Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги задолжи сите осигурителни компании кои продаваат „Јунит Линкд“ осигурување живот на секој потенцијален осигуреник да му достават документ со клучни информации врз основа на кој ќе одлучи дали да вложи во овој осигурителен производ. Од АСО денеска соопштија дека станува збор за унифициран документ кој содржи информации за нивото на ризик од можна загуба на вложени средства како и за очекуваната ...

Министерството за правда ја најави подготовката на новите измени на Законот за кривичната постапка. Законските измени, посочуваат од Министерството, произлегуваат од потребата за усогласување на одредбите од Законот за кривичната постапка со меѓународните стандарди во одредени области и праксата на Европскиот суд за човекови права, како и отстранување на лоцираните недостатоци во сегашниот закон. Во рамките на реформата на казненото процесно ...

2022 година е последната година во која се спроведува Стратегијата за реформа на правосудниот сектор. Додека дел од планираните мерки и активности се веќе спроведени, особено тие што предвидуваа измена на постојни или донесување нови закони, дел од процесите на изработка и донесување одредени законски решенија сè уште не се завршени, истакнуваат од Блупринт-групата за реформи во правосудството во последниот објавен извештај за спроведувањето на ...

На 13.10.2022 година (четврток), од 10:00 до 15:00 часот, Академик ќе одржи обука на тема: „Практична примена на Законот за јавните набавки и најчести пропусти при спроведување на постапките“. Обуката е наменета за договорните органи и за економските оператори, а нејзината цел е да се укаже на најчестите пропусти кои ги прават договорните органи и економските оператори во постапките за јавни набавки што вообичаено се користат (набавка од мала ...

Повод за интервјуто со адвокат Дејан Алексов е најновата измена на Законот за трговските друштва со која се воведува можност за инвестиција во трговските друштва преку заем даден од страна на трето лице, односно инвеститор, кој подоцна се трансформира во влог во друштвото. Кои се предностите и новите можности за инвеститорите со донесената измена во Законот за трговските друштво со која, де факто, се дозволува конвертибилниот заем? Младите и ...

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје очекува средба во Владата за исполнување на нивните барања и доколку таа не се реализира до крајот на идната недела, најавува медијација пред штрајк. Претседателот на Синдикатот, проф. д-р Ангел Ристов, вели дека минатиот месец им е најавена средба со премиерот, но сѐ уште не се повикани. „На средбата со премиерот ќе ги изнесеме нашите барања што ги имаме две години – ...

Владата донесе препораки за заштеда на електрична енергија до 15 отсто. „Мерките се однесуваат на домаќинставата, компаниите и државните институции, а ќе се применуваат од 1 септември 2022 до 31 март 2023 година. Препораки за домаќинставата -Користете го бојлерот за подготовка на топла вода само кога таа ви е потребна и тоа по можност во ниска тарифа на електрична енергија (ефтина струја), без притоа да се наруши квалитетот на живеење. Не го ...

На 6.10.2022 година (четврток), од 10:00 до 15:00 часот, Академик ќе одржи обука со физичко присуство на тема: „Како да воспоставиме добар и одржлив систем за заштита на личните податоци“. По една година од целосното имплементирање на новиот Закон за заштита на личните податоци, контролорите сè уште наидуваат на предизвици за воспоставување на системот за заштита на личните податоци, кој не би требало да претставува само носење на одреден број ...

Одделот за граѓански дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 68 од Судскиот деловник („Службен весник на РМ“ бр. 66/2013 и 114/2014), и член 31, член 32 и член 33 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр. 14/2022 од 20 јануари 2022 година), постапувајќи по барање за донесување на правно мислење заради воедначување на судската практика, на седницата ...

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) денес го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јули до декември 2021 година, во коj се вклучени и наоди од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки, анализа на постапките пред Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година и истражување на договорните органи за нивните кадровски капацитети за јавни ...

Со постпандемичното закрепнување на економијата, што придонесе за стабилизирање на пазарот на трудот и раст на расположливиот доход, ризиците кај секторот „домаќинства“ се задржаа во контролирани рамки, со благо намалување во текот на 2021 година. Притоа, финансискиот имот на македонските домаќинства минатата година бележи номинален раст, највисок во изминатите десет години. Вкупниот финансиски имот на домаќинствата, којшто покрај депозитите во ...

Министерството за труд и социјална политика подготвува нов Закон за родова еднаквост. Целта на законот, посочуваат од МТСП, е да се обезбеди остварување на потполна родова еднаквост во сите сфери на јавниот и приватниот живот со зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството и овозможување на еднакви можности за остварување на сите права преку унапредување на родовата еднаквост. „Овој закон ќе придонесе да се надминат пречките и ...

Преку програмата П1, Владата на РСМ исплатила средства во износ од над 11 милијарди денари за справување co последиците од ковид пандемијата, како и за надминување на кризната состојба co снабдување co електричната енергија Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на Основен буџет на Република Северна Македонија, co која се опфати подготовката, донесувањето, управувањето и извршувањето на Буџетот на РСМ за 2021 година. ...

Основниот граѓански суд во Скопје утврди дека Владата на Република Северна Македонија и Државната изборна комисија сториле директна дискриминација врз лицата со попреченост при остварување на нивното право на глас. Судот утврди дека директната дискриминација е сторена со непреземање, односно, со пропуштање да се преземат дејствија за приспособување на инфраструктурата и просторот до и во дел од избирачките места и го повредиле начелото на ...

Забележително е дека има намалување на бројот на случаи во кои се применуваат посебните истражни мерки во текот на 2021 година во однос на 2020 година, и тоа и во бројот на случаи и во бројот на опфатени лица, а бројот на предмети кои биле опфатени со мерките е скоро идентичен, се нотира во Извештајот на Јавното обвинителство на РСМ за примената на посебните истражни мерки. Со примена на посебните истражни мерки кои се определуваат само тогаш ...

Во јули 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити е зголемена за 0,06 п.п. на месечна основа и изнесува 4,33%, во услови на забележан годишен пад од 0,17 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити трет месец по ред се задржа на истото ниво и изнесува 0,67%, додека на годишна основа е намалена за 0,16 п.п. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,01% во јули и оствари месечен и годишен раст од 0,02 ...

На шеесет и четвртата седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија што се одржа денеска, Советот го назначи обвинителот Трајче Пеливанов како времена замена на досегашната шефица на Јавното обвинителство, Вилма Русковска. Како што информираа од Советот за МИА, Пеливанов е назначен бидејќи во постапката која се води, а поради која Русковска е времено оддалечена од својата функција, не може да ја врши својата функција, ...

Владата на Република Северна Македонија на 74-тата седница одржана вчера донесе одлуки за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија. Првата Одлука се донесе заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Додека ...

Јавното обвинителство во врска со наводите и извештајот презентирани на вчерашната прес конференција од неколку лица, меѓу кои и едно осомничено лице во врска со стечајот на „Еуростандард“ банка, нагласува дека согласно Законот за кривична постапка, Јавното обвинителство е единствено надлежно да донесува наредба и да спроведува истражна постапка. Дел од наводите од оваа „приватна или независна истрага“ беа истражувани во предмети по кои ...

Релативно голем процент (56,1%) од испитаниците сметаат дека електронското купување на прехранбени производи не претставува безбеден начин на купување, додека 43,9% од испитаниците сметаат дека електронскиот начин на купување на храна претставува безбеден начин на купување, се вели во истражувањето на Организацијата за заштита на потрошувачите на Македонија. Резултатите добиени од истражувањето, посочуваат од ОПМ, говорат дека висок процент на ...

На web-страницата на МВР https://termin.mvr.gov.mk/, како и на Националниот портал за електронски услуги https://uslugi.gov.mk/ каде што се воведени 28 електронски административни услуги на МВР за граѓаните, достапни за онлајн аплицирање, се нуди можност граѓаните да можат дигитално да си закажат термин за фотографирање за лични документи, како и електронско плаќање на услугата, а достапни се и образците за барање, објави денеска на Фејсбук ...

На својата веб-страница Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: – Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година ...

Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство. Во исто време, врз основа на член ...

Реакција на Платформата за родова еднаквост Фемицидот на 46-годишната жена од Неготино ја дополнува поразителната статистика според која повеќе од 80% од жртвите во земјава претходно не пријавиле насилство во надлежните институции. Непријавувањето на насилството и несоодветното постапување на институциите во случаи со семејно и родово базирано насилство директно ја зголемуваат веројатноста насилството да кулминира со убиство. Фемицидот, како ...

На 30.08.2022 година (вторник) и на 31.08.2022 година (среда), од 10:00 до 14:00 часот, Академик ќе одржи обуки со физичко присуство на тема „Вознемирување на работното место (мобинг)“. Вознемирувањето на работното место, односно мобингот е тема која не ја губи актуелноста во современиот свет. Градењето и обезбедувањето на здрава работна средина секогаш треба да е во фокусот и на работодавачите и на работниците како предуслов за успешност во ...

Јавното обвинителство ја известува јавноста дека покрај веќе претходно постигнатите две спогодби за признание на вина со осомничени во случајот познат во јавноста како „Империја“ и изречените затворски казни, како и уплатената сума во износ од 5,2 милиони евра, денеска Основниот кривичен суд Скопје ги одобри спогодбите постигнати помеѓу јавниот обвинител Лиле Стефанова од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ...

Документарниот филм „Нечиста крв“, во продукција на Истражувачката репортерска лабораторија, откри низа прекршувања на основни човекови и уставно загарантирани права, како и целосно затајување на системот, кој е должен да превенира и да ги заштитува граѓаните од злоупотреби. Со оглед на бројните пријави од граѓани, кои пристигнаа во ИРЛ по емитувањето на документарниот филм, а имајќи предвид дека правното процесирање на случаи не е во доменот ...

Органите на државната управа не се усогласени со обврските за дигитализација на постапките, мала е заинтересираноста за приклучување на платформата, а постои и константен недостаток на вработени ИТ лица како и отсуство на тело за координација и следење на развојот Државниот завод за ревизија изврши ИТ ревизија како ревизија на успешност на тема „Функционалност на платформата за интероперабилност помеѓу институциите од јавниот сектор“ , согласно ...

Здружението на јавните обвинители на Република Северна Македонија остро реагира на отвореното писмо од јавниот обвинител Вилма Русковска упатено синоќа преку медиумите до странски амбасади и меѓународни организации. Како професионално здружение, се посочува во денешната реакција од Здружението на јавни обвинители, со зачуденост го проследивме дописот за кој сметаме дека го нарушува угледот на јавнообвинителската функција и грубо го прекршува ...

Постои застој и бавна динамика на реализацијата на стратешките инфраструктурни проекти, a трошоците за проектите се зголемени поради повисока цена на чинење на изградбата од првично планираната, како и поради споредни трошоци Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема “Задолжување на субјектите од јавниот сектор, степен на искористеност на кредитите и заемите и платени и створени трошоци“ со цел да даде одговор на ...

Скопје

0ᴼ/0ᴼ
1.54
64%
1036

Белград

0ᴼ/-1ᴼ
2.06
83%
1035

Софија

0ᴼ/0ᴼ
6.69
74%
1036

Сараево

2ᴼ/2ᴼ
7.17
63%
1033

Љубљана

-1ᴼ/-1ᴼ
1.08
92%
1032

Атина

10ᴼ/8ᴼ
6.26
47%
1031

Тирана

0ᴼ/0ᴼ
1.54
80%
1034

Подгорица

5ᴼ/3ᴼ
4.63
42%
1035
Currency

61.525

Currency

59.0731

Currency

73.9055

Currency

38.4211

Currency

42.2337

Currency

66.0767

Currency

8.15198

Currency

0.56615

Currency

0.3815

Currency

0.5258

Currency

1.70884

Currency

0.69928

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

501848 $

Рутениум

15369 $

Калај

28 $

Сребро

1006 $

Злато

87228 $

Бакар

8 $

Паладиум

31961 $

Платина

31045 $

Родиум

147909 $

Цинк

95337 $