
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, објави дека е постигнат договор за 50 милијарди евра помош за Украина. „Сите 27 лидери се согласија“, рече тој, додавајќи дека „ова обезбедува стабилно, долгорочно, предвидливо финансирање за Украина“. Договорот беше постигнат откако утрово највлијателните политичари од блокот разговараа со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Орбан стави вето на договорот за време на самитот во декември. Најавата на ...
Припадници на специјалната единица „Група 13“ на украинската воена разузнавачка служба (ГУР) синоќа ја уништиле корветата „Ивановец“, соопштија украинските разузнавачи. „Операцијата беше овозможена со поддршка на Министерството за дигитална трансформација на Украина и платформата ‘Јунајтед24’“, изјавија тие. „Јунајтед24“ е платформа управувана од украинската влада, лансирана на 5 мај 2022 година за да се соберат пари за украинската војска. ...
Вчера вo 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улица „Дрезденска“ со улица „Багдатска“ во Скопје, патничко моторно возило „џип“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 74-годишниот Д.Т. од Скопје, удрило во пешакот, 68-годишната В.П. од Скопје, извести МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.П. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР ...
Денеска од страна на Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по добиена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај Е.Ф. (23) во с. Ломница-гостиварско поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 396 од КЗ. При претресот од лицето С.Ф. (татко на Е.Ф.) пронајдени и одземени се две автоматски пушки, четири рамки за ...
Во врска со демантот на Уставниот суд за измените на Кривичниот законик и ставовите на Павле Трајанов, претседател на ДС и пратеник, од оваа партија ги презентираат следните факти: „Прво, на 6.9.2023 година, Собранието на Република Македонија ги донесе измените на Кривичниот законик со кој се намалија казните за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување и се декриминализира кривичното дело поврзано со јавните набавки. ...
„После 20 годии шепотење и непреземање ништо надлежни институции го отворија и го расчистуваат случајот Онкологија токму во време на СДСМ. Лагите на ДПМНЕ не значат ништо, вистината е поразителна за оваа лажна партија која едно зборува друго прави“, соопшти СДСМ. „Граѓаните знаат дека лагите на ДПМНЕ се потврдија и преку собраниската Анкетна комисија. Јавноста виде дека на ДПМНЕ воопшто не им била важна вистината, не биле важни пациентите, ...
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ нема да го продолжи договорот со клубот на лето, пренесува мадридското радио „Кадена СЕР“. 38-годишниот Хрват се почесто е на клупата за резерви, што не му се допаѓа. Тој веќе во неколку наврати го изразуваше своето незадоволство од актуелната состојба. Модриќ ќе чека понуди од Саудиска Арабија или од американската МЛС лига. Доколку не добие понуда која ќе ги задоволи неговите амбиции, ќе се ...
Никола Старџен се бореше со солзите додека на сослушувањето за периодот на коронавирусот кажа дека „во голема мера“ не сакала да биде шкотска премиерка во времето на избувнувањето на пандемијата. Таа му призна на Џејми Досон, советник во истрагата, дека мисли дека Борис Џонсон е „погрешната личност“ да биде британски премиер. „Бев премиер кога изби пандемијата. Голем дел од мене посакуваше да не сум на таа позиција. Но, бев и сакав да бидам ...
Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 11 часот и 45 минути во Гостивар го лишиле од слобода 57-годишниот М.М. од гостиварско Здуње, кој претходно бил пријавен од 20-годишна гостиварка дека околу 10 часот во трговски објект, во кој таа работела, ја допирал по телото, извести СВР Тетово. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ...
Илон Маск објави дека неговата компанија „Неуралинк“ за прв пат успешно вградила еден од своите безжични чипови во човечки мозок и – интернетот има многу да каже. Милијардерот на „Икс“ објави дека производот ќе се вика „Телепатија“. How I felt after this happened pic.twitter.com/xXqPUTyW9K — Elon Musk (Parody) (@ElonMuskAOC) January 29, 2024 Тоа треба да овозможи да се контролира нечиј мобилен телефон или компјутер – со размислување. Неговата ...
Од денеска македонските компании кои увезуваат, извезуваат или транзитираат низ Србија, камионите со стока ќе ги мерат само еднаш, што за македонското стопанство ќе значи заштеда на време и пари. Директорот на Царинска управа на РС Македонија Стефан Богоев и директорот на Царинска управа на Србија, Бранко Радујко минатиот месец потпишаа Меморандум за признавање на белешките од мерење на царинските терминали т.н. кантарски белешки помеѓу двете ...
Вчера околу 19 часот и 20 минути, на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го лишиле од слобода 18-годишниот И.С. од гостиварско Страјане, а во 21 часот и 30 минути во гостиварско Падалиште го лишиле од слобода и 18-годишниот К.С. од ова село, извести МВР. Двајцата се сомничат дека во текот на минатиот месец на гостиварското подрачје извршиле кражби во куќи, локали и моторни возила, соопшти МВР. Тие ...
Кошаркарскиот клуб Ефес се раздели со тренерот Ердем Џан. Џан (43) доби отказ по третиот последователен пораз во последните пет дена. По поразот од Монако на домашен терен, Ефес во домашното првенство загуби од Каршијака, а синоќа доживеа тежок пораз (90:76) во Каунас од Жалгирис, во Евролигата. Џан на почетокот на сеозната го наследи Ергин Атаман кој по освоените две титули во Евролигата замина во Панатинаикос. Ефес во моментов е изедначен на ...
Лара Иванова и Јосиф Ристовски го објавија нивниот прв дует „Сите светла“. Станува збор за трендовски хит, затоа што за само неколку дена има илјадници прегледи и лава позитивни коментари и реакции од македонската публика, но и од регионот. Автори на текстот и на музиката се Лара и Јосиф, за аранжманот се погрижи единствениот Дарко Димитров, а за видео записот Томислав Живковиќ, кој и овојпат целосно ја долови пораката на песната и на целиот ...
Oколу 1.000 земјоделци на трактори блокираа неколку централни улици во Брисел, особено во близина на Европскиот кварт, каде што се очекуваат лидерите на ЕУ на вонредниот состанок на Европскиот совет. Земјоделците, кои дојдоа од цела Европа да протестираат против Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) и Зелениот договор, а особено од Италија, го блокираа плоштадот пред Европскиот парламент и подметнаа неколку пожари, пренесува „Анса“. ...
Лидерите на Европската унија денеска во Брисел ќе се обидат да го убедат унгарскиот премиер Виктор Орбан да се приклучи на планот за понуда на стабилно финансирање на Украина. На состанокот на Европскиот совет, лидерите на ЕУ ќе разговараат за среднорочниот преглед на долгорочниот буџет на ЕУ за периодот од 2024 до 2027 година, вклучително и 50 милијарди евра за поддршка на Украина. Планирано е да помогне во покривањето на потребите на Украина ...
Скудерија Ферари е на добар пат да потпише договор со Луис Хамилтон (39), седумкратниот светски шампион во Формула 1, во следните неколку дена, најавуваат добро информираните италијански новинари. Според истите извори, Британецот директно преговара со претседателот на Ферари, Џон Елкан и доколку се биде во ред, договор ќе биде постигнат во следните неколку дена. Хамилтон би се преселил во Маранело во 2025 година, иако има договор со Мерцедес ...
Млад човек по потекло од Авганистан, беше брутално убиен синоќа на улица во Темишвар. Како што јавуваат локалните медиуми, непознат напаѓач неколку пати му зарил нож во срцето на младиот човек, а потоа го оставил да умре во локвата крв на сред улица. На грозоморното убиство му претходела тепачка меѓу неколку лица, а полицијата околу 22 часот добила повик дека млад човек паднал на улица и лежи во локва крв. Полицијата смета дека дошло до ...
Во март минатата година семејството на Брус Вилис објави дека на актерот му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција, а неколку месеци подоцна се зборувало дека неговата состојба се влошува. Поранешната сопруга на Вилис, актерката Деми Мур, сега проговори за неговата состојба во „Добро утро Америка“. “I think, given the circumstances, he’s doing very well. What I’ll share is what I say to my children, which it’s important to just meet ...
Извршниот директор на компанијата Мета, која ги поседува социјалните медиуми Фејсбук, Инстаграм и WhatsApp, се извини за време на сослушувањето пред американскиот Сенат. Поради големиот број случаи на злоупотреба и сексуална експлоатација на деца на социјалните мрежи, Цукерберг им се извини на семејствата чии членови се деца кои претрпеле насилство на мрежите. Цукерберг стана и им се обрати на семејствата чии членови држат фотографии од ...
Актерот Алек Болдвин во средата се изјасни за невин за ненамерното убиство и смртта на снимателката Халин Хачинс за време на снимањето на вестернот „Раст“ во Ново Мексико во 2021 година. По смртта на снимателката Халин Хачинс во октомври 2021 година, големата порота го обвини Болдвин во средината на јануари. Актерот реши да не разговара со судијата преку видео врска. Наместо тоа, тој на обвинувањата одговори со писмена изјава. Според судот, ...
Драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари со почеток во 20.00 часот. Ремек-делото на веризмот, приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“ на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Никола ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против шест деца во судир со законот за кои постои сомнение дека сториле продолжено кривично дело кое е санкционирано како – Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Малолетниците, сите ученици во деветто одделение во основно училиште, како соизвршители, неовластено преземале приватни ...
Андреа Белоти (30) до крајот на сезоната ќе игра во дресот на Фиорентина. Рома и Фиорентина постигнаа договоро околу позајмицата на искусниот напаѓач. Белоти, како слободен играч, пристигна во Рома од Торино во август 2022 година како италијански репрезентативец и големо засилување, но во Рим не покажа буквално ништо. Поради тоа реши да ја прифати понудата од Фиренца. Во дресот на Рома постигна шест гола на 22 настапи, додека во Торино шест ...
Според астрологијата, некои луѓе се чини дека се вечно млади во срцето. Без оглед на нивната биолошка возраст, овие луѓе зрачат со жива енергија и жед за живот што му пркосат на времето. Дали ви е познато тоа чувство кога ќе запознаете личност во зрели години и ве фасцинира нејзината енергија. Често мислите дека е помлад и се чудите кога ќе ви го кажат датумот на раѓање. Тоа не е случајно, бидејќи астролозите тврдат дека за тоа се погрижиле ...
Општина Центар продолжува со реконструкција на детските игралишта. Детското игралиште близу Градската болница кај поранешен Јукан има комплетно нови реквизити, а реконструирана е и подлогата. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека новите реквизити односно лизгалка, 2 лулашки и 4 коцки за качување на ова детско игралиште ќе ја вратат детската смеа и детскиот џагор во овој дел од населбата. На игралиштето извршена е и санација на две клупи ...
Баерн Минхен го донесе и третото засилување во зимскиот преоден рок. По Саша Бое и Ерик Даер во Минхен дојде и Брајан Сарагоса. Најтрофејниот германски клуб, пред два месеци ја изненади јавноста кога објави дека ја активирале откупната клаузула во договорот (13 милиони евра) на Брајан Сарагоса. Крилниот напаѓач на Гранада потпиша договор до јуни 2029 година. Баерн го купи крилниот напаѓач за наредната сезона, но повредите во тимот ги натераа ...
Два авиони „Ол Нипон Ервејс“ денеска се судрија во помал инцидент на пистата на аеродромот лоциран меѓу префектурите Осака и Хјого во западна Јапонија, но нема повредени, јавува јапонската „Кјодо“. Инцидентот се случил околу 10:10 часот по локално време, на домашниот терминал на аеродромот Итами, соопшти компанијата „Кансаи аеродроми“. Ова, според написите е трет инцидент на аеродромите во Јапонија во јануари годинава. Пред две недели дошло до ...
Жозе Мурињо, кој неодамна доби отказ од Рома, сака да се врати во Манчестер јунајтед, тврди британски „Дејли мејл“. Повикувајќи се на извори блиски до Мурињо, „Дејли мејл“ пишува дека Португалецот верува дека има незавршена работа на „Олд Трафорд“ по заминувањето во декември 2018 година. Мурињо го презеде Јунајтед во 2016 година откако со клубот се раздели Луј ван Гал. Во првата сезона ја освои Лигата на Европа и Карабао купот, а во следната ...
Спасен е заглавен турски државјанин меѓу селото Коњарево и граничниот премин со Бугарија, информира ЦУК. Имено, по добиен повик на 112 за заглавен турски државјанин во пределот меѓу селото Ново Коњарево и граничниот премин со Бугарија, регионалниот ЦУК Струмица веднаш остварил комуникација со СВР Струмица, по што граничната полиција Ново Село излегла на терен и го пронашла лицето, коешто живо и здраво безбедно е извлечено од теренот, соопшти ...