
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Во делови на Хрватска денеска е во сила црвен метео аларм поради силно невреме на брегот и удари на ветер до 185 км/ч, јавува порталот 24сата. Црвено предупредување е активирано во Кварнер, каналот Велебит и подрачјето на Централна Далмација, каде се очекува силно невреме со ветрови со ураганска сила до 185 км/ч. Хрватскиот државен хидрометеоролошки завод, исто така, предупреди на можни штети по инфраструктурата и здравствени опасности од ...
Во бунт во затвор во главниот град на Мозамбик, Мапуто, загинаа 33 лица, 15 беа повредени, додека повеќе од 1.500 затвореници избегаа, изјави вчера началникот на полицијата на земјата Бернардино Рафаел. Во инцидентот од затворот избегале 1.534 затвореници, но 150 од нив биле повторно фатени, рече Рафаел. Мозамбик доживува ескалација на граѓански немири поврзани со спорните избори во октомври, кои го продолжија престојот на долгогодишната ...
Авион на „Азербејџан ерлајнс“ се урна рано во средата во казахстанскиот град Актау, при што загинаа 38 од 67 лица во „Ембраер 190“, соопштија официјални лица. Иако според официјалното соопштение на Росавијација, авионот паднал по судир со јато птици, се појавија сомнежи за таа теорија, особено откако се појавија видеа на кои се гледаат големи дупки во авионот, што доведе до шпекулации дека авионот можеби е погоден со противвоздушен оган. Еуроњуз ...
Претседателот на САД во заминување, Џо Бајден, ги повика Американците да размислуваат во тишина и да се обединат на Божиќ, а новоизбраниот претседател Доналд Трамп понуди празнична честитка и голем број политички фокусирани објави на социјалните мрежи, со кои двајцата политичари повторно ги покажаа своите разлики. Во видеото од обиколката на божиќните украси во Белата куќа на Бадник, објавено на Јутјуб, Бајден ги повикува Американците „да ја ...
Најмалку 33 лица загинаа, а 15 се повредени кога избувнаа немири во затвор во главниот град на Мозамбик, изјави денеска полицискиот командант Бернардино Рафаел. За време на инцидентот од затворот избегале 1.534 лица, но досега се фатени 150, изјави Рафаел, пренесе Ројтерс. Мозамбик моментално доживува ескалација на граѓански немири поврзани со спорните избори во октомври, кои ја проширија власта на партијата Фрелимо. Опозиционерите и нивните ...
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, вечерва говорејќи за протестите на опозицијата рече дека светските моќници сега треба да ја завршат валканата работа кај нас од три причини – затоа што сакаат да ја завршат работата на КиМ што поскоро, не можат да поднесат Србија да биде водечка сила во регионот, како и затоа што тој и Србија се спротивставија на гласањето за резолуцијата за Сребреница во ОН, објави Телеграф. „Што мислите, зошто им е ...
Најмалку 32 лица ја преживеале несреќата на авионот на Азербејџан ерлајнс, кој утрово се урна во близина на градот Актау во Казахстан, покажуваат новите податоци на казахстанските власти. Најмалку 29 преживеани, меѓу кои и две деца, се префрлени во блиската болница, а пронајдени се телата на четири жртви. Според прелиминарните информации, меѓу жртвите се и двајцата пилоти на авионот „Ембраер 190“ на пат од Баку кон Грозни, пишува „Гардијан“. На ...
Судот во Турција денеска ги осуди на 18 години и пет месеци затвор сопственикот и архитектот на хотелот „Исијас Гранд“, кој се урна во земјотресот во 2023 година, кога загинаа 72 лица. Сопственикот на хотелот Ахмет Бозкурт и неговиот архитект Ердем Јилмаз се осудени, додека синот на Бозкурт, Мехмет Фатих, е осуден на 17 години и четири месеци затвор, јави Би-Би-Си. Тројцата беа осудени за „предизвикување смрт или повреда на повеќе од едно лице ...
Папата Франциск денеска во божиќното обраќање повика на прекин на војните во Газа и Украина и изрази надеж дека мирот ќе се постигне со дијалог. Во своето традиционално обраќање од централниот балкон на базиликата Свети Петар во Рим, папата Франциск им се обрати на верниците собрани на истоимениот плоштад, повикувајќи на храброст да се отворат вратите за преговори за да се стави крај на војната во Украина, пренесува Ројтерс. „Нека се замолчи ...
Неколку десетици демонстранти одржаа протест пред американската амбасада во Панама поради изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека Америка треба повторно да го заземе Панамскиот канал доколку латиноамериканската земја не ја намали сумата што му ја наплатува на Вашингтон за минување на бродови. Насобраните пред американската амбасада во Панама Сити носеа транспаренти на кои пишуваше „Доналд Трамп, јавен непријател на ...
Кристијано Роналдо (39) ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот. Во блескавата кариера петкратниот освојувач на „Златната топка“ освои се што можеше да се освои со клубот, а со португалската репрезентација беше европски првак. Ја проби границата од 900 постигнати голови. Роналдо сака да стане првиот фудбалер во историјата кој постигнал 1.000 голови на официјални натпревари. Тоа е една цел. Вториот сон е оној ...
Карлос Корберан е новиот тренер на Валенсија, со која потпиша договор на две и пол години, објави шпанскиот прволигаш, моментално претпоследен на ВТА. „Карлос Корберан ќе биде нов тренер на Валенсија до 2027 година“, се вели во соопштението на Валенсија. Корберан го замени Рубен Бараха, кој беше отпуштен од Валенсија, тим втор од дното со 12 бода со само две победи од 17 натпревари. Корберан помина три години во Лидс Јунајтед како нивни менаџер ...
Денеска Русија изврши голем ракетен напад врз енергетската инфраструктура на Украина и погоди термоцентрала. Украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко изјави дека Русија повторно ја нападнала енергетската инфраструктура. Воздухопловните сили на Украина уништија неколку проектили истрелани кон областите Харков, Днепар и Полтава. „Операторот на електродистрибутивниот систем ги презема неопходните мерки за ограничување на потрошувачката ...
Министерство за вонредни ситуации на Казахстан соопшти дека несреќата ја преживеале 25 лица, од кои 22 се пренесени во болница. Според Министерството, загинале 42 лица. Службите за итни случаи известија дека соборениот авион е на азербејџанската авиокомпанија. Според државната агенција Казинформ, авионот летал од Баку за Грозни. Азербејџан ерлајнс објави дека Ембраер 190 летал од главниот град на Азербејџан, Баку до Грозни, главниот град на ...
Авион се урна во Казахстан, соопшти таму Министерството за вонредни ситуации. Според првичните информации, во авионот имало 67 патници и пет членови на екипажот. Another video of the plane crash shows black smoke emanating from the spot. According to RT, the Azerbaijan Airlines flight travelling from Baku to Grozny crashed after it requested for an emergency landing.#Kazakhstan #Aktau #PlaneCrash https://t.co/UOoL3Is5R0 ...
Најмалку едно лице загина, а седум се повредени во експлозија на гас во трговски центар во рускиот град Владикавказ, соопштија локалните служби за итни случаи. Интерфакс јавува дека експлозијата се случила на третиот кат од трговскиот центар додека вработените ги подготвувале продавниците за отворање. Експлозијата предизвика пожар, а во моментов околу 800 квадратни метри малопродажен простор е зафатен во пламен, вклучувајќи го и покривот на ...
Папата Франциск рече дека приказната за раѓањето на Исус како сиромашен син на дрводелец треба да инспирира надеж дека сите луѓе можат да имаат влијание врз светот, бидејќи понтифот во вторникот ги предводеше светските римокатолици на Божиќ. Франциск, прославувајќи го 12-тиот Божиќ на својот понтификат, водеше свечена бадникова миса во базиликата Свети Петар и ја отвори католичката света година 2025 година, за која Ватикан очекува следната ...
Руската полиција спречила атентат на неименуваниот директор на воено-индустриско претпријатие во Суб-Москва, соопшти денеска Федералната служба за безбедност (ФСБ). ФСБ планираниот атентат го означи како терористички чин, за што ги обвини украинските специјални служби, пренесува РИА Новости. Полицијата приведе седум руски државјани, меѓу кои и тројца малолетници, под сомнение дека планирале да го убијат неименуваниот директор со бомба од ...
„Фудбалот е тимска работа. Поединец не може сам. Имам визија и трпение и верувам во добриот тим околу себе. Заедно ќе успееме“, порача Масар Омерагиќ, кој беше избран за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија на Вонредно Собрание, откако неговиот претходник Мухамед Сејдини поднесе оставка со образложение дошол момент за промена во „Куќата на фудбалот“, која, случајно или не, дојде по промената на власта. –Рак-рана години наназад ...
На свечена седница на Советот на Општина Струмица, која се одржа завчера во големата сала на Домот на културата „Антон Панов“ беа доделени традиционални награди на заслужни граѓани и институции, кои со својата работа оставиле значителен печат во развојот и културниот живот на градот. Наградата за животно дело постхумно му припадна на легендарниот пејач Гоце Арнаудов, а ја прими неговата сопруга Силвија, која кажа дека Гоце бил дел од животот на ...
Апсолутна невистина е информацијата дека Општина Неготино исплатила неверојатна сума од 13.008 евра за настап на пејачката Бојана Скендеровски на општинската манифестација Неготинска вечер 2024. За спорната сума, која е наведена во анализата што вчера ја објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), а според која нашата општина го дала највисокиот хонорар во земјава за македонска пејачка, постои појаснување кое треба да го слушне широката ...
Бурни реакции во јавноста предизвика анализата изработена од Центарот за граѓански комуникации која беше објавена завчера, а според која македонските општини годишно од општинскиот буџет трошеле околу еден милион евра за изведувачи и забавувачи, ангажирани на општински манифестации. Големи пари, односно петоцифрени суми во евра се давале на регионалните пејачки и пејачи, додека пак македонските музичари добивале помали хонорари. Од Комората на ...
Влатко СТОЈАНОВСКИ Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираше дека по спроведена сеопфатна истражна постапка денеска до основниот кривичен суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против едно лице и обвинителен предлог против едно правно лице и 3 физички лица, во врска со изградбата на новиот културен дом во Тетово, каде треба да бидат сместени театар и библиотека. Како што велат од Обвинителството, ...
Се ближи божиќниот собир на британското кралско семејство во Сандрингем. Од минатиот месец се шпекулира со списокот на гости, како и кој од семејството ќе дојде на оваа церемонија. Принцот Вилијам рече дека овојпат ќе биде многу бучно: „Ќе бидеме во Норфолк, во Сандрингем. За Божиќ ќе бидеме 45 луѓе. Нема да биде тивко, ќе биде бучно“, рече тој. Се шпекулира дека покана добила и Лаура Лопес, ќерката на кралицата Камила од првиот брак со Ендрју ...
Премиерот на Србија – Милош Вучевиќ вечерва ја отфрли можноста за формирање преодна влада, откако вакво барање упатија повеќе претставници на опозицијата. „Нема преодна влада. Никогаш нема да им дадеме мандат да формираат влада без избори. Граѓаните ќе гласаат на избори“, напиша Вучевиќ на социјалната мрежа Х. Според него, кога е најтешко, тогаш се гледа кој е што, и тогаш СНС треба да покаже најголема одговорност. „Наше е да продолжиме да ...
Американски државјанин со руско потекло, кој веќе е во руски затвор поради наводно примање мито, доби уште една казна, сега 15 години затвор, наводно за шпионажа. Московскиот суд го обвини Џин Спектор за шпионажа во август 2023 година. Детали за случајот не беа објавени, судењето се одржа зад затворени врати. Покрај строгата затворска казна, судот изрече и парична казна од 14 милиони рубљи (134.000 евра), пишува Риа Новости. Американскиот Стејт ...
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека не е само норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд заслужен за лошите резултати на англискиот шампион во досегашниот дел од сезоната. Манчестер Сити претрпе 9 порази во последните 12 натпревари во сите натпреварувања. – Проблемот доаѓа од сите нас, а не од еден играч. Кога дававме голови во минатото, а Ерлинг беше најдобар стрелец, тоа беше и благодарение на тимот. Ерлинг ни е многу важен. Мора да ...
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо беше успешно опериран во Португалија. Турскиот великан во оваа прилика се огласи и го поддржа својот шеф на стручниот штаб. – Нашиот тренер Жозе Мурињо успешно го оперираше жолчното кесе во својата родна земја Португалија. На нашиот тренер кој е во многу добра здравствена состојба му посакуваме брзо закрепнување – стои во соопштението на клубот. View this post on Instagram A post shared by Fenerbahçe ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати Божиќна честитка. „По вторпат го славиме Божиќ на ист датум како едно големо семејство, една земја. По втор пат во модерната историја, Божиќ ги обединува сите Украинци. Без разлика дали лично или во мислите, ќе се поздравиме, ќе им се јавиме на родителите, ќе ги бакнеме децата, ќе ги гушкаме нашите најблиски и ќе се сеќаваме на оние кои ни се драги. Лице в лице, оддалеку или во нивните срца, ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе му наложи на своето Министерство за правда „енергично да продолжи“ со смртната казна за да ги заштити Американците од „насилни силувачи, убијци и чудовишта“ кога ќе ја преземе функцијата на 20 јануари. Изјавата на Трамп на платформата „Трут соушал“ беше одговор на изјавата на претседателот Џо Бајден во понеделникот дека ги ублажил казните на 37 од 40 осуденици на смрт, ...