
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Смртта на најистакнатиот противник на Путин во Русија, опозиционерот Алексеј Навални, продолжува да фрла сенка врз другите светски настани бидејќи контроверзите не престануваат. Според некои тврдења, тој не умрел во затвор од природна причина како што официјално се наведува, а семејството се уште нема пристап до телото на починатиот. Неговиот правен тим ги обвинува руските власти дека го кријат телото за да ја прикријат вистинската причина за ...
Бред Пит не ја крие среќата поради моменталната врска со 26 години помладата Инес де Рамон, а тоа го потврди и извор близок на актерот за магазинот „Пипл“ Познатиот холивудски заводник (60) и убавата Инес (34) го започнаа заедничкиот живот по 15 месеци врска, а извор близок на актерот потврдува дека Пит е во среќна врска за магазинот „Пипл“. „Поминаа толку многу време заедно што имаше смисла Бред да започне заеднички живот“, рече тој, ...
Каја Калас, премиерката на Естонија, рече дека Западот треба да ги заплени замрзнатите средства на Русија пред изборите во САД, што е дополнителен знак на европска загриженост за влијанието што може да го има втората победа на Трамп врз западната политика кон Русија и поддршката за Украина. „Изборите се секогаш турбулентни времиња“, изјави Калас за Фајненшл Тајмс на маргините на Минхенската безбедносна конференција. „Секогаш е подобро да ...
Авионот кој синоќа полета од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ за Диселдорф принудно слета кусо потоа. Ер Србија објави дека причината е технички дефект, но се појави видео од авионот со дупка на трупот, јавува „Н1“. Пилотот на авионот кој синоќа полетал од Белград за Диселдорф, набргу по полетувањето побарал веднаш да слета, а „Ер Србија“ соопшти дека причините за принудното слетување се од техничка природа. Во меѓувреме, на социјалната ...
Килијан Мбапе потпиша за Реал пред две недели, открива „Марка’, што значи дека францускиот напаѓач од 1 јули ќе стане играч на „кралскиот клуб“. Мбапе, во Реал ќе пристигне во Реал како слободен играч откако ќе му истече договорот со ПСЖ. Францускиот шампион се обиде да го задржи, постојано му испраќаше нови понуди, а потоа 25-годишниот Мбапе донесе одлука и потпиша за Реал, откако претходно го извести ПСЖ дека нема да потпише нов договор. ...
Урсула фон дер Лајен денеска на состанокот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Берлин ќе соопшти дека планира да се кандидира за втор мандат како претседател на Европската комисија, пишува Гардијан. Шефицата на најмоќната институција во Брисел изминатава година не сакаше да го коментира ова прашање, но се чини дека сега донела одлука. Сепак, објавувањето на нејзината кандидатура за следните пет години ќе биде само првиот чекор во ...
Израелскиот министер Бени Ганц му постави краен рок до 10 март на палестинскиот Хамас да ги ослободи сите израелски заложници, заканувајќи се со офанзива на градот Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци се засолниле од израелските напади. Тел Авив за прв пат одреди датум кога би можел да испрати војска во палестински град на границата со Египет каде што се засолниле повеќе од милион палестински цивили, забележува Би-би-си. „Светот мора да ...
„МВРО-ВМРО е на дело, повторно. Доволни беа неколку денови откако влегоа во техничката Влада, МВРО-ВМРО повторно да се активира. Ивица Бисовски, шефот на обезбедувањето на Мицкоски, физички нападнал полицаец пред кафе барот Мош во Скопје“, соопшти СДСМ. „Иако и самиот е полицаец, обезбедувањето на Мицкоски се обидел да спречи полициска акција за дрога. Затоа е тепан полицаецот, инспектор од НТШ, за борба против дрога. Прашањето е која е ...
Украинските власти денеска објавија дека отвориле истрага за наводното пукање од страна на руските сили врз шест невооружени украински војници во Авдиивка и двајца во селото Веселе во истиот регион, откако Русија ја презеде целосната контрола врз градот. „Покрената е истрага за пукањето на невооружените украински воени затвореници во Авдиивка и селото Веселе“, објави обвинителството во областа Доњецк на својот канал „Телеграм“. Обвинителите се ...
Три мртви деца биле пронајдени во куќа во Бирстол, по што властите уапсиле жена. Полицијата на местото на настанот пристигнала во 00:40 часот, по добиена пријава за можен инцидент. На местото на настанот била констатирана смрт на децата, а 42-годишната жена е приведена во полиција во болница. „Во овој трагичен настан животот го загубија три деца. Моето искрено сочувство до најблиските членови на семејството. Веруваме дека ова е изолиран ...
Меѓународниот суд на правдата денеска го отвора седумдневното рочиште за правните последици од израелската окупација на Палестина, а меѓу повеќе од 50 земји, САД, Русија, Кина, Словенија и Унгарија ќе ги изнесат своите ставови пред судиите. Генералното собрание на ОН побара од судот мислење за израелската окупација во 2022 година и судиите сега ќе ги разгледаат „окупацијата, населувањето и анексијата… вклучително и мерките што ќе ја променат ...
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Ѓорче Петров и Аеродром. Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Жеденска бр. 2, 4, 6, 8 и 10. во општина Ѓорче Петров ќе немаат струја. Без елекртична енергија во периодот од 09.00 до 15.00 часот, ќе бидат корисниците од улицата 12 во село Долно Лисиче во општина Аеродром, а во перидот од 12.00 до 15.30 часот, дел од корисниците ...
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Ѓорче Петров и Аеродром. Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Жеденска бр. 2, 4, 6, 8 и 10. во општина Ѓорче Петров ќе немаат струја. Без елекртична енергија во периодот од 09.00 до 15.00 часот, ќе бидат корисниците од улицата 12 во село Долно Лисиче во општина Аеродром, а во перидот од 12.00 до 15.30 часот, дел од корисниците ...
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев повторно му се закани на Западот со сеопфатна нуклеарна војна доколку Русија по војната во Украина се врати на своите граници од 1991 година. Во вчерашната објава на Телеграм, актуелниот заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност го повтори својот добро познат став дека „нуклеарните сили никогаш не губат војна сè додека ја бранат својата татковина“. Според Медведев, враќањето на Украина на ...
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 16 степени. Во текот на следната работната седмица ќе преовладува сончево време со мала до ...
Народната банка активно работи на постојано унапредување на статистичката функција и на целокупната инфраструктура потребна за истражувачка активност и за носење квалитетни одлуки. Соработката со академската заедница може да придонесе за подигнување на квалитетот на истражувачко-аналитичката работа во земјата и да овозможи размена на знаења, искуства и вештини. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита ...
Американскиот претседател Џо Бајден му кажа на својот украински колега Володимир Зеленски дека е уверен дека американската воена помош од 60 милијарди долари ќе биде одобрена за Украина. Таа мерка допрва треба да помине на конечното гласање во американскиот Конгрес, но Бајден во телефонски разговор му рекол на Зеленски дека е уверен oти ќе биде одобрена, јавува Би-Би-Си. Зеленски претходно упати итен повик за испорака на дополнително оружје за ...
Денешниот таканаречен Конгрес на групата незадоволници во АА е незаконски и сериозно го прекршува Статутот на Алијансата за Албанците, велат од Статутарната комисија на Алијансата за Албанците, според кои што единствен партиски легитимен претседател е Арбен Таравари. „Статутот на Алијансата за Албанците, во член 51, предвидува Статутарната комисија да ги води постапките на вонредниот конгрес на кој се одлучува за разрешување на претседателот ...
Пилотот на авионот што вечерва полета за Дизелдорф од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ побарал да слета веднаш по полетувањето, што предизвикало мал застој во аеродромскиот сообраќај, дознава „Блиц“. Ер Србија објави дека летот JU324 од Белград до Дизелдорф, со кој управува партнерска компанија, е вратен во Белград поради технички причини. Во соопштението на Ер Србија се вели: Авионот безбедно слета на белградскиот аеродром. Ер Србија жали ...
Марибор водеше со 2:0 на гостувањето кај Мура, сигурно чекореше кон победата, но потоа се случи инцидент поради кој натпреварот беше прекинат. Иронијата да биде уште поголема, инцидентот го предизвикаа навивачите на Марибор. Во второто полувреме се слушна топовски удар, а наводно се се случило во близина на домашните играчи кои се загревале. Станува збор за Ник Касало и Тилен Шчерњавиќ. Бидејќи беше невозможно да се тргнат навивачите на ...
По долго време, принцот Хари застана пред ТВ камерите и даде интервју за познатото ТВ шоу „Добро утро Америка!“. Војводата од Сасекс првпат јавно проговори за болеста на својот татко кој боледува од рак, откако накратко го посети во Лондон. Како што пишува британски „Мирор“, при првото појавување во јавноста откако беше обелоденето дека британскиот монарх боледува од опасна болест, Хари рече: „Она за што разговаравме останува меѓу мене и него. ...
Фудбалерите на Бохум стигнаа до најголемиот триумф во актуелната сезона и ја продлабочија кризата на Баерн Минхен. Бокум во дуелот со најтрофејниот германски клуб оставри победа 3:2 Баерн Минхен по 22.коло во Бундес лигата има осум поени помалку од лидерот Баер Леверкузен, од кого доживеа пораз во минатото коло. Во последните осум дена Баерн доживеа три порази. Покрај поразите од Леверкузен и Бохум загубија и во Лигата на шампионите од Лацио. ...
Владата не гледа ништо спорно што и претседателот на државата, Стево Пендаровски, и премиерот, Талат Џафери, присуствуваат истовремено како дел од делегацијата на Минхенската безбедносна конференција. Од Владата велат дека поканите за сите делегации ги праќа организаторот, и во тој контекст до Република Северна Македонија се испратени повеќе покани. Претставниците на државните институции, велат од Владата, ги прифатија поканите од ...
Јулија Навални, сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој во петокот почина во затвор во Сибир, утре ќе присуствува на седницата на Советот за надворешни работи на Европската Унија, соопшти високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. „Во понеделник ќе ја пречекам Јулија Навални на Советот за надворешни работи на ЕУ“, напиша Борел во објава на социјалната мрежа Х. Тој додаде дека на состанокот ...
Соединетите Американски Држави извршија пет одбранбени напади во делови на Јемен под контрола на Хутите поддржани од Иран, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ). Во соопштението за печатот се наведува дека вчера биле погодени три бродски крстосувачки ракети, еден подводен брод без екипаж и еден површински брод без екипаж. „Хутите се забележани како користат беспилотни подводни возила за првпат од почетокот на нападот на 23 ...
Израел го обвини бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва за банализирање на холокаустот и навреда на еврејскиот народ, откако ја спореди израелската војна против Хамас во Газа со нацистичкиот геноцид во Втората светска војна. „Она што се случува во Појасот Газа со палестинскиот народ нема споредба со другите историски моменти. Всушност, тоа постоело кога Хитлер одлучил да ги убие Евреите“, изјави Лула за новинарите на 37. самит на ...
ДПМНЕ е последната партија којшто може да говори за инфраструктура и инвестиции, реагира СДСМ по денешната трибина на опозициската партија. Тоа е партијата, велат од СДСМ, која спроведуваше криминални проекти како Скопје 2014 за богатење на поединци од белиот дворец. „Стиропор, жални врби и споменици не се инфраструктура. Бројките и фактите покажуваат дека СДСМ изгради и обнови 1510 километри патна мрежа, во споредба со ДПМНЕ која за 11 години ...
Foto/ facebook.com/fcshkupi1927 Шкупи е нов лидер во домашното првенство, откако во 19.коло ја победи Воска, а актуелниот шампион Струга, одигра без голови против Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Шкупи на домашен терен славеше лесна победа во дуелот со Воска. Два гола за Шкупи постигна новиот играч Емануел Гронер. Шкендија победи кај Македоноја Ѓорче Петров. Голот за победа и три бода го постигна Тотре од пенал. Силекс ...
На вториот конгрес на поделената Алијанса за Албанците, партиското крило одлучи да го реизбере Зијадин Села за претседател, и да го отстрани од челната партиска позиција, актуелниот лидер, Арбен Таравари. Засега нема коментар од Таравари за конгресот на партијата, и неговата смена. Во петокот, пак, на вонреден конгрес крилото предводено од Таравари, ја укина функцијата претседател на Собранието на партијата која ја извршуваше Села. Тогаш, ...
Столе Димитиревски со Рајо Ваљекано освои бод против Реал Мадрид на дебито на новиот тренер, Ињиго Перез. Попладнево на „Ваљекас“, Рајо Ваљекано и Реал Мадрид одиграа 1:1 во рамките на 25.коло во Примера. Рајо Ваљекано сезонава успеа да остане непоразен во дуелите со великанот Реал Мадрид. Во првиот дел од сезоната, на „Сантијаго Бернабеу“, натпреварот заврши без голови, а попладнево тимот чии гол го бранеше Столе Димитиревски одигра 1:1. ...