Германскиот канцелар Олаф Шолц, очекувано, изгуби гласање за доверба, отворајќи го патот за предвремени избори на 23 февруари. Од вкупно 717 гласови, доверба на Шолц му изразиле 207 пратеници, 394 гласале против, а 116 биле воздржани. На Шолц му беа потребни 367 гласа за доверба за да го „преживее“ гласањето. „Дојдовме до крајот на агендата, но и до крајот на семафорската коалиција“, рече претседателот на Бундестагот, Бербел Бас, користејќи го ...

Седуммесечно бебе синоќа починало на скопската Клиника за детски болести, неофицијално дознава „Фокус“. Според нашите информации, бебето првиот пат кога било однесено на клиниката било одбиено за хоспитализација, а било примено тек после 48 часа кога органите веќе му откажувале. „Фокус“ се обрати и до директорот на скопската Детска клиника, Реџеп Мемеди кој ни ја потврди информацијата. „Точно е. На клиниката синоќа почпина седуммесечно бебе. ...

„О2 Иницијатива“ достави барање до сите советници во Советот на град Скопје и градоначалничката на град Скопје, г-а Данела Арсовска, за поинаков пристап во решавање на проблемот со аерозагадувањето и носење на серија одлуки кои ќе ги вклучат сите субјекти кои го креираат аерозагадувањето во градов, со зададени јасни рокови и доволно време сите субјекти навремено да ги извршат потребните прилагодувања. „Со оглед на климатските услови, ...

Папата Франциско и се помоли на Пресвета Богородица, барајќи мир за украинскиот и рускиот народ. „Тие се браќа, роднини. Нека се договорат! Војната е секогаш пораз. Мир на целиот свет”, рече папата на крајот од неделната молитва за време на неговата посета на Корзика. Папата повика на мир во Светата земја, односно на палестинските територии, Израел, како и во Либан, Сирија и на целиот Блиски Исток. Пред да отпатува за Корзика, тој испрати писмо ...

Претседателот на Словачка Петер Пелегрини смета дека мирот во Украина може да се постигне само со компромис, вклучително и територијални отстапки. Пелегрини во интервју за словачката ТВ станица STVR рече дека Украина ќе мора да направи отстапки за да се стави крај на војната. „Кога станува збор за мирот, мислам дека треба да останеме реални. Веројатно ниту еден разумен човек во Европа денес не верува дека мирот може да се постигне без некои ...

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е изненаден како неговиот тим испушти победа во градското дерби. Граѓаните водеа на „Етихад“ до 88. минута, за само две минути примија два гола и останаа без бодови: Манчестер Сити – Манчестер Јунајтед 1:2. Шпанскиот тренер по мечот делуваше неутешно, а неговите играчи беа вознемирени, особено Матеус Нунес, виновникот за пеналот. „За жал, оваа година премногу често ни се случуваат вакви работи. Не бевме ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе го повика германскиот Парламент да и изгласа недоверба на германската влада, што ќе биде првиот формален чекор да се овозможи одржување предвремени избори по распадот на владејачката коалиција. Доколку парламентот не му изгласа недоверба на Шолц, се очекува тој да поднесе оставка за да се овозможи процедура за избори. После тоа германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер треба да го распушти ...

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека има намера да остане вклучен во партиската политика кога ќе ја напушти функцијата на 20 јануари и рече дека очекува потпретседателката Камала Харис да остане централна фигура во иднината на партијата. – Никаде не одиш, дете. Не ви дозволуваме – рекол Бајден, пренесува АП. Од друга страна, Харис изјави и дека наскоро ќе почне сериозно да размислува за својата иднина и дали уште еднаш да се ...

Стотици смртни случаи како последица на циклонот Чидо, кој ја погоди француската територија Мајот во Индискиот Океан. Циклоничните ветрови, кои достигнаа брзина од 225 км/ч, целосно срамнија со земја цели заедници. Последните бројки велат дека официјалниот биланс на загинати е 11, но префектот на островот, Франсоа-Ксавиер Биевил, за локалните медиуми изјави дека бројот „сигурно ќе биде неколку стотици“ откако штетата ќе биде целосно проценета, ...

Додека Мицкоски темелно е загнат да ги стави под партиска контрола сите државни институции, дефинитивно почнува да се губи. Не може да ги пофаќа конците што ги заплеткуваше со години, залажувајќи се и самиот себе и народот што го гласаше дека ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе дојде на власт, ќе ги отплетка. Не само што не ги расплеткува, туку и дополнително ги замрсува. Пишува: Ана ПАНОВСКА Не ми беше јасна идејата на СДСМ со барањето за лидерска средба, ...

Девојката А.Љ. била избодена синоќа во Сурчин во доцните часови пред ресторан во оваа белградска населба. Како што пренесуваат српските медиуми, во моментот на нападот, жртвата стоела пред ресторан со својата пријателка. Во еден момент им пришол млад човек и ја избодел девојката која останала облеана во крв на самото место. Пријателката повикала полиција и брза помош. Повредената девојка со тешки повреди е пренесена во болница, а според ...

Продолжуваат конфликтите на Блискиот Исток – најмалку 20 цивили, меѓу кои и едно дете, се убиени во израелските напади низ Појасот Газа. ИД продолжува да ги гаѓа воените објекти во Сирија, што Ахмад ал Шара, лидерот на бунтовниците кои го соборија Башар ал Асад од власт, го смета за несоодветен потег за кој нема причина. Од друга страна, шефот на израелската армија Херзи Халеви тврди дека ИД не се меша во настаните во Сирија, туку дека ја ...

Швајцарија планира да инвестира 250 милиони долари во реставрација и надградба на својата мрежа на стари атомски засолништа, а таквата мрежа се повеќе се смета за предност во време на зголемена глобална неизвесност, особено по руската инвазија на Украина, пишува Ројтерс. Благодарение на законот од 1963 година, Швајцарија е веќе пред соседите како Германија. На секој од неговите 9 милиони жители, вклучувајќи странци и бегалци, му е загарантирано ...

Трагедија попладнево го потресе северот на Франција, кога во страшна престрелка загинаа пет лица. Насилникот подоцна и се предал на жандармеријата, признавајќи ја одговорноста за нападите. Четирите жртви, убиени во близина на Данкерк, се двајца чувари и двајца мигранти, додека петтата жртва, 29-годишен бизнисмен, почина во Вормхаут. Според извештајот на весникот Le Parisien, жандармеријата добила дојава за пукање и едно лице кое било пронајдено ...

Основачот и сопственик на модниот бренд Манго, 71-годишниот Исак Андик загина на планинарење во Каталонија. Несреќата се случила денеска во близина на пештерите Салнитра во Колбато, недалеку од Барселона, додека тој бил придружуван од семејството. Според извештаите, тој се лизнал на пешачката патека и паднал во пропаст длабока околу 150 метри. Каталонската полиција добила дојава за несреќата нешто пред 13 часот, а на местото на настанот ...

Кованицата „оксиморонска мантра-шантра“ е магична политичка формула и заштитен знак на (северно)македонската политика, која нелогично спојува три противречни поими. Поедноставено, „оксиморонство“ како остроумна будалштина, кога нешто навидум е сосема нелогично, а, всушност, мудро и длабокоумно срочено. Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ Македонските политички гарнитури, без исклучок, продолжуваат упорно патолошки да ја верглаат оксиморонската, ...

Башар ал-Асад речиси никому не ги доверил своите планови за бегство додека неговиот режим се распаднал. Наместо тоа, неговите помошници, официјални лица, па дури и членови на семејството биле заведени или оставени во темнина, изјавија за Ројтерс повеќе од десетина извори запознаени со настаните. Само неколку часа пред да побегне во Москва, Асад, на состанокот со околу 30 воени и безбедносни лидери во Министерството за одбрана, ја увери толпата ...

Непознат маж денеска удри студент на Универзитетот за хотелски менаџмент во Белград за време на блокадата во 11:52 часот во чест на жртвите од падот на настрешницата во Нови Сад. На вознемирувачкото видео кое е проследено до порталот Nova.rs, може да се види дека возачот во еден момент забрзува и удира во ученик, а потоа бега од местото на настанот. „Бевме триесетина и ни се придружија граѓани од улицата. Застанавме мирно на пешачкиот премин во ...

Словенија и Германија предложија нон пејпер до Европската унија, со кој се предвидува да нема вето и блокирање на билатералните прашања со соседните земји, пишуваат српските медиуми. Ова се случува откако Хрватска ја блокираше Црна Гора да го затвори преговарачкото поглавје со ЕУ и затвори три наместо четири. Имено, Црна Гора технички беше подготвена да ги затвори четирите поглавја, но Хрватска беше против затворање на поглавјето за надворешна, ...

Поранешен фудбалер на Манчестер Сити е новиот претседател на Грузија. Контроверзниот грузиски парламент го назначи на функцијата по 17 дена проевропски протести што се одржаа во голем број градови и населени места. Михаил Кавелашвили, сега 53, е поранешен пратеник од десничарската и се поавторитаристичка владејачка партија Грузиски сон и е единствениот кандидат за претседателската функција. За него гласаа 224 од 225 пратеници. Четирите главни ...

Текстот е објавен во неделникот ,,Фокус” на 26.04. 2023 година, во бројот 1438. Пишувала: Валентина ВУРМО Пред неколку години, низ обвинителско-судските кулоари тивко, но уверливо се прераскажуваше една легенда дека во рацете на еден претставник на третата власт (судската) завршила торба полна со пари, и тоа пред воопшто да се случи примопредавањето на популарната „луј витон“. Наводно, во торбата имало раситнет милион, поточно 900.000 евра, а ...

Парламентот на Јужна Кореја, предводен од опозицијата, го отповика претседателот Јун Сук Јеол, гласајќи да го суспендира од службените должности поради неговиот краткотраен обид да воведе воена состојба минатата недела. Според уставот, премиерот Хан Дак-су, назначен од Јун, станува вршител на должноста претседател. Јун е вториот конзервативен претседател кој е отповикан во Јужна Кореја. Парк Геун-хе беше отстранета од функцијата во 2017 година. ...

Видое Подгорец со приказната за белото Циганче со прво објава во 1966 година е пред времето кое почнува да ги актуализира темите што ја поттикнуваат свеста токму за маргинализираноста на луѓето и посебно на децата. Подгорец преку емотивната слика на малиот Таруно, но и со приказните за слепиот Рапуш и за црвеното ждребе на Белка, го испишува односот меѓу „нас“, поточно културните и општествените групи на кои им припаѓаме и „другите“, оние кои не ...

Артан Груби мора да сноси одговорност за криминалните дејствија. Тој се најде на црната листа на САД поради криминални и корупциски дела. Стратешкиот партнер обезбедил докази дека Груби земал мито за да влијае во судски предмети и одлуки, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. „Груби во влијанието во судството не бил сам, логистика за тоа му беа патериците од СДС. ДУИ и СДС заеднички, седум години, поставувале свои луѓе во правосудниот систем. Судиите и ...

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Чиле, со епицентар на 41 километар југоисточно од градот Молина. Според информациите од Геолошкиот институт на САД, земјотресот се случил на длабочина од 110 километри. Земјотресот бил почувствуван во централните и северните региони на Чиле, вклучително и во главниот град Сантијаго. Чилеанскиот национален систем за спречување и одговор при катастрофи објави ...

Војската на Израел соопшти дека повторно нападнала команден центар на палестинската исламистичка група Хамас, кој бил скриен во училиште. Израелските воздухопловни сили „спроведоа прецизен напад против терористите на Хамас“, објавија израелските одбранбени сили (ИДФ) на својот канал Телеграм. Се наведува дека „терористите“ планирале да го нападнат Израел и дека командниот штаб на групата „бил изграден во комплекс што претходно служел како ...

Влатко СТОЈАНОВСКИ Поранешниот вицепремиер и близок соработник на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Артан Груби, одлучи да се повлече од јавниот живот, откако САД го стави на „црна листа“ поради вмешаност во „значителна корупција“, бидејќи, според американскиот Стејт Департмент, заедно со судијата Енвер Беџети, прифаќајки мито се обидувале да го спасат од затвор поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков во случајот со масовното прислушување. ...

Помошник државниот секретар Томас Н. Најлс целосно ги поддржа грчките историски аргументи по прашањето за Македонија на сослушувањето од 23 јуни пред Комитетот за надворешни работи. Тој рече дека администрацијата на Џорџ Буш смета дека признавањето од страна на Соединетите Држави „би барало“ поддршка на грчката позиција. Пишува: Денко МАЛЕСКИ (Белешки од годините на независноста) „Њујорк тајмс“ ќе ги обележи настаните околу Лисабонската ...

Украинските сили извршија застрашувачки напад со дрон врз цивилен автобус во областа Херсон. Еден патник загинал во нападот, додека други двајца се повредени, меѓу кои и локален учител. Регионот Херсон се соочи со ужасен терористички напад кога два украински беспилотни летала ФПВ нападнаа патнички автобус на редовна линија на влезот во градот Голаја Пристањ. Гувернерот на областа потврди дека еден човек го загубил животот во овој брутален напад. ...

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва е буден и добро се опоравува по двете операции, вклучително и дренажа на хематом во главата, соопшти денеска неговиот кабинет. Како што се додава, тој зборува нормално и може да јаде, додека се очекува во текот на денот да биде пуштен од одделот за интензивна нега на болницата во Сао Паоло, каде што беше опериран, пренесува „Ројтерс“. Неговиот лекар Роберто Калила рано утринава објави дека Лула ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
2.57
62%
1013
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1015
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.22
66%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.24
61%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
67%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
77%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
61%
1013
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
63%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52