Лука Модриќ на крајот на оваа сезона ќе мора да го напушти Реал Мадрид, а дресот со број 10 кој го носи хрватскиот играч за врска ќе го наследи Килијан Мбапе. Тоа го пишува Мундо Депортиво во текст во кој истовремено го потврдува заминувањето на Модриќ од клубот и доаѓањето на францускиот напаѓач во Мадрид. Мбапе им потврди на челниците на Пари Сен Жермен дека ќе го напушти клубот, но јавно не соопшти каде ќе ја продолжи кариерата. Шпанските ...

Европа мора да ја зајакне својата одбрана без разлика кој ќе победи на претседателските избори во САД или како ќе заврши војната во Украина, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на Минхенската безбедносна конференција. Тридневниот годишен глобален собир на политичари, дипломати и воени офицери доаѓа откако во Европа расте загриженоста за посветеноста на Соединетите Држави да и помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија и пошироката ...

Портпаролката на рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални, ја потврди неговата смрт. Како што јавува „Би-Би-Си“, Навални починал на 16 февруари во 14 часот и 17 минути по локално време, се вели во документот што и бил предаден на мајката на Навални, Људмила. Неговото тело е кај истражителите. Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Џармиш, побара телото на Навални веднаш да му биде предадено на семејството, по официјалната потврда за ...

Вчера на автопатот Демир Капија – Гевгелија, во близина на клучка Миравци, полицијата го приведе Т.П.(38) од Скопје затоа што со возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки превезувал пет лица мигранти од Народна Република Кина. „Околу 13.10 часот било пријавено дека во близина на клучка Миравци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен берлинго“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(70) од Валандово и ...

Претседателот, Стево Пендаровски, во рамки на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер учествуваше на дебатата насловена „Дали Западен Балкан е дел од големата слика? Мапирање на новата европска безбедносна архитектура“, во организација на Центарот за безбедносна политика од Белград и Центарот за безбедносна политика од Женева. Во дискусијата, Пендаровски се осврна на актуелните состојби во регионот на Западен Балкан, последиците во ...

Koсовскиот премиер, Албин Курти, синоќа на средба со високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и со претставникот на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во Минхен повторно побара да се потпишат договорите постигнати во Брисел и Охрид и ЕУ да ги укине мерките против Приштина. Во соопштението на кабинетот на Курти, се наведува дека потпишувањето на Основниот договор постигнат ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата војска се повлекла од градот Авдиевка за да ги спаси животите на Украинците. „Одлука на професионалците беше да спасат што е можно повеќе животи на Украина“, рече Зеленски на безбедносната конференција во Минхен. Тој предупреди дека недостатокот на оружје со кое се соочува Киев само го зајакнува рускиот претседател Путин. „Не прашувајте ја Украина кога ќе заврши војната. ...

Инстинктите играат клучна улога во начинот на кој го перципираме светот околу нас, донесуваме одлуки и се вклучуваме во сложени социјални интеракции. Тие дејствуваат како внатрешен компас, нè водат низ непозната територија, честопати пред да бидеме свесни за потребата да реагираме. Иако секој има инстинкти, инстинктите на некои луѓе се чини дека се попрецизни и посигурни. Ова се хороскопските знаци во кои се раѓаат луѓе со најдобри инстинкти. ...

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп подели низа комплименти за својот помлад колега Чаби Алонсо. Не е тајна дека челниците на Ливерпул сакаат Шпанецот е првиот избор на Ливерпул за наследник на Клоп. „Чаби Алонсо прави неверојатна работа. А да ме прашавте за него пред осум недели, ќе ви кажев „о, боже, импресивно“. Отсекогаш сум ги истакнувал диносаурусите во оваа работа: Анчелоти, Мурињо, Гвардиола…но новата генерација доаѓа и е веќе тука, ...

Помина речиси половина година од објавата на скандалот на Онкологија и речиси една година од објавата на ревизорскиот извештај за оваа Клиника кој јасно и недвосмислено укажа за низа неправилности, вели претседателот на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов. Нема систем кој за пациентите ќе овозможи континуирана терапија, следливост на терапијата, нема ништо од ветувањето за децентрализација на областа на онкологија, нема ...

Грчкиот тенисер Стефанос Ципас повторно ќе назадува на АТП листа. Неговиот нов пласман ќе биде и најслаб во последните пет години, бидејќи ќе биде надвор од првите десет во светот. Циципас од понеделник ќе се најде на 11. позиција, на АТП листата. За ова придонесоа успесите на Тејлор Фриц во Делреј Бич и Алекс Де Минор во Ротердам. Пласманот на Американецот и Австралиецот во полуфиналето на споменатите турнири им донесе и пробив во првите ...

На граничниот премин Богородица царинските службеници спречија обид за нелегално внесување на црковни предмети меѓу кои и 51 икона, свеќници, нараквици со монистри како и 260 килограми темјан, со проценета вредност од 140 илјади денари, при што е избегнато плаќање на царински давачки од 50 илјади денари. Црковните предмети се пронајдени во камион со регистарски таблички од Босна и Херцеговина, управуван од босански државјанин, кој транзитирал ...

Администрацијата на Џо Бајдед се подготвува да испрати бомби и друго оружје во Израел што би го дополнило израелскиот воен арсенал дури и кога САД се залагаат за прекин на огнот во Газа, објави вчера „Волстрит журнал“, цитирајќи актуелни и поранешни американски функционери. Предложената испорака на оружје вклучува бомби МК-82 и заедничка муниција за директен напад КМУ-572 што додава прецизно водство на бомбите и фитили за бомби ФМУ-139, објави ...

Народната банка активно работи на постојано унапредување на статистичката функција и на целокупната инфраструктура потребна за истражувачка активност и за носење квалитетни одлуки. Соработката со академската заедница може да придонесе за подигнување на квалитетот на истражувачко-аналитичката работа во земјата и да овозможи размена на знаења, искуства и вештини. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита ...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на Минхенската безбедносна конференција се обрати на панелот „Иднината на Западен Балкан – предизвици и можности за ЕУ и Трансатлантската алијанса”. „Земјите од Западен Балкан се подложни на хибридни влијанија од трети земји со кои се поткопува стабилноста на регионот, како и напорите за градење јасен пат кон европските и евроатлантски интеграции. Притоа, поддршката од САД и ЕУ е од ...

Фудбалерот на Астон Вила, Бубакар Камара ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда. Лошата вес ја потврди менаџерот на тимот, Унаи Емери. Камара го скина предните вкрстени лигаменти на неделниот натпревар од Премиер лигата против Манчестер јунајтед. „Првите проценки се дека тој може да се врати на теренот само во септември или октомври“, изјави Емери. Камара пристигна во Астон Вила во 2022 година од Марсеј, а за клубот од Бирмингем ...

Изминатата ноќа во Индијанаполис почна традиционалниот Ол-стар викенд. За прв пат по 39 години, Индијанаполис е центарот каде се собираат актуелните најголеми ѕвезди на НБА кошарката. Викендот го отврија натпреварите на „Ѕвезда во подем“. Натпреварот започна со натпревари на четири тима, тренери беа Џејлен Роуз, Детлеф Шремф, Пау Гасол и Тамика Кечингс. На стартот се случи првото изненадување, Виктор Вембањама, кој настапуваше за тимот на Пау ...

Украинските трупи се повлекоа од разурнатиот источен град Авдијевка, изјави рано утринава новиот началник на украинската армија, отворајќи го патот за најголемиот напредок на Русија од мај 2023 година, кога го освои градот Бахмут. Повлекувањето беше најавено бидејќи Украина се соочува со недостиг од муниција поради неусвојувањето на резолуцијата за американската воена помош во Конгресот, а имаше за цел да ги спаси војниците од целосно ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа ја нарече „лов на вештерки“ пресудата на судијата во Њујорк кој го казни со 355 милиони долари поради фалсификување на вредноста на имотот. „Корумпиран судија од државата Њујорк кој работи со тотално корумпиран јавен обвинител штотуку ме казни со 355 милиони долари врз основа на фактот дека изградив одлична компанија. Ова е мешање во изборите и лов на вештерки“, напиша Трамп на својата ...

На онколошкиот институт во Љубљана е опериран пациент на кој му бил изваден дел од желудникот поради дијагноза на рак на тој орган, но подоцна се испоставило дека е оперирана погрешна личност и дека човекот кој бил опериран нема рак. Медицинскиот центар „Барсос“ во октомври извршил гастроскопски тестови на двајца пациенти, земајќи примероци за хистопатолошки преглед, кои ги испратиле до Институтот за патологија. Меѓутоа, неколку месеци ...

ДПМНЕ не може да испорача решение и со погрешни одлуки и несоодветни чекори го заглавува издавањето пасоши, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение. „ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи. Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ преку нивниот технчки министер го укина вадењето пасош без закажување, со што се пролонгира целиот процес со ...

Власта во заминување на СДС и ДУИ во последен момент преку два тендери од 9 милијарди денари во РЕК Битола, сака да ги наполни куферите и да бега, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Криминалната власт преку инкриминираните функционери сака да потпише годишен договор за набавка на увозен јаглен во вредност од 5 милијарди и 950 милиони денари. Дополнително се турка уште еден договор за ископ во РЕК Битола во висина од 3 милијарди денари, кој ...

Признавањето на палестинската држава повеќе не е табу за Франција, изјави денеска претседателот Емануел Макрон, сугерирајќи дека Париз би можел да донесе одлука доколку напорите за решение за две држави бидат блокирани од израелската опозиција. Едностраното француско признавање не би ја променило ситуацијата на терен без вистински преговори, но би било многу важно симболично и дипломатски. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го изрази своето ...

На партијата на Изет Меџити, односно Демократското движење, денеска и се приклучија целокупни структури на Демократската унија за интеграција од Сарај, објви Меџити. Меѓу личностите кои му се придружуваат на Изет Меџити, како што наведуваат од партијата, се голем број носители на политичкото делување на ДУИ во огранокот Сарај. „Мухамед Рама, претседател на подогранокот Радуше, поранешен претседател на Советот на Општина Сарај, актуелен ...

Вчера во 13.10 часот на автопатот Неготино – Демир Капија, кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го привеле В.Б.(38) од Шуто Оризари-Скопје. При контрола во возилото „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Народна Република Кина, за кои при проверка било утврдено дека ...

Поранешниот тајландски премиер, Таксин Шинаватра, ќе биде ослободен на 18 февруари, изјави денеска премиерот Сретта Тависин. Таксин Шинаватра е во болнички притвор од август, по драматичното враќање од странство по 15 години во самонаметнат егзил за да избегне затвор поради судир на интереси. Кралот му ја заменил осумгодишната затворска казна на една година по неговото враќање, а тој отслужил шест месеци во болнички притвор поради непозната ...

Кристијан Брукнер, главниот осомничен за исчезнувањето на британското девојче Медлин МекКен, се појави пред судот во Германија под обвинение за сексуален напад и силување во одделни случаи, пишува Гардијан. 47-годишникот се појави пред судот во Брауншвајг со голем медиумски и јавен интерес. Почетокот на судењето, со зголемено обезбедување, беше одложен поради големиот број луѓе кои се обидуваа да влезат во судницата. Судењето потоа беше ...

Ники Хејли, кандидат за републиканска номинација за претседателските избори, денеска го критикуваше својот противкандидат Доналд Трамп за неговите пријателски врски со Владимир Путин, откако најлутиот противник на рускиот претседател Алексеј Навални почина во казнена колонија. „Доналд Трамп продолжува да застанува на страната на Владимир Путин – човек кој ги убива своите политички противници, ги држи американските новинари како заложници и ...

На четвртиот вонреден конгрес на Алијансата за Албанците одржан денеска во Скопје, делегатите едногласно донесоа неколку одлуки, извести партијата преку писмено соопштение. „Се усвои кандидатурата за претседател на државата на претседателот на партијата Арбен Таравари, како предлог на Претседателството на Алијансата за Албанците, поддржано од Европското движење за промени, во рамките на претседателските избори од 24 април и 8 мај 2024 година. ...

Двајца тинејџери се обвинети за пукање на победничката парада на Супербол во Канзас Сити, при што едно лице беше убиено, а 22 беа ранети, јавува Би-би-си. Двајца осомничени, и двајцата помлади од 18 години, се приведени под обвинение дека биле вооружени и дале отпор при апсењето, се наведува во судското соопштение. Полицијата претходно соопшти дека пукањето било резултат на расправија и дека не е поврзано со тероризам. Третото лице кое е ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
76%
1013
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
78%
1011
weather icon

Загреб

15ᴼ / 11ᴼ
2.57
65%
1010
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
81%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.95
74%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.26
80%
1011
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
0.45
61%
1011
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
84%
1012
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
77%
1009
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
59%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52