
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Вчера попладне, во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот Р.С. од Тетово и возило „шкода“, сопственост на МВР, извести Министерството за внатрешни работи. „Во незгодата со телесни повреди се здобил полицискиот службеник, кој го управувал возилото „шкода“, констатирани ...
Германската влада одобри учество на германските вооружени сили во мисијата на Европската унија „Аспидес“, чија цел е да ја заштити морската рута во Црвеното Море од нападите на Хутите од Јемен, соопштено е денеска. „Постојаната ескалација на насилството и заканата по животите на екипажот на трговските бродови ја прави неопходна воената мисија“, рече заменик-портпаролот на германската влада Волфганг Бухенр на редовната прес-конференција на ...
Војската на Украина соопшти дека ги повлекла војниците од југоисточниот дел на градот Авдиивка поради ескалацијата на борбите, додавајќи дека одлуката не значи стратешка предност за Русија. Олександр Тарнавскиј, командант на југоисточниот сектор на Украина, на Телеграм рече дека украинските единици се повлекле со минимални загуби. „Наш приоритет е да ги спасиме животите на војниците“ „Во тешка ситуација на бојното поле, кога од тврдината ...
Во темнината без осветлување, минувачите низ плоштадот во Белград, преку разглас можеа да го слушнат говорот на претседателот Александар Вучиќ, кој ги повторуваше неговите фрази за патриотизмот, „српската војска“ и економскиот напредок. ne znam da li ste gledali neku izvedbu orvelove 1984 ali to otprilike ovako izlgeda. u realnosti našoj pic.twitter.com/l1u0c9cQkF — Djordje Miketic (@djordjemiketic) February 15, 2024 „Да напредуваме економски, ...
На денешната прва седница на Економско-социјалниот совет со којa претседаваше министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски се разгледаа Годишниот извештај за работењето и функционирањето на ЕСС за 2023 година, Годишната програма за работа на ЕСС за 2024 година и Акцискиот план за вработување за 2024 -2027 година. На дневен ред на првата седница на ЕСС се најде и информација за состојбата со зградата на Работничкиот дом, предложена од ...
Денес, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна посета на Центарот за обука на министерството за внатрешни работи. На средбата, од страна на раководството на Центарот за обука, детално беше запознат со начинот на функционирање и активностите кои во моментот се спроведуваат во Центарот. Центарот за обука е акредитиран преку ИАДЛЕСТ од Соединетите Американски Држави, а во моментов тече процесот за негова реакредитација. Во ...
Русија веројатно потрошила 211 милијарди долари за опремување, распоредување и одржување на своите операции во Украина и изгубила повеќе од 10 милијарди долари во продажбата на оружје, изјави денеска висок претставник на американското Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс. Анонимен функционер изјави за медиумите дека војната ја чинела Русија очекуван 1,3 трилиони долари од претходно прогнозираниот економски раст до 2026 година. Досега се ...
Пендаровски одби да го потпише Указот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, со што покажа дека е одговорен политичар. Проблемот со обложувањето на малолетните лица никаде не е решен преку оддалеченоста од објектите на легалните приредувачи на игри на среќа, што го потврдуваат светските истражувања. Законската одредба со која би се дефинирала минимална оддалеченост од 500 метри меѓу обложувалниците и ...
Почина лидерот на опозицијата, 47-годишниот Алексеј Навални, кој отслужуваше затворска казна во регионот Јамало-Ненец на крајниот север на Русија. Ова денеска го соопштија руските новински агенции, повикувајќи се на управата на затворот, а пренесува Ројтерс. Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија и жесток противник на војната во Украина, одлежа 19 години затвор за измама, непочитување на судот и прекршување ...
Најмалку тројца работници загинаа, а тројца се хоспитализирани со тешки повреди во несреќа на градилиште на супермаркет во Фиренца, соопштија денеска локалните власти, предупредувајќи дека бројот на жртвите може да биде поголем. Пожарникарите соопштија дека несреќата се случила во северозападниот дел на градот, а причина е уривање на плоча на монтажен објект. „Тројца работници се потврдени мртви, уште двајца се водат за исчезнати“, рече Мониа ...
Пендаровски одби да го потпише Указот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, со што покажа дека е одговорен политичар. Проблемот со обложувањето на малолетните лица никаде не е решен преку оддалеченоста од објектите на легалните приредувачи на игри на среќа, што го потврдуваат светските истражувања. Законската одредба со која би се дефинирала минимална оддалеченост од 500 метри меѓу обложувалниците и ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против 45-годишниот Г.В. од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, извести МВР. „Во периодот од февруари до декември 2020 година, Г.В., во својство на директор на основно училиште во Лозово, без да спроведе постапка за јавна набавка, дозволил да се извршат плаќања за ...
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска беше во работна посета на струмичкиот регион. При посетата Трипуновски оствари средби со здруженија на пчелари и со претставници на двете асоцијации на земјоделски задруги кои што се во регистарот од струмичкиот регион. Како што соопшти Трипуновски, на средбите е разговарано за сите отворени прашања и предизвици и како во наредниот период да ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска беа во работна посета на општина Струга, каде извршија увид во реконструкција на локалниот пат во н.м. Мороишта. Реконструкцијата на овој локален пат е дел од „Проектот за поврзување со локални улици и патишта”, кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски и преку кој се овозможува директна ...
На покана од генералниот директор на полицијата на Република Словенија, во периодот од 15 до 17 февруари 2024 година, во официјална работна посета на Република Словенија престојува висока делегација од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, предводена од д-р Сашо Тасевски, директор на Бирото за јавна безбедност. Македонската делегација оствари поединечни средби со министерот за внатрешни работи на Република ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во рамките на Минхенската безбедносна конференција, се сретна со потпретседателот на Европската комисија и еврокомесар за промовирање европски начин на живот, Маргаритас Шинас. На средбата се разговараше за повеќе актуелни прашања од значење за Северна Македонија и за ЕУ, со фокус на миграциите, соработката со Фронтекс и претстојните двојни избори. Еврокомесарот Шинас ...
Во периодот од 9 до 15 февруари пријавени се 17 нови случаи на голема кашлица. Сите пријавени случаи се од Скопје, а најголем број на случаи се од возрасната група од 10-19 години (n=8). Од новите 17 случаи, 5 случаи се хоспитализирани (3 деца на возраст до 4 години, и по едно во возрасна група од 5-9 год и од 10-14 години). Во 2024 година, заклучно со 15.02.2024, во Институтот за јавно здравје се регистрирани вкупно 39 случаи на голема ...
Министерот за правда, Кренар Лога им посака успешна работа во Венецијанската комисија на професорите Рената Дескоска и Јетон Шасивари. Владата на предлог на министерот за правда ги именуваше професорката Рената Дескоска за член на Венецијанската комисија и професорот Јетон Шасивари за заменик член. Венецијанската комисија е орган на Советот на Европа и е составена од независни експерти кои се признати и познати по нивното искуство во ...
Голем црн чад се рашири низ Скопје од запалени пластични контејнери на булеварот Партизански одреди. Пожарникарите се на терен, а огнот е изгаснат. „Гореа три пластични контејнери, затоа се крена густ црн чад. На терен е едно возило со тројца пожарникари и огнот е веќе изгаснат“, вели командантот на скопската противпожарна бригада Звонко Томески за „Макфакс“. Скопската противпожарна бригада денес гасеше пожар и во напуштена куќа спроти ...
Симона Халеп, некогашната најдобрата тенисерка во светот, поднесе тужба против канадската компанија „Quantum Nutrition“. Романската тенисерка, која беше обвинета за допинг, смета дека суплементите на компанијата се виновни што и е изфечена суспензија од четири години. Халеп бара отштета од повеќе од десет милиони долари од компанијата откако беше позитивна на допинг тестот на Ју-ес опен во 2022 година. Супстанцата роксадустат е на листата на ...
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, одржа работен состанок со директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Јасмина Лескаровска, а на кој присуствуваа и Ана Ѓорѓиевска, член на Советот на Агенцијата, Аркан Керим, претседател на Советот на Агенцијата и Роберт Блажевски од ХОТАМ. На состанокот стана збор за трендовите на развој на туризмот во земјава, за ...
Како бомба одекна веста дека Килијан Мбапе го известил раководството на Пари Сен Жермен дека си заминува на крајот од сезоната. Тренерот Луис Енрике не сакаше да зборува многу на оваа тема додека клубот не излезе со официјално соопштение, но навести дека тимот може и без него. „Немам никакви информации за вас додека сите страни не излезат во јавноста и не објават сè. Нема што друго да кажам. Кога ќе зборуваат актерите, тогаш можам да ви дадам ...
Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари изјави дека разговарал со премиерот на Албанија, Еди Рама и со премиерот на Косово, Албин Курти, пред да ја објави кандидатурата за претседател. Сепак, од нивна страна, како што вели Таравари во интервјуто за „Евроњуз“ немало никакво инсистирање. „Немаше инсистирање, немаше ни поддршка, ниту од Курти, ниту од Рама, само разговор“, вели Таравари во интервјуто. Неколку анкети, како што ...
Принцот Хари возеше скелетон со брзина од 99 километри на час, подготвувајќи се во далечниот Вистлер за игрите Инвиктус, кои се закажани за следната година во овој канадски зимски центар. Хари е во Вистлер со неговата сопруга Меган, каде се дружи со спортисти кои се во камп за обука и каде ги промовира Игрите за воени ветерани со посебни потреби, кои ги основал откако го отслужил воениот рок во Авганистан. На една од најбрзите боб патеки во ...
Украинските власти жестоко го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е очигледно оти Алексеј Навални бил убиен од Путин. Зборувајќи од Германија, Зеленски рече дека на Путин не му е гајле кој ќе умре се додека неговата позиција на шеф на државата е сигурна. Зборуваше и Андриј Јермак, шефот на претседателскиот кабинет. – Путин е ...
Каевски да не глуми загрижен, нека го поддржи законот за продолжување на важноста на пасошите, затоа што заради СДС народот е заглавен, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Едноставно е да се надмине проблемот кој СДС го создаде, потребно е нивните пратеници да го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се продолжи важењето на пасошите. СДС ја остави МВР без обрасци. СДС 2 ипол години издаваа пасоши за кои знаеја дека нема да важат по 12 февруари. ...
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Русија е одговорна за смртта на опозицискиот политичар Алексеј Навални, доколку веста за неговата смрт е точна. „Прво и основно, ако оваа вест е вистинита, нашите мисли се со неговата сопруга и неговото семејство“, рече Блинкен во Минхен, каде што присуствува на безбедносна конференција, пренесува Ројтерс. Тој додаде дека смртта на Навални во руски затвор ја истакнува слабоста и ...
Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој отслужуваше затворска казна на крајниот север на Русија, почина. Тој комуницираше со пријателите и колегите преку социјалните мрежи. Последната објава пред два дена беше посветена на неговата сопруга. „Душо, кај тебе сè е како песна: меѓу нас се градови, сини снежни бури и илјадници километри. Но, чувствувам дека сте блиску секоја секунда, а јас те сакам се повеќе и повеќе“, пишувало покрај ...
Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, се огласи за смртта на Алексеј Навални на социјалната мрежа „Икс“. Тој напиша дека Навални се борел за вредностите на слободата и демократијата и дека ја направил крајна жртва за своите идеали. „ЕУ го смета рускиот режим одговорен за неговата трагична смрт. Изразувам најдлабоко сочувство до неговото семејство, но и до сите оние кои се борат за демократија ширум светот во најмрачни услови. Борците ...
– СКОПСКО продолжува со активностите во рамки на долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ И во годината во која брендот СКОПСКО одбележува 100 години постоење продолжува партнерството со Министерството за животна средина и просторно планирање, Пакомак и други поддржувачи, а пред сè со лојалните купувачи и потрошувачи на брендот. Во фокусот на платформата останува главната цел заштита на животната ...