Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков ги објави имињата на изведувачите кои ќе ги забавуваат граѓаните за новогодишниот дочек на градскиот плоштад во Охрид. Каролина Гочева, Наум Петрески, Пајак, Take 5, DJ Gec и DJ Face ќе настапат на 31-ви декември, а пак наредниот ден, на први јануари, ќе следи дневна забава со Сара Мејс и „Балканикос Бенд“. Во Охрид речиси се распродадени сместувачките капацитети, и како и минатата година, се очекуваат ...

Наместо во затворска ќелија, дел од затворениците наскоро ќе добијат можност затворската казна да ја одлежат во домашни услови, односно во домашен затвор. Оваа новина се очекува да стартува на почетокот на следната година, до кога се очекува да бидат оспособени 100 алки, со кои осудениците ќе бидат под 24-часовен електронски надзор. Овие алки, вкупно 400 на број, кои се ставаат на нозете на осудениците, државата ги има речиси една деценија, ...

Македонската јавност ја дочека со одобрување веста дека ќе се започне со снимање на игран филм, документарец и ТВ серија за легендарниот музичар Тоше Проески. Снимањето на проектот ќе траело две години, носител на проектот е МРТ, а ќе се одвоеле 1,5 милиони евра за снимањето на филмот, обезбедени од буџетот на Македонија преку Министерството за дигитална трансформација. Осумнаесет години по смртта на Проески, не стивнува јавниот интерес за него, ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на традиционалната прес-конференција за крајот на годината, го обвини „човекот со чудна фризура“ дека ѝ забранил на Украина да договори мир. – Политиката е вештина на компромис, Русија секогаш била подготвена на преговори – посочи Путин. Тој тврди дека во 2022 година бил постигнат договор со Киев, но „човекот со чудна фризура“, како што го нарекува поранешниот британски премиер Борис Џонсон, ѝ забранил ...

Музичарот Елвир Мекиќ (43), кој беше доста популарен на сцената пред околу 20 години, има нова песна. Станува збор за дует со младиот охриѓанец Пајак, а песната ,,Негде после два” за која е снимен и видео запис, од вчера е прикачена на музичкиот канал Јутјуб. Нумерата е со негов текст, додека музиката е на Пајак, а аранжманот е на Иван Јованов. Повозрасните генерации се сеќаваат на Елвир, откако стекна голема популарност кога ја сними песната ...

Песната на легендарниот пејач Гоце Николовски „Има една земја“ чиј автор е Григор Копров, доби своја обработка под која е потпишан маестро Николче Мицевски. Истата ќе биде отпеана од Сузана Спасовска и Александар Тарабунов на 7. декември во Филхармонијата, како дел од концертот „Македонијо, во срце те носиме“. Станува збор за нумера која во 1986 година ја отпеал Гоце Николовски, и се нашла на неговиот прв фолк албум. Имено, Николовски во тоа ...

Немало обид за бојкот на концертот на Каролина Гочева во Диселдорф, Германија, каде пејачката периодов одржа повеќе концерти пред нашите иселеници. Тоа го соопштија од Македонската заедница во Германија, откако деновиве на социјалните мрежи се прошири видео од концертот на Гочева, каде таа и се обраќа на публиката и кажува дека имало апели да се бојкотира нејзиниот концерт во Диселдорф. – Пред неколку дена дознав за еден пример кој не е толку ...

По шест години пауза, популарниот музичар Здравко Чолиќ (73) повторно ќе одржи концерт во Скопје, во Арена Борис Трајковски. За само една недела откако го најави концертот кој ќе се одржи на 18-ти март 2025 година, се распродале влезниците, па сега е закажан уште еден, кој ќе се одржи наредната вечер, односно на 19-ти март. Во Скопје тој ќе ги изведе своите најголеми хитови со симфониски оркестар од 50 музичари, во чиј состав се членови на Биг ...

Влатко СТОЈАНОВСКИ Додека сѐ уште траеја „импресиите“ од ставањето на „црната листа“ на САД на поранешниот вицепремиер Артан Груби и на судијата Енвер Беџети, бидејќи се обидувале да го спасат од затвор поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков во случајот со масовното прислушување, беа лиферувани информации за голема координирана акција меѓу полицијата и обвинителството, поврзана со злоупотреба и измама во рамки на АД ЕСМ тешка 6,5 ...

Најголем дел од производите во маркетите се намалени во рамки на акцијата „Новогодишна кошничка“ која ја спроведува Владата по предлог на бизнисот, но не се намалени и основните производи како зејтинот, шеќерот и јајцата. Во неколку маркети во Скопје граѓаните од утрово ги меркаа цените производ по производ и разочарано коментираа дека не очекувале вакви цени. Пакување со 15 јајца во скопски супермаркет кое од 105 скокна на 130 денари пред ...

Законот за вториот дел од милијардата на Орбан е веќе во собраниска процедура. Законот според кој ќе се осигураат 500 милиони евра заем од Унгарската развојна банка треба да биде донесен по итна постапка и со него ќе се врати еврообврзница од 2018 година која доспева во јануари 2025 година. – Владата го задолжи Министерството за финансии да подготви и достави барање до Унгарската експорт – импорт банка за обезбедување на втор заем во износ од ...

Државната енергетска компанија ЕСМ е најголем загубар во Македонија според листата на Министерството за финансии иако пред само еден месец премиерот Христијан Мицкоски во име на Владата се пофали дека успеале да ја консолидираат компанијата од лошото работење на претходната влада на СДСМ и на ДУИ. ЕСМ прикажа загуба од 22, 6 милиони евра во третиот квартал година и со оваа бројка компанијата се најде на врвот на листата на министерството за ...

Државната компанија за производство на струја АД ЕСМ објави повик за јавна набавка со скратени рокови, со цел да се ангажира нова компанија која ќе врши ископ во РЕК Битола откако беше раскинат договорот со „Маркоски компани“, која нема да може да учествува на тековната тендерска постапка бидејќи заработила негативна референца. – ЕСМ изминатиот петок објави нов јавен повик кој ќе биде со краток рок кој ќе трае 20 дена. „Марковски компани“ нема ...

Клиниката за детски болести и директорот д-р Реџеп Мемеди ќе треба да платат казна оти не издале писмено образложение за причините за одбивањето на приемот за болничко лекување на седуммесечното бебе кое почина на 15 декември, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Оттаму велат дека на 17 и 18 декември извршиле вонреден инспекциски надзор во врска со починатото седуммесечно бебе и констиралe дека тоа првпат на Клиниката ...

Најмалку 32 деца загинаа за време на стампедо на карневал во југозападната нигериска држава Ојо, соопштија официјални лица, јавува Anadolu. Инцидентот се случи вчера во исламското средно училиште Башорун во главниот град на државата Ибадан. Портпаролот Дотун Ојелиса им потврди на новинарите дека загинале 32 лица, додавајќи дека бројот може да се промени по целосниот полициски извештај. Портпаролот на полицијата на државата Ојо, Адевал Осифесо, ...

Украина ја нападна руската територија со најмалку 13 проектили и 84 беспилотни летала, предизвикувајќи пожар во нафтена рафинерија во јужниот дел на Ростов, кој гореше со часови, соопштија руските власти. Додека Русија напредува со своето најбрзо темпо од почетокот на војната во 2022 година, Украина се обидува да ја нападне руската нафтена инфраструктура која финансира значителен дел од воената економија на Русија. Руската противвоздушна одбрана ...

Грција ќе ја поддржи Албанија во нејзината децениска кандидатура за влез во Европската унија под услов да ги почитува правата на нејзиното етничко малцинство, изјави денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Говорејќи на потпишувањето на договорот за изградба на нов пат што го поврзува градот Јанина во северозападна Грција со албанското село Какавија, Мицотакис рече дека Грција отсекогаш се залагала за добри односи со својот јадрански сосед, ...

Највисокиот француски апелационен суд денеска ја потврди пресудата против поранешниот претседател Никола Саркози за корупција и трговија со влијание, наложувајќи му да носи електронска алка една година, прва за поранешен шеф на држава. Саркози изгуби по последната можна жалба и едногодишната затворска казна ќе ја „одлежи“ со носење електронска нараквица, без да биде затворен. Казната изречена во 2023 година од првичниот апелационен суд беше три ...

Американските власти се загрижени за потенцијално застрашувачкото сценарио во Сирија – масовно пробивање од затвор од страна на терористите. Илјадници борци на Исламската држава (ИСИС) и нивните семејства остануваат во импровизирани затвори, надгледувани од курдските сили поддржани од САД со ограничено оружје. Затворите требаше да бидат привремени, но нивните матични земји не сакаат да ги вратат тие борци. Пред падот на претседателот Башар ал ...

Скопскиот адвокат Антонио Апостолски правно ќе го застапува екс директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами, откако против него и уште петмина лица, меѓу кои и поранешниот вицепремиер Артан Груби, беше отворена истрага. Информацијата за „Фокус“ ја потврди адвокатот Апостолски, кој појаснува дека денеска добил полномошното, а бил ангажиран од член на семејството на Бајрами. Според досегашните информации, Бајрами веќе неколку недели се наоѓа во ...

Цената на електричната енергија од 1 јануари ќе се зголеми за 0,92 проценти во просек, информираше Регулаторната комисија за енергетика која за првпат донесе одлука во која е искористен контролниот механизам во однос на определувањето на цената на електричната енергија. – ЕВН Хоум достави одлука на контрола и на разгледување во Регулаторната комисија и согласно нивното барање цената на домаќинствата требаше да се зголеми за 4,4 проценти. Немавме ...

Руски воен суд осуди маж на 20 години затвор поради обид за труење војници како поддршка на Украина, соопшти денеска службата за безбедност ФСБ. Судот го прогласи човекот, жител на градот Барнаул во регионот Алтај во Сибир, за виновен за „обид за напад“ и „обид за велепредавство“ и го осуди на 20 години затвор. -Овој руски државјанин, роден во 1981 година, стапил во контакт со украинските специјални служби преку социјалните мрежи и ја изразил ...

Досега преговорите се одвиваат добро. A колку е потивко, толку подобро. Нека поминат сите теми па после ќе разговараме, изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на маргините на Собранието на третиот ден од почетокот на преговорите меѓу ГЕРБ и ДБ за влада. „Јас сум оптимист затоа што она што го гледам во меѓународниот план едноставно не обврзува како народ, како држава, како народ, да издадеме редовна влада, рече Борисов. Денеска почнува Советот за ...

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, денот кога избега за Косово, преку фејсбук статус откри дека тој имал лично полициско обезбедување, кое, според неговите зборови, го известил дека ќе оди во Косово. -Денеска бев во приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување. Веднаш што ги завршам обврските, ќе се вратам дома при моето ...

Синоќа во Солун беше остварена средба меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и претседателот на Унијата на трговско-индустриските комори на Грција, Јоанис Масутис. На средбата се апострофираа неколку клучни точки кои се приоритети во соработката меѓу двете земји, а кои се однесуваат пред сè на продлабочување на соработката преку подобра инфраструктура и пофункционално вмрежување на компаниите од двете ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека евентуалното распоредување на странски мировници во Украина би можело да се разговара на денешниот состанок на европските лидери во Брисел. На состанокот на кој ќе се разговара за поддршката за Украина, речиси три години по почетокот на руската инвазија, меѓу другите, според извори, ќе се соберат лидерите на Германија, Франција, Полска и НАТО. Украинскиот лидер јавно ја изнесе ...

Две лица загинаа кога авион удри во зграда во близина на меѓународниот аеродром во американската сојузна држава Хаваи, објави Hawaii News Now. Локалните власти соопштија дека караван „Цесна 208“ удрил во празна владина зграда која била планирана за уривање. Загинаа и двете лица кои биле во авионот. Иако официјалните лица се уште не го објавија идентитетот на жртвите, извори блиски до семејството потврдија дека една од жртвите е дипломиран ...

Папата Франциск пишува дека по слетувањето во Багдад во март 2021 година, му било кажано дека двајца бомбаши самоубијци се подготвени да го убијат на настан на кој требало да се појави, но дека планот бил попречен со дојава од британското разузнавање. Напаѓачите биле пресретнати и убиени, напиша тој во својата автобиографија, чии извадоци објави италијанскиот весник „Кориере дела сера“. Тридневниот престој за време на пандемијата на ...

Човек од Вирџинија настрада откако мечка паднала врз него од дрво, кога била застрелана од еден од неговите партнери во лов, јавува Асошиетед прес. Според информациите, инцидентот се случил на 9 декември во округот Луненбург, кој е помеѓу Ричмонд и Денвил, според соопштението на Одделот за диви животни во Вирџинија. Група ловци следеле мечка која се качила на дрво. Додека ловците се оддалечувале од дрвото, едниот од нив ја застрелал мечката. ...

Руската служба за безбедност соопшти дека 29-годишен државјанин на Узбекистан е приведен за убиството на високиот генерал Игор Кирилов и неговиот помошник во Москва. Генерал-полковник Игор Кирилов, началник на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБЦ), беше убиен вчера рано наутро кога беше активирана експлозивна направа што се наоѓала на електричен тротинет. Руските безбедносни служби изјавија дека осомничениот бил регрутиран од ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
76%
1013
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
78%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
82%
1012
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.73
79%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.0
90%
1013
weather icon

Атина

17ᴼ / 12ᴼ
0.89
72%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
88%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
87%
1012
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
0.45
80%
1012
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
71%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52