
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Премиерот, Талат Џафери, го заврши присуството на јубилејната, 60. Минхенска безбедносна конференција, којашто шест децении претставува платформа за постигнување мир преку дијалог, и, како што велат од Владата, е добра можност, за реафирмација на цврстата определба на Северна Македонија кон евроатлантскиот пат и демократските вредности. Џафери, заедно со уште 450 политички лидери, преку присуството на панелите, неформалните разговори и ...
Два случаи на причинета штета од заталкани куршуми биле пријавени во полицијата во текот на вчерашниот ден. На 17.02.2024 во 18.10 часот во СВР Скопје, Ф.Л.(63) од с.Љубин, општина Сарај, пријавил дека кровот од неговата куќа и гаража бил оштетен од заталкани зрна од огнено оружје. На 17.02.2024 во 14.40 часот во СВР Скопје, М.Т.(33) од Скопје пријавил дека на балконот од неговата куќа на подрачјето на Гази Баба во Скопје пронашол зрно од ...
Маж и неговата сопруга меѓусебно се обвиниле во полицијата за семејно насилство кое, според пријавите, се случувало во семејниот дом во скопската населба Карпош. Вчера во 14.30 часот, 36-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг. Подоцна во текот на денот, во 19.30 часот, нејзиниот сопруг во полицијата пријавил дека во семејниот дом, по ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вети дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, до 2026-та година ќе бидат завршени автопатот Кичево – Охрид и експресните патишта. Mицкоски на денешната дебата „Инфраструктурна платформа за иднина“ на тема „Концепт за инвестиции во инфраструктурата“ која што се одржа во Другово, општина Кичево, рече дека со ВМРО-ДПМНЕ ќе биде многу поразлично, од она што беше до сега. „До сега буквално немаме никакви ...
Изгледа дека Викторија Бекам (49) се уште не e подготвена да стане баба. Таа се вознемири кога ја прашаа дали е подготвена за внуци на недамнешното интервју за подкастот на магазинот Vogue. За време на интервјуто, Викторија одговори на многу прашања на водителката во врска со работата и семејството. Викторија сподели како таа и Дејвид бараат еден од нив да остане дома со Харпер. Со оглед на тоа што има три возрасни сина, новинарката ја праша ...
Има разлика, Спасовски забошотуваше инциденти, а новиот министер покажа дека нема привилегирани, вели пратеникот, Драган Ковачки, во врска со инцидентот што го потврди МВР дека припадник на обезбедувањето на Христијан Мицкоски натепал полицаец пред скопски локал. „За разлика од времето на Оливер Спасовски и СДС, кога директно од министерот се забошотуваа инцидентите во кои полициски службеници беа малтретирани и исфрлани од полициска станица, ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека болницата Насер во Кан Јунис, најголемата на југот на Појасот Газа, повеќе не работи по еднонеделната опсада на израелската војска и рација која продолжува. „Вчера и завчера на тимот на СЗО не му беше дозволено да влезе во болницата за да ја процени состојбата на пациентите и критичните медицински потреби, и покрај тоа што стигна до ...
Кинеското Министерство за надворешни работи одби да ја коментира смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални пред лекарите да ја утврдат точната причина за смртта, велејќи дека Москва може да се справи со своите внатрешни работи без странско мешање. На ова остро реагираше генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Денес ја добивме изјавата од кинескиот министер за надворешни работи дека смртта на Навални е „внатрешно руско прашање“. ...
Во статус на социјалната мрежа Фејсбук, претседателот на Алијансата за Албанците и истовремено кандидат за претседател на опозициската коалиција, јавно го повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети да го прифати предизвикот за претседателската трка. „Пропагандата на ДУИ, откако ја објавив мојата кандидатура за претседател, некогаш вели дека Али Ахмети ќе се кандидира, некогаш се повлекува … Отворено го поканувам господинот Али Ахмети да се натпреварува ...
Во рамките на континуираните активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, како дел од годишната програма за работа денес министерот Панче Тошковски беше дел од реализирана превентивна активност од областа на имотните деликти, во насока на зголемување на нивото на самозаштита и поголема безбедносна култура кај граѓаните во делот на тешки кражби од моторни возила. Заедно со началникот на СВР Скопје и полициските службеници од ...
Новаја газета Европа дознава дека телото на рускиот опозиционер и најгласниот критичар на претседателот Владимир Путин, Алексеј Навални, се наоѓа во мртовечницата во болницата во Салехард, град недалеку од затворот во кој бил сместен. По ненадејната смрт на Навални во петокот, неговото тело најпрво било однесено во градот Лабитнанги, 36 километри оддалечен од затворската колонија каде што служел 19-годишна затворска казна во далечниот северен ...
Данската премиерка, Мете Фредериксен, најави дека Данска ќе ја испрати сета своја артилерија во Украина и ги повика европските земји да ги снабдуваат украинските вооружени сили со муниција и системи за противвоздушна одбрана, бидејќи сега им се повеќе потребни, пренесува Euromaidan Press. Говорејќи на маргините на самитот за безбедност во Минхен, данската премиерка се пожали дека нема доволно чувство на итност во дискусиите на самитот во врска ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со Мануел Сарацин, специјален пратеник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан. Реафирмирана е силната поддршка од Германија за следниот исчекор во европските интеграции, како клучен за граѓаните на Северна Македонија да го осигураат членството во ЕУ во непрекинат процес, известуваат од владината прес – служба. „Се оцени дека Република Северна ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ на ТВ Прва зборуваше за кошаркарсите клубови Црвена Звезда и Партизан. Црвена звезда, синоќа во Ниш, го освои трофејот во Купот. Во финалето црвено-белите го победија Партизан со 85:79. Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, по финалето на Купот на Радивој Кораќ изјави дека е голема лага дека тие се црно-бел државен проект. „Ова е одвратен напад на државата што се случува секој ден. Од Црвена звезда такви ...
Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија. Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денес ...
Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, го осуди инцидентот во кој синоќа во угостителски објект беше нападнат полициски службеник при извршување на своите работни активности, од страна на припадник на обезбедувањето на Мицкоски. „Во однос на инцидентот кој се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој се инволвирани полициски службеници, сакам да ја известам јавноста дека најостро ...
Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, ја победи Сабрина Јонеска во брзо шутирање тројки на Ол-стар натпреварот во Индијанаполис. Јонеску, кошаркарка на Њујорк Либерти, го предизвика Кари уште во текот на летото, на крајот се соочија во арената на Индијана Пејсерс. Кари победи во тесен дуел, со резултат 29:26. Прва шутираше Јонеску и стигна до 26 поени, Кари во последната серија погоди четири шута, кои вредат два поени, со што го сврте ...
Лицето кое учествувало во инцидентот веднаш ќе биде отстрането од обезбедувањето, бараме органите без задршка да постапат и казнат секакво насилство, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако беше објавено декаприпадник на обезбедувањето на Христијан Мицкоски учествувал во инцидент во скопски локал синоќа, пришто нападнат бил полицаец. „Споменатото лице за кое медиумите известуваат дека било дел од инцидент е ангажирано како дел од обезбедувањето, но истото ...
Ноќеска, пред кафе барот Мош во Скопје, шефот на обезбедувањето на Мицкоски, Ивица Бисовски, физички нападнал полицаец, изјави Дарко Каевски од СДСМ на прес-конференција. Тој тврди дека иако и самиот е полицаец шефот на обезбедувањето на Мицкоски се обидел да спречи полициска акција за дрога. „Затоа е тепан полицаецот, инспектор од НТШ, за борба против дрога. Напад на полицијата, напад на полицајците е напад врз државата. Станува збор за ...
МВР се огласи за инцидентот со шефот на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој синоќа нападнал полицаец. Од МВР информираа дека нападот се случил 40 минути по полноќ во угостителски објект во Центар. „Полицијата го приведе И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија“, велат од МВР. Лицето било приведено во полициска ...
Грузискиот ММА борец Илија Топурија е новиот шампион во перо категорија (до 66 кг) во елитната промоција на УФЦ. Топурија во неделата рано наутро во втората рунда го нокаутира Австралиецот Александар Волкановски и му го одзеде шампионскиот појас. Тоа беше главната борба на настанот UFC 298, кој се одржа во Хонда центарот во Анахајм. Така Топурија го задржа статусот на непоразен борец, бидејќи забележа исто толку победи во 15 натпревари. Откако ...
Ситуацијата околу Украина за Западот е прашање на тактичка позиција, додека за Русија е од витално значење, изјави рускиот претседател, Владимир Путин за ТВ Русија на 24. Тој посочи дека е важно и руските и странските гледачи да разберат колку е чувствително и важно за Русија „се што се случува во правец на Украина“. „За нив (Западот) тоа е подобрување на тактичката позиција, а за нас тоа е судбина, тоа е прашање на живот и смрт. Сакав луѓето ...
СДСМ обезбедува силна поддршка за земјоделците, со кои се постигнува одржливости и развој на земјоделството, велат од СДСМ. „Се креираат мерки, според потребите на земјоделците и поголеми субвенции. Од оваа година дел од субвенциите им се исплаќаат на земјоделците авансно, за да ги добијат средствата тогаш, кога им се најпотребни. Само во текот на изминатата недела се исплатени субвенции од 76 милиони денари за 6.342 одгледувачи на говеда, ...
Во изминатите две години имаме најголемо инвестирање и најмногу обновливи извори на енергија кои што произведуваат електрична енергија, велат од СДСМ. „До 2016 година во време на владата на ДПМНЕ имало само 16 мегавати инсталирани обновливи извори на енергија. Само во изминатите две години во мандатот на СДСМ се исталирани 600 мегавати обновливи извори на енергија, кои може да снабдуваат околу 170 илјади домаќинства со струја. Одговорните ...
Деветнаесетгодишниот син на поранешната извршна директорка на „Јутуб“, Сузан Војчицки почина во студентски дом на Универзитетот во Калифорнија, Беркли. Марко Тропер, бруцош по математика, бил пронајден мртов во студентскиот дом околу 16:23 часот во вторникот, а неговите најблиски се збогуваа со зборовите дека бил прекрасен и забавен млад човек. Обидите на брзата помош да го реанимираат биле неуспешни. Полицијата не пронашла знаци на насилство ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја претстави новата линија на патики, еден ден откако њујоршкиот судија го казни со речиси 355 милиони долари на судење за граѓанска измама. Поранешниот претседател вчера претстави модел на патиката Трамп во продавницата Sneakercon во Филаделфија, а додека зборуваше пред присутните, на подиумот постави пар патики во златна боја, кои ги рекламираше на новата веб-страница за цена од 399 долари. – ...
Деновиве вниманието го привлече безбедносната конференција во Минхен. Главни теми Руската агресија против Украина и ситуацијата на Блискиот Исток. Сериозни теми, сериозен протокол со присуство на делегации од многу држави. Но, само една делегација личи на расштиман оркестар – за жал, тоа е македонската делегација, вели пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски. „Според дипломатските правила, една држава на ...
Кинескиот конкурент на патничките авиони „Ербас“ и „Боинг“, C919 – произведен од корпорацијата за комерцијални авиони на Кина (COMAC), го направи своето прво патување надвор од кинеската територија, летајќи во Сингапур денес. Кина инвестираше многу во обидот да ја прекине доминацијата на двата западни производители на авиони на светскиот пазар на патници и оваа година посочи дека ќе направи напори C919 и COMAC да бидат поприсутни на домашниот ...
СДСМ обезбедува силна поддршка за земјоделците, со кои се постигнува одржливости и развој на земјоделството, велат од СДСМ. „Се креираат мерки, според потребите на земјоделците и поголеми субвенции. Од оваа година дел од субвенциите им се исплаќаат на земјоделците авансно, за да ги добијат средствата тогаш, кога им се најпотребни. Само во текот на изминатата недела се исплатени субвенции од 76 милиони денари за 6.342 одгледувачи на говеда, ...
Постојат основани сомненија дека за да му направат сопки на техничкиот министер од опозицијата, СДСМ и ДУИ свесно креирале недостаток на обрасци поради што 100 илјади веќе фотографирани граѓани, не можат да дојдат до својот документ, обвини ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение. За ова малтретирање на народот, велат од партијата, мора да има одговорност и повикаа на измена на законот за патните исправи. „Сега кога се им е јасно на граѓаните и ...