
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Британскиот премиер Кир Стармер во својата божиќна порака рече дека се надева на мир во светот, а особено на Блискиот Исток. Во својата прва божиќна порака како премиер, Стармер рече дека очекува „подобра, посветла иднина“, објави Sky News. „Време е да се потсетиме што е навистина важно. Семејството. Пријателство. И заедништво меѓу сите луѓе“, рече Стармер. Тој особено им се заблагодари на оние кои оваа година Божиќ ќе го поминат служејќи им на ...
Откако „Фокус“ пред 4 дена објави дека поранешниот вицепремиер Артан Груби, еден од осомничените во случајот „Лотарија“, престојува во Албанија, во близина на Драч, се огласи актуелниот вицепремиер Изет Меџити, кој во интервју за албанската „Ора њуз“ изјави дека и, според неговите информации, Груби не е повеќе во Косово, туку во Албанија. Каде се кријат осомничените бегалци: Груби престојува близу Драч, Ковачевски заминал за Нов Зеланд?! –Мислам ...
Новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија – Масар Омерагиќ и спортскиот директор на националните селекции – Горан Пандев денеска одржаа состанок со селекторот Благоја Милевски. Омерагиќ уште на Изборното собрание најави дека Милевски ќе остане на клупата на македонската репрезентација. „Имавме отворен и пред се искрен разговор. Претседателот на федерацијата ја повтори искажаната поддршка за работата на А македонската ...
Во Сирија избувнаа протести поради палењето на новогодишна елка, што ги поттикна повиците до новите исламистички власти да преземат чекори за заштита на малцинствата, јавува Би-Би-Си. Видеото објавено на социјалните мрежи покажува запалена елка на главниот плоштад во Ал-Сукајлабија, претежно христијански град во централна Сирија. Дрвото е опкружено со маскирани луѓе. Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), главната исламистичка фракција што го предводеше ...
Во тек е евакуација на Ајфеловата кула во Париз по информациите за пожар на култниот споменик во француската престолнина. Пожарот во меѓувреме е изгаснат. Итната помош била на терен, а луѓето се евакуираат, пренесе „Мирор“. Ајфеловата кула наводно била затворена додека пожарот се гаснел. Пожарникарите го изгаснале пламенот додека туристите се евакуирале од Ајфеловата кула. Тие рекоа дека се борат да дојдат до изворот на пожарот. Pour des ...
По реакциите на граѓаните дека цените се поскапени и новогодишната кошничка направи контраефект за што пишуваше и „Фокус“, премиерот Христијан Мицкоски апелираше до трговците да го преиспитаат своето однесување во однос на цените на прехранбените производи. Тој најави дека ќе побара од Пазарниот инспекторат вонредна инспекција со цел да се утврди како цената на одредени основни производи е зголемена во изминатите 30 дена. – На седница на Влада ...
Обраната во случајот „ Организаторите на 27 април“ денеска проглaси победа за случајот, кој е во судска постапка пред Кривичниот суд, бидејќи Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција вчера доставило мислење до судот дека со Законот за амнестија треба да бидат опфатени обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Трајко Вељаноски. Сега на судот останува да се произнесе за тоа дали за овие обвинети важи Законот за амнестија. ...
Московскиот градски суд го осуди Американецот со руско потекло, Јуџин Спектор, обвинет за шпионажа, на 15 години затвор, а казната ќе ја отслужи во колонија со максимална безбедност, се наведува во пресудата. Судот ја потврди и казната изречена со претходната пресуда од 120.000 евра. Нему му беше одреден притвор во средината на август, а деталите за случајот не беа соопштени на суд поради доверливост, пренесува РИА Новости. Во јуни 2021 година, ...
Битолското обвинителство ја отфрли кривичната пријава која беше поднесена против вишиот скопски јавен обвинител Сашо Рајчев и тоа од неговиот доскорашен шеф, Мустафа Хајрулахи. Тој ја поднесе пријавата откако Маријан Стаменковски -Доказ обвини дека обвинителот соработувала со него и му откривал информации, по што биле објавени текстови со навредлива содржина и против обвинителот Хајрулахи. Истото обвинување беше упатено и за вишата обвинителка ...
Најмалку 12 лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во турската провинција Баликешир, изјави гувернерот на провинцијата Исмаил Устаоглу. Устаоглу изјави дека повредените се во добра состојба и дека точно се утврдува колку луѓе имало во фабриката во моментот на експлозијата. ‼️ BREAKING: An explosion occurred at a factory producing explosives in Balıkesir Province, Turkey According to local media, 12 people ...
Поминаа девет дена откако поранешниот вицепремиер Артан Груби се јави со статус од Косово, за да ги демантира шпекулациите дека избегал, но оттогаш му се губи и трага и глас. Според последните информации, тој е засолнет во Албанија, во близина на Драч, иако земјата ја напушти заминувајќи кон Косово. При анализата на неговиот план за бегство, она што првично беше нејасно е зошто Губи веднаш не заминал за Албанија, особено ако е точна ...
Едно лице загина, а друго се води како исчезнато по силната бура, придружена со поплави и големи бранови, што во понеделникот го погоди централниот брег на Калифорнија, соопштија властите. Градоначалникот на Санта Круз изјави дека од невремето се урнало пристаниште во тој град, а три лица кои паднале во Тихиот Океан се спасени. Метеоролозите прогнозираат ветрови со ураганска сила и бранови високи до 18 метри од Калифорнија до северозападниот ...
Владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денес на дневен ред треба да ги донесе предлог-измените на Законот а заштита на децата според кој, за работа во градинките ќе биде потреба лиценца која ќе биде двојазична. На предлог на министерот Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади и Ѓоко Велковски, заменик на министерот за социјална политика, демографија и млади, се менуваат неколку членови од законот ...
Британскиот крал Чарлс избра необична локација за својата божиќна порака оваа година, одлучувајќи да ја испрати од капелата на поранешна болница, објавија денеска британските медиуми. Наместо некоја локација на кралскиот имот, Чарлс ја избра капелата Фицровија во центарот на Лондон, која некогаш и припаѓаше на сега урнатата болница Мидлсекс. Во своето божиќно обраќање, се очекува кралот да се фокусира на напорите на здравствените работници ...
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е хоспитализиран во Вашингтон откако разви треска, изјави неговиот главен помошник за Ен-би-си Њуз во понеделникот. Клинтон (78) беше примена во Универзитетската болница „Медстар Џорџтаун“ на тестирање и набљудување откако му се покачи температурата“, рече Анхел Урења, заменик шеф на кабинетот на Клинтон. „Тој е добро расположен и е благодарен за грижата што ја добива“, изјави Урења. Извор близок ...
Седумгодишно момче намерно предизвикало пожар во супермаркет во Братислава, при што е причинета материјална штета од повеќе од еден милион евра, соопшти денеска портпаролот на регионалната полиција Михал Сеиф. „Момчето намерно предизвикало пожар во ходникот со тоалетна хартија и пелени за бебиња. Поради неговото однесување, пожарот се проширил и на друга стока”, објаснил портпаролот по анализата на доказите, пренесе ТАСР. Нема повредени, иако ...
Бројни граѓани учествуваа на протестниот марш „За безбедно училиште“, кој започна во 18 часот во Загреб, за да укаже на важноста на безбедноста во училиштата по трагичниот настан што се случи во петокот во основното училиште Пречко. Како што информираат регионалните медиуми, најавен е и собир и палење свеќи пред сите училишта во Хрватска. Тие ги повикаа сите да им се придружат – родители, наставници, граѓани. „Сакаме да бидеме светлина на ...
Во центартот на Загреб вечерва се одржува протест со цел да се зголеми безбедноста во училиштата по нападот во петокот, кој што ја шокираше и згрози цела Хрватска. Во нападот беше убиено едно дете, а наставничка и неколку други деца беа тешко повреден. Протестот го организираат три училишни синдикати, кои ја поканија јавноста да им се придружи. „Јас сум мајка на четири деца, по професија учителка, го напуштив училиштето поради нерешлива ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп му испрати порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски да почне да размислува за порекин на огнот и напуштање на сите територии окупирани од руските војници, пишува шпанскиот весник „Ел Паис“. „Убаво е да се каже дека сакате да си ја вратите земјата, но градовите се главно уништени“, вели Трамп за состојбата во Украина. „Гледате дека во некои од овие градови нема ниту една куќа. Значи, ...
Луиџи Манџионе, осомничениот за убиство на извршниот директор на UnitedHealthcare, Брајан Томпсон, се изјасни за невин. Обвиненијата покренати од Окружното обвинителство на Менхетен против 26-годишниот Манџионе вклучуваат убиство и тероризам. Тој се соочува со смртна казна доколку биде осуден за убиство, како и доживотен затвор без можност за условно ослободување. Обвинителите се уште не одлучиле дали ќе бараат смртна казна. ...
Американскиот Стејт департмент ги повика Американците да ја напуштат Белорусија. На веб-страницата на министерството се наведува дека граѓаните на САД треба да се воздржат од патување во Белорусија, а оние кои веќе се таму „треба веднаш да ја напуштат земјата“. Меѓу наведените причини се поддршката на Белорусија за „Специјалната воена операција во Украина“, ризикот тие да завршат во затвор, можноста за граѓански немири и ограничената можност на ...
Кремљ денеска ги демантираше информациите на турските медиуми дека Асма ал Асад, сопругата на поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, која е родена во Британија, сака да се разведе и да ја напушти Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така ги отфрли извештаите на турските медиуми дека Асад бил затворен во Москва и дека му бил замрзнат имотот. „Не, тие не кореспондираат со реалноста“, одговори тој на прашањето за време на ...
Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ги преиначи казните на 37 од вкупно 40 осуденици на смрт. Според одлуката на 37 осуденици казната им е преиначена во доживотен затвор без можност за условно ослободување. Со тоа Бајден го осуети планот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за забрзување на темпото за извршување на смртните казни. Одлуката за помилување на еден претседател не може да биде поништена од неговиот наследник. ...
Најголем дел од производите во маркетите се намалени во рамки на акцијата „Новогодишна кошничка“ која ја спроведува Владата по предлог на бизнисот, но не се намалени и основните производи како зејтинот, шеќерот и јајцата, односно акцијата на Владата на предлог на бизнисот даде контраефект: најважните основни производи добија повисоки цени. Во неколку маркети во Скопје граѓаните ги споредуваа цените од производ до производ и коментираа дека не ...
Реал Мадрид славеше во дуелот со Севиља во 18. коло на шпанската Ла Лига, а стрелец и асистент на овој меч беше Килијан Мбапе кој изминатиот период беше на мета на критики. По мечот со Севиља францускиот напаѓач се „отвори“ и зборуваше за својата форма од доаѓањето во клубот од Мадрид. „Можам многу повеќе. Знам дека имам уште во нозете, играв подобро на последните натпревари. Мечот со Билбао ми дојде добро, го допрев дното, промашив пенал и ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера вети дека ќе го „запре трансродовото лудило“ на првиот ден од неговото претседателствување, додека републиканците, кои ќе ги контролираат двата дома на Конгресот и Белата куќа во новиот мандат, ќе го продолжат притисокот врз правата на ЛГБТК. ⚡️Trump announces plans to meet with Putin “as soon as possible” to end the war. “President Putin said he wants to meet with me quickly. We’re ...
Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да продолжи со испораките на гас за Запад, откри словачкиот премиер Роберт Фицо по средбата со рускиот лидер во Москва. – Рускиот претседател Владимир Путин ја потврди подготвеноста на Русија да продолжи со испораките на гас за Запад и Словачка, што е практично невозможно по 1 јануари 2025 година, со оглед на позицијата на украинскиот претседател – напиша Фицо на својата Фејсбук страница. Фицо, кој ...
Руската закана за Европа се протега надвор од одбраната и безбедноста, изјави вчера италијанскиот премиер Џорџа Мелони за време на меѓународниот состанок во Финска, додавајќи дека таа се однесува и на илегалната миграција и сајбер безбедноста. „Се работи за нашата демократија, за влијанието на нашето јавно мислење, за она што се случува во Африка, за суровините, за инструментализацијата на миграцијата. Мораме да знаеме дека тоа е многу широка ...
Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство од својот живот, објавија вчера турските и арапските медиуми, додавајќи дека наводно сака да се пресели во Лондон. Асма се обрати до рускиот суд и побара посебна дозвола да ја напушти Москва. Нејзината пријава моментално ја оценуваат руските власти. Асма е двојна британско-сириска државјанка која е родена и ...
Во германскиот град Бремерхавен, полицијата приведе маж кој во видео на ТикТок се заканувал дека ќе изврши криминални дејствија на локалниот божиќен пазар, јави ДПА. Полицијата успеала брзо да го идентификува мажот откако добила дојава за видеото на социјалните мрежи. Детали за неговиот идентитет и плановите за напад не се објавени. Информацијата дојде откако 50-годишен маж со својот автомобил влета во посетителите на божиќниот пазар во градот ...