Токму за време на изведбата на хитот „Nema ljubavi u klubu“, публиката во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје го почувствува спротивното – Љубовта извираше буквално од секој стих, а публиката уживаше во потенцијалот кој дуото од српско Панчево ни го пренесе на дело – диско ритам и заразен рефрен од кој нема да останете рамнодушни, а така беше и синоќа. Буч Кесиди го „размрдаa“ МКЦ, па годините на подиумот беа само бројка – во такт со ...

Тивко, мирно, без премногу иформации, ниту претходна најава за неговата очигледно влошена состојба изминатиот период, засекогаш во легендите вчера замина Драган Б.Костиќ…човекот кој беше повеќе од музички новинар, водител и критичар, човекот кој беше повеќе од обичен интелектуалец и човек каков што Македонија немала, а прашање е дали некогаш повторно ќе има… Почина на 75 години, а зад себе остави непроценливо богатство кое треба да го негуваме… ...

На 20 декември 2025, со почеток од 19:30 часот во Филхармонија, скопскиот културен и музички живот ќе биде збогатен со едно ориентално, фолклорно, и емотивно патување изведено од моќниот вокал на македонската вокалистка Зарина Првасевда. Со концертот „Кадифено“, посетителите ќе бидат дел од длабоко мелодиско доживување исполнето со тивка магија и уникатни вокали што само редок талент може да ги изведе. Во толпата на еднолична и комерцијална ...

Кој можеше да помисли дека Рами Малек, актерот кој дотогаш беше познат по неколку филмови, за мене лично најмногу по серијата „Mr Robot“, ќе биде олицетворение и еден вид реинкарнација на за многумина и најголемата музичка легенда и најдобриот вокал воопшто – Фреди Меркјури? Веројатно никој, затоа што ниту самиот Малек не верувал дека некогаш ќе се најде во ваква улога. Како што рече и самиот Брајан Меј, гитаристот на групата „Queen“, Рами толку ...

Влатко Стефановски му го подари новиот албум „Лондонски сесии“ (London Sessions) на британскиот крал Чарлс Трети на приемот во палатата Сент Џејмс во Лондон, а тој на Милчо Манчевски му рекол дека сака да го гледа Пред дождот“. Стефановски, Манчевски, културната менаџерка и универзитетска професорка во Финска Виолета Симјановска, актерот Раде Шербеџија, менаџерот Логин Кочишки, коосновачот на студиото ФХ3Х Миливое Ѓорѓевиќ-Мишко беа меѓу гостите ...

„Макфест“ – фестивалот што четири децении ја испишува музичката историја на Македонија е основан на 18 октомври 1986 година, а овој фестивал стана повеќе од обичен музички настан кој секоја година се одржува во Штип… „Макфест претставува колективно сеќавање, саундтрак на цели генерации и сцена каде што песната никогаш не старее. Во 2025 година, фестивалот го одбележува јубилејот со три гала вечери – на 23, 24 и 25 октомври. Секоја вечер има ...

Приказната за тоа како славниот американски рокер Брус Спрингстин го снимил својот најдобар албум во спална соба, додека се борел со „демоните“, насловен „Springsteen: Deliver Me from Nowhere“, пристигна во кино салите во Скопје! Екранизацијата на дел од животот на Спрингстин можете да ја погледнете во „Синеплекс“, а доколку очекувате класичен, биографски филм, тогаш, веројатно ќе доживеете мало изненадување… „Springsteen: Deliver Me from ...

Човекот чие мото беше „ве сакам сите“ и знаеше само за искрена љубов и добрина, да не беше тој кобен 16 октомври 2007 година, сѐ уште ќе беше нашиот ангел кој нѐ направи бескрајно горди. Тоше, веќе полни 18 години не е меѓу нас, откако трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Хрватска во 2007 година, токму на денешен ден. Во текот на сите овие години, без големиот уметник и музичар, но и човек со големо срце, ние како народ се ...

Eден од најдобрите полски пијанисти, Анджеј Јагоѓински во четврток, на 16 октомври, во Националната опера и балет ќе го отвори годинашниот 44. Скопски џез фестивал (СЏФ). Јагоѓински првпат доаѓа во Скопје и во оваа прилика ќе настапи во формација трио, а ќе ги свири Бах и Шопен. Како што најави претходно на прес програмскиот дитректор на СЏФ, Оливер Белопета, првата вечер по Јагоѓински ќе свири и нашиот Национален џез оркестар со двајцата гости: ...

Бела ноќ е еден од најзначајните културни настани во Скопје – ноќ кога градот се претвора во голема уметничка сцена и ја отвора својата душа за уметноста. Оваа манифестација претставува симбол на културната отвореност и желбата на градот да ја приближи уметноста до сите граѓани и посетители. Во една ноќ, улиците, музеите, културните центри и скриените агли на Скопје оживуваат преку концерти, изложби, перформанси, книжевни читања и мултимедијални ...

Четвртото издание на МААЛСКИ ФЕСТИВАЛ 4.0 во главниот град, ќе се одржи од 25 до 27 септември 2025 година на повеќе локации во Општина Центар – Скопје и тоа во КСП Центар – Јадро, Парк на Франкофонија, Боемска 2 и Природонаучниот музеј. „Овогодинешното издание на фестивалот е во духот на солидарноста и соседството. И оваа година ве покануваме на МААЛСКИ ФЕСТИВАЛ за заеднички да ги запоседнеме маалските улици и да ги исполниме со убавина која ...

Во чест на еден од најважните музички автори на овие простори, неповторливиот Влада Дивљан и неговата „Невладина Организација“ го подготви големиот концерт насловен „Само една љубов имам“, кој по повод десетгодишнината од смртта на Влада, ќе се одржи во Скопје, на 17 ноември 2025 година, во Филхармонија. Владиниот бенд „Невладина Организација“ го предводат неговите долгогодишни пријатели и соработници Зденко Колар, Саша Шандоров, Борис Буњац и ...

Македонската пејачка Елена Васова е годинешната добитничка на наградата „Милан Младеновиќ“, која вечерва (недела, 21 септември) ја додели истоимената Задужбина во Макарска, во рамки на фестивалот „Модро и зелено“. Солистката Елена Васова, која е родена во 2000 година во Скопје и низ својот музички пат има поминато хорови, опери и концерти, во оваа конкуренција влезе со песната „Љубов“. Песната е правена заедно со Ненад Стефановски и Ади Имери, а ...

Здружението за култура, уметност и млади “АРТ ГЕНЕРАТОР” со делегирана надлежност од Општина Велес, поддржани и од Министерство за култура и туризам по четврти пат го организира Фестивалот на Џез, World и Современа музика. Програмата на фестивалот ќе биде распоредена во четири фестивалски денови од 25 до 28 септември и ќе се одвива во Театар Ј.Х.К. Џинот – Велес, на паркингот на театарот и на Спомен костурницата во Велес. И ова четврто издание ...

Концертот на Крсте Роџевски и Томика Рид ќе се одржи на 13 септември со почеток во 20:30 часот, во Македонската Филхармонија, нудејќи незаборавно музичко искуство за сите љубители на џез и експериментална музика. Музичката соработка меѓу Крсте Роџевски и Томика Рид започна пред десетина години, кога Рид свиреше виолончело на „Bitter Almonds“, вториот студиски албум на Роџевски. Подоцна, таа учествуваше и на синглот „Горно Дупени“, како и на ...

Една од најголемите поп-рок групи на овие простори, Бајага и Инструктори, откако минатата година одбележа величествени 40 години кариера, со неспоредлива енергија и жар продолжува со својата турнеја која ја носи на Get EXITed журката на 7 септември. Големиот градски парк во Струмица ќе ги собере љубителите на квалитетниот гитарски звук, кои едногласно ќе ги пеат едни од најголемите рокенрол химни што овој култен музички состав ги создаде во ...

Во македонскиот КИЦ во Белград по повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, ќе биде организиран свечен празничен концерт со еминентни македонски музички уметници и ликовна изложба со десетина современи македонски ликовни уметници. Во 19 часот,денеска ќе настапи Скопскиот дувачки квинтет во состав: Марија Јакимовска, флејта; Васил Атанасов, обоа; Ристо Ѓоревски, кларинет; Орце Ицковски, фагот и Александар Гошев, хорна. На ...

РИК Дејвис, фронтменот и ко-основач на Supertramp, почина на 81-годишна возраст. Музичарот почина во својот дом на Лонг Ајленд минатата недела „по долго боледување“, соопшти бендот во соопштение објавено во недела. На Дејвис, кој напиша и пееше хитови, вклучувајќи ги „Goodbye Stranger“ и „Bloody Well Right“, му беше дијагностициран мултипен миелом, рак центриран во коскената срцевина што влијае на белите крвни клетки, во 2015 година. Неговата ...

„Radiohead“ најави европска турнеја од 20 датуми во ноември и декември, што ќе бидат првите настапи во живо на рок-групата по седум години пауза. „Минатата година се собравме на проба, чисто од зезање. По седумгодишна пауза се чувствувавме навистина добро што повторно ги свириме песните и што можевме повторно да се поврземе со музичкиот идентитет што се вгнездил длабоко во сите нас петмина“, напиша тапанарот Филип Селвеј на Инстаграм. На ...

Една од најголемите поп-рок групи на овие простори, Бајага и Инструктори, откако минатата година одбележа величествени 40 години кариера, со неспоредлива енергија и жар продолжува со својата турнеја која ја носи на Get EXITed журката на 7 септември. Големиот градски парк во Струмица ќе ги собере љубителите на квалитетниот гитарски звук, кои едногласно ќе ги пеат едни од најголемите рокенрол химни што овој култен музички состав ги создаде во ...

На 5 септември (петок) со почеток во 14:00 часот, во Инфо-центарот на Националниот парк „Маврово“ ќе биде отворена патувачката изложба на фотографии од балканскиот рис, ретка и загрозена дива мачка која живее на територијата на Македонија, Албанија и Косово. Изложбата ја организира Македонското еколошко друштво (МЕД), со цел да го приближи овој мистичен и загрозен вид до пошироката јавност и да ја подигне свеста за неговата заштита. „Со оваа ...

По точно две години од првото спектакуларно издание во Битола, градот повторно ја има честа да биде домаќин на едно од најомилените музички случувања – MTV The Greatest Hits заедно со Битолски Камерен Оркестар IWConnect! Овој септември, Битола повторно ќе заживее во ритамот на најголемите хитови од 80-тите и 90-тите, овојпат со комплетно нови песни и свежи аранжмани кои ќе донесат уште поголема енергија и возбуда. „MTV The Greatest Hits“ е веќе ...

И оваа година, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“ повторно ја носи вистинската магија во Центар. Во сабота, 13 септември 2025 година, со почеток во 19:30 часот во Паркот на франкофонијата, скопјани ќе имаат можност да уживаат во настапите на најпознатите македонски изведувачи: Кристина Арнаудова, Викторија Лоба, Елена Ристеска Дарио со „Миг-21 и други… Вечерта ќе ја води Вера Јанковиќ. Неколку години, „Нешто што ќе остане“ е симбол на ...

На 5 септември во камерната сала на Филхармонија од 20 часот, концерт ќе одржи оркестарот „Ноу бордерс“ во кој членуваат музичари од поранешните југословенски републики. Концертот е во рамките на нивната регионална турнеја „Turning Point“. Од ансамблот, кој постои десет години, велат дека неговата цел е преку музиката да ги надмине етничките, религиозните и националните разлики. Во 2023 ја доби наградата „Шампион на регионална соработка“, која ...

На 7 септември (недела) во Ехлоец, село на падините на планината Стогово во близина на Кичево, ќе се одржи Echoes in the Wild, настан кој го поврзува филмот, музиката и младинската креативност во едно заедничко искуство на отворено Настанот ќе започне од 19 часот со филмска проекција во организација на EcoKult и Nightflix кои го отвораат настанот со идеја за заедничко доживување на интимноста на кино-искуството надвор од градските сали. По ...

Ретроспективна изложба за еден од најпознатите македонски архитекти Живко Поповски ќе се отвори на 3 септември во Музејот на современата уметност (МСУ) во Скопје во 20 часот. Изложбата насловена „Живот посветен на архитектурата“ претставува прва сеопфатна презентација на делото на Поповски (1934-2007) и се темели врз повеќегодишното истражување на професорките Анета Христова-Поповска и Мери Батакоја. Преkу ексклузивни материјали од приватната ...

Популарната пејачка Лејди Гага која ја продолжува својата доминација на овогодинешните „MTV Video Music Awards“, ќе настапи на шоуто кое ќе се одржи во Њујорк на 7 септември, објавија организаторите. Гага, која е добитничка на Греми награда, има најмногу номинации, дури 12, вклучувајќи ги и оние за пејачка на годината и за најдобар албум. Гага има долгогодишна историја со наградите, со вкупно 57 номинации во текот на нејзината кариера. Таа се ...

Од 16 до 19 октомври ќе се одржи новото издание на Скопскиот џез фестивал, а од 11 септември ќе бидат достапни и во продажба билетите за годинешното издание за еден од најзначајните фестивали на македонската културна сцена. На страницата на фестивалот веќе може да се најде целата програма со распоред по денови и часови, како и повеќе информации за фестивалот и изведувачите. Фестивалот има традиција од 44 години и континуирано придонесува за ...

На 4 септември со почеток во 20 часот во продажниот ликовен салон на Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје ќе се отвори изложбата на цртежи „Ликовни одрази: Линија, форма и простор“ од академскиот уметник Филип Перески. „Перески ликовно ги истражува бескрајните можности и начини со коишто инвентивно ги реконтекстуализира – линијата врз дводимензионалната површина и формата во тродимензионалниот простор. Неговиот цртеж и сликарство се ...

„Florence + The Machine“ најавија турнеја низ арените во Велика Британија и Европа во 2026 година, а на која ќе го промовираат нивниот претстоен албум „Everybody Scream“, кој треба да излезе на ноќта на вештерките, односно на 31 октомври, Лондонскиот бенд ќе ја започне турнејата на 6 февруари во „SSE Arena“ во Белфаст, по што ќе следи концерт во местото „bp pulse LIVE“ во Бирмингем на 8 февруари, а веќе следниот ден ќе настапат во „OVO Arena“ во ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
3.09
81%
1026
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
5.66
74%
1030
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
3.6
82%
1031
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
93%
1029
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
3.64
95%
1033
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
96%
1030
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1021
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1020
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
81%
1023
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -3ᴼ
5.14
78%
1033
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
76%
1031
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
9.26
93%
1023
Currency

61.555

Currency

52.283

Currency

70.5501

Currency

35.0597

Currency

38.2287

Currency

66.3052

Currency

7.43911

Currency

0.66185

Currency

0.33514

Currency

0.52514

Currency

1.22031

Currency

0.58206

Паладиум

54624.12

Калај

43.36

Иридиум

145787.60

Бакар

11.20

Алуминиум

2.96

Кобалт

58.42

Рутениум

29514.39

Родиум

265243.66

Цинк

3.06

Злато

144017.46

Сребро

2312.17

Платина

72468.23