
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Ноќеска состојбата во ЈП Комунална хигиена била тензична. Имено, полицијата била повикана во претпријатието со цел вработените да излезат на терен да работат, јавува ТВ21. Вработените во петокот пред полноќ прекинале со работа, и се жалат на отпуштањето на голем број вработени и деградадирање од страна на актуелните раководители на претпријатието Тие бараат подобри услови, но и повисоки плати. Сепак, според директорката Косана Мазнева штрајк не ...
Директорката на Комунална хигиена, Косана Мазнева синоќа со полиција стигна во дирекцијата на Јавното претпријатие, барајќи прекин на бојкотот на вработените, додека тие и порачаа да им ги покачи платите и да ги врати вработените. Ова се случува откако таа не им го продолжи договорот на стотина лица, за кои тврди дека 20 години земале плата, а не оделе на работа. Таа вчера кажа и дека од нив добивала закани по живот. Обвини дека оваа група им се ...
Aна Николиќ во текот на минатата недела често беше тема на медиумите, а сето тоа поради конфликтот со нејзиниот менаџер Саша Мирковиќ. Се започна кога Ана на Инстаграм рече тој не е прав маж, по што Мирковиќ објави приватно видео на кое таа бара помош за проблем со кожата. По неколку дена Николиќ замина во село од каде објави фотографии. Таа сподели слика на која позира на трактор во елегантно издание и покажа дека знае да се носи и дома, на ...
Најавите од пред неколку недели добија потврда. Давид де Хеа си заминува од Манчестер Јунајтед, бидејќи не успеа да ги договори условите за новиот договор. На Де Хеа му беше понудена шанса повторно да потпише за „ѓаволите“ со значително помала плата, но тој потврди дека наместо тоа ќе си замине од „Олд Трафорд“. „Би сакал да ја изразам мојата непоколеблива благодарност и благодарност за љубовта од последните дванаесет години. Постигнавме многу ...
Француската мегаѕвезда Килијан Мбапе доби ултиматум од ПСЖ да потпише нов договор до крајот на јули или ќе биде продаден ова лето. Реал Мадрид е неговата дамнешна желба за нова дестинација, но медиумите на Островот откриваат дека тој не би имал ништо против да заигра и за Арсенал. Британскиот „Индепендент“ објави дека Мбапе го претпочита Арсенал од англиските клубови, иако понуда се подготвува да испрати и Ливерпул. Пари Сен Жермен за него ќе ...
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази разбирање за тековните дебати во САД за вооружување на Украина со касетни бомби против Русија. Соочени сме со брутална војна, рече тој, истакнувајќи дека двете страни користат касетни бомби. Сепак, Столтенберг истакна дека Украина користи касетна муниција само во одбрана. Русија користи касетна муниција за да нападне, да ја нападне Украина. Украина користи касетна муниција за да се заштити ...
Германската разузнавачка служба слушала додека Евгениј Пригожин преговарал со белорускиот лидер Александар Лукашенко, во име на рускиот претседател Владимир Путин, за да го запре маршот на „Вагнер“ групата кон Москва, јавуваат германските медиуми. Заедничката истрага на германските јавни радиодифузни куќи НДР и ВДР тврди дека разузнавачката служба на земјата (БНД) знаела повеќе за разговорите на „Вагнер“ отколку што беше првично објавено, ...
„Имаме добра вест за жителите на Битола, изградбата на новиот мост на реката Драгор, кај местото викано Довлеџик се финализира, со што конечно ќе се реши големиот проблем кој се јавуваше со стариот мост“, изјави заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. Вицепремиерот Битиќи кој престојува во Пелагонискиот Регион каде посетува компании поддржани преку Законот ...
Чест и задоволство е да бидам дел од овој настан што се случува денеска во Штип. Како што кажа и градоначалникот, ова е одлична можност и за штипјани, но и за луѓето од регионот да можат дел од своето слободно време да го поминат овде во оваа сала, да изгледаат проекција на некој филм кој е современ, кој ќе им причинува задоволство, порача од Штип претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Можам да кажам дека, овде во Штип се случува ...
Соопштение за јавност „СДММ како подмладок на СДСМ е вклучена во сите државнички процеси, тоа е несомнено. Но периодот пред нас е исклучително важен токму заради иднината на младите и повикува на одговорност од сите. Бидете активни чинители, активни учесници за иднината на оваа земја, на нашата иднина. Бидете глас на напредокот, прогресот и позитивните промени“. Со овие зборови претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска во Охрид им се ...
Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Овие денови случјот Феникс уште еднаш го потврди криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014, но го потврди и вистинското лице на Христијан Мицкоски. Мицкоски го брани криминалот на ДПМНЕ и се става над законите, над Уставот. Со неговите изјави Мицкоски застана против уставниот поредок на државата, против демократското општество кое значи независност ...
Италијанскиот новинар Карло Алвино жестоко распали по италијанските медиуми и „стручната јавност“ откако се возбудија од бомбастичното засилување на Интер, Давиде Фратези, потенцирајќи дека десетмина како него едвај прават еден Елиф Елмас. Македонскиот дијамант кој веќе четири години е во Наполи, а изминатава историска сезона за првото „скудето“ по 33 години учествуваше со шест гола и три асистенции, според Алвино е толку потценет, а ...
– Повеќе од 25 семејни дестилерии со повеќе од 50 етикети квалитена ракија, вињак, ликер ќе се претстават на првиот „Ракија базар“ што во организација на здружението „Македонски дестилерии“ вечерва ќе се одржи на малиот плоштад кај Долна Порта во Охрид. Сите излагачи- дестилерии се регистрирани во регистерот на производители, а со оглед на тоа што голем дел од дестилериите се и регистрирани семејни винарии предвидена е дегустација и на вина. ...
Кремите со заштитен фактор ја штитат кожата од UV зраците, но за жал не можат во целост да ја заштитат. Особено не онаа почувствителната кожа. Кај неа со најмало појавување на сонце може да дојде до црвенило, флеки, предвремено стареење… Кога зборуваме за изложување на сонце, не мислиме само кога лежите на плажа и се сончате. Во овие денови на изолација, често излегувате барем во дворот или на тераса да “ве фати сонце“. Ако сте од оние кои имаат ...
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата повеќе нема да се среќаваат со власта на билатерална основа, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Штип, при што посочи дека таквата одлука е донесена едногласно на Извршниот комитет на партијата. – Комуникација со власта немаме, оваа недела имавме седница на Извршниот Комитет на партијата и донесовме едногласна одлука дека како ВМРО-ДПМНЕ ги ...
Овен Денес ќе имате помирен ден од обично. Сега е време за грижа за самите себе. Љубовниот живот почнува да ви изгледа како воено поле. Има некоја жестока борба за превласт и моќ. Не носете избрзани заклучоци и дадете си време двајцата да се смирите. Бик Имате конкретни идеи и среќата е на ваша страна. Денес ќе остварите сè што ќе замислите. Имате контрола врз текот на настаните и пријателите учат од вас како се држат конците во животот. ...
Станислас Вавринка два сета не беше ниту блиску до нивото на Новак Ѓоковиќ и за нешто повеќе од еден час игра на семафорот стоеше 2:0, но дури откако губеше со 6:3 и 6:1, искусниот Швајцарец успеа да го пронајде својот најдобар тенис. Популарниот Стен понуди добра битка во третиот сет и се избори за тајбрејк, но иако поведе во овој дел од играта со 5:3, Ноле со четири поени во низа го заврши мечот. Ѓоковиќ беше побрз од „полицискиот час“ во ...
Малме е избран за град-домаќин на 68. издание на Евровизија, што следува по победата на Швеѓанката Лорин оваа година во Ливерпул. „Јужниот крајбрежен град доби предност во однос на Стокхолм по разговорите со повеќе градови“, кажаа организаторите. „Малме арена“ ќе биде местото каде што ќе се одржат полуфиналните вечери на 7 и 9 мај, додека финалето е на 11 мај. Третиот по големина град во Шведска беше домаќин на Евровизија и во 1992 и 2013 ...
МВР информира дека вчера во 10.50 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(73) од Скопје, постапувајќи по пријава според која на 05.07.2023 околу 17.30 часот на подрачјето на Карпош, додека малолетничка седела во нејзиниот двор со две другарки, тој во соседниот двор од неговата куќа се соблекол и недолично се однесувал пред нив. По целосно документирање на ...
Во Вишото јавно обвинителство во Белград е сослушан Огњен Д.(38), осомничен за тешкото убиство на 18-годишната Ноа миливојев. Огњен Д. се товари за кривично дело тешко убиство за кое се казнува доживотен затвор, се вели во соопштението на обвинителството. Во текот на рочиштето, осомничениот се бранел со молчење, односно го искористил законското право да не изнесува одбрана. Обвинителството му предложи на судијата за претходна постапка на Вишиот ...
Голем пожар изби утрово на подрачјето на Голема Лавра, во шумовитиот дел на Света Гора по што веднаш беше почната акција за гаснење на огнот. Четири канадери и еден хеликоптер учествуваат во акцијата за гаснење на пожарот, објави грчкиот дневен весник Катимерини. Во борбата со огнот се вклучени и 11 противпожарни возила со 43 пожарникари за кои дополнителен проблем е силниот ветар. Локален претставник изјави дека пожарот е активен во непристапен ...
Истражете ги знаците и наводите за корупција за проектот за Коридорите 8 и 10 и ако истрагата утврди корупција, нека ја гони, изјави амбасадорката на САД Ангела Агелер за весникот „Капитал“ Сум кажала претходно и ќе повторам, ако има знаци или наводи за корупција, истражете ги. Доколку истрагата утврди корупција, нека ја гони. Мора да има одговорност за секого, секаде. Во исто време, преголемата политизација на нештата понекогаш може да биде ...
Летото е синоним за одмор, долги седенки и закуски надвор навечер, но според многумина, тоа е и сезона на едно од најдосадните суштества нa светот – комарците. Затоа, синџирoт ресторани „Пица пица“ (Pizza Pizza) со седиште во Торонто, Онтарио, Канада, осмисли пица „против комарци“… Важно за напоменување – „Buzz Off Pizza“ не е зачинета со средства против инсекти. Но, за вкусот ќе мора да се има добро извежбан стомак, пишува „Нови лист“. – ...
Неколку десетици илјади луѓе се собраа во шпанскиот град Памплона на годинашниот фестивал „Сан Фермин“ што почна вчера, каде што се одржуваат трките на луѓе со бикови. Фестивалот ќе трае до 15 јули. Облечени во бели панталони и бели кошули, со црвен појас и шал околу вратот, учесниците од утрово пеат, се веселат и пијат вино. На утринската трка низ тесните улички луѓето во секој од деветте дена, трчаат пред шест бикови, а попладне матадорите ги ...
– Енико Есењи, актерка и режисерка од Унгарија, синоќа во Сарајот во Ресен ја доби наградата за животно дело „Актер на Европа“ за 2023 година, која традиционално ја доделува истоимениот интернационален театарски фестивал. Есењи, носителка на унгарски престижни државни награди и на Орден за заслуги на Република Унгарија, актерка која одиграла бројни главни улоги во драмски дела меѓу кои Лејди Ен, Лејди Магбет, Клеопатра, Росалинда, Нора во ...
Македонскиот репрезентативец, Филип Талески по три години повторно ќе игра надвор од нашите граници и тоа во една од најдобрите екипи од Португалија, тимот на Бенфика. Талески одлучи дека е време за разделба со Вардар 1961 и од понудите што ги имаше на маса реши да ја избере онаа од Лисабон, клуб за кој во минатото настапуваа Борко Ристовски и Никола Митревски. -Ова е голем клуб и голем град. Зборував со моите колеги Ристовски и Митревски, ми ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години го забележа и вториот пораз на Европското првенство. Откако вчера подобри од „црвено-жолтите“ девојки беа Црногорките, денеска очекувано избраничките на Јулијана Дамчевска беа поразени од еден од најголемите фаворити за титулата Данска (27-39). Данска беше голем фаворит во овој меч, поразот не беше изненадување. Македонија само во првите десетина минути беше рамноправна кога резултатот ...
Набљудувачката мисија на Обединети нации за човекови права соопшти дека од почетокот на руската инвазија загинале 9.000 цивили, од кои 500 деца. ОН стравуваат дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем. Денеска одбележуваме уште една страшна пресвртница во војната, која продолжува да нанесува страшни жртви врз украинските цивили, посочи заменик-шефот на Мисијата на ОН во Украина, Ноел Калхун Набљудувачката мисија на ОН за човекови ...
Проблемот со Слупчане е надминат. Екипи на ЕВН ќе направат увид, кој не ги плаќал сметките ќе мора да ги плати, бидејќи никој не е должен на некој друг да му плаќа електрична енергија, вели премиерот Димитар Ковачевски. Тој одговарајќи на новинарско прашање посочи дека не станува збор за немање контрола од страна на државните институции, туку се работи за спроведување на работата на ЕВН која е приватна компанија. -Не се работи за достапност на ...
Што ни отрки министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во синоќешниот настап во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија – Америка или нов скандал на власта?! Звучи малку и неверојатно, зашто Америка не може да ни ја открие, оти веќе и врапците знаат дека со уставните измени, покрај Бугарите, во Уставот треба да влезат уште и Хрватите, Црногорците, Евреите…, пишува „ПресингТВ“. Но, звучи навистина скандалозно кога министер во ...