
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Полициските служби од Пробиштип во раните утрински часови го привеле 56-годишниот А.Р. од Скопје поради безобѕирно управување со моторно возило во населено место. Според информациите од МВР, инцидентот се случил на регионалниот пат Р-1205, во селото Пишица. Во 00:44 часот, полициските службеници го затекнале возачот како управува патничко возило марка „Фолксфаген“ со скопски регистарски ознаки со брзина од дури 101 километар на час. На тој дел ...
Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во центарот на вниманието кога неговата сопруга Брижит наводно му удрила шлаканица за време на посетата на Виетнам. Камерите ја снимија сцената за која целиот свет зборува – вратата на авионот се отвора, а потоа се гледа како Брижид го удира Маркон, што многумина го протолкуваа како „задевање“. Експерт за говор на телото го анализирал инцидентот што се случил пред камерите на светските медиуми и ...
Деми Ловато и Џордан Луц се запознале во 2022 година. Соработката на нејзиниот албум “Holy Fu*k” заврши во прекрасна љубовна приказна, а тој ѝ предложи брак во декември 2023 година. Минатиот викенд, вљубените го кажаа своето судбоносно „да“ во Калифорнија. Пејачката за својот голем ден избра креација од познатата модна дизајнерка Вивиен Вествуд, а за „Вог“ откри зошто ја носи венчаницата. -Долго време сум обожавател на Вивиен Вествуд. Кога ...
По спроведена истражна постапка, денеска предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд поднесе обвинителен акт против четири лица. -Обвинетите од кои две лица се странски државјани од Бразил и Сирија со привремен престој во државата се товарат дека сториле кривично дело – Посредување при вршење на проституција и кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво ...
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека на разговорите со Иран за неговата нуклеарна програма во Рим е постигнат „сериозен напредок“, но додаде дека исходот сè уште е неизвесен, пренесе ДПА. Тој нагласи дека сè уште се надева на договор кој би спречил понатамошна ескалација: „Би сакал тоа да се постигне, затоа што не сакам да гледам како паѓаат бомби и умираат луѓе“. Сличен воздржан оптимизам изразија и иранскиот заменик-министер за ...
Камерите го забележаа шокантниот момент кога Емануел Макрон, францускиот претседател, наводно е удрен од неговата сопруга Брижит. Како што покажува снимката, додека се отвораат вратите од претседателскиот авион, женска рака го удира Макрон по лицето. Макрон слета во Виетнам, каде што ја започна турнејата низ Југоисточна Азија, која ќе вклучува и посети на Сингапур и Индонезија. Видеото е снимено во недела навечер на аеродромот во Ханој. По ...
На 77-годишна возраст почина Соња Каранџулоска, позната македонска театарска, филмска и телевизиска актерка, од Македонскиот народен театар, која има словенечко потекло. -На 25.05.2025 не‘ напушти нашата драга Соња Каранџулоска (1948 – 2025), членка на Словенечкиот центар – Скопје. Беше вистински борец, како на театарските штици и на натпрварите по мечување, така и низ целиот свој живот. Ни беше чест што соработувавме и што оваа година ...
Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот „Онкологија“ Ана Гоговска – Јакимовска денеска остварија средба со Ана Марјановиќ и Ангелика Колева, претставнички на неформалната организација која ги застапува онколошките пациенти, со цел да ги информираат за деталите од поднесените обвиненија против лекари од Клиниката за радиотерапија и онкологија за несовесно лекување ...
Европската Унија не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација врзана за идентитетски прашања, истакнал претседателот на Италија Серџо Матарела на денешната средба во Рим со претседателката Гордана Сиљановска Давкова, јави известувачот на МИА. Во изјава за медиумите по средбата со Матарела, претседателката нагласи дека шефот на Италијaнската Република е наш голем пријател и оти во разговорите ги ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче жали што премиерот Христијан Мицкоски ја одбил неговата покана за лидерската средба и тоа пред да образложи на кои точки би разговорилe, а кои, како што вели, се важни за национален консензус што треба да се постигне, бидејќи живееме во мултинационална и мултукултурна држава. Претседателот на опозициската СДСМ смета дека треба да се одржи лидерската средба, да се седне на маса и да поразговараат со премиерот ...
Владата презема мерки и чекори за намалување на аерозагадувањето, некои ќе можат веднаш да се реализираат, за други е потребно време, клучно е обезбедување на алтернатива за затоплување за домаќинствата, далечинско централно затоплување, изградба на конегереративни гасни централи, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието посветена на животната средина. Премиерот на расправата изрази согласност дека ...
На улиците на Газа оваа недела, два звука никогаш не престануваа, ни дење ни ноќе. На запад, брановите на Средоземното Море удираа на брегот полн со ѓубре. На исток, гранатите, ракетите и проектилите експлодираа со тапи удари и повремени крцкања. Најмалку 100.000 луѓе пристигнаа во Газа, некогашниот раздвижен комерцијален и културен центар на палестинската територија. Сите бегаат од новата офанзива – наречена „Гидеоновите кочии“ – неодамна ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку објава на „Фејсбук“ соопшти дека стапиле во сила нови пакети санкции против Русија, усвоени од Националниот совет за безбедност и одбрана на Украина, пренесе Укринформ. „Денеска стапуваат во сила неколку санкциски пакети. Првиот е насочен кон Руси кои учествуваат во финансирање на терористичките активности на Русија, како и во финансиски манипулации и шеми за избегнување санкции. Вториот пакет ги ...
Просечната нето плата (без даноци и придонеси) во Србија во март годинава изнесувала 108.013 динари (920 евра), додека просечната бруто плата била 148.652 динари (1.268 евра), објави денеска српскиот Завод за статистика. Средната нето заработка изнесувала 81.793 динари, што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до тој износ. Растот на бруто платите во периодот јануари-март 2025 година во споредба со истиот период лани изнесува ...
Градоначалникот на Кичево противзаконски склучил повеќе договори за извршување адвокатски услуги, оштетувајќи го општинскиот буџет за околу 64.000 евра. СВР Охрид денеска соопшти дена ОВР Кичево поднела кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик, „Злоупотреба на службена положба и овластување“. – Лицето, во периодот од 2017 година до ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, имаше аудиенција кај папата Лав 14., јави известувачот на МИА. По завршувањето на аудиенција, претседателката Сиљановска – Давкова во Апостолската библиотека на Папата му ги претстави членовите на македонската државно-црковна делегација, каде што разменија и пригодни подароци. Во оваа прилика, ...
Дуетот Сузе Гавазова и Љупчо Горгиев со песната „Љубовта не расцути“ победи на 38 издание на фолк фестивалот „Валандово“, што се одржа вчера во Домот на културата „25 мај“ во Валандово. Второто место му припадна на уште еден дует, Благоја Грујовски и Василија Петрова, за песната „Што си ветивме“, а третото на Смиља Митровска, која настапи со песната „Дојди“. На фестивалот беа доделени и стручни награди, како награда за најдобра интерпретација, ...
На фолк фест „Валандово“ постхумно беше доделена награда за животно дело на Гоце Арнаудов, кој остави неозбришливи траги не само на овој фестивал, туку и во современата македонска фолк музика. Наградата ја прими неговата сопруга Силвана Арнаудова, чие срце не издржа, на сцена ја совладаа емоции и се расплака. Публиката, пак, во негова чест стана и со долг аплауз му оддаде почит. Силви за ММС отвори срце и раскажа за емоциите и тагата што и после ...
Планинарскиот клуб „Љуботен“ го реализираше традиционалнато мајско искачување до највисокиот шарпланински Титов Врв на 2.747 метри надморска височина. Од 400 пријавени, 350 учесници се искачија и безбедно се вратија назад до почетната точка на Попова Шапка. Покрај планинари од земјава, имаше учесници од повеќе балкански држави и претставници на дипломатските претставништва. Во саботата, по повод 100 години постоење на ПК Љуботен имаше изложба и ...
Над 3.000 граѓани од Скопје, Струга, Битола, Тетово, Струмица, Велес и Крива Паланка учествуваа во хуманитарната трка „Сите за Кочани – трчаме заедно“, одржана во неделата по повод Денот на Европа. Настанот беше организиран во чест на 62-те жртви од трагичниот пожар во Кочани, како и за поддршка на повредените и нивните семејства. Хуманитарната трка имаше за цел да испрати порака на единство и заедништво, со учество на граѓани од сите возрасти. ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави за поранешен Извршен директор во М-НАВ АД Скопје заради спојување на две сосема различни неспоиви јавни набавки во една и за Б.А. во својство на в.д. раководител на одделение за јавни набавки, заради сомневање дека пропуштила да направи должен надзор. Со ова пријавените го оштетиле Буџетот на М-НАВ АД Скопје за износ од 1.493.433,00 денари. ...
Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Република Северна Македонија. Фидани беше избран за претседател со 8 гласа за и пет против. Кандидат беше и претходната претседателка на Врховен суд, Беса Адеми, кој доби само два гласа. Дискусијата помеѓу членовите на Судскиот совет при изборот беше во насока на тоа дека поранешната претседателка Беса Адеми затаила во својата работа, додека, за ...
Два месеца по смртоносниот пожар што ја потресе Кочани и цела држава, тим од медицински специјалисти од Скопје заврши сеопфатна евалуација на состојбата на повредените што се лекуваат во Општата болница со проширена дејност во Кочани. Прегледите опфатија повеќе од 110 пациенти, дел од нив повратници од странски болници, а останатите се лица кои биле хоспитализирани во македонски здравствени установи. Повеќето од пациентите во Кочани продолжуваат ...
Претседателот на САД Доналд Трамп го оквалификува својот руски колега Владимир Путин како „апсолутно ЛУД“. Во објава на социјалната мрежа Трут Соушл тој рече дека рускиот лидер „непотребно убива многу луѓе, и не зборувам само за војниците“. Според „Политико“, коментарите укажуваат дека ставот на Трамп кон Кремљ се заострува додека неговиот обид да посредува за крај на руската војна пропаѓа без видлив напредок. Објавата доаѓа по масовниот напад ...
Украинските власти утрово соопштија за нова, трета последователна ноќ на масовни руски воздушни напади со употреба на големи групи борбени дронови, пренесе ДПА. Воздухопловните сили на Украина преку Телеграм предупредија и на нови напади со крстосувачки ракети, а воздушна тревога беше прогласена низ целата земја. Противвоздушната одбрана била активирана на повеќе локации, а регистрирани се бројни експлозии, соопштија властите. Според украинските ...
Економскиот конфликт меѓу двете суперсили е штетен за двете, но бидејќи геополитичката борба е „игра со нулта сума“ – каде што едната страна губи, а другата добива – таа е неизбежен дел од равенката. Секако, ова гледиште го исклучува трговскиот аспект на односите на двете земји, особено имајќи предвид дека трговијата во теоријата на игри е типичен (и омилен) пример за игра со ненулти, или меѓусебно позитивен исход. Постојат индикации дека ...
Второто финале на АЕК против Алкалоид, во Скопје, за Европскиот куп на ЕХФ доцни веќе половина час, бидејќи грчките ракометари не излегоа за време на претставувањете на двата тима. Играчите на АЕК нема да истрчаат на терен се додека во сала не влезат нивните навивачи. Иако натпреварот требаше да започне во 21:30 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, некои автобуси со навивачи на АЕК пристигнаа, а некои не, бидејќи не им беше дозволено да ...
Европската федерација во ракомет (ЕХФ) во вторник ќе одлучува за финалето меѓи АЕК и Алкалоид во ракомет, откако грчките ракометари одбија да излезат на теренот во салата „Борис Трајковски“. Раковоството на АЕК го условуваше мечот со влезот на сите навивачи, неофицијално околу 1000, иако се определени 200 влезници за гостинските навивачи. „Финалето на Европскиот куп на ЕХФ помеѓу РК Алкалоид и АЕК Атина во моментов е одложено. Дополнигелно ќе ...
Освен изборот на животен партнер, една од најважните одлуки што ќе ја донесете е изборот на професија. Вашето расположение и напредување во кариерата зависат од тоа. Во последниве години, според најновите истражувања, задоволството од животот и ангажманот на работното место се намалија низ целиот свет – поради лоши избори, помала мотивација и околината. Куп недовршена работа, заедно со лош однос со колегите, неизбежно води до лошо расположение – ...
Во последните месеци од својот живот, папата Франциск ја задолжи хуманитарната организација Каритас да го трансформира неговиот папамобил во мобилна здравствена станица за децата во Газа. Целта на иницијативата е да се заштитат и почитуваат основните права и достоинството на децата. На барање на папата Франциск, возилото што го користеше за време на неговата посета на Витлеем во 2014 година се преопремува со сè што е потребно за прва линија на ...