Две малолетни пациентки со цистична фиброза, Стефанија (13) и Хатиџе (15), во четвртокот го примија лекот Трикафта на Клиниката за детски болести. Министерот за здравство, Илир Демири, кој денес ги посети рече дека пет дена по примањето на лекот белодробната функција им е подобрена, а модуларната терапија дава брз ефект. „Ме информираа дека сега животот им е поубав. Подобро дишат, имаат зголемен апетит и задоволни се што почнаа да го примаат ...

Кремљ нема информации кога телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор, би можело да му биде предадено на неговото семејство по завршувањето на потребните процедури, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Ова прашање не треба да биде упатено до нас. Ние не се занимаваме со тоа, тоа не е опис на работата на претседателската администрација“, рече Песков, пренесува „ТАСС“. Тој оцени дека изјавите на ...

Стотици чешки земјоделци со своите трактори пристигнаа во Прага, каде што протестираат против земјоделската политика на Европската унија и чешките власти. Во главниот град на Чешка пристигнаа повеќе од 500 трактори, а пристигнуваат и повеќе возила, пренесува чешкиот портал Новинки. Насобраните земјоделци свиреа додека министерот за земјоделство Марек Виборни влезе во зградата на ресорното министерство. Протестот го организираат Синдикатот на ...

Премиерот Талат Џафери не сакаше да ја коментира препораката од Советот на Европа за отповикување на Законот за амнестија од 2011 и процесирање на четири Хашки случаи. „Тоа е завршена работа во контекст на она што е законодавство и состојбата во државата“, рече Џафери и додаде дека законите се донесени. Пред десетина дена, во писмо до македонската влада, Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, побара да се поништи ...

Емре Ајтекин почина на 32-годишна возраст во Истанбул. Сандра Зепин, ѕвездата на филмот „Збогум, Германијо“, го загуби свршеникот Емре Ајтекин. Емре, музичар и актер, според порталот „Билд“, бил претепан во Истанбул, а потоа им подлегнал на повредите. Според извештаите, Сандра Зепин го ризикувала сопствениот живот за да го спаси својот свршеник, но немало помош. Според германските медиуми, постои сомневање дека непознати напаѓачи ја ...

Температурите го соборија 64-годишниот рекорд во оддалечениот западен кинески регион Ксинџијанг, спуштајќи се до минус 52,3 степени Целзиусови во услови на студен бран, предизвикувајќи прекини во сообраќајот по лунарниот новогодишен празник. Неколку делови на Кина се борат со уште едно длабоко замрзнување додека луѓето се враќаат од еднонеделните прослави на најголемиот празник во годината. Непосредно пред почетокот, снежното невреме и ...

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави денеска, по пристигнувањето на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, дека земјите-членки на ЕУ ќе предложат санкции против одговорните за смртта на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални. „И самиот Путин е одговорен“, изјави Борел пред новинарите во Брисел. Тој нагласи дека ЕУ мора да продолжи да ги поддржува Украина и рускиот народ на ...

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик во Минск изјави дека имал исклучителна средба со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. „ Разговаравме за економска соработка и продолжуваме да соработуваме“, изјави Додик по средбата. Тој посочи дека Лукашенко ги разбира сите процеси. „Никогаш нема да заборавиме дека Лукашенко беше во Белград во 1999 година кога нашата нација беше бомбардирана“, рече Додик, пренесе РТРС. Тој нагласи ...

Украинските сили уништија 18 оклопни возила во Москва за време на рускиот продор на југот од земјата во саботата, кон Киев, додека силите на Кремљ напредуваат долж линијата на источниот фронт. Руските сили изгубија три тенка во напад во јужниот украински регион Запорожје, соопшти западната оперативна команда на Украина. Украинската војска не даде повеќе детали, но сподели видео на кое наводно се гледа таргетирање на руски возила долж јужниот ...

Газдата на Наполи ќе му врачи отказ на Валтер Мацари, кој во текот на сезоната го замени Руди Гарсија на клупата, на шампионскиот тим. Италијанците беа скептични кога Гарсија дојде на местото на Лучано Спалети, творецот на тимот кој по 33 години ја врати титулата во Неапол, а уште повеќе беа изненадени кога Мацари го наследи Мацари. Аурелио Де Лаурентис, влече лоши потези, поради што Наполи се наоѓа на деветтото место на табелата и речиси ...

„Алкалоид“ во изминативе години започна процес на редизајнирање на постојни генерички фармацевтски производи за нови индикации, со цел создавање лекови со додадена вредност кои овозможуваат третирање и задоволување на потребите на индивидуални или на специфични групи пациенти. Стратешките инвестиции за модернизација на производственото портфолио доведоа до успешен развој на првиот патентиран лек со додадена вредност на „Алкалоид“, наменет, ...

Поранешната претставничка на Републиканската партија, Лиз Чејни изјави за Си-ен-ен дека постои „Крило на Путин“ во Републиканската партија, по неодамнешните изјави на Доналд Трамп за НАТО и Русија и молкот на Трамп за смртта на Алексеј Навални. „Мораме сериозно да разбереме до кој степен крилото на Путин во Републиканската партија сега е силно. Верувам дека најважната цел во овој изборен циклус е да се осигура дека Путиновото крило во ...

Против Република Хрватска е поднесена тужба тешка над 35 милиони евра поради одземање на јахтата „Ројал Романс“ во сопственост на компанијата „Ланелија холдингс“, зад која стои рускиот претприемач Алексеј Инкин. Медиумот Н1 ја пренесува хронологијата на настаните. Јахтата е блокирана во пристаништето Трогир на барање на украинското обвинителство. Тоа ја поврзува со Виктор Медведчук, руски тајкун против кого во Украина се води предистражна ...

Дали некогаш сте размислувале само да ги спакувате куферите и да се качите во авион без да ја знаете вашата дестинација? „Скандинавиан ерлајнс“ – шведска авиокомпанија им нуди на членовите на нивната програма за лојалност можност да одат на непозната дестинација. Во соопштението за печатот, авиокомпанијата вели дека во рок од неколку минути од објавувањето на 12 февруари, над 1.000 членови се пријавиле да летаат без да знаат каде. ...

По купувањето, Анита и Готфрид за првпат ја виделе куќата летото во 2020 година поради пандемијата на коронавирусот, а потоа останале во неверување. Брачен пар од австриската провинција Штаерска, Анита (61) и Готфрид Финк (71), сакале да го поминат животот во пензија во Хрватска на Јадранот, пишува „Клајн Цајтунг“. Заштедиле за имотот, а потоа во летото 2019 година нашле куќа со голема тераса која им одговарала. Нивиот нов дом бил лоциран во ...

Мобилен тим спречи шверц на 3590 таблети трамадол откриени во личен багаж на еден патник при контрола на автобус на граничен премин Табановце, велат од Царинска управа. „Во моментот кога автобусот е ставен на мобилен скенер, при што секој од патниците го извадија својот личен багаж надвор од автобусот, патникот се обиде да го искористи моментот и ја фрли торбата преку жичаната ограда на царинскиот терминал Табановце. Во ова е воочен од страна ...

Три дена по официјалното соопштение за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, неговото семејство сè уште не смее да го земе неговото тело, па дури и да го види. Во казнената колонија, мајката на Алексеј, Људмила Навални, била информирана дека телото на нејзиниот син е пренесено во мртовечницата во градот Салехард, но институцијата тврди дека телото не е кај нив. Медиазона сега објави снимка од камерата, на која се гледаат четири ...

Јавните претпријатија во Демир Хисар користат нафтени деривати набавени од блиски фирми и донатори на СДС и ДУИ кои се опасни по животот и здравјето на населението, велат од политичката партија Левица. „Иако навидум зелена општина со големи шумски пространства и “чист воздух”, Демир Хисар се труе со канцерогени честички а властите и надлежните не направија ништо да имплементираат “зелени” – алтернативни решенија за загревање на јавните објекти ...

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 272 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Во периодот од 12.02. до 18.02.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 158 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 114 возила кои биле затекнати на ...

Убавата Маргот Роби во последните месеци на сите јавни настани се појавуваше во розови креации во чест на филмот „Барби“ во кој таа ја имаше главната улога. Но, актерката сега направи промена и воодушеви со вамп издание. Имено, Маргот пристигна на традиционалната забава на Чарлс Финч и Шанел пред БАФТА, која секоја година се одржува во Лондон пред доделувањето на наградите на Британската филмска академија, попозната како БАФТА. Таа на ...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 815 возачи. „Од нив 52 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 397 возила ја ...

„Ја разбираме потребата на СДС на секој можен начин да ја дефокусира јавноста од своите криминали и неспособноста на МВР-СДС кое во “државен притвор“ остави 600 илјади граѓани“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „Исто така СДС сака јавноста да заборави и на скандалите како петардите на Дрин Ахмети, луксузните патувања на заменикот во МВР Назим Буши, пукањето со калашникови од страна на полициски функционери, исчезнувањето на ...

Новак Ѓоковиќ не играше минатата недела, но ја зголеми предноста на врвот на АТП листата. Србинот ја започна 413. недела на првото место, тој има 9.855 бодови на новата листа. Минатата недела Ѓоковиќ имаше 600 поени повеќе од Карлос Алкараз, сега таа предност изнесува 750 поени. Алкараз не успеа да ја одбрани титулата на турнирот во Буенос Аирес, каде стигна до полуфиналето, со што загуби 150 бодови. Факт е дека битката за првото место во ...

Англиски министри потврдија дека планираат да ја забранат употребата на мобилни телефони во училиштата. Објавија упатства за директорите, пренесува „Гардијан“. Упатствата им дозволуваат на училиштата различни начини да ја спроведат забраната, вклучувајќи учениците да ги остават мобилните телефони дома, да ги чуваат во шкафчиња или да ги остават исклучени. Според анализите, 97 отсто од 12-годишниците имаат паметен телефон. Паметните телефони го ...

Сопственик на куќа во округот Харис, Тексас, застрелал и убил човек кој вчера му ја украл преносливата скара. Шерифот на округот Ед Гонзалес рече дека полицијата одговорила на извештајот за пукање и прелиминарната истрага покажала дека жртвата се обидела да украде скара од домот. Откако ја открил кражбата, сопственикот на куќата влегол во својот автомобил и тргнал по возилото на крадецот. Кога го стигнал, им се заканил на двајцата мажи во ...

Ако се прашувате како да натерате маж да се заљуби во вас, дознајте што е во хороскопот. Неговиот хороскопски знак ќе ви каже се… Откријте што е во хороскоп вашата симпатија бидејќи може да ви помогне да го натерате да се заљуби во вас. Овен Претставниците на овој хороскопски знак се страсни и темпераментни. Затоа, тие сакаат до себе да имаат жена која е нежна и одмерена, односно жена која сакаат да ја заштитат. Откако ќе запознае таква ...

Жена во своите седумдесетти години спиела покрај мртовото тело на нејзиниот брат во куќа во богатото предградие Џилонг, југозападно од Мелбурн. На 29 декември 2022 година, полицијата отишла да ја провери состојбата на нејзиниот брат, но кога пристигнала во куќата наишла на застрашувачка сцена – машки труп и куќа полна со стаорци и ѓубре. За да стигнат до телото, форензичарите морале во заштитни одела да минат низ ѓубре од подот до таванот, ...

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист кој со интернационална кариера – Драган Ѓорѓевиќ. Концертот е насловен “Хармонија”, а диригент е маестро Мануел Хернандез- Силва од Венецуела/Шпанија. На програмата се Концертот за виолончело и дувачки оркестар од Фридрих Гулда, симфониските танци „Приказна од западната страна“ од Леонард Бернштајн ...

Силен земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина околу 9 часот и 20 минути. Земјотресот се почувствувал во поширокото подрачје на Сараево, пишуваат босанските медиуми. #Earthquake (#zemljotres) possibly felt 16 sec ago in #Bosnia&Herzegovina. Felt it? Tell us via: 📱https://t.co/IbUfG7TFOL 🌐https://t.co/AXvOM7I4Th 🖥https://t.co/wPtMW5ND1t ⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! ...

Баерн кризата во која се наоѓа ја продлабочи во Бојум. Најтрофејниот германски клуб, загуби од домаќинот со 3:2. По овој пораз, одбраната на титулата стана невозможна мисија. Баерн на 12 рунди до крајот на Бундеслигата има осум поени помалку од Баер Леверкузен. Баерн во Бохум го забележа третиот пораз во низа. Претходно го загубија дербито во Леверкузен и беа поразени од Лацио во Лигата на шампионите. По поразот во Бохум, фудбалерите на Баерн ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
40%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
2.59
59%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
54%
1014
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
82%
1014
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.31
80%
1015
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
3.13
73%
1014
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.12
41%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
52%
1016
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
55%
1016
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
4.63
82%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
2.06
61%
1014
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
82%
1012
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.35

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52