Полските аеродроми во градовите Радом и Лублин се затворени поради воени воздушни операции, соопшти Полската агенција за воздушен транспорт (PANSA). Полските воени команданти изјавија дека полските и сојузничките воздухопловни сили започнале операции како одговор на рускиот напад врз објекти во соседна Украина, објави Ројтерс. „На барање на војската, Полската агенција за воздушен транспорт издаде директива за воведување ограничувања во ...

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, е целосно свесен за мирољубивата природа на нуклеарната програма на Иран, изјави денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи. Изјавата на Багеи дојде еден ден откако Гроси изјави дека е откриено движење во близина на ирански објект за складирање на збогатен ураниум, но дека тоа „не имплицира постоење на активности ...

Повеќе од 24.000 тони хуманитарна помош на ОН пристигнаа во Газа од почетокот на прекинот на огнот, објави денес заменик-специјалниот коорвдинатор на ОН за палестинските територии, Рамиз Алакбаров, и ги повика невладините организации да се вклучат во дистрибуцијата на помошта. „Од почетокот на прекинот на огнот, доставивме повеќе од 24.000 тони помош преку сите гранични премини и ја рестартиравме дистрибуцијата на помош и до заедниците и до ...

Нивото на морето во светот расте и цели градови би можеле да исчезнат под вода во блиска иднина. Малкумина ќе бидат безбедни, предупредува нова студија. Покачувањето на нивото на морето повеќе не е далечна закана, но милиони луѓе во критична инфраструктура во крајбрежните региони сега се изложени на ризик. Нова, детална студија сега квантифицира, зграда по зграда, обемот на оваа закана. „Сите ќе бидеме погодени од климатските промени и ...

Вишиот регионален суд во Минхен осуди тројца мажи за шпионажа во корист на Русија, објавија денес германските медиуми. Наводниот водач на групата доби шест години затвор за планирање саботажа и време поминато како паравоен офицер во источна Украина. Двајца соучесници беа осудени на условни казни од шест месеци и една година. Федералното обвинителство побара казна од осум години и осум месеци затвор за главниот обвинет и условна казна од една ...

Спасувачките екипи во Турција завршија со потрагата по семејството Билир, кое го зафати трагичен инцидент при уривање на станбена зграда. Претходно беа пронајдени телата на две деца – 12-годишниот Емир и неговата сестра Хајрусине (14), додека 18-годишната Дилара била извлечена жива од урнатините. По 19 часот, спасувачите го извлекле и телото на родителите, Емина и Левент Билир. Причините за уривањето на зградата, што се случило вчера околу 7:30 ...

Повеќе од шест децении откако деветгодишната Керол Ан Доерти беше силувана и убиена во католичка црква во Бристол, Пенсилванија, канцеларијата на окружниот обвинител на округот Бакс објави дека нејзиниот убиец конечно е идентификуван. Истрагата утврди дека девојчето било нападнато и задавено на 22 октомври 1962 година од Вилијам Шредер, кој во тоа време живеел во близина на црквата „Свети Марко“. Шредер, опишана од окружната обвинителка Џенифер ...

Сослушувањето во американскиот Сенат на предложената од претседателот Доналд Трамп за главен државен здравствен инспектор, д-р Кејси Минс, е одложено затоа што таа се породила, се посочува во соопштение од здравствената комисија на Сенатот. Само неколку часа пред да се појави на сослушувањето преку видеоврска, 38-годишната Минс, која го очекуваше своето прво дете, влегла во родилна сала. Нов датум за сослушување засега не е закажан. – Сите се ...

Судoт во Флорида го прогласи 23-годишниот Донован Фејсон за виновен за убиство на неговата 18-годишна девојка Кајлин Фиенго, која одбила да абортира, пренесе „Унилад“. Злосторството се случило во ноември 2022 година, кога Фејсон ја намамил Кајлин во парк и ја застрелал во глава. Нејзиното тело било пронајдено во автомобил од полициски службеник за време на рутинска патрола, а покрај неа била најдена и слика од ултразвук. Истрагата открила пораки ...

Мистериозен зелен објект го осветли небото над Москва во ноќта на 27 октомври, предизвикувајќи бран теории на заговор на социјалните мрежи, предизвикувајќи реакција од истакнати руски научници. Вирално видео на X и Telegram ја покажува траекторијата на светлечкиот објект, оставајќи трага зад себе, а феноменот го снимиле стотици луѓе. Необичната боја ги наведе многумина да претпостават дека станува збор за НЛО од вонземско потекло, но научниците ...

Кина официјално го одобри договорот за пренос на сопственоста на апликацијата Тикток, соопшти американскиот министер за финансии Скот Бесент, додавајќи дека очекува напредок во наредните недели и месеци. „Го финализиравме договорот за Тикток во Куала Лумпур во поглед на добивањето на кинеско одобрение и очекувам процесот да продолжи во наредниот период, со што конечно ќе имаме решение за ова прашање“, изјави Бесент за „Фокс бизнис нетворк“ по ...

Генералниот секретар на Организацијата за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови (CTBTO), Роберт Флојд, денес изјави дека секој експлозивен нуклеарен тест би имал штетни последици за глобалните напори за спречување на ширењето на нуклеарно оружје, како и за меѓународниот мир и безбедност. Во соопштението издадено откако американскиот претседател Доналд Трамп ѝ нареди на американската војска веднаш да продолжи со тестирањето на нуклеарно оружје, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпинг се сретнаа во Бусан, Јужна Кореја и, меѓу другото, се договорија за намалување на американските тарифи, објави Блиц. Препорачано Сепак, вниманието на јавноста не го привлече само студениот израз на лицето на кинескиот лидер додека Трамп со воодушевување зборуваше по 90-минутниот состанок, туку и она што го забележале фотоапаратите по завршувањето на средбата. Имено, ...

Авионот со кој американскиот претседател Доналд Трамп летал од Азија, имал турбуленции и тоа во моментите кога камерите биле вклучени и кога претседателот на САД даваше изјави. „Морам да ви кажам дека во Азија се силни ветриштата. Ова е тежок лет. Можеби требаше да почекаме еден час. Тешки услови за интервјуа“, рече тој со насмевка. „Ќе ме гледаат и ќе речат дека не сум изгледал најдобро“. Потоа се слуша глас кој вели: „Стабилни сте“. 🚨 EPIC! ...

– Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека земјата следната година ќе прифати рекордно ниско ниво од не повеќе од 15.000 бегалци, и покрај растечкото раселување низ целиот свет, зајакнувајќи ја својата цврста позиција еден месец пред изборите. Стејт департментот го објави бројот само половина час пред почетокот на фискалната 2021, , исполнувајќи го рокот утврден со американскиот закон, по критиките од американскиот ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц на заедничка прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Германија ја поддржува европската перспектива на Турција, но само ако Анкара ги исполни Копенхашките критериуми – владеење на правото, човекови права и функционална пазарна економија. Ердоган одговори дека, покрај тие, постојат и „Критериуми од Анкара“, додавајќи дека Турција е демократска држава која се простира и во Европа ...

Откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Пентагон ќе продолжи со тестирање на нуклеарно оружје, тие се јавија од Москва и ги коментираа овие најави. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека не верува оти, и покрај најавите, започнала нова рунда од трката во вооружување меѓу Русија и Соединетите Американски Држави. „Сè уште не веруваме во тоа“, рече Песков. Тој истакнува дека Вашингтон не ја информирал ...

Идната влада на Холандија веројатно ќе биде формирана без учество на крајната десница, откако проти-исламската партија на Геерт Вајлдерс изгуби дел од своите места на последните избори. Центристичката партија D66 го зголеми своето влијание и сега двете партии имаат по 26 места во Долниот дом на парламентот од вкупно 150. Умерените партии одбија да коалицираат со Вајлдерс по предвременото распуштање на претходната коалиција предводена од ...

Присуството на мешани патроли ќе биде во согласност со тековниот план за соработка меѓу словенечката армија и полицијата. Истиот механизам беше применет во 2015 година за време на мигрантската криза, кога се покажа како ефикасна поддршка за полицијата во одржувањето на безбедноста По трагичниот настан во Ново Место, каде е убиен 48-годишен маж, словенечките власти донесоа одлука за зајакнување на безбедносните мерки во регионот Доленска. Таму е ...

Запленувањето на 140 милијарди на Русија што се чуваат во Euroclear во Белгија е приоритет за ЕУ. Европската комисија е свесна дека понудената алтернативата – заедничкото задолжување преку еврообврзници - е уште понеприфатлива опција. Традиционално штедливите влади, како Германија или Холандија, историски се против натрупување поголем долг врз даночните обврзници. „Трошаџиите“ како Франција и Италија се премногу задолжени за да заглават уште ...

Министерството за одбрана на САД им нареди на силите за брза реакција на Националната гарда да бидат обучени и подготвени за сузбивање на граѓанските немири до 1 јануари 2026 година, објави денес „Вашингтон пост“, повикувајќи се на документи што ги доби. Претседателот на САД, Доналд Трамп, му нареди на министерот за одбрана Пит Хегсет кон крајот на август да се осигура дека членовите на Националната гарда во сите американски држави се ...

Во напад со руски беспилотни летала врз градот Суми во северна Украина денес беа повредени најмалку четири лица, вклучувајќи го и раководителот на локална телевизиска станица. Дронот „Италмас“ со долг дострел погоди бензинска пумпа, потврдија локалните власти, објави „Киев Индепендент“. Службите за итни случаи на Суми соопштија дека нивните тимови веднаш реагирале на местото на настанот. „Спасувачите беа на местото на настанот, ја прегледуваа ...

ЕУ нуди 40.000 бесплатни билети за млади луѓе родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2007 година, а процесот на аплицирање е многу едноставен. Тие само треба да пополнат краток онлајн квиз на Европскиот младински портал, соопштија властите во Брисел. Препорачано Таа информира дека веб страницата за пријавување на конкурсот е отворена од денеска на пладне и заинтересираните 18-годишници ќе можат да се пријавуваат на неа до 12 часот на 13 ноември ...

Нови сателитски снимки го открија катастрофалниот обем на уништување што го остави ураганот Мелиса на Јамајка, каде што ветровите и поплавите опустошија цели градови, јавува Би-Би-Си. Снимките од воздух покажуваат уништени домови, уништени покриви, паднати далноводи и цели полиња покриени со урнатини. Ураганот Мелиса, бура од категорија 5, го опустоши овој карипски остров, одземајќи најмалку пет животи. Јамајканскиот премиер Ендру Холнес изјави ...

Едно лице загина, а тројца други се повредени откако хеликоптер се урна на поле во Јужен Јоркшир, Англија. Хеликоптерот се урнал само неколку минути по полетувањето од аеродромот Ретфорд Гамстон, во Нотингемшир. Полицијата во Јужен Коркшир потврди дека загинал 70-годишен маж, а пилотот, 41-годишен маж и уште двајца патници, 58-годишна жена и дете на 10 години претрпеле полесни повреди. Очевидци тврдат дека на местото на несреќата има многу ...

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и германскиот канцелар Фридрих Мерц на денешната средба разговараа за можноста за набавка на авиони „Еурофајтер“ (Eurofighter). „Со оглед на променливата безбедносна средина во Европа, оставајќи ги проблемите со набавката на воена опрема зад себе, треба да се фокусираме на заеднички проекти. Ги поздравуваме чекорите што ги презеде Германија, како што е набавката на авиони „Еурофајтер““, наведе ...

По трагичниот настан во Ново Место, во кој животот го загуби 48-годишен маж, словенечките власти ги засилија безбедносните мерки во областа Долењск. Голем број полицајци беа распоредени на терен, а членовите на Секретаријатот на Советот за национална безбедност се согласија да активираат мешани патроли на словенечката полиција и армија. Армијата ќе ја поддржува полицијата со човечка сила и опрема, јавува РТВ Словенија. Секретаријатот ѝ предложи ...

Турција почна со обука на сириски воен персонал на своја територија, како дел од договорот потпишан во август, насочен кон обнова на одбранбените и безбедносните институции на Сирија, соопшти денеска турското Министерство за одбрана. – За да се задоволат потребите на Сирија за развој на капацитетите, единиците на сириската војска почнаа со спроведување воена обука во Турција користејќи ги касарните и полигоните за обука на турските вооружени ...

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека каков било дијалог со Јапонија за мировен договор може да почне само откако Токио ќе се откаже од она што Москва го нарекува „антируски курс“. – Актуелната политика на Јапонија доведе до застој на билатералните односи, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова. Русија, државата наследничка на поранешниот Советски Сојуз, и Јапонија никогаш не потпишале мировен договор за ...

Десетици илјади ултраортодоксни Евреи се собраа денес во Ерусалим за да протестираат против задолжителната воена служба, едно од најчувствителните политички прашања што ја става коалицијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху под зголемен притисок. Дебатата за воената служба и ослободувањата што ултраортодоксните Евреи ги уживаат со години длабоко го подели израелското општество. Израелските медиуми проценуваат дека околу 200.000 луѓе се собрале на ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
93%
1014
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
95%
1015
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
94%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
66%
1015
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.43
97%
1015
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.28
97%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
4.63
85%
1016
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
72%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
100%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.24
93%
1016
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
0.45
93%
1017
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
94%
1018
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.59948

Currency

1.25929