
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе започне со подготовка на Украина за прием во ЕУ и НАТО, изјави специјалниот претставник на ОБСЕ за Украина, Петр Мареш. Петр Мареш во разговор за „Известија“ отворено изјави дека неговата мисија ќе биде да ја подготви Украина за влез во ЕУ и НАТО. -Имаме 24 проекти во Украина. Сите тие се барани од украинската страна. Моја задача ќе биде да ги координирам тие проекти и да подготвам ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го покани кинескиот претседател Си Џинпинг на неговата инаугурација следниот месец, јави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на повеќе извори. Покана за инаугурацијата на 20 јануари во Вашингтон била испратена на почетокот на ноември, непосредно по претседателските избори на 5 ноември, а не е јасно дали е прифатена, јави Си-Би-Ес. Во неодамнешното интервју за Ен-Би-Си Њуз, Трамп рече дека „многу добро ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е подготвен повторно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, иако неговиот неодамнешен телефонски разговор не дал резултати, јави ДПА. „Беше разочарувачки“, рече Шолц синоќа на една од ревијалните програми на ТВ за крајот на годината, „бидејќи само повторно ги повтори сите свои формули“. И покрај критиките од Украина и од источноевропските земји во врска со разговорот, Шолц рече дека е ...
Руски сили убија 50 свештеници и уништија околу 700 цркви во Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски во интервју за CB News, а пренесува УНН. Како што изјави Зеленски, свештениците биле мачени затоа што одбиле да ѝ служат на Московската патријаршија. Многу свештеници, различни свештеници, беа заробени или убиени. Патем, убиле 50 од нив и ги убиле на различни начини. Ги има сите докази како ги мачеле“, рече Зеленски. Според него, Русите ...
Попладнево паднаа сите мрежи на компанијата Мета. Се работи за социјалните мрежи Facebook, Messenger, Instagram, Threads, како и Whatsapp. Корисниците на мрежите од целиот свет јавуваат проблеми. За корисниците на Инстаграм, најтешко погодените области низ Соединетите Држави во моментов се Чикаго и Њујорк, според топлинската мапа на жалби и извештаи поднесени од корисниците, составена од страната. Повеќе од 82.000 корисници на Фејсбук исто така ...
На социјалните мрежи се шират снимки и фотографии на кои се гледаат бунтовнички борци како стојат до запалениот гроб на починатиот сириски претседател Хафез ал Асад. Бунтовниците го извлекле ковчегот и го запалиле. АФП пренесува дека бунтовниците во униформи, како и локални жители, гледале како ковчегот гори. Syrian rebels destroyed the crypt and tomb of dictator Hafez al-Assad, Bashar's father. pic.twitter.com/YwgQKezkjl — NEXTA (@nexta_tv) ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо неодамна беше во прва официјална посета на Бразил. Бидејќи актуелниот претседател Луис Инасио Лула да Силва во моментот не може да ги извршува своите должности поради здравствената состојба, Фицо беше пречекан од потпретседателот, кој го нарече „премиер на Југославија“, земја што пропадна пртед речиси 35 години. Лула неодамна заврши на интензивна нега по итна операција на мозокот, па Фицо во Бразил беше пречекан од ...
Новиот привремен премиер на Сирија, Мохамед ал Башир, кој ќе биде на функција до март, ги повика сириските бегалци ширум светот да се вратат во својата татковина по соборувањето на режимот на Башар ал Асад. „Ги повикувам сите Сиријци во странство: Сирија сега е слободна земја која ја врати својата гордост и достоинство. Вратете се!“, рече Башир во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, кое беше објавено во средата. По ...
Соопштението од Државниот завод за статистика дека инфлацијата во ноември достигнала 4,3 отсто повеќе во однос на истиот месец во 2023 година и дека трошоците за живот за само еден месец се покачиле за еден отсто ги шокираше граѓаните кои очекуваа смирување и намалување на цените на прехранбените производи барем пред Нова Година. Прогнозите и на Народната банка и на Министерството за финансии беа дека годинава ќе ја завршиме со просечна ...
Новак Ѓоковиќ во интервју за веб-страницата „Хед“ зборуваше за тоа што му се вртело низ глава во најважните моменти од неговата кариера, кога го освои Вимблдон, Ролан Гарос, стана број еден во светот, нанижа 43 победи и откри дека после секоја постигната цел се мотивирал со нова и на крајот станал најголемиот досега. Маршот на Новак кон врвот започна во 2011 година кога забележа 43 победи. Тој го освои Австралија опен, турнирот во Дубаи, ...
Барањата на Светска банка за зголемување на старосната граница за пензионирање, најавите на експертите дека кризата со пензискиот систем е сѐ поблиску поради дупката во ПИОМ, која никако не може да се пополни, како и предупредувањата на Фондот за пензиско и регулаторот на пензиските фондови дека се разнишани пензиските столбови, се остварија. Фискалниот совет предложи зголемување на старосната граница за пензија на 67 години, како дел од ...
Во октомври годинава општините издале 216 одобренија за изградба на згради, односно се издадени 363 дозволи за градба што е раст од 11 проценти во однос на октомври минатата година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 216 се наменети за објекти од високоградба, 75 за објекти од нискоградба и 72 за објекти за реконструкција. Според податоците од Државниот завод за статистика, за изградбата на 363 објекти, како физички лица ...
Пратеничките групи од опозицијата поднесоа барање за разрешување на претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ. Опозицијата бара оставка од Ана Брнабиќ бидејќи, како што тврдат, го прекршила Уставот на Србија, Законот за Собрание и Деловникот за работа на Собранието. „Надлежност на Собранието е да донесува закони, да изменува и дополнува закони, да донесува буџети, а на донесувањето закони и донесувањето на буџетите мора да му ...
„Политико“ објави листа на најмоќните луѓе во Европа, на која има 28 имиња, а за најмоќна личност во Европа ја прогласи италијанската премиерка Џорџа Мелони. За помалку од една деценија, Мелони од ултранационалистичка лидерка беше избрана за премиер на Италија и се етаблира како личност со која Брисел, а сега и Вашингтон, можат да работат, наведува медиумот. Ова се најмоќните во Европа според „Политико“: Giorgia Meloni Ursula von der Leyen ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на неодамнешниот состанок во Париз дека бара безбедносни гаранции за да се стави крај на војната со Русија, јавија француски медиуми повикувајќи се на извори запознати со содржината од состанокот. Зеленски се сретна со Трамп во француската престолнина во саботата, на 7 декември, за првпат откако Трамп беше реизбран за претседател на САД. На ...
Обединетите нации објавија извештај во кој наведуваат дека трговијата со луѓе е во пораст поради конфликтите во светот, климатските промени и глобалните кризи. Според последниот извештај на Глобалната комисија за трговија со луѓе, кој ја опфаќа 2022 година, бројот на жртви на трговија со луѓе ширум светот се зголемил за 25 отсто во однос на нивото од 2019 година, пред пандемијата на коронавирусот, објави Ројтерс. „Криминалците се повеќе ги ...
Бројот на загинати во рускиот ракетен напад кој вчера уништи клиника во украинскиот град Запорожје се искачи на шест, додека уште четири лица се уште се под урнатините, соопштија регионалниот гувернер и итната помош. Уште 22 лица се повредени, изјави гувернерот Иван Федоров на својот канал на Телеграм. „Сите служби за итни случаи на градот се на терен“, рече тој. Russia bombed a hospital in Zaporizhzhia in Ukraine. The cowards only know murder. ...
Новиот премиер задолжен за транзицијата во Сирија, Мохамад ал-Башир, во интервју за Ал Џезира вети стабилност и мир на сирискиот народ исцрпен по повеќе од 13 години војна. „Време е луѓето да уживаат во стабилност и мир, да бидат згрижени и да знаат дека нивната влада е таму за да им ги обезбеди услугите што им се потребни“, рече Башир, кој на ова место го поставија исламистичките бунтовници кои ја соборија владата на поранешниот претседател ...
Поранешниот јужнокорејски министер за одбрана Ким Јонг-хјун, обвинет за водечка улога во неуспешното воведување воена состојба во земјата на 3 декември, се обиде да се самоубие во притворниот центар каде што се наоѓа, изјави висок претставник од Министерството за правда пред Парламентот. „Неговиот обид за самоубиство беше неуспешен и тој сега е во стабилна состојба“, изјави денеска пред пратениците генералниот комесар на Корејската служба за ...
Русија на најбезбеден начин го транспортираше Башар ал Асад, кој беше соборен со молскавична офанзива на бунтовниците од позицијата претседател на Сирија, изјави заменик-министерот за надворешни работи на земјата Сергеј Рјабков во интервју емитувано синоќа за NBC News. Кремљ во понеделникот објави дека претседателот Владимир Путин одлучил да му даде азил на Асад во Русија. Неговиот пад е голем удар за Иран и Русија, кои интервенираа во ...
Американскиот претседател во заминување Џо Бајден ги оквалификува економските планови на неговиот наследник Доналд Трамп како „катастрофа“ во говор во кој укажа на успесите на неговата администрација. Според Бајден, плановите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп да воведе огромни царини и да ги намали даноците, се потег што ќе ја ослабне американската економија. „Се молам на Бога новоизбраниот претседател да го отфрли Проектот 2025. Мислам ...
Кипарската обложувалница „Рабона“ поднесе тужба против Мајк Тајсон поради раскинување на договорот пред неговата борба со Џејк Пол. Помина повеќе од еден месец откако легендарниот Мајк Тајсон се врати во боксерскиот ринг. На меч против јутјубер, Џејк Пол, еден од најголемите на сите времиња доживеа пораз, а сега може да се најде во нов проблем. Имено, адресата на челичниот Мајк доби тужба од Кипар, бидејќи славниот боксер го прекршил договорот ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија не ја заострува својата нуклеарна доктрина, туку ја подобрува. „Зборувавте за заострување на нуклеарната доктрина, ние не ја заоструваме нуклеарната доктрина, туку ја подобруваме“, рече Путин на состанокот на Советот за развој на граѓанското општество и човековите права, реагирајќи на зборовите на еден од учесниците, објави Интерфакс. Тој додаде дека Русија треба да го подобри ...
Авион на „Ер Њу Зеланд“ на лет за Тахити морал да се врати во Оукленд, Нов Зеланд, откако бил погоден од гром само 20 минути по полетувањето. Летот NZ902 полетал од Оукленд, но набрзо потоа бил погоден од гром за време на турбуленции, пишува „New York Post“. Директорот на авиокомпанијата, Алекс Марен рече дека авионот се вратил во Оукленд за техничарите да извршат проверка и да дозволат авионот да се врати во служба. „За авион да биде погоден ...
Постои оправдана загриженост за ризикот од секташко насилство во Сирија и обновувањето на екстремизмот во земјата, изјави денеска високата претставничка за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас. Да потсетиме, новиот привремен лидер на Сирија најави дека го презема управувањето со земјата како привремен премиер со поддршка на поранешните бунтовници кои пред три дена го соборија претседателот Башар ал Асад. Калас на седницата на ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Фрајберг изјави дека јавноста ќе биде изненадена кога во наредните денови ќе дознае колку стотици милиони евра се вложени во обидот за рушење и промена на власта во Србија, во кој тие не успеаја. „Не успеаја, ниту ќе успеат во иднина“, им рече Вучиќ на новинарите одговарајќи на прашања поврзани со протестите, насилството и навредите што ги придружуваат. Тој рече дека за ваквото однесување на ...
Судот во Сеул соопшти дека го одобрил налогот за апсење на поранешниот министер за одбрана, Ким Џонг-хјун, под обвинение дека ја имал клучната улога во бунтот и злоупотребата на власта, со што стана првиот уапсен функционер поради декретот за воената состојба, што беше издаден на 3 декември од на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јул. Ким, близок соработник на претседателот Јул, во четвртокот поднесе оставка на функцијата и од неделата е во ...
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, по повод Денот на човековите права, кој се одбележува денеска, го повика светот да се обедини во борбата против, како што наведе, „диктаторските режими“. „Овогодинешниот Ден на човековите права беше проследен со ужасни фотографии од сириските затвори и центри за тортура кои беа отворени по бегството на (сирискиот претседател Башар ал) Асад. Таму луѓето беа понижувани многу години. Мажи и жени биле ...
Во Мексико 17 деца починаа од контаминирани кеси за инфузија. Шеснаесет од жртвите се предвремено родени бебиња и една 14-годишна девојка. Мексиканското Министерство за здравство соопшти дека во контаминирани кеси за инфузија откриени се две бактерии, од кои едната отпорна на повеќе лекови. Првите инфекции се пријавени на 22 ноември, а последната на 3 декември. Околу 20 други пациенти исто така заболеле од контаминирани кеси за инфузија и се ...
Бразилскиот претседател Лула да Силва се опоравува на интензивна нега по итна операција на мозокот поврзана со неговиот пад во октомври, соопштија неговите лекари. Лула (79) е стабилен и нормално зборува и јаде по операцијата на мозокот која траела речиси два часа и била успешна, изјавија лекарите. Се наоѓа во болницата Сирио Либанес. Лула имала крварење меѓу мозокот и менингеалната мембрана, објаснуваат лекарите, додавајќи дека нема повреда на ...