
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Павле Трајанов, претседателот на Демократски сојуз, до Уставниот суд, поднесе иницијатива за поништување на автентичното толкување на член еден од Законот за амнестија, со кое се запре постапката за четирите Хашки случаи: „Водството на ОНА“, „Липковско Езеро“,„Гробница непроштено“ и „Мавровски работници“. Инаку по Автентичното толкување, се запре постапката за четирите Хашки предмети: „Се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки ...
Руските семејства мора да имаат најмалку две деца за да се обезбеди етнички опстанок на нацијата и три или повеќе за нацијата да се развива и напредува, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Како што потсетува Ројтерс, иако јавноста не знае колку војната против Украина ја погоди Русија, извесно е дека Русија претрпе големи загуби, а стотици илјади луѓе ја напуштија земјата поради противење на конфликтот или страв од мобилизација. Путин им ...
Министерството за здравство во Газа соопшти дека четвртиот пациент починал во болницата „Насер“ бидејќи при вчерашниот израелски упад во тој објект било прекинато напојувањето со електрична енергија, а снабдувањето со кислород било ограничено. Претходно, тројца пациенти починаа во текот на ноќта во таа здравствена установа во Кан Јунис, пренесува Ал Џезира. Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ашраф ал-Кидра, вчера ...
Канадско-руска државјанка во понеделникот пред американскиот суд се изјасни за виновна за перење пари во мултимилионска шема за испраќање делови за беспилотни летала и проектили во Русија. Инстаграмот на 32-годишната Кристина Пузирева е полн со кадри кои можат да се видат на многу инфлуенсери кои патуваат низ светот. На едната фотографија позира пред бали со сено, на другата држи маж за рака, на трета вежба јога среде прекрасна природа. Но, ...
Eвроазискиот рис и неговиот загрозен подвид, балканскиот рис, се најдоа на списокот на преселни видови, одлучено е на Конференцијата на Бонската конвенција во Узбекистан. „Ова се одлични вести за сите заштитари од Европа и Азија“, вели Диме Меловски од Македонското еколошко друштво (МЕД). Тој во Самарканд го образложи поднесокот за вметнување на балканскиот рис во Бонската конвенција. „Што се однесува до балканскиот рис, со поддршката на ...
Тони Надал, вујкото на Рафаел Надал и негов поранешен тренер, зборуваше за шансите на неговиот внук на Ролан Гарос. Како и секогаш не заборави да го спомне првиот светски рекет, Ѓоковиќ. Рафаел Надал пред неколку дена објави дека ќе го пропушти турнирот во Доха, а неговиот вујко верува дека ќе биде подготвен за вториот Грен слем сезонава во Париз. „Сè уште верувам дека Рафа ќе оди на Ролан Гарос и дека ќе го освои трофејот“, изјави Тони Надал ...
Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи се обрати до министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. „Сите мои настапи во изминативе денови, беа обид да Ви укажам на бројните пропусти од Годишната програма, а Вие не само што не сте сфатиле, туку и понатаму продолживте да тонете во калта. Малку ли Ви се бројните реакции од културните работници, за да се свестите што сте направиле? Ви се обраќам лично, како ...
Бисера Костадиновска, министерката за култура покажува голема нервоза во обидот да ја оправда скандалозната годишна програма во културата. Впрочем критиките и пристигаат и од страна на самите работници од културата и фестивалите кои таа ги заборави на сметка на проекти кои широкоградо ги “даруваше“ со народни пари, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „остадиновска ја нема да одговори зошто се одвоени 30.000 евра за „реализација на фестивалот „Моисиу“ ...
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, заедно со Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија, Господин Господин Стефан и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски ја посетија Црквата Св. 40 Маченици која се гради на Смилковското езеро. За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: „Утрово заедно со Поглаварот на Македонската ...
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со државната секретарка, Магдалена Несторовска, ги посети управните служби на МВР кои се наоѓаат во зградата на Македонска телевизија, со цел увид во текот на реконструкцијата на просториите на службите како и во процесот на замена на личните документи на граѓаните. „Градежните работи започнаа на 11.12.2023 година, и беа поделени на неколку фази со оглед на ...
Меѓупалестински состанок треба да се одржи во Москва од 29 февруари до 1 или 2 март, а поканети се претставници на милитантните групи од Појасот Газа – Хамас и Исламски џихад, изјави специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за Блискиот Исток и Африка и заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов. „Ги поканивме сите палестински претставници – сите политички сили кои имаат свои позиции во различни земји, вклучително ...
Динамо Загреб победи со 1:0 на гостувањето кај Бетис во првиот натпревар од второто коло на Конференциската лига. Стрелец на победничкиот гол беше Бруно Петковиќ од пенал. Стоперот на Бетис, Чади Ријад играше со рака во сопствениот шеснаесетник, судијата Микола Балакин неколку минути го гледаше видеото и досуди пенал за Динамо. Победата на Динамо на „Бенито Виљамарин“ во Севилја, ја коментираше поранешниот македонски репрезентативец, Стефан ...
Дваесет инвестициски проекти се доставени на Јавниот повик за техничка помош за развој на добавувачи на ТИРЗ наменет за македонски компании. Апликантите се средни и големи компании од Кавадарци, Скопје, Струмица, Кочани и Битола. Компаниите се доминантно извозни со остварен приход од над 217 милиони евра во последната година. 65% од остварените приходи овие компании ги реализираат од извоз во ЕУ, САД, Азија, Блискиот Исток, Канада, Африка и ...
Отпад и хартии затекнале пожарникарите во напуштената куќа спроти „Ист гејт“ што се запали утрово. На терен беа упатени две противпожарни возила и шестмина пожарникари, а повредени лица нема. Командирот на скопската противпожарна бригада, Звонко Томевски, за „Макфакс“ изјави дека се работи за куќа во која не живеел никој. „Имаше внатре отпад и хартии, веројатно тука престојувале бездомници“, рече Томевски. Како што додаде, не е првпат да гори ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел да се олесни процесот за подигање на готови пасоши, од понеделник граѓаните кои се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во ПС Пролет ќе добиваат СМС порака откако ќе им биде изготвен пасошот за да дојдат да го подигнат. Исто така, граѓаните ќе можат на интернет страната mvr.gov.mk да извршат проверка дали нивниот пасош е изготвен. „Ги молиме граѓаните доколку немаат ...
Нов тип на американско оружје, никогаш досега не користено во реални (без дострел) услови, по неколку најави се чини дека веќе се најде во рацете на украинските вооружени сили и дека веќе е користено во борбени дејствија. Во Украина беше испратено ново оружје ГЛСДБ ( лансирана бомба со мал дијаметар), кое треба да и помогне на земјата разурната од војна попрецизно да ги гаѓа непријателските цели. Информацијата дека ГЛСДБ, која никогаш досега ...
14-годишна ученичка паднала од прозорец на основно училиште кај Бихаќ, потврдија во полициската управа на Унско-санскиот кантон. Истрагата која се уште е во тек треба да ги утврди околностите кои довеле до овој настан. Девојчето се здобило со тешки физички повреди, но животот не и е загрозен и синоќа е сместена на понатамошно лекување во Сараевскиот клинички центар, изјавиле за порталот Краина, пренесува „Српскаинфо“. Се уште нема подетални ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша законот за легализација на канабисот за медицински цели. „Претседателот потпиша предлог-закон за регулирање на циркулацијата на растението коноп за медицински, индустриски, истражувачки и научно-технички цели, со цел да се олесни пристапот на пациентите до потребниот третман за рак и посттрауматски стресни нарушувања предизвикани од војната“, се наведува во соопштението за печатот, ...
Коалицијата на Данела Арсовска, СДС, ДУИ и Левица во Град Скопје се директно одговорни за хаосот во ЈСП. Тие пред само еден месец лажеа, драматично го обвинуваа ВМРО-ДПМНЕ дека е одговорен за тоа што во Скопје нема градски превоз поради доцнење на платите. Но вистината излезе на виделина после помалку од еден месец. И овој месец повторно доцни исплатата на плата во законскиот рок во ова јавно претпријатие иако Советот изгласа субвенции, велат ...
Акција за рушење на нелегално граден објект рано утринава се одвиваше во општина Кисела Вода. Се работи за индустриски капацитет спроти трaфостаница во индустриската зона на патот Пинтија-Драчево, изграден со нерегуларна документација, информираа од општината. Градоначалникот Ѓорѓиевски, упати порака дека новиот, законски начин на работа во оваа општина е видлив и дека нема да има толеранција за никој што ќе одлучи да се стави над законите. ...
Жoзе Мурињо, во подкастот на Рио Фердинанд ги откри неговите фаворити за освојување на Премиер лигата и Лигата на шампионите. Ливерпул во моментов е водечки тим во Премиер лигата со два бода, но и натпревар повеќе од Манчестер сити. Откако малку размислуваше за конечниот одговор, Мурињо сепак му даде предност на тимот на Пеп Гвардиола. Исто така тој смета дека „граѓаните“ се еден од двата најголеми фаворити за освојување на Лигата на ...
Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово излегоа од двете авто бази во Автокоманда и Ѓорче Петров. Дека редовно ќе сообраќаат, за „Макфакс“ потврдија и надлежните во ЈСП а во изјава за неколку медиуми тоа го потврдил и претседателот на Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Миќо Стојановски. „Автобусите ќе сообраќаат редовно, а во текот на денот на сметка ќе легнат и платите на вработените„ потврдија во ...
Австралиските власти денеска затворија неколку паркови во Сиднеј, откако на неколку локации во градот беше откриен азбест. Градскиот совет на Сиднеј соопшти дека ќе започне со проверка на 33 паркови за да утврди дали се загадени со азбест и дека тестирањето ќе трае неколку недели. Околу 700 ученици во јавното училиште во југозападен Сиднеј ќе бидат преместени неколку недели откако беше пронајден азбест во кампусот на училиштето, пренесува ...
Грчкиот парламент ги легализираше браковите и посвојувањето на истополовите парови. Грција стана првата земја со мнозинско православно население што го легализираше посвојувањето деца од родители од ист пол. Грчкиот парламент вчера со големо мнозинство го усвои предлог-законот за брак и посвојување деца за истополови двојки, што претставува голема социјална реформа и покрај силното противење на Православната црква. Предлог-законот поднесен од ...
35-годишен маж, за кој се вели дека е од Велика Британија, нападнал стјуард на летот од Тајланд за Британија, откако го „скршил“ тоалетот на летот на „Тај ервејс“. Како што пренесуваат локалните медиуми, на шокантното видео снимено од еден од патниците, може да се види како маж бесно ги удира со тупаници и ги турка другите во авионот од себе, по што го удира стјуардот, кој паѓа на подот. Другите патници и екипажот на релација Бангкок-Хитроу ...
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Хрватска, забележаа сеизмографи на Сеизмолошката служба на Хрватска. Земјотресот бил со умерен интензитет со епицентар кај Грачац. Магнитудата на земјотресот бил 3,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот V (пет) според ЕМС скалата. Земјотресот бил почувствуван во областа околу Обровац, Бенковац и Задар. После тоа следеле серија послаби ...
Фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја (КФА) објави дека Јирген Клинсман (59) повеќе не е селектор на националниот тим. Клинсман доби отказ откако минатата недела репрезентацијата беше елиминирана во полуфиналето на Азискиот куп. „Ставот и конкурентноста на Клинсман како тренер не ги исполнија очекувањата. Затоа, решивме да го смениме правецот пред квалификациските натпревари за Светското првенство во 2026 година“, рече претседателот на ...
Богатството на актерката Шерон Стоун беше проценето на 40 милиони долари, но таа се пожали дека скапо го плаќа тоа што е богата и славна. „Излегуваш на вечера и има 15 луѓе на масата, а кој ќе ја добие сметката? Секој пат добивам сметка за вечера од 3.000 долари“, рече 65-годишната Стоун во интервју за „InStyle“. Познатата актерка заклучи дека е многу скапо да се биде славен. Некои од нејзините трошоци вклучуваат неодамна купен дом, како и ...
Оваа сабота, на 17 февруари, во 20:30 часот во едукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи фестивал на современа македонска поп музика „Поп култура“. На „Поп Култура“ со концерти во живо ќе се престават „Young Dadi“, „Zee“, „Matej Foltz“ и „Vanski“, а атмосферата ќе ја загрее со диџеј сет „Dimchuga“. Како специјална гостинка од Суботица, Србија ќе настапи и младата раперка „Mlada Beba“. „Поп Култура“ е дел од платформата Силата ЕУ ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49% во однос на одлуката од 22.1.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,029%, кај дизелот за ...