
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



По пожар кој избувнал во камион на автопатот Скопје-Тетово вечерва, 32-годишниот возач со возило на брза помош бил пренесен во Клиничка болница. Огнот го зафатил товарното моторно возило додека се движело на автопатот од Скопје кон Тетово во близина на Групчин. -Во 20.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје во близина на Добарски мост било опожарено товарно возило „рено” со гостиварски регистарски ознаки, управувано ...
Со инвестиција од 11, 7 милиони евра денеска се пушти во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум. Патниот правец е во должина од 24,3 км и извршена е целосна реконструкција, a со цел да се подигне безбедноста на сообраќајот се направи и растеретување на одредени косини. Реконструкцијата опфати целосна санација на коловозот, поставување нова на сигнализација, безбедносни огради и проширување каде што теренот дозволуваше.Направени се и заштитни ...
Вишвакумар Рамеш, единствениот патник кој го преживеа падот на авионот на Ер Индија во кој загинаа 241 лице, изјави дека не можел да поверува дека е жив кога ги отворил очите, опкружен со пламен, урнатини и изгорени тела. Сместен во локална болница, Рамеш за индиската национална телевизија рече дека авионот изгледал како да е „заглавен“ во воздухот неколку секунди по полетувањето. Забрзал, но не успеал да се издигне, по што се урнал. Седел на ...
Иранската новинска агенција Фарс, демантира дека Иран на израелскиот напад возвратил со дронови, нагласувајќи оти одмаздата од Техеран „ќе се случи во блиска иднина“. Израелските медиуми објавија дека Иран лансирал околу 100 дронови врз Израел во знак на одмазда. Иранските медиуми објавија и дека продолжуваат израелските воздушни напари врз повеќе градови во западниот дел на земјата. Според нив, сега мети се аеродромите во Бушер и во Бушанди, ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе одржи телефонски разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и британскиот премиер Кир Стармер, по воздушниот напад што Израел го изврши врз Иран, соопшти неговиот кабинет. Разговорот со Трамп е најавен пред 18:00 часот по израелско време (17 по македонско), пренесе весникот Тајмс оф Израел. Претходно денеска, Нетанјаху веќе разговарал со германскиот ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го предупреди Иран да се согласи на нуклеарен договор „пред да не остане ништо“, сугерирајќи дека последователните израелски напади врз земјата ќе бидат „уште побрутални“. Во објава на „Truth Social“ денеска, Трамп напиша дека иранските лидери „не знаеле што ќе се случи“. -„Сите се МРТВИ сега и само ќе се влоши!“, додаде тој. -Веќе имаше смрт и уништување, но сè уште има време да се стави крај на овој колеж, ...
До вчерашниот ден имаме над 2.500 пријави од млади невработени лица кои аплицирале во мерката за самовработување, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристевски. На инфо ден во Битола посветен за Оперативната програма на Владата за нови вработувања, Ристевски посочи дека мерката за самовработување има три содржини кои се однесуваат за млади до 29 години кои може да искористат до 10 илјади евра, за невработени лица над 29 години ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за Еј-би-си (ABC) изјави дека израелските напади врз Иран биле одлични. Тој се осврна и на преговорите со Иран за нуклеарната програма. – Им дадовме шанса, а тие не ја искористија. Ти се погодени многу, многу силно. Добро го почувствуваа ударот, колку што може да се почувствува. А, ќе има уште. И тоа многу повеќе, наведе Трамп. Тој одби да одговори на прашањето дали САД на каков било начин ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека иако е правило да има средба со својот хомолог не е проблем да разговара и со бугарскиот премиер Росен Жељазков на Самитот на НАТО во Хаг со оглед дека е потврдено оти нејзиниот бугарски колега, претседателот Румен Радев не доаѓа во Хаг, во насока на деблокирање на нашите евроинтеграции. -Јас за евентуална средба разговарав со господинот Антонио Кошта, негов беше предлогот. Во ...
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска од Скопје порача дека Европската Унија јавно кажува дека го поддржува проширувањето кон Западен Балкан, но зад затворени врати на состаноците на 27-те земји-членки, државите кои го поддржуваат проширувањето се малцинство. Тој нагласи дека доколку се искрени во намерата дека сакаат да влеземе во Унијата, не би чекале 20 години на полноправно членство. -Бугарија навистина отворено ги попречува ...
Пуштен е во употреба реконстрираниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,4 километри. Инвестицијата во износ од 11,7 милиони евра е на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Целосно е саниран коловозот, поставени се нова сигнализација, безбедносна ограда и проширувања. Направени се и заштитни интревенции на ризичните косини на патот широк шест метри. Според премиерот Христијан Мицкоски, се пушта значаен пат кој, посочи, беше ...
На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ успешно се изведени две сложени трансплантации на коска од починати донори, со што продолжува примената на современи и високоспецијализирани медицински интервенции во областа на ортопедија и трауматологија во нашата земја. Како што информира Министерството за здравство, во првиот случај е извршена операција на коскена циста кај 45-годишен пациент. Интервенцијата ја спровел стручен тим, во состав: ...
Приведени се 13 лица со полициско овластување во синоќешната акција на ОЈО за организиран криминал и корупција, потврди на денешната прес-конференција државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Тој посочи дека постојат основани на сомненија дека осомничените како службени лица сториле тешки дела против општата сигурност. -Јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициско овластување и ...
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на последната прес-конференција на СДСМ, обвинувајќи ја владејачката партија дека се обидува да го пренасочи вниманието од истрагата за трагедијата во Кочани, која според опозициската партија, претставува редок пример за вистинска институционална одговорност и непристрасност. Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ посочува дека за трагичниот настан во Кочани се истражуваат над 60 лица од различни политички и етнички заедници, што го ...
Основното јавно обвинителство денеска соопшти дека е поднесен обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата што се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Клуб Пулс“ во Кочани, при настап на музичката група ДНК. Пожарот кој избувна за време на концертот однесе 62 животи, додека 157 лица се здобија со тешки телесни повреди, а уште 54 со полесни. Обвинетите, според Обвинителството, со своето дејствување или недејствување, ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Исто така упати апел до сите македонски државјани да се воздржат од какви било патувања кон земјите од овој ...
Портпаролот на израелската војска денес изјави дека Иран лансирал повеќе од 100 дронови кон Израел во последните неколку часа, откако земјата вети дека ќе возврати на израелските напади, објави Скај њуз. Портпаролот рече дека 200 израелски борбени авиони учествувале во напади врз повеќе од 100 цели во Иран во текот на ноќта. Израелската армија денес објави дека во текот на ноќта извршила напади врз повеќе локации во Иран, и дека целите на ...
Последната акција на ОЈО ГОК потврди сè. СДСМ ја говореше вистината за Кочани од првиот ден. Уапсените полициски службеници вчера се лица кои СДСМ ги објави во серијалот „Вистината за Кочани“ како директно одговорни за дозволување на нелегалното работење на „Пулс“. Благодарение на објавените факти и притисокот, конечно се постапува. Но, останува фактот дека четири месеци директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, министерот Панче ...
Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, со статус на социјалните мрежи реагираше за последните приведувања на полициски службеници, поврзани со трагедијата во Кочани. „Сите наведени валкани полицајци од кривичната пријава на Левица против премиерот Мицкоски се уапсени. Вака ли “се беше чисто” и никого не штитевте за трагедијата во Кочани!?” Во својот статус, претседателот на Левица јавно ја прозва власта зошто дури после три месеци ...
Од утре (14 јуни) до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во државава за учебната 2025/2026 година. Пријавувањето на учениците е со електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk ...
Генералот Хусеин Салами, врховен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда на Иран, е убиен за време на израелските напади извршени утринава, јавија ирански државни медиуми. Салами првпат се приклучи на Револуционерната гарда во 1980 година за време на избувнувањето на војната меѓу Иран и Ирак. Како што се искачуваше низ воените редови, тој стана познат по својата остра реторика против САД и сојузниците на САД. Тој е под санкции ...
Според иранските државни медиуми, во израелската операција чија цел беше да се спречи напредокот на нуклеарната програма на Иран, беа убиени неколку високи ирански воени функционери и нуклеарни научници. Досега е потврдно за загинување на следните лица: -Хосеин Салами, командант на Иранскиот корпус на револуционерната гарда (IRGC) -Голамали Рашид, командант на Генералштабот на Хатам-ал Анбија -Ферејдун Абаси, нуклеарен научник и поранешен шеф на ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска потврди пред Конгресот дека Пентагон има развиено планови за евентуално преземање на Гренланд и Панама со сила. Хегсет беше сослушуван од Комитетот за вооружени сили при Претставничкиот дом, каде што повеќепати влезе во остри расправии со демократските членови, обидувајќи се да избегне директни одговори за своите постапки. На прашањето на демократскиот конгресмен од Вашингтон, Адам Смит, дали ...
Синоќа во Кочани спроведена е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, соопштија од ОЈО ГОКК. Како што објавуваат медиумите во Кочани и во Штип вечерва се приведени 13 лица, меѓу кои се началници и полицајци кои биле на смена, вечерта кога се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Приведени се Т.Д. (началник на крим полиција), Д.П. (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М. ...
Суплементацијата со витамин Д може да ја намали смртноста од рак за околу 13 проценти, покажуваат три мета-анализи на клинички студии. Според научниците од Германскиот центар за истражување на ракот (DKFZ), доколку сите Германци над 50 години земаат витамин Д, може да се избегнат до 30.000 смртни случаи од канцер годишно и да се добијат над 300.000 години живот, со потенцијални заштеди во здравствените трошоци. Истражувањата во последните години ...
Треба да го одржиме кредибилитетот на процесот на проширување и нашите интереси во областа на безбедносната во однос на Западен Балкан. Треба да го одржиме ветувањето што им го дадовме на сите ваши земји дека сме посветени на реформите и на нашите заеднички вредности, бидејќи иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во Европа, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата со претседателката на Молдавија, Маја Санду, јави ...
НАСЛОВИ За пациентите повредени во кочанската дискотека „Пулс“ кои немаат можност да добиваат рехабилитација на Пониква, постои адаптирана просторија за физикална медицина при одделот за хирургија во Општата болница – Кочани, но од утре треба да почнат градежни активности за реконструкција токму од одделот за физикална медицина и рехабилитација. Во соработка со болницата од Штип ќе се направи план за згрижување на пациентите додека трае ...
Замениците-министри за надворешни работи на Грција и Турција денеска и утре ќе одржат состаноци во Анкара во рамките на политичкиот дијалог и т.н. позитивната агенда меѓу двете земји што се однесува на соработка во низа области, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчкото МНР во рамките на четвртиот состанок од процесот на политички дијалог меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји, денеска во Анкара ќе се ...
Следната недела, од понеделник до четврток, од 16 до 18 јуни 2025 година, тим од седум члена од Гетеборг, Шведска, ќе го посети Кочани за меѓусебни дискусии со локалната заедница. Како чин на солидарност по трагедијата во Кочани, шведскиот тим ќе го сподели своето искуство од пред 27 години – пожар во дискотека што се случи во 1998 година во Гетеборг. Гетеборг ќе им ги пренесе на Кочани своите научени лекции со цел заедно да се создадат модели ...
Предлогот на Либерално-демократска партија да се смени изборниот модел во една изборна единица со отворени листи пропадна. Предлогот доби поддршка од само 19 пратеници од опозицијата. Иако од владечката партија првично рекоа дека истото ќе го направат, сепак во Собрание предлогот не доби поддршка. Претседателката на ЛДП Моника Зајкова за ММС.мк вели дека Законот не добил гласови против, но не добил ниту поддршка за да помине. „Рекоа дека ќе го ...