Демонстрантите носеа транспаренти и слики од заложници кои сè уште се држат на палестинската територија, повикувајќи ја владата да обезбеди нивно ослободување. Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за преземање контрола врз градот Газа за понатамошно проширување на воената офанзива на Израел. Планот завчера предизвика остри критики во таа земја и во странство. Прашан пред три дена за време на гостувањето на Фокс њуз дали Израел ќе го ...

Британски борбен авион Ф-35 принудно слета денеска на аеродромот во Кагошима, во југозападна Јапонија поради технички дефект, соопштија аеродромските власти. Поради слетувањето во 11:30 часот пистата беше затворена околу 20 минути. Тоа предизвика мали доцнења на комерцијалните летови, објави јапонска новинска агенција, додавајќи дека никој не е повреден. Британските вооружени сили учествуваат во заедничка воена вежба со јапонските поморски сили ...

ЏАБИР ДЕРАЛА Светот нема луксуз да ги затвори очите пред темнината што ја опкружила човечноста. Некои работи мора да се кажат – и да се запишат во светската меморија – без оглед на тоа колку умови ќе бидат вознемирени, а колку носители на одлуки ќе бидат алармирани. Путин купува време – со крв. Повторно. А претседателот на САД, Трамп, му го овозможува тоа лично – овој пат со средба во Алјаска. Да се запамети: оваа средба со воениот злосторник ...

Научниците измерија една од најмасивните црни дупки досега, која има маса еквивалентна на 36 милијарди Сонца. Оваа неверојатна црна дупка се наоѓа на оддалеченост од околу 5 милијарди светлосни години, во една од најмасивните познати галаксии. „Ова е меѓу десетте најмасивни црни дупки некогаш откриени, а сосема е можно да е и најмасивната“, изјави Томас Колет, автор на студијата и професор на Универзитетот во Портсмут, Англија. Црната дупка е ...

Во пожарот во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина што избувна во петокот, а едно лице го изгуби животот, изгорела површина од 1.580 хектари според податоците од службата Коперникус на Европската Унија, јави дописничката на МИА од Атина. Најголем дел од изгорената површина е простор со трева и грмушки, околу 1.100 хектари, а 250 хектари е земјоделска површина. Пожарот беше во непосредна близина на Националниот парк Сунио, ...

Италијанските здравствени власти се во состојба на зголемена готовност откако епидемијата на ботулизам во два региона уби три лица, а многу други се разболеа. Препорачано Епицентарот на епидемијата во Калабрија беше Дијаманте, туристички град на тиренското крајбрежје, каде што две лица починаа во последните денови, а повеќе од 12 се лекуваат во болница во Козенца, од кои две се во сериозна состојба. Третиот случај се однесува на 38-годишна жена ...

Во Софија има антички амфитеатар. Археолозите велат дека е меѓу најголемите откриени на Балканот. Но, тој со години изгледа напуштен. Сега, едно од местата каде што беа пронајдени остатоци е ставено на список на државен имот за продажба. Што ќе се случи со амфитеатарот во Софија? Марио Иванов го познава античкиот амфитеатар Сердика одвнатре – буквално! Тој е меѓу археолозите кои учествуваа во ископувањата во центарот на денешна Софија под ...

Патниците од земји надвор од Европската Унија, меѓу кои и државјаните на Македонија, од 12 октомври 2025 година ќе се соочат со нови процедури при влез во Шенген зоната. Европската комисија најави дека ќе започне со примена на Системот за влез/излез (EES), кој ќе го замени рачното печатење на пасоши со дигитална регистрација и прибирање биометриски податоци – отпечатоци од прсти и фотографија. Овој систем е воведен како подготовка за стартот на ...

Војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја почнала да отстранува дел од звучниците што се користат за емитување пропаганда преку границата меѓу двете земји. Овој потег се смета за позитивен одговор на гестовите на новоизбраниот јужнокорејски претседател Ли Џае-мјунг, кој водеше кампања ветувајќи подобрување на меѓукорејските односи. Јужна Кореја претходно неделава демонтираше дел од сопствените звучници, а ги прекина своите емитувања ...

Сменетиот претседател на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека неговата смена и пресудата со која е осуден на една година затвор претставуваат „пресметка на муслиманите со христијаните“. Toj одбива да ја признае одлуката и бара од Народното собрание на РС распишување референдум за негов останок на функцијата. Тој најави и нов референдум, за кој вели дека ќе се однесува на статусот на ентитетот: „Овој пат или РС ќе се доволно оддалечи од ...

Повеќето странски криминалци осудени во Велика Британија веднаш ќе бидат депортирани, наместо да отслужуваат 30 проценти од затворската казна како досега, предвидено е со новите планови на британската Влада, пренесуваат денеска медиумите. Министерката за правда Шабана Махмуд ја предложи оваа измена на законот, која ќе ѝ даде на владата овластување да ги депортира повеќето странски затвореници веднаш штом ќе бидат осудени и префрлени во затвор, ...

Украинските власти ветија дека ќе ги подобрат методите за регрутирање по серијата насилни инциденти што ја згрозија јавноста. Во исто време, војската предупредува на критичен недостиг на персонал што сериозно ја загрозува одбраната на земјата од руска агресија, објавува „Фајненшл тајмс“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски наводно продолжува да се спротивставува на повиците од Западот за намалување на возраста за регрутација под 25 ...

Кога рускиот претседател Владимир Путин следната недела ќе отпатува во Алјаска за да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, тој ќе може да го стори тоа со доверба дека нема да биде уапсен. Ова е затоа што, иако Путин е предмет на потерница од Меѓународниот кривичен суд (МКС) издадена во 2023 година, ниту Русија ниту САД не се потписнички на Римскиот статут, со кој беше создаден судот во 2002 година. МСП го обвини рускиот лидер ...

Пожар од големи размери го зафати јужниот дел на Албанија. Во општина Финиќ, изгореа две куќи, евакуирани се жителите на две села, а се вложуваат максимални напори да се спречи ширењето на пожарот кон хидроелектраната „Бистрица”. -Критичната е состојба во селата Велахово, Ливина, Ардасово, Бистрица и Кронѓ. Евакуации беа извршени во Ливина и Ардасово. На терен е присутен и министерот за одбрана Пиро Венгу, објавија медиумите. Високите ...

Во масовно пукање во станбен комплекс во Балтимор синоќа се повредени шест лица, меѓу кои и петгодишно девојче, соопшти локалната полиција. Инцидентот се случил околу 21 часот по локално време, за време на заедничка вечера на отворено за жителите, изјави комесарот на полицијата во Балтимор, Ричард Ворли, на вонредна прес-конференција, пренесува ABC News. Девојчето било застрелано во раката и не е во животно загрозувачка состојба, додека најтешко ...

Израелската воена агенција задолжена за координација на хуманитарната помош соопшти дека во текот на изминатата недела, преку премините Керем Шалом и Зиким, од палестинската страна биле примени и дистрибуирани речиси 1.900 камиони со помош. Според официјалните податоци, повеќе од 1.310 од овие камиони превезувале претежно прехранбени производи за населението во Газа, јавува „Тајмс оф Израел“. Агенцијата, која функционира во рамките на ...

Десетици земји низ светот потрошија милиони долари оваа година на лобисти со врски со претседателот Доналд Трамп, во обид да ги избегнат царините што би можеле да им наштетат на нивните економии. Сепак, во повеќето случаи, овие трошоци не им донесоа никаков резултат. Пристапот на Трамп кон одредувањето на царините е непредвидлив – некои договори поставуваат царина од 15% за главните трговски партнери, додека за други земји стапките варираат меѓу ...

Кина денес ја отвори првата продавница во светот за хуманоидни и интелигентни роботи, „Robot Mall“, на денот на отворањето на 10-тата Светска конференција за роботи во Пекинг, пренесува Анадолу. Лоцирана во индустрискиот парк за роботика во Јижуанг, продавницата изложува повеќе од 50 роботи во седум клучни категории – медицински, индустриски, бионички и хуманоидни, објави државниот весник „Глобал тајмс“. Продавницата на четири нивоа го следи ...

Ако досега при патување во странство главната грижа ви беа пасошот, парите и авионскиот билет, од октомври 2025 ќе имате и нова обврска. Повеќето земји-членки на Европската Унија и уште четири европски држави од 12 октомври ќе почнат постепено да го применуваат новиот Систем за влез/излез (Entry/Exit System – EES) за патници од земји надвор од ЕУ, соопшти Европската комисија. Со новите правила, наместо рачно печатење пасоши, ќе се воведе ...

Едно лице загина, а неколку станови и индустриски објекти беа оштетени во украински напад со дрон врз јужноруската Саратовска област, соопшти гувернерот Роман Бусаргин. На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа густ црн чад над она што изгледа како индустриска зона. Според украински медиуми, меѓу кои и РБК-Украина, во пожар е зафатена нафтена рафинерија во градот Саратов, административен центар на регионот. „Неколку жители добија ...

Шведскиот премиер Улф Кристерсон предизвика лавина реакции откако во интервју призна дека повремено се консултира со ChatGPT за стратегии за водење на државата, пишува Gizmodo. „Го користам прилично често. Ако не за ништо друго, тогаш за второ мислење – што направиле другите? Дали треба да мислиме спротивно? Такви прашања“, изјави Кристерсон. Изјавата наиде на остри критики од експерти и медиуми. Вирџинија Дигнум, професорка за одговорна ...

До утрово во 09:00 часот, на територијата на Република Македонија се регистрирани вкупно 22 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, активен е само еден пожар. Според информациите, активниот пожар е на подрачјето на општина Македонски Брод, во Националниот парк „Јасен“, каде гори мешана шума. Изгаснати пожари се евидентирани во повеќе региони, меѓу кои Тетово, Струмица, Новаци, Велес, Гостивар, ...

Она што требало да биде адреналинско доживување на море, за 52-годишната Мишел Вилсон се претворило во кошмар. Туристката од Саутпорт, Мерсисајд, тврди дека била сексуално нападната од оператор за парасајлинг за време на нејзиниот одмор во Сус, Тунис. – Се почувствував валкано, понижено и исплашено – изјавила Мишел за британскиот „The Sun“. Таа планирала тандем лет со пријателка, но поради силен ветер, им било кажано дека ќе мора да летаат ...

Нова Шкотска им забрани на луѓето да стапнуваат во шумските области на оваа канадска покраина, со закана од казни до 25.000 канадски долари за оние што ќе ја прекршат оваа забрана. Неодамна, премиерот на Нова Шкотска, Тим Хјустон, ја објави мерката како дел од зголемените напори за спречување на пожари. „Ги ограничуваме патувањата и активностите што на повеќето од нас во моментов не ни се потребни – планинарење, кампување, риболов и употреба на ...

Петнаесетгодишниот Муханад Закарија Еид од Газа загина откако врз него паднала палета со храна и помош за време на воздушно доставување хуманитарни пакети, јавува „Ал Џезира“. Несреќата се случила во близина на коридорот Нетзарим, во момент кога расте меѓународната осуда на израелскиот план за преземање на најголемиот град во разурнатата енклава, каде засолниште имаат најмалку еден милион луѓе. Снимките од местото, чии автентичност е потврдена ...

За патот кон мирот во Украина не може да се одлучи без Украина, изјавија европските лидери во заедничка изјава пред планираната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Заедничката изјава на лидерите на Велика Британија, Франција, Италија, Германија, Полска, Финска и Европската комисија гласи: „Споделуваме убедување дека дипломатското решение мора да ги заштити основните безбедносни интереси на ...

Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Полска, Финска, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во заедничко соопштение во врска со решавањето на украинската криза, нагласија дека остануваат посветени на принципот дека меѓународно признатите граници не можат да се менуваат со сила и дека сегашната линија на раздвојување треба да претставува почетна точка за преговори. Лидерите рекоа дека „патот ...

Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, неодамна сподели видео во кое неколку пастори велат дека на жените повеќе не треба да им биде дозволено да гласаат, што предизвика една прогресивна евангелистичка организација да изрази загриженост. Хегсет реобјави сегмент од Си-Ен-Ен на Икс во четвртокот, кој се фокусира на пасторот Даг Вилсон, христијански националист кој е коосновач на Заедницата на реформирани евангелистички цркви (ЦРЕЦ) со ...

Стотици луѓе се уапсени на протест во Лондон во поддршка на групата „Палестинска акција“, која неодамна беше забранета од британската влада. Метрополитенската полиција потврди дека се уапсени 474 лица, што е најголем број апсења во еден ден за една деценија, објавува Би-Би-Си. Според полицискиот извештај, 466 демонстранти се уапсени за поддршка на забранетата организација, петмина за напад врз полицајци, двајца за прекршување на јавниот ред и ...

Шестмина ранети, меѓу кои и петгодишно девојче е епилогот по масовно пукање што се случи во станбена област во Балтимор, соопшти локалната полиција. 🚨🇺🇸#BREAKING | NEWS ⚠️ Shooting has taken place near DC’s Navy Yard group of over 100 teens fighting in the park DHS, FBI Baltimore PD are responding multiple shots Have been reported. pic.twitter.com/1JsxfWXBo8 — Todd Paron🇺🇸🇬🇷🎧👽 (@tparon) August 10, 2025 Пукањето се случило синоќа ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
64%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
41%
1007
weather icon

Загреб

19ᴼ / 18ᴼ
0.51
88%
1006
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
2.57
34%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.12
33%
1010
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
95%
1007
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
2.06
55%
1012
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
28%
1011
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
0.51
36%
1011
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
1.54
45%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
71%
1006
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
50%
1013
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641