Американскиот претседател Џо Бајден, коментирајќи го израелскиот атентат врз лидерот на Хамас, Јахја Синвар, рече дека „време е оваа војна да заврши и заробените да се вратат дома“. Бајден најави нова посета на државниот секретар Ентони Блинкен на Израел. Бајден рече дека му се јавил на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да му честита за операцијата, но исто така ја истакнал важноста да се стави крај на конфликтот. „Време е оваа војна да ...

Израелската војска повеќе од една година трагаше по лидерот на Хамас, кој исчезна во Газа набргу откако го организираше масакрот на 7 октомври. Јахја Синвар, 61-годишниот лидер на Хамас, наводно, поголемиот дел од своето време го поминувал криејќи се во тунелите под Појасот Газа, заедно со телохранителите и „човечкиот штит“ на израелските заложници. Сепак, се чини дека на крајот бил убиен во случајна средба со израелска патрола во јужниот дел ...

Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени во автобуска несреќа што се случи утрово во Турција. Според информациите од тамошните медиуми, туристички автобус од засега непознати причини се превртел и паднал во канал во Аксарај, Турција. На местото на настанот се испратени бројни возила на брза помош, полиција и пожарникари. 📍Aksaray'da ilk belirlemelere göre 6 kişinin can verdiği, 20 kişinin yaralandığı otobüs kazasının ilk görüntüleri ...

Американскиот потпретседател и кандидат на демократите Камала Харис изјави денеска, по убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, дека овој момент нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа. „Правдата е задоволена. Синвар е одговорен за убиството на илјадници невини луѓе, вклучувајќи ги и жртвите на 7 октомври и заложниците убиени во Газа“, рече Харис. Таа изрази надеж дека наскоро ќе започне „ден потоа без Хамас“ на власт во ...

За четири месеци четири жени се убиени во германскиот град Манхајм во радиус од само 20 километри. Последната жртва е откриена пред неколку дена. Жителите се во страв и се прашуваат дали има сериски убиец на жени со оглед на тоа што убиените жени не биле меѓусебно поврзани. Полицијата бара сведоци во случајот на 36-годишна жена која беше пронајдена мртва во близина на Лампертхајм во средината на септември. Според полицијата и обвинителството, ...

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека убиството на лидерот на Хамас Јахја Синвар е „добар ден за Израел, за САД и за светот“ и го нарече можност да се ослободат израелските заложници и да се стави крај на војната во Газа. Во изјавата, Бајден го спореди тоа со чувството во САД по убиството на водачот на Ал Каеда Осама бин Ладен, кој беше одговорен за нападите на 11 септември 2001 година, велејќи дека убиството на милитантниот ...

Франција најави воведување привремени гранични контроли со шест земји, од 1 ноември 2024 година до 30 април 2025 година, пишува Луксембург Тајмс. Како што пишува овој медиум, Франција и најавила на Европската комисија гранични контроли на границите со Луксембург, Белгија, Германија, Шпанија, Италија и Швајцарија. „Сериозни закани за јавниот ред, јавната безбедност и внатрешната безбедност претставени со високо ниво на терористичка активност, ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека злото „претрпело тежок удар“, но предупреди дека задачата на Израел „не е завршена“. Во изјавата по потврдената смрт на Јахја Синвар, израелскиот премиер рече дека Израел го направил „тоа што ветивме дека ќе го направиме“ со убиството на лидерот на Хамас. „Денес злото претрпе тежок удар, но задачата пред нас се уште не е завршена“, рече тој. Обраќајќи им се на семејствата на заложниците, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска во Брисел дека во септември му кажал на поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп дека Украина или ќе влезе во НАТО или, како што наведе, „ќе има нуклеарно оружје“. „Или Украина ќе има нуклеарно оружје, кое ќе служи како заштита, или мора да биде дел од некаков сојуз. Освен НАТО, не знаеме за таков ефективен сојуз“, рече Зеленски, говорејќи за средбата со ...

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац потврди дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е убиен. Шефот на радикалниот исламски Хамас Синвар е убиен во операција на израелската армија во Појасот Газа. „Тројца терористи се елиминирани“ при операции на палестинска територија, соопшти израелската армија. „Тоа го потврдуваат и ДНК-тестовите што беа направени денеска – изјави упатено лице во овој случај. На социјалните мрежи кружеа слики од ...

Членови на израелскиот безбедносен кабинет поседуваат информации дека лидерот на Хамас Јахја Синвар, организаторот на терористичкиот напад на милитантната група врз Израел на 7 октомври, најверојатно е убиен, изјавија за Ројтерс два упатени извори. Две израелски телевизиски станици, КАН и Н12 њуз, исто така цитираа израелски официјални претставници дека Синвар е мртов. Израелската војска претходно објави дека Синвар можеби е убиен во операција ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го нарече „повеќе од застрашувачки“ планот на Украина да побара од Западот оружје и безбедносни гаранции. Орбан на Фејсбук ја објави својата реакција за Планот за победа, кој вчера го претстави украинскиот претседател Володимир Зеленски пред состанокот на Европскиот совет, на кој требаше да се преговара за идната помош на ЕУ за Украина. „Денес претседателот Зеленски ќе го претстави својот план за победа. Она што ...

На 31 годишна возраст, поранешниот член на групата „One Direction” е пронајден мртов по пад од тераса на хотелската соба во Буенос Аирес, Аргентина. Меѓутоа, на настанот му претходел и повик кон службите за помош. Имено, рецепционерот на хотелот повикал 911 поради загрижувачките звуци на кршење што се слушале од собата на Лијам Пејн. Пејн, кој бил сместен во хотелот веќе 2-3 дена, бил под дејство на наркотици и алкохол, што предизвикало ...

На натпреварот од АБА 2 лигата помеѓу Златибор и Борац од Бања Лука се случи невообичаена сцена. Имено, во текот на првата четвртина за гостинскиот тим во еден момент на теренот имаше шест кошаркари. Сето тоа траеше два напади. Интересно е што никој од судиите, делегатите и тренерите не ја забележа оваа ситуација. Оваа ситуација можете да ја видите на видеото на 13:30 минути: Сепак, челниците на регионалното натпреварување реагираа по крајот ...

Околу 350.000 пензионери добија повисоки пензии за 2.500 денари и тоа го чини Фондот за пензинско и инвалидско осигурување 14 милиони евра месечно, односно пензиите се покачени за 11,17 %, а не за 4% колку што требаше да изнесува усогласувањето со порасот на трошоците. Ова ќе го чини Фондот 56 милиони евра до крајот на годината, а потоа Владата ќе треба да ја зголеми ставката на трансфер на средства кои ќе се префрлаат во ПИОМ за да се покрие ...

Трофејниот кошаркарски тренер Светислав Пешиќ ќе остане селектор на српската кошаркарска репрезентација до крајот на Европското првенство во 2025 година. Како што пренесува „Меридијан спорт“, новиот претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Небојша Човиќ се сретнал со Пешиќ и „начелно договорил соработка до крајот на Европското првенство во 2025 година“. Човиќ имаше „два одлични кандидати“ во случај да не се постигне договор со селекторот ...

Масовниот убиец Коста Кецмановиќ (14), кој на 3 мај минатата година во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград уби девет ученици и училишниот чувар Драган Влаховиќ, на денешното сведочење во Специјалниот суд, во постапката против неговиот татко Владимир Кецмановиќ призна дека неколку месеци пред грозоморното злосторство ја играл видео играта „Валорант“, но и дека омилена книга му е „Идиот“ од Достоевски. „Valorant“ е исклучително ...

Откако универзитетската професорка Весна Јаневска беше именувана за министерка за образование, „Фокус“ забележа дека таа во својата официјална биогрфаија, која тогашниот мандатар и сегашен премиер Христијан Мицкоски ја достави до пратениците, изоставила неколку податоци, меѓу кои дека била претседателка на Пописната комисија кога пописот пропадна, како и дека беше в.д.претседател на ВМРО-Народна на Љубчо Георгиевски. Весна Јаневска – поранешна ...

За време на операциите на ИД во Газа, елиминирани се тројца терористи, соопшти израелската армија, со можност меѓу нив да е и лидерот на Хамас, Јахја Синвар. „ИД и ИСА ја проверуваат можноста еден од терористите да е Јахја Синвар. Во оваа фаза не може да се потврди идентитетот на терористите“, велат тие During IDF operations in Gaza, 3 terrorists were eliminated. The IDF and ISA are checking the possibility that one of the terrorists was Yahya ...

Десетгодишно девојче забременило откако ја силувал очувот, додека нејзината мајка била на работа, пренесува Ultima hora. Хоророт се случил во шпанска Мајорка. Агенти на УФАМ (Одделение за грижа за жени) на Националната полиција уапсија 35-годишен Шпанец поради силување на својата десетгодишна поќерка. Пред неколку дена мајката на малолетникот, која не била свесна што се случува, ја однела ќерката на педијатар бидејќи девојчето го болело ...

Во Џорџија почна предвременото гласање за претседателските избори во САД и е забележан рекорден одѕив, што навестува неизвесност во оваа таканаречена swing држава, каде ниту еден од кандидатите нема одлучувачка предност. Како што објави Си-Ен-Ен, Џорџија се соочува со последиците од ураганот Хелена, во кој пред неколку недели загинаа повеќе од 220 луѓе во САД, како и со контроверзните промени во изборната администрација, кои веќе предизвикаа ...

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција неодамна одлучи дека обвинителите од СЈО не треба кривично да одговараат за бонусите кои ги земале во СЈО, бидејќи не го прекршиле законот, односно нивната шефица Катица Јанева, која е потписникот. Сепак, ваквата одлука не и се допаднала на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, па како што веќе објави неделникот „Фокус“, поднеле жалба до Вишото обвинителство во Скопје. Но она што не е ...

Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, го нападна францускиот претседател Емануел Макрон откако на израелските компании им беше забрането да учествуваат на францускиот саем за оружје „Евронавал“. Галант притоа го нарече Макрон „срам на француската нација“. -Одлуката за дискриминација на израелската одбранбена индустрија во Франција по вторпат им помага на непријателите на Израел, рече Галант. Тој ја обвини Франција дека „постојано води ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во парламентот на својата земја првпат ги објави деталите од Планот за победа, на што веднаш реагираа бројни украински претставници, кои ја пофалија насоката на планот, но укажаа на отсуството на практични чекори што треба да водат до неговата реализација. Некои опозициски пратеници ја критикуваа дека е премногу нејасна и премногу се потпира на меѓународните партнери, притоа изоставувајќи ги ...

Црногорските аеродроми ја губат трката со Тирана поради одлуките кои доведоа до намалување на бројот на летови на нискобуџетните компании, а ноќните летови се стар проблем. Тоа го почувствувале на своја кожа и црногорските фудбалери и делегацијата, која со нив се вратила од Кардиф, бидејќи авионот на бугарската компанија „БХ ер“ повеќе од 40 минути кружел околу Херцег Нови. Причината е тоа што аеродромот во Подгорица не сообраќа пред 5:30 часот, ...

Воведувањето на таксата за јаглерод диоксид која ЕУ ја планира од први јануари 2026 година ќе направи сериозен притисок на домашното производство на електрична енергија во Македонија, Србија, Косово, БиХ и Црна Гора со оглед на тоа дека базната струја се произведува во термоелектрани кои користат јаглен. – Имаме период од една година за да дискутираме со претставниците на ЕУ за начинот кога и како да го применат ова земјите од регионот. Сметам ...

НАТО е подготвен да одбие напад од кој било потенцијален непријател, вклучително и Русија, изјави генералниот секретар на Алијансата – Марк Руте, коментирајќи ја изјавата на германските разузнавачки служби дека Москва, наводно, би можела да го нападне блокот до 2030 година. „Ќе бидеме јасни: НАТО е подготвен да го одбие секој непријател што ќе одлучи да не нападне, сега и во иднина. Значително инвестираме во нашата одбрана“, рече генералниот ...

Кевин Роберт е роден во 1983 година како „најголемото бебе на светот“. Тежел 7,3 килограми, а тоа беше сосема доволно за да стане вистинска сензација во светот. Локалните медиуми објавија дека Кевин е најголемото бебе родено во Њу Џерси. И мајката била многу изненадена од оваа појава, а малата облека што ја подготвила морала да ја замени со поголема. „Мораме да одиме дома, да ги испразниме фиоките и да му купиме поголема облека“, рекла гордата ...

Дополнителен час во дневна евтина тарифа нема да има до крајот на оваа година и покрај тоа што цената на електричната енергија во периодот од 12 до 16 часот е најевтина на берзите. Анализите кои ги направила Регулаторната комисија за енергетика со податоци од 2021 до септември 2024 година покажале дека услови во првите три години немало, а во периодот од јануари годинава до септември имало тренд од најниски цени во секој час од 12 до 16 на ...

Исклучително силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, соопшти ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран на 46 километри источно од Малатија, која беше разурната од минатогодишниот земјотрес. Земјотресот е регистриран на длабочина од 9 километри. На социјалните мрежи се појавија видеа од моментот кога земјотресот ја погоди Турција. #deprem #earthquake #turkey #malatya pic.twitter.com/6IRbmvWPUp — Rita khoury ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1010
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
2.06
83%
1009
weather icon

Загреб

14ᴼ / 10ᴼ
0.0
81%
1009
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
1011
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
1.3
91%
1010
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
94%
1011
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
54%
1008
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
88%
1010
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1010
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1010
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
2.68
72%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
5.66
76%
1010
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15550.00

Рутениум

20190.67

Калај

30.95

Сребро

1079.39

Злато

105721.82

Бакар

9.71

Паладиум

29642.99

Платина

30985.83

Родиум

172810.26

Цинк

2.61