е поблиску до крајот на кариерата отколку враќање во фудбалот ова лето, бидејќи беше без клуб една година откако го напушти Манчестер Јунајтед. Сепак, Фиорентина реши да го донесе на „Артемио Франки“, а тој се одмазди и докажа дека не е „рѓосан“. Во дуелот ...

Најмалку две лица загинаа во страотен пожар што рано утринава се случи во населбата Раковица во Белград. Утринава околу 5 часот и 30 минути интервенирале екипи на итната помош поради пожар што се случил во стан на втор кат во зграда на улица „Лука Војводиќ“ бр. 91 во Раковица, а според дежурниот лекар, животот го загубиле најмалку две лица. Од итната помош велат дека се уште немаат информации за вкупниот број на жртви и повредени во овој пожар, ...

Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи. Тешка е ситуацијата во неколку градови на Босна и Херцеговина, но убедливо најтешка е во Јабланица. Потресните сведоштва на луѓето кои ги загубија домовите и своите најблиски, најмногу доаѓаат од овој мал град во Босна и Херцеговина. Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и ...

Во изминатата година, Израел бомбардираше повеќе од 40.000 цели во Појасот Газа, пронајде 4.700 тунели и уништи 1.000 локации за лансирање ракети, објави израелската војска денеска на годишнината од нападот на Хамас што предизвика израелска одмазда. Пребројувајќи ги загинатите војници, израелската војска објави дека од 7 октомври 2023 година биле убиени 726 израелски војници. Од нив, 380 загинале во нападите на 7 октомври, а 346 во борбите во ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1010
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
84%
1009
weather icon

Загреб

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
83%
1009
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
87%
1010
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
77%
1010
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
95%
1010
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.79
65%
1008
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1010
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1010
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
77%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
1.79
71%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
76%
1010
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15550.00

Рутениум

20190.67

Калај

30.95

Сребро

1079.39

Злато

105721.82

Бакар

9.71

Паладиум

29642.99

Платина

30985.83

Родиум

172810.26

Цинк

2.61