Тагата го обви Кочани. Денес улиците беа исполнети со тишина, солзи и чекори полни болка. Семејствата на настраданите, заедно со пријатели, соседи и граѓани, маршираа во чест на своите најмили кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.. Маршот, симболично наречен „Марш за Ангелите“, беше исполнет со транспаренти, но и фотографии од младите животи кои згаснаа прерано. „Сите вие кои сте одговорни за системот во ...

Денеска во Кочани се одржа нов протестен марш на семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ како последица на пожар кој се случи на 16 март. Со слики во рака од своите најмили, маршот го почнаа од Паркот на Револуцијата, се движеа кон Трговскиот центар, потоа кон Општина Кочани, каде беше изразен револтот кон институционалното работење, продолжија кон МВР при што им посочија дека задоцниле со реакција. Протестот заврши пред Основен суд, ...