Среде канадската зима, жарот од минатогодишната рекордна сезона на шумски пожари тлее под снегот. Таканаречените „зомби пожари“ горат под дебели слоеви снег со невидена брзина, предизвикувајќи стравувања за тоа што може да донесе летото што доаѓа. Луѓето кои возат по автопатот низ градот Форт Нелсон, Британска Колумбија, лесно можат да ги видат и помирисаат облаците од белиот чад што се издигнува од земјата околу нив. Соња Леверкус, пожарникар ...

Соединетите Американски Држави и’ префрлија на Естонија речиси 500.000 долари од запленетите руски средства за да и’ помогнат на Украина, соопшти денеска американското Министерство за правда. „Ова е прв ваков трансфер на средства од Соединетите Американски Држави на странски сојузник со цел директна помош за Украина. Конфискуваните средства се префрлаат во Естонија бидејќи сегашните околности не дозволуваат тие да бидат директно префрлени во ...

Префрлањето на Авдивка под контрола на руските сили е цената за непостапувањето на Конгресот, изјави денеска портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адриен Вотсон и го повика Претставничкиот дом веднаш да го одобри барањето за дополнителни финансирања за Киев. „Ова е цената на неактивноста на Конгресот. Украинците продолжуваат храбро да се борат, но нивните залихи на оружје се намалуваат. Од витално значење е ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ги отфрли повиците на демонстрантите собрани во Тел Авив да одржат предвремени избори во таа земја. „Последното што ни треба сега се избори бидејќи веднаш ќе не поделат. Ни треба единство“, рече Нетанјаху. Демонстрации беа одржани и во Ерусалим, каде неколку стотици луѓе се собраа пред резиденцијата на израелскиот претседател барајќи договор за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас и ...

На 22 и 23 февруари од 20 часот во Кинотека ќе биде прикажан долгометражниот музички-документарен филм „Перо Ловшин – Ти можеш“ кој ја раскажува приказната на Перо Ловшин, еден од првите панк рокери во Источна Европа. Гостин на проекциите ќе биде токму Перо Ловшин. Тој, како фронтмен на Панкрти, со текстовите и активизмот одбележал цел еден период од историјата на Словенија. Настанот е во организација на Словенечки центар – Скопје и Кинотека, ...

Тројца млади лица лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи ноќта меѓу саботата и неделата на патот Бар – Улцињ, соопшти црногорската полиција. „Во оваа сообраќајна несреќа загинаа Д.М.(21) од Улцињ, Б.Б.(20) од Бар и Н.Д.(18) од Рожај“, информираат од полицијата. Во Општата болница Бар се хоспитализирани Љ.П.(18) и А.В.(18) од Бар, кои се здобиле со повреди опасни по живот. До несреќата дошло како последица на судир на автомобил „ауди ...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас, 13 мерки за управување под дејство на алкохол. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до ...

Во северните и источните делови ќе има зголемена облачност, а во останатите делови ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува претежно северен ветер кој од пладневните часови наместа долж Повардарието ќе засилува, јавува УХМР. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени. Во Скопје претпладне ќе има зголемена облачност, а потоа облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната ...

Венера, планетата на љубовта, го промени знакот и влезе во Водолија, па носи големи емотивни промени за сите хороскопски знаци. Нејзиното влијание најмногу ќе го почувствуваат Водолиите, Вагите и Близнаците. ОВЕН: Во наредниот период од исклучителна важност ќе ви биде сигурноста во љубовниот живот, издржливоста на врската и тоа што поцврсто ќе ја врзете за себе личноста која сте ја одбрале. Ако сте сами, ќе размислувате за некој од минатото, ...

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 60. Минхенска безбедносна конференција денеска говореше на панел-дискусијата „Фокус на Балканот“, на која учествуваа и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, премиерот на Република Албанија, Еди Рама и американската сенаторка Џејн Шахин, член на Комитетот за меѓународни односи на Сенатот на САД. На настанот се диксутираше за перспективите за интеграција на земјите од Западен ...

Смртта на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, треба да ги охрабри западните земји да преминат од зборови на дела кога е во прашање режимот на Владимир Путин, изјави во интервју за агенцијата „Франс прес“ вдовицата на поранешниот руски шпион Александар Литвиненко, кој беше отруен во 2006 година. Смртта на Алексеј Навални, кој отслужуваше 19-годишна затворска казна во казнена колонија на рускиот Арктик, вчера го шокираше целиот свет. „Тоа ...

Израелскиот претседател, Исак Херцог, денеска изјави дека го боли страдањето на невините палестински цивили, но дека израелските воени акции во Газа се неопходни за да се искорени Хамас. „Нас нè боли страдањето на невините цивили во Газа, но кога имаме право на самоодбрана и кога ќе не’ нападнат со толку огромна воена машина, како да ја искорениме? Мора да одите таму физички“, кажа Херцог. Тој додаде дека армијата се обидува да го постигне тоа ...

Последните денови од преговорите за ослободување на заложниците и хуманитарниот прекин на огнот во Газа не беа ветувачки, изјави денеска катарскиот премиер, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани. Тој не сакаше да открива детали, но рече дека ако најпрво се постигне договор за примирје, бројот на заложници не треба да биде пречка. „Последните денови не беа ветувачки. Ако го решиме хуманитарниот пакет, ќе успееме да ја надминеме пречката, а тоа е ...

Едно лице е уапсено на железничката станица во градот Вупертал, Германија. Според извештаите, станува збор за Ернст-Волкер Стауб (69), поранешен член на фракцијата на Црвената армија, попозната како групата Бадер-Мајнхоф. Властите го барале 25 години. Како што пишува „Билд“ тој се качил на возот требало да тргне во 14 часот и 58 минути, но бил запрен поради сомневање дека во него има вооружен маж и дека во еден од возовите имало и експлозив. ...

Министрите за надворешни работи на земјите членки на групата Г7 ја повикаа Русија целосно да ги разјасни околностите под кои загина Алексеј Навални, најжестокиот домашен критичар и противник на рускиот претседател, Владимир Путин. „Тие изразија гнев поради смртта во затвор на Алексеј Навални, човек неправедно осуден за неговите легитимни политички активности и борба против корупцијата“, се вели во соопштението на Италија, земјата која во ...

Воланот е најзаразеното место во вашиот автомобил. Тој ги содржи бактериите што ги донеле вашите раце од каде и да ве однел денот. Дури и ако внимателно ја исчистите внатрешноста на автомобилот со правосмукалка или ја однесете во автоперална, вашиот волан сигурно нема да биде избришан како што треба. Кога CarRentals.com анкетираше 1.000 возачи во САД, одговорите покажаа дека 32 отсто од нив ја чистат внатрешноста на нивниот автомобил темелно ...

Унгарскиот парламент може да го ратификува барањето на Шведска за членство во НАТО кога ќе се состане на пролетната сесија на крајот на овој месец, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Добра вест е што нашиот спор со Шведска наскоро ќе биде завршен“, рече Орбан, пренесе Ројтерс. Орбан додаде дека тој и шведскиот премиер Улф Кристерсон презеле чекори за обнова на довербата меѓу двете земји. Орбан не кажа кои се тие чекори, наведува ...

Хрватските ватерполисти станаа светски шампиони, откако во финалето на Светското првенство во Доха по гол од пенал ја победија Италија со 15:13. За Хрватите ова е трето светско злато во историјата, по 2007 година во Мелбурн и во Будимпешта десет години подоцна. Тимот предводен од Ивица Туцак по голема борба во финалето успеа да обезбеди пенали за златото во самата завршница од мечот. Хрватска во рок од еден месец не дозволи да загуби уште едно ...

Декларација за обединување на изборите потпишаа денес Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, Демократско движење на Изет Меџити, Движењето БЕСА на Биљал Касами и Алтернатива на Африм Гаши. Декларацијата ја потпиша и Беким Ќоку, поранешен пратеник во македонското Собрание и член на Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти. Kоалицијатата која ќе му се спротивстави на ДУИ е наречена „Вредност“. Декларацијата е потишана денес, на денот ...

Нов случај на малолетничко насилство помеѓу девојчиња е регистриран вчера во полицијата. Според информациите, малолетно девојче било нападнато во парк во скопската населба Аеродром, од страна на друга малолетничка. Случајот во полицијата го пријавила мајката на нападнатото девојче. Се работи на расчистување. велат од МВР. Јавноста неодамна ја потресе веста за тинејџерките од скопска гимназија кои брутално натепаа врсничка додека целиот настан ...

Британија ќе преземе одредени мерки поради смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во притвор и ги повикува другите земји да го сторат истото, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон. „Кога ќе се случат страшни прекршувања на човековите права како ова, треба да има последици“, изјави Камерон за „Скај њуз“. „Сега бараме поединци кои се одговорни, ја разгледуваме можноста да преземеме одредени мерки“, ...

Поранешната српска покраина, по распадот на СФРЈ и војната во 90-тите, на 17 февруари прогласи независност, која Белград не ја признава. Косово со бројни настани ја одбележува 16-годишнината од прогласувањето независност, додека официјален Белград вели дека тоа е денот кога бил урнат меѓународниот правен поредок, нагласувајќи дека независноста на Косово не ја признале повеќе од половина од земјите-членки на ОН. На формалната седница на ...

Град Скопје најавува почеток на проектот кој произлегува од програмата За Модерно Скопје и се реализира во сите 23 градски средни училишта, во соработка со скопските јавните претпријатија. „Отпочнуваме со средното училиште “Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров, каде во рамките на проектот, партерно и хортикултурно се уредува дворната површина со акција за засадување на дрвја и садници, нова тревна паркова површина, поставување нова урбана ...

Холандскиот премиер, Марк Руте, најверојатниот кандидат за нов генерален секретар на НАТО, денеска изјави дека Европа треба да престане да „кука“ за можното враќање на Доналд Трамп на власт во САД и наместо тоа да се фокусира на зајакнување на своите воени способности. Руте ова го изјави на безбедносната конференција во Минхен, која се одржува во време на зголемена загриженост во Европа дека САД, доколку Трамп стане претседател на ноемвриските ...

Дојдено е време за промена на досегашниот модел на економски развој. На земјава и е потребна модерна реиндустријализација, структурна трансформација на извозот, намалување на учеството на сивата економија, но и општествен консензус за економски реформи, политики и мерки. Ова се едни од клучните пораки што беа пренесени од бизнис заедницата на денешната трибина и промоција на книгата „Стратешки документи на комората“ чии автори се Бранко Азески, ...

Израелските сили апсеа во најголемата функционална болница во Газа, соопштија здравствените власти и војската, додека воздушните напади врз енклавата продолжија. Израелските сили извршија рација во болницата Насер во Кан Јунис во четвртокот, продолжувајќи ја војната против Хамас, палестинската исламистичка група која владее со енклавата. „Окупаторските сили приведоа голем број членови на медицинскиот персонал во медицинскиот комплекс Насер, ...

Премиерот, Талат Џафери, претпладнево во Минхен се сретна со сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. На состанокот Лорд Пич, изрази честитки до Џафери за претседателската позиција во Владата и за изборот на новата Влада. „Заеднички ја нагласија важноста на претстојните избори, од аспект на фер и демократски избори и како одредница во евроатлантските перспективи на државата“, информираа од владината ...

Тимот на Алексеј Навални објави дека неговото тело не е во мртовечницата каде што надлежните рекле дека го чуваат. . Кира Џармиш, портпаролка на рускиот активист и политичар, рече дека мајката и адвокатот на Навални пристигнале во мртовечницата во Салехард, град во близина на затворот каде што тој одлежувал казна, но таа била затворена. Во објава на платформата X, порано Твитер, Џармиш вели дека и двајцата биле уверувани оти неговото тело е ...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на социјалните мрежи објави дека од Минхен допатувал во Бон, посетувајќи ја најпрометната македонска конзуларна единица. „Тука донесов и дополнителна станица за фотографирање и издавање пасоши, и сега се обидуваме да им помогнеме на граѓаните со два пункта, во две смени и за време на викендот. Се надевам дека оваа реорганизација значително ќе го скрати чекањето“, напиша Османи споделувајќи и ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека Европската Унија сака Западен Балкан и Украина да влезат во европското семејство, бидејќи припаѓаат таму. „Европа е изградена на демократски вредности и претставува мировен проект кој е единствен во светот, а тоа е она кон коешто се стремат Путин и другите автократи. И луѓето овде разбираат дека тоа ќе влијае на нивните животи“, рече Фон дер Лајен на панел на ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
76%
1013
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
78%
1011
weather icon

Загреб

15ᴼ / 11ᴼ
2.57
65%
1010
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
81%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.95
74%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.26
80%
1011
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
0.45
61%
1011
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
84%
1012
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
77%
1009
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
59%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52