Ураганот Мелиса се уште беснее низ Карибите, но силата му е намалена. Синоќа го погоди вториот по големина град во Куба, а претходно направи пустош во Јамајка и поплавувајќи го Хаити, при што загинаа најмалку 25 лица. Мелиса, најсилниот ураган што некогаш стигнал до Јамајка, ја погоди оваа земја со ветрови од 298 километри на час. Проценките се дека Мелиса предизвикала штета и економски загуби од 22 милијарди долари само на Јамајка. МОЖЕБИ ЌЕ ...
Ураганот Мелиса, кој опустоши голем дел од северниот дел на Карибите и одзеде речиси 30 животи, се засили и се упати кон Бермудите, соопштија локалните власти и метеоролошките служби. Мелиса беше ураган од категорија 1 и се наоѓаше на околу 526 километри југозападно од британската територија Бермуди во 17 часот по локално време (21 часот по Гринич), објави Ројтерс. Со ветрови до 103 милји на час, се очекува бурата да донесе услови со сила на ...

