
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е докажан и искрен пратнер на земјоделците. Мерките што како министерство ги креираме се во директна консултација и разговори со земјоделците и подсектроските групи во министерството. Токму во разговорите со подсекторската група за жито беа нотирани три барања од земјоделците, поддршка за јачменот и пченицата, како и барање за откуп на домшаните количини за потребите на стоковите ...
Претседателот на „Соларис“ Коста Хиохи најави поразличен концепт од претходната година, а покрај покрај спортските активности променета е и локцијата на централната манифестација. – Причината за тоа е што двете села, кои беа вклучени како попатна и финална станица се веќе зафатени со манифестации и прослави. Во селото Ташмаруништа има прослава по повод Илинденското востание, а селото Глобочица го слави патронот Свети Илија. Од друга страна, ...
Две жени и една малолетна девојка вчера доживеале физичко и ментално насилство од нивните партнери. Прво 31-годишна жителка на гостиварско село во 13 часот во СВР Тетово пријавила дека Е.М.(48) од друго гостиварско село, со кого била во љубовна врска, на трети овој месец на локален пат кон селото физички ја нападнал. Од полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на овој случај. Околу 22:30 часот, 35-годишна жителка на ...
Полицијата останува да помага во затворот „Идризово“, кој сè уште е во кризна состојба по неколкуте скандали и бунтови на затворениците. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање денес по посетата на полицискиот центар за обука во близина на затворот, се пофали дека откако полицијата ги чува влезовите, намален е бројот на разбојништва и на бегства од затворот. Таму работиме заедно според оперативен план ...
Преговорите на претставниците на синдикалните организации и Владата денеска завршија со успешен исход. Од септември ќе добијат зголемување на платите од 10 проценти, исплата на К-15 до крајот на годината, а новата методологија која ќе почне да се применува од март 2025 година, ќе овозможи системско решение за усогласување на платите и ќе го осамости процесот на усогласувањето на платите од влијанието на која било влада во иднина. Ако имаме во ...
Комисија на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија изврши вонреден надзор над работата на Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во сите заведени предмети против лицето Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, како и во предметите поврзани со работата на Општина Струга во периодот кога тој ја вршел функцијата ...
Штрајкувачите бараат усогласувањето на минималната плата со Колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието, како и кршење на правата од работен однос и безбедност и здравје при работа. Утрово во 4.30 околу триесетина членови на четвртиот синдикат Спајс во ЈСП Скопје штрајкуваа пред главната зграда на претпријатието, а додека тие го изразуваа своето незадоволство автобуските линии ...
Жестока расправија за седиште во авион на „Рајанер“ заврши со тепачка. Двајца патници на летот на „Рајанер“ од Малта за Лондон Станстед се скарале за седиштата, како што пренесуваат медиумите. Откако едниот одбил да го пушти другиот да помине низ ходникот дошло до туркање, па останатите патници морале да интервенираат, а на крајот со вжештени глави ги разделиле двајцата мажи. „Британецот не го пушти Американецот да помине за да дојде до своето ...
Со премиера на „М“, вториот филм на Вардан Тозија кој својата светска премиера ја имаше на Филмскиот фестивал во Кан, ќе биде отворено дваесет и второто издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Под годинешниот слоган „Муви најт“, летните скопски филмски вечери ќе се одржуваат во паркот зад Младинскиот културен центар, киното Фросина и летното кино на отворено во Кинотека каде ќе бидат прикажани околу 50 филмови. Отворањето и ...
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 13,3 отсто, a во однос на декември 2022 година е зголемен за 2,8 проценти. Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година, во однос на истиот месец опретходната година, е зголемен за 12,2 отсто.. Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 ...
Долги колони возила можат да се видат на граничниот премин Богородица за излез од Македонија. Доминираат возила со македонски и српски регистерски таблички, но не е мал бројот и на семејства од Унгарија, Словачка, Чешка и Полска, како и од западни држави кои патуваат преку овој премин, а се разбира тука се и гастарбајтерите Грци и Турци кои годишниот одмор сакаат да го поминат во својата земја. Според АМСМ, за излез од Македонија утрово се чека ...
Сообраќајот во стариот дел на Охрид од денеска ќе се одвива според летниот режим, што значи движење за моторни возила низ тој дел на градот само за жителите и оние субјекти што поседуваат специјални пропусници. Согласно донесената одлука на Општина Охрид, а на барање на УНЕСКО за ограничување на бројот моторни возила низ старото градско јадро, влез со моторни возила ќе биде дозволен само со посебни картички што им беа издадени на жителите на ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за 38-годишен скопјанец, осомничен за „тешка кражба“ во скопски хотел. Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничениот е претходно повеќепати осудуван за истородни и други кривични дела и се наоѓал на издржување затворска казна во КПУ Затвор Прилеп, но побегнал и од 5 јули по него била распишана потерница. Периодот додека бил на слобода го искористил да ...
Руската тинејџерка Мира Андреева е апсолутен хит на Вимблдон. Тинејџерката денеска победи против сонародничката Анастасија Потапова со 6:2 и 7:5 и се пласираше во четвртото коло на гренд слем турнирот во Лондон. За Андреева ова е само втор настап на Гренд слем турнир и веќе е дел од осминафиналето. Младата тенисерка во првиот сет против Потапова доминираше и го доби со 6:2. Во вториот сет, следуваше пад во играта на 16-годишната тенисерка, па ...
Шест луѓе, од кои три деца се убиени во напад со нож во градинка во кинескиот град Лијанџијанг во југоисточната провинција Гвангдонг. Полицијата кажа дека 25-годишниот напаѓач е уапсен, додавајќи дека станува збор за „намерен напад“. Останатите убиени се воспитувач и двајца родители, а уште едно лице е повредено. Нападот се случил во моментот кога родителите ги оставале децата во градинката. Напаѓачот бил уапсен 20 минути подоцна. Иако ...
Работата на „Комунална хигиена“ Скопје е вратена во нормала, сметот редовно се чисти и сите вработени ги извршуваат своите работни задачи. Оваа политички инструирана блокада имаше единствено за цел нарушување на мојот личен кредибилитет, нарушување на кредибилитетот на претпријатието и нарушување на личниот и професионалниот кредибилитет на градоначалничката Арсовска и, што е најважно, заштита на интересите на мафијашките структури во нашето ...
Повторно одложено судското рочиште за родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, која при породување во 2020 година во струшката болница, остана без три органи: бубрег, матка и јајник. На денешното рочиште требаше да сведочи вештак од Клиниката за гинекологија и акушерство, но тој не дојде поради годишен одмор. Веапоска видно вознемирена и разочарана, рече нема никакви очекувања од струшкиот суд но најави дека нема да се откаже од правда. Јас правдата ...
Најмалку едно лице загина во обилните поплави во Њујорк. Во њујоршката долина Хадсон, спасувачките тимови го извлекоа телото на 30-годишна жена која се удави додека се обидуваше да извади работи од нејзиниот дом. Поради силниот дожд улиците се поплавени. Националната метеоролошка служба ги прошири предупредувањата за поплави во Конектикат и Масачусетс, додека бурата се движеше кон исток. паг/Фото: Јаху . Гувернерот на Њујорк, Кети Хочул, за ...
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг свика средба на турскиот и шведскиот лидер за денеска во Вилнус, во пресрет на самитот на НАТО, со цел уште еднаш да се обидат да ја укинат турската блокада за членството на Шведска во Северноатлантската алијанса. Столтенберг свика средба меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шведскиот премиер Улф Кристерсон еден ден пред дводневниот состанок на самитот на НАТО на кој алијансата сака да ...
На 11.07.2023 (вторник) во 20 часот во НУЦ “Куќа на Уранија” – МАНУ во Охрид ќе биде отворена изложбата на стари фотографии насловена “Охрид 1940 – 45”. Изложбата “Охрид 1940 – 45” претставува ретка можност да се видат фотографии од Охрид снимени во период од 1940 до 1945 година од фотографот Јонче Поп Стефанија (1915, Охрид – 1983, Охрид). Фотографиите се изработени од оригинални негативи, на архивска хартија и истите се од колекцијата на ...
Јувентус оваа сезона беше казнет со 10 бода во Серија А поради финансиски малверзации и заврши на седмото место на табелата. Со тоа Јувентус избори пласман во Конферециската лига, но УЕФА отвори истрага за целиот случај и на „бјанконерите“ му се закануваше суспензија од европските натпреварувања. Казната која Јувентус ја доби во текот на веќе завршената сезона во Серија А, го остави без место во Лигата на шампионите, а италијанскиот клуб допрва ...
Музејот на Народната банка со својата постојана поставка повторно е отворен за јавноста. Со околу 23.000 монети од различни историски епохи, започнувајќи од почетокот на V век пр. н. е. до денес, Музејот на Народната банка располага со најголемата јавна нумизматичка збирка во државата. На простор од 240 м2 се изложени околу 1000 монети од збирката на Музејот, распоредени во 36 витрини. При осмислувањето на постојаната музејска поставка, акцентот ...
Соопштение за јавност Неспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје создаде досега невиден хаос, градот се дави во ѓубре. Одговорноста за хаосот е кај Мицкоски и кадрите на ДПМНЕ во Скопје. Неспособните градоначалници на ДПМНЕ во Скопје, со својата неработа и негрижа за потребите на граѓаните се директни сочучесници во хаосот со губрето и во нефункционирањето на локалните претпријатија. Истите оние кои ја поддржуваа Арсовска во кампањата, кои ...
Изјава за медиуми, Петар Петковски од СДММ Почитувани граѓани, Неколку дена Скопје се дави во ѓубре поради неспособноста на ДПМНЕ. Преполни контејнери, неисчистен смет, смрдеа…со еден збор целосен хаос. За скопјани има опасност од зарази поради неисчистеното ѓубре. Одговорност за тоа што Скопје тоне во ѓубре е директно кај Христијан Мицкоски и градоначалниците од ДПМНЕ. Мицкоски бараше гласови од граѓаните за ДПМНЕ и за Арсовска и заедно ветуваа ...
Две семејства од Србија доживеале вистински хорор за време на одморот во Грција, кога за помалку од 24 часа им биле украдени автомобилите. На едно семејство му го украле автомобилот заедно со работите, на пауза во Солун додека се враќале во Србија. Уште едно семејство го загуби автомобилот уште на првото утро кога пристигнаа во Грција. -Сакам да споделам и да предупредам, а во исто време да барам помош. Во вторникот се враќав во Србија со ...
Овен Денес ќе се фокусирате на решавање на некои итни прашања. Ефикасни сте и продуктивни. Ќе го вратите оптимизмот на работното место и конечно ќе направите еден дефинитивен избор. Не одложувајте! Малку сте сомничави во врска со партнерот и неговите намери. Интинктите ви велат дека нешто не е во ред. Бик Имате потреба долго и детално да размислите за нешто, пред да се фрлите во акција. Сепак, останете смирени и ќе ја донесете вистинската ...
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ја поздрави одлуката на САД да испрати касетна муниција во Киев, велејќи дека тоа ќе помогне да се ослободи украинска територија, но вети дека муницијата нема да се користи во Русија. САД во петокот објавија дека ќе и достават на Украина од забранета касетна муниција за да и помогнат на контраофанзивата на земјата. Резников рече дека муницијата ќе помогне да се спасат животите на украинските ...
Уште еден сокриен семеен бизнис со адреса на избран и именуван владин функционер претстави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој од име на партијата му го „честиташе“ најновиот бизнис на директорот на БЈБ Сашо Тасевски, на чијашто адреса, како што објави, од неодамна има регистрирано компанија поврзана за информатичка технологија и компјутери. Очигледно човекот има многу време, па покрај директорувањето ...
Полицијата затекнала лица кои не се вработени во скопска „Комунална хигиена“ а протестирале во кругот на претпријатието. Станува збор за лица, чии договори за работа се раскинати од страна на директорката Косана Мазнева. Според МВР, на протестот имало околу педесет лица. „Во Полициска станица Гази Баба е пријавено дека во јавно претпријатие на подрачјето на Гази Баба дел од вработените одржуваат протест, а меѓу нив се и лица кои не се вработени ...
Ако беше за аир, доста беше! Пуштете го Миле на слобода!, вели во својата колумна уредникот Бранко Героски, додавајќи дека и реформски и човечки е така да се постапи. Со внимание ја прочитав темелната анализа на академик Владо Камбовски во врска со дилемата што се наметна во стручната јавност откако одбраната на осудениот во предметот „Титаник“, кој доби затворска казна од 3 години и 6 месеци, побара да му се засмета и вкупното време поминато во ...