Филип Талески потпиша за Бенфика

Македонскиот репрезентативец, Филип Талески по три години повторно ќе игра надвор од нашите граници и тоа во една од најдобрите екипи од Португалија, тимот на Бенфика.

Талески одлучи дека е време за разделба со Вардар 1961 и од понудите што ги имаше на маса реши да ја избере онаа од Лисабон, клуб за кој во минатото настапуваа Борко Ристовски и Никола Митревски.

-Ова е голем клуб и голем град. Зборував со моите колеги Ристовски и Митревски, ми кажаа се за клубот. Се работи професионално и Бенфика се бори за титули секоја година.

-Ќе дадам се од себе. Ќе работам напорно секој ден и заедно со моите колеги ќе го дадеме максикумот за да ги оствариме зацртаните цели. Знам дека Бенфика има многу фанови и многу е важно да не поддржуваат на секој натпревар, -порача левиот бек.

Филип претходно на меѓунардона сцена има играно во Германија, а во Македонија го има носено дресот и на Металург.