
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за утврдување на уставноста на Упатството за водење на матични книги поради непочитување на уставно пропишаниот рок од седум дена за негово објавување во Службен весник. Исто така Уставниот суд донесе времена мерка за неиздавање на овие документи. На денешната седница во делот на јавноста присуствуваше и министерот за правда Кренар Лога кој Упатството го потпишал на 29 мај, а во Службен весник е ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет за истрагата за продажбата на трговскиот центар Соријавија, за која се вели дека внукот на Али Ахмети, Дрини, добил над 39 отсто од акциите без да инвестираат ниту цент. Обвинителството во ексклузивен одговор за Алсат вели дека го отворило случајот за истрага по гласовите во јавноста. „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(31) од Крива Паланка, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста и сообраќајот“. Пријавениот на 08.05.2023 кај место викано „Осички Мост“ на ул. „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, од улица отстранил сообраќаен знак со што ја загрозил безбедноста на сообраќајот, а потоа, употребувајќи го сообраќајниот знак, на раскрсница на магистрален пат од Крива ...
Полицијата разби група која во државава криумчарела луксузни возила, а дел од нив биле крадени и се воделе постапки во други држави. Во акцијата се приведени 18 луѓе, а по двајца уште се трага. меѓу приведените има и припадници на МВР. Според соопштението од обвинителството, поведена е истрага против осум луѓе за продолжени кривични дела – криумчарење, прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, компјутерски фалсификат и ...
Министре Шаќири, Државен испитен центар, На инфлација од 14% во земјата вие сте ја покачиле цената за приговори на матурантите од 1500 денари на 2500 денари. Не мислите дека сте претерале? Со оглед на тоа дека матуранти се жалат и за грешки во пресметување на перцентилите и имаат право на увид на резултатите, би било ЧОВЕЧКИ да помислите на висината на надоместокот. Два предмети по 2500 денари се 5000 денари, повеќе од една четвртина од ...
Цените на становите во Скопје во вториот квартал годинава бележат раст од 1,6 проценти на квартално, а од 12,9 проценти на годишно ниво, објави денеска Народната банка. Во првиот квартал годинава цените на становите забалежаа раст од 18,8 проценти на годишно ниво, а од 1,3 отсто на квартално ниво. Во првиот квартал лани недвижностите поскапеа за 12,4 отсто на годишно ниво, по што следеше раст, од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во ...
Во знак на отпочнување на серија на настани под името „Остави трага“ која се однесува на млади лица, а ќе ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи заедно со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ ќе се одржи мултимедијален ...
На посебна церемонија, денеска Вимблдон му оддаде признание на Роџер Федерер кој неодамна објави крај на кариерата, а со осум титули е најтрофеен играч на овој турнир. Евидентна беше еуфоријата кај присутните на Централниот терен, но особено внимание предизвика најавата на Рафаел Надал кој го прогласи Федерер за најдобар тенисер во историјата. „Тој секогаш се бори неверојатно. Најдобриот играч во историјата – Роџер Федерер“, рече Надал. Ова ги ...
По повод 10 годишнината од возобновувањето на Камерниот оркестар на Битола во Центарот за култура се одржа Свечената Академија.Камерниот оркестар постои повеќе од 4 децении, на почетокот бил воден од ентузијасти кои што ја негувале љубовта кон музиката и успеале да го формираат оркестарот кој што полека развивајќи се низ годините, денес е веќе многу добропознат бренд низ целиот Балкан. По неколку години пауза, во 2013 година се роди идејата за ...
Цените на становите во Скопје во вториот квартал годинава бележат раст од 1,6 проценти на квартално, а од 12,9 проценти на годишно ниво, објави денеска Народната банка. Во првиот квартал годинава цените на становите забалежаа раст од 18,8 проценти на годишно ниво, а од 1,3 отсто на квартално ниво. Во првиот квартал лани недвижностите поскапеа за 12,4 отсто на годишно ниво, по што следеше раст, од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во ...
Русија ја доби организацијата во ноември 2021 година, но сега ѝ е одземена поради воената состојба во која се наоѓа регионот. Сега европската куќа на ракометот бара нов домаќин на континенталниот собир во 2026 година, каде ќе играат 24 селекции. Руските љубители на ракометот ќе останат ускратени за можноста да ги гледаат најдобрите ракометарки во Европа и ќе мора да почекаат друга прилика. ЕП 2024 година ќе се одржи во Унгарија, Австрија и ...
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) од Скопје го објави конкурсот за запишување на студенти на прв циклус студии во учебната 2023/2024 година. За претстојната академска година на факултетите на првиот и најголем универзитет во земјава има 10.473 слободни места. Годинава најмногу слободни места има на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) – вкупно 1.150 слободни места, потоа следуваат: Правен факултет ...
Речиси секоја сезона охридските угостители се мета на незадоволни гости кои на социјалните мрежи објавуваат фотографии од фискални сметки со високи цени за наплатени услуги и производи. Колку тие статуси навистина ја отсликуваат реалната состојба за тоа дали и колку е Охрид скап за туристите, е предмет на дискусии и расправии, поделени мислења, лични ставови, споделени непријатни искуства. Најмногу разлики во ставовите има на релација угостители ...
Францускиот претседател Емануел Макрон разгледува блокирање на интернетските медиуми во справувањето со натамошните безредија во Франција. Би било неопходно да се размисли како младите, коишто протестуваат, ги користат социјалните мрежи и за можните забрани, изјавил во вторникот францускиот претседател Емануел Макрон на средбата со градоначалниците во Елисејскиот дворец. „А доколку работите излезат од под контрола, можеби ќе морате да се ставите ...
Изјава на Драган Ковачки: Почитувани, Владата на Ковачевски и институциите под негова контрола наместо да молчат, да кажат дали е платен данок за промет на Соравија и како е извршена трансакцијата? Дали внукот на Ахмети покрај тоа што не платил ниту денар за Соравија, не платил ниту денар на име данок на промет? Според тоа што го објавија медиумите во нивни истражувања не е евидентирана никаква трансакција во Македонија? Оттука Ахмети треба да ...
Од партијата на власт оценуваат дека случајот Феникс, уште еднаш го потврди вистинско, криминално лице на ДПМНЕ. Според СДСМ, 15 лица, меѓу кои и поранешни највисоки функционери на ДПМНЕ се осомничени дека злоупотребиле 57 милиони евра пари на граѓаните за 11 споменици од Скопје 2014. „Скопје 2014 е ултра криминал на ДПМНЕ каде преку различни шеми врз грбот на граѓаните се перени пари кои завршувале во џебовите на неколкумина од Белата палата. ...
– Возач уби шест лица со автомобил во Тел Авив, по наводен напад со нож – изјави портпаролот на израелската полиција, нарекувајќи го инцидентот терористички чин. Израелскиот весник Хаарец пишува дека напаѓачот бил убиен од цивил кој случајно се нашол таму. Тој, наводно, со својот автомобил влетал луѓе, излегол од возилото и една жртва избодел со нож во вратот, а потоа бил застрелан. Ројтерс јавува дека осомничениот напаѓач е Палестинец од ...
Овен Поодлучни сте од кога било да ги исполните дадените ветувања и на крај ќе бидете горди на себе и своите постапки. На моменти размислувате со студена глава, но на моменти сакате да се впуштите во жестока дебата. Размислете со кој дебатирате и дали заслужува внимание. Имате потреба на партнерот да му ја покажете најдобрата верзија од себе. Ќе ја добиете заслужената награда. Бик Ќе бидете инспирирани да зборувате за своите уверувања отворено. ...
Нил Агарвал го запознавме како автор на забавни веб-проекти, како оној што ги проценува последиците од ударот на астероид или други игри и услуги првенствено наменети за „убивање“ на времето. Неговиот последен проект, лансиран оваа недела, повторно привлече големо внимание. Тоа е мала веб-игра наречена The Password Game, во која Агарвал ги исмева премногу сложените правила за создавање комплицирани лозинки. Играта е во основа многу едноставна: ...
Објавена е винопедиа, онлајн винска карта со винарии низ Македонија која овозможува посебно да се прикажат малите семејни винарии од останатите комерцијални винарии. Винопедиа е првата македонска винска енциклопедија и винска географска карта. Квалитетот и сигурноста на објавените информации е обезбедена со поддршка и соработка со УКИМ Факултетот за земјоделски науки и храна – 75 Години ФЗНХ, Катедра за лозарство и винарство и Институтот за ...
Сопственикот на ПВК „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој изврши неуспешен обид за државен удар во Русија, веројатно се подготвува за одмазда и планира нов напад врз Москва, но сега од територијата на Белорусија, што ќе биде полесно. Според руските пропагандисти “готвачот на Путин” низ пораката “Можеме повторно“ му се заканувајќи на светот со нова војна. Сепак, неговиот втор обид не е прашање на блиска, па дури и среднорочна перспектива. Прво, Пригожин ...
Во трговијата на мало во мај годинава во споредба со мај лани е евидентиран пад и на реалната и на номиналната стапка во групата Трговија на мало со автомобилски горива, номинално за 24, 9 проценти, а реално за 13,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Податоците на ДЗС покажуваат зголемување на прометот кај номиналните и реалните стапки во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 17,9 проценти, а реално за 5 ...
Министерството за транспорт и врски од државниот буџет му исплати на Јавното претпријатие за државни патишта уште 53,33 милиони евра, пари кои потоа ќе одат на сметката на конзорциумот Бехтел и Енка за изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10 д, пишува Фактор.мк. На 23 јуни на наменската сметка на ЈПДП легнале 3,28 милијарди денари. Ова е втора трансакција наменета за потребите на изведувачот, откако на 26 април беа исплатени 7.254.000.000 ...
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2023 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 јули 2023 година. Со цел да се ...
Армискиот воздухопловен ВИНГ под команда за операции и Планинската спасителна служба, утре, (среда 05.07.2023г.) организираат отворен ден во периодот од 10:00 до 14:00ч. во кругот на Центарот за обука на вода во каналот Студенчишта (веднаш до мостот на каналот) за заедничко дружење и презентација на дел од воздухопловите, армиската опрема и опремата за спасување на планина и тешко пристапни терени. Отворениот ден се организира со цел промоција ...
Додека голем дел од јавноста очекува истраги дури и можен притвор за Рамиз Мерко, Ратко Капушевски, АртанГруби, Дрин Мехмети и други лица за кои има сериозни индиции за незаконско работење власта со политичкимотивирани одлуки на судовите повторно го апси Миле Јанакиески, анализира „Експрес.мк’ Јанакиески кој веќе 4,8 години е во притвортокму денеска кога Дрин Ахмети сам побара истрага за Соравија, доби потврда од Апелација дека е правосилно ...
Власта го кочи развојот на Општината, само заради тоа што градоначалникот е од друга политичка партија, но и покрај се за година ипол реализиравме повеќе проекти и по број и по финансиски обем од прерходните градоначалници на СДС за цел четиригодишен мандат“, изјави Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа. Тој додаде дека нема никаква причина да не добие Општина Штип ...
Илјадници Палестинци го напуштија бегалскиот камп Џенин додека Израел ја продолжува својата воена операција на Западниот Брег. Палестинските власти соопштија дека загинале десет Палестинци, а околу 100 се ранети. Израелската армија објави дека нејзина цел била „терористичката инфраструктура во областа Џенин“. Палестинскиот премиер Мохамад Штаје рече дека „херојскиот логор Џенин се спротивставува на окупацијата и инвазијата“. Израелските власти ...
Општина Маврово и Ростуше информираше дека во Владата на Република Македонија, во присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска се одржала координација за искористување на одобрените средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2023 година. Со оваа програма Општина Маврово и Ростуше добила проект за реконструкција на стара училишна зграда во село Тресонче, родното село на ...
Во тек е инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на Универзитетската клиника за гинекологија каде во неделата родилка се обиде да си го одземе животот. – Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба. По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана, се наведува во соопштението од Министерството за здравство. Информацијата за МИА ја потврди ...