
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Нерасположението на премиерот Кљусев со мојата работа, поддржано од еден број членови на владата, излезе на виделина на 17.6.1992. Тој ден, имено, премиерот направи нешто што веројатно е без преседан во парламентарната демократија: упати писмо до членовите на својата влада и, за нивно запознавање, до претседателот на републиката Глигоров и до претседателот на парламентот Андов. Во тоа писмо се изразува незадоволство со работата на Министерството ...
Пишува: Валентина ВУРМО Секогаш кога премиерот Христијан Мицкоски ќе се појави во јавноста и ќе најави дека наскоро, за неколку дена, или од понеделник ќе има голема „робусна акција“ и дека зад решетки ќе завршат сите оние што во минатото се огрешиле со законот, пред очи ми излегува една сцена од македонските народни приказни. Поточно, кога еден од царските поданици излегува сред село, со закачен барабан на вратот, и тропајќи, колку што му држат ...
Откажан е концертот на Владо Јаневски, кој требаше да се одржи на 27-ми декември во салата „Јане Сандански“ во Скопје. За истиот не е прецизиран нов датум, туку од Авaлон Продукција информираа дека ќе се одржи на пролет наредната година. Како причина за откажувањето, од продукцијата ја наведуваат здравствената состојба на пејачот, но и одредени технички проблеми. – Поради новонастаната здравствена состојба на Владо Јаневски, по која нема ...
Премиерот на Албанија – Еди Рама, денеска во Приштина на заедничката седница на парламентите на Косово и Албанија истакна дека Косово треба да го замрзне дијалогот со Србија и дека преку билатерален дијалог со Европската унија се залага за нормализирање на односите со Белград. „Во оваа клучна фаза за својот пат кон европската и евроатлантската интеграција, Косово мора да замрзне, да го прекине, како што велите, билатералниот дијалог со Србија ...
Претседателот на Франција, Емануел Макрон и оддаде почит на борбата на Жизел Пелико, еден ден по завршувањето за масовно силување во Авињон, во кое нејзиниот поранешен сопруг беше прогласен за виновен и осуден на 20 години затвор. – Благодарам Жизел Пелико. Во име на правдата, со крената глава се соочивте со судењето. За жените, кои секогаш ќе имаат пионер на кого ќе можат да се обратат и да се борат за неа. За сите нас, бидејќи вашето ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ во петокот упати сочувство до семејството на седумгодишното дете убиено во основно училиште во Загреб и до граѓаните на Хрватска. „Длабоко ме потресе веста за страшниот напад во основното училиште во Загреб. Во овие тешки и болни моменти нашите мисли се со семејствата на жртвите, сите повредени, како и со граѓаните на Хрватска – напиша Вучиќ на социјалната мрежа Х. „Република Србија изразува искрено ...
Влатко СТОЈАНОВСКИ Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој неодамна се најде на „црната листа“ на САД поради вмешаност во „значителна корупција“, како и поранешните директори на АД Државна лотарија и АД ЕСМ, Перпарим Бајрами и Васко Ковачевски, се уште не се достапни за органите на прогонот, откако беа осомничени во рамки на случаите познати како „Лотарија“ и „Адитив“, кои се однесуваат на незаконска набавка на апарати за коцкање, односно на ...
Српската турбо фолк ѕвезда Аца Лукас ќе одржи предновогодишен концерт во Скопје, во Арена Борис Трајковски на 25-ти декември, и на истиот ќе има само една музичка гостинка. Станува збор за неговата колешка, фолк пејачката Мира Шкориќ, со која неодамна промовираа нов дует, песната ,,Крик”. Нумерата е доста актуелна во регионот, а минатиот месец во гостување за српската телевизија Hype, двајцата порачаа дека се доживуваат како пријатели, а не како ...
Напаѓачот во училиштето во Загреб е 19-годишник, кој бил поранешен ученик на ова училиште и имал психички болести, изјави денеска министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ. Шокирани сме од овие настани. 19-годишен млад човек влегол во училиштето и со остар предмет ги нападнал наставничката и учениците. Едно дете починало, додека уште тројца повредени се испратени во медицински установи. Наставничката и напаѓачот се во болница и на сите лица ...
Ниту оваа Влада предодена од ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од изградбата на деценискиот проект, хидроцентралата Чебрен на Црна Река во Мариово, сега ќе се разгледува опцијата државата да биде доминантен сопственик на истата. Министерката за енергетика Сања Божиновска рече дека за овој проект на маса се седнати сите еминентни професори од различни области. Нова студија нема да се прави, ќе се искористат постојните, а планот е државата да биде ...
При денешните напади во Киев, погодена е и македонската амбасада, неофицијално дознава „Фокус“. Според нашите информации, целта на нападот била Агенцијата за разузнавање во Киев, но во тој напад била погодена и амбасадата. Причинета е само материјална штета, но за среќа нема повредени. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. Воедно, Министерството денеска ...
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека е шокиран од инцидентот во основното училиште во Пречко, во кој непознат напаѓач ги нападна наставничката и учениците од тоа училиште. – Згрозени сме од оваа голема трагедија. Таму моментално се министерот Божиновиќ и министерот Фукс. Полицијата се обидува да утврди што точно се случило. Имаме информации дека неколку ученици се лекувани во загрепските болници – изјави Пленковиќ на почетокот ...
Утрово напад со нож се случил во основно училиште во загрепската населба Пречко. Според првичните информации, напаѓачот наводно е малолетник, а повредени се вкупно седум лица – пет деца и двајца возрасни. ХРТ објави дека неофицијално дознава дека едно дете починало. Како што пренесуваат хрватските медиуми напаѓачот влегол со нож во училиштето и упаднал во првата училница на која наишол. Според извештаите, тоа било прво одделение, а не се знае ...
Лидерот на српската опозициска Партија на слободата и правдата и пратеник во парламентот на земјата, Драган Ѓилас, доцна синоќа е нападнат од група млади момчиња кои лепеле плакати против него на фасади од згради во Белград, пренесува Н1. Во инцидентот, исто така, е нападнат и повреден функционерот на партијата, Ѓорѓе Алексиќ, кој по нападот заедно со Ѓилас заминал во белградскиот Ургентен центар на лекарски прегледи во кои на двајцата им се ...
Пакетот закони од за основно и средно образование, како и законите за стручно образование и обука и за образование на возрасните и денес се на расправа во матичната собраниска комисија. Со предложениот закон за средното образование, средното образование се дефинира како институционално, кадровски и содржински организирано на начин кој овозможува образование за сите ученици во средното образование, вклучително и за деца/лица со странско ...
Луиџи Манџионе, осомничениот за убиството на извршниот директор на United Health Insurance, Брајан Томпсон, обвинет e и за федерално кривично дело – убиство и следење, покажуваат судските документи. Доколку тој биде обвинет за федерално кривично дело, тоа би значело дека обвинителството би можело да побара и смртна казна, која со децении е забранета во Њујорк, пренесува Гласот на Америка. Портпаролот на американското обвинителство на Менхетен ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, изјави дека преговорите за членство со Украина во ЕУ може да започнат веќе на почетокот на следната година. „Ако Украина продолжи со својата добра работа, можеме да го отвориме првиот кластер на преговарачки поглавја на почетокот на следната година, а потоа да продолжиме со другите“, рече Фон дер Лајен. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста најави дека Украина ќе добие 30 ...
Американски дипломати пристигнаа во Сирија за директно да разговараат со новите исламистички владетели, надевајќи се дека ќе поттикнат умерен и инклузивeн пат на земјата и ќе најдат траги за исчезнатите Американци, соопшти Стејт департментот. Тоа е првата официјална американска дипломатска мисија во Дамаск од раните денови на бруталната граѓанска војна што избувна во 2011 година и кулминираше овој месец со ненадејна офанзива која го собори ...
Технолошки дуел меѓу хиперсоничниот систем за лансирање ракети „Орешник“ и западните системи за противвоздушна одбрана може да се одржи не само во Киев, туку и на други места, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. „Можно е и на друго место“, му рече Путин на новинарот Павло Зарубин, одговарајќи на прашањето зошто за време на неговото годишно обраќање „Директна линија“ претходно денеска, предложи да се одржи технолошки дуел меѓу ...
Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт избраа потресна слика на семејството во Норфолк за да ја илустрираат својата божиќна честитка. Тие ја објавија нивната божиќна честитка по тешката година за кралското семејство. Принцот Вилијам ја опиша 2024 година како најтешката година во неговиот живот, откако неговата сопруга Кејт и неговиот татко, кралот Чарлс, се лекуваа од рак. Wishing everyone a very happy Christmas 🎄 pic.twitter.com/pL3t13sTlu — ...
Социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) повторно се соочува со оперативни проблеми, а голем број корисници ширум светот пријавуваат потешкотии. Сајтот DownDetector сними повеќе од 500 извештаи за само неколку минути, околу 19 часот, во врска со функционалноста на платформата, која е во сопственост на милијардерот Илон Маск. Корисниците се жалат дека апликацијата не се вчитува, без разлика кој интернет прелистувач го користат или колку пати се ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во телефонски разговор се согласиле дека руската војна против Украина „трае предолго“, соопшти денеска германската влада. „Неопходно е да се вклучиме што е можно побрзо на патот кон праведен, еднаков и траен мир“, рекоа двајцата официјални лица во разговорот, додаде германската влада. Германскиот канцелар Шолц потврди дека ќе продолжи да ја поддржува Украина во ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, 23 декември – го прогласи за ден на национална жалост за жртвите на циклонот „Чидо“, кој минатата недела го погоди францускиот остров Мајот во Индискиот Океан. „Ние сме еден народ. Прогласувам национална жалост за понеделник, 23 декември. Нашите знамиња ќе бидат на половина копје. Ги повикуваме сите француски граѓани да оддадат почит во 11 часот“, напиша Макрон на платформата Х. Макрон, кој ...
Рускиот претседател Владимир Путин повеќепати изјави дека Русија и Украина биле на работ да постигнат договор за прекин на непријателствата за време на разговорите во Истанбул во април 2022 година, но дека Украина се откажала од договорот кога руските трупи се повлекле од околината на Киев. Според извештаите, како и изјавите на Путин на денешната голема годишна прес-конференција, договорот за ставање крај на војната во Украина, наводно, ...
Во градот Пекос, Тексас, се случила страшна сообраќајна несреќа кога товарен воз налетал на камион со приколка додека ги минувал шините. Безбедносните камери го снимиле моментот на несреќата во која две лица загинаа, а најмалку четворица се повредени. BREAKING VIDEO: Train collides with a tractor-trailer in Pecos, Texas on Wednesday, leaving one dead and injuring four. The train derailed and hit the Chamber of Commerce building. Hazardous ...
Русија и нејзините сојузници ќе останат закана за Европа и по завршувањето на војната во Украина, изјави финскиот министер за одбрана Анти Хаканен. Финска дели повеќе од 1.300 километри долга граница со соседна Русија, која во моментов е затворена за сите патници бидејќи Хелсинки ја обвинува Москва за поттикнување илегална миграција во Европа, објави „Ројтерс“. Презентирајќи го прегледот на војската на оваа земја во северна Европа, Хаканен рече ...
Кина го гради најголемиот аеродром на светот кој некогаш бил изграден на вештачки остров, објавија денеска американските медиуми. Меѓународниот аеродром ќе се вика залив Џинжу, а ќе покрива остров од 20 квадратни километри со четири писти и патнички терминал од 900.000 квадратни метри, пренесува Си-Ен-Ен. Аеродромот ќе биде лоциран во Далиан, кој има 7,5 милиони жители. Аеродромските оператори имаат за цел да превезуваат 80 милиони патници и ...
„Дали позади сцената има политички договор за амнестија на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев или на фамилијата Заеви“ – ова прашање до актуелниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го упати политичкиот аналитичар Сефер Селими, кој притоа го потсети премиерот дека како опозиционер го обвинувал Вице Заев за вмешаност во криминал во РЕК Битола, а неодамнешната постапката допрела до ексдиректорот на ЕСМ Васко Ковачевски. ...
Извршниот директор на Мета – Марк Цукерберг, на социјалната мрежа Trades изјави дека е „тажно“ што неговата компанија не може да го претстави својот напредок во развојот на вештачката интелигенција (ВИ) во Европската унија. Мета е загрижена за регулаторната несигурност во Европската унија, особено Законот за дигитални пазари (DMA) и смета дека строгите европски правила за заштита на податоците. „Ги повикуваме европските регулатори брзо да ги ...
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија – Кирил Лазаров, го објави списокот на играчи, на кои ќе смета на Светското првенство, кое на почетокот на идната година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Германија. Македонија на Светското првенство, своите натпревари во Д-групата ќе ги игра во Вараждин, Хрватска. Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 15 јануари од 20.30 часот против Унгарија, два дена подоцна Македонија ќе игра ...