
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Ме загрижува обидот на еден европратеник којшто доаѓа од владејачката партија на нашиот источен сосед ГЕРБ, да вметне амандман со којшто македонскиот идентитет ќе го дефинира како „present“ или сегашност, со што јасно ја вади на површина политиката на „живковизмот“ која што, за жал, сѐ уште е жива кај политичарите во Софија, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, по посетата на реконструираното одделение за систематски преглед во ...
Илон Маск синоќа објави на X дека не користи дрога, еден ден откако „Њујорк Тајмс“ напиша дека за време на изборната кампања, довчерашниот соработник на Доналд Трамп зел значителни количини кетамин, екстази и халуциногени печурки. „Да бидам јасен, јас НЕ земам дроги! „Њујорк тајмс“ лаже. Пред неколку години користев кетамин на рецепт и тоа го објавив на X, така што ова не е ништо ново. Оттогаш не сум го земал“, напиша најбогатиот човек во ...
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска попладнево достави докази во Основното јавно обвинителство во врска со легализирани дивоградби во општина Чаир спротивно на закон. Арсовска посочи дека за повикот на Основото јавно обвинителство до Град Скопје дознала утрово од медиумите и нагласи дека документацијата, односно доказите би требало да бидат добавени од страна на Обвинителството по службена должност, бидејќи, како што рече, Град ...
СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2025 (недела) со почеток во 17.00 до 18.00 часот поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска и трка на родители со бебешки колички, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. -Трката ќе започне со стартна позиција од Порта Македонија, десно долж ...
Грижата за здравјето е најважен сегмент за долг и квалитетен живот. Тоа подразбира здрави навики и навремени прегледи, кои се клучни за рано откривање на болестите. Пациентите, пак, кај кои тие веќе се откриени трагаат по што поскоро изнаоѓање термин за специјалистички преглед. Тие реагираат дека долго време, некогаш и со месеци чекаат за термин (кој го закажува матичниот лекар) за специјалистички прегледи во дел од клиниките и за ...
Бугарија се очекува во јуни да добие зелено светло од Брисел за воведување на еврото, но токму оваа јасна перспектива загрижува многу граѓани. -Доколку Бугарија се приклучи на еврозоната, тоа ќе биде како да се качувате на Титаник, изјави Николај Иванов, пензиониран висок функционер, на неодамнешниот протест на кој се бараше задржување на бугарската валута – левот. Од јануари, противниците на воведувањето на заедничка европска валута во Бугарија ...
Покрај дискусија за банките и инвестирањето, тема на разговор во денешното издание на емисијата „Стадион“ беше и трагедијата во Кочани која покажа дека невниманието и неодоговрноста доведува до големи трагедии. Закажаа државните институции, но вината посочува и кон приватниот бизнис. Како сопственикот на дискотеката „Пулс“ лесно добил кредит за реновирање без да се обрне внимание за безбедноста? Кои се критериумите? „Ние бараме дозволи, не ...
Основното јавно обвинителство Скопје постапува по доставено известување од СВР Скопје и издаде повеќе наредби по кои веќе се преземаат дејствија. -Доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично дело, таа има обврска тоа да го пријави, да соработува со јавното обвинителство и да посочи кај кои конкретни парцели или згради се откриени сомненија за незаконитости. Тоа е неопходно за да може да постапува обвинителството и да ...
Населението во Македонија старее и тоа многу брзо. Земјава е веќе во длабока демографска старост. Влезена е во процесот на демографска транзиција кога смртноста станува поголема од раѓањето. Бележиме загуба на природниот прираст од преку 8 000 лица просечно секоја година и оваа тенденција ќе продолжи, велат експертите. Иднината, прогнозираат, не e ветувачка, но кои се решенијата? Според едни, утопија е воведувањето какви било мерки кои би го ...
Видеото кое беше направено по концерт на Цеца го привлече вниманието на јавноста. За настапот, Цеца Ражнатовиќ избрала бели панталони и корсет во иста боја, што ги става нејзините гради во преден план. За да не се помрдне корсетот додека танцува на сцената, членовите на нејзиниот тим се погрижија тој да биде стегнат до тој степен што пејачката можеше да дојде до здив. По концертот, Цеца Ражнатовиќ истрча побрзо и подобро кон гардеробата за да се ...
Врховниот суд на САД денеска и дозволи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да го поништи привремениот легален статус на стотици илјади венецуелски, кубански, хаитски и никарагвански мигранти кои живеат во земјата, олеснувајќи ги напорите на републиканскиот претседател за зголемување на депортациите. Судот ја суспендираше одлуката на федералниот судија кој ја запре намерата на администрацијата да ја прекине привремената дозвола за ...
Во рамките на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој викендов ќе се одржува на Рудина, Долнени кога ќе настапат околу 300 изведувачи на народните инструменти и песни, денеска во ликовниот салон од прилепскиот центар за култура „Марко цепенков“ се востанови Ден на гајдата и се одржа Симпозиумот на кој беше промовиран зборникот на научни трудови „Фолклорот во минатото и денес“. Многу е значајно што гајдата како изворен ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ја обвини Кина дека не го почитува билатералниот договор за царините. – Без големо изненадување Кина целосно го прекрши договорот, објави Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social), без да наведе детали за прекршувањата на Пекинг. И американскиот секретар за финансии Скот Бесент оцени дека трговските преговори помеѓу САД и Кина се „на мртва точка“. САД и Кина ги намалија ...
Холандија важи за земја каде што луѓето „премногу отворено“ го кажуваат своето мислење. Тука нема заобиколувања – сѐ е кажано јасно, гласно, буквално и без задршки. Имено, искреноста е така длабоко вкоренета во холандското општество што зборот „beskrivelsebaarheid“, што се преведува и објаснува како „способност да се зборува за сè, да се каже сè и отворено да се разговара“, пишува „Пункуфер“ (Punkufer .hr). Соговорничката на Би-би-си, Олга ...
Прескокнувањето на појадокот, општо гледано, не се препорачува од лекарите. Предупредувањата говорат дека прескокнувањето на првиот оброк може да доведе до акумулација на масно ткиво околу стомакот, на што особено се изложени децата и тинејџерите. Дијабетологот-ендокринолог д-р Луиза Напиорковска од Полска објаснува дека пропуштањето појадок ја зголемува концентрацијата на инсулин и ја влошува отпорноста на телото кон него, што всушност ја ...
Судењето за случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се презакажува за 9 јуни. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, презакажувањето е по барање на надлежениот јавен обвинител. Судењето треба да продолжи со завршни зборови на ...
Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) од Штип продолжува да ја проширува својата меѓународна соработка, овојпат со потпишување на договор со Универзитетот „Хамболт“ од Калифорнија, САД. Оваа соработка, која започна минатата година со заеднички археолошки проекти, сега се продлабочува и опфаќа пошироки области во општествените и хуманистичките науки. Љубен Тевдовски од Институтот за историја и археологија на УГД изјави дека соработката со ...
Првпат во државава, на Одделот за дијагностичка и интервентна радиологија заедно во тимска соработка со Одделот за ендокринологија во ЈЗУ ГОБ „8 Септември“, успешно беше извршена микробранова аблација (MWA) на тироидната жлезда, информираат попладнево од здравствената установа. – Оваа револуционерна процедура ја водеа нашите ценети интервентни радиолози д-р Филип Ристески, д-р Славица Чалческа, асс. спец. д-р Андреа Нанчева – Богоевска и д-р ...
Денеска во Домот на млади во Штип се одржа Отворен ден на средните училишта, каде деветоодделенците од градот и околината имаа можност директно да се информираат за струките и образовните профили што ги нудат локалните средни училишта. Настанот беше насочен кон подобро запознавање со условите за учење, практичната настава, но и новите образовни програми прилагодени на пазарот на труд. Секое училиште постави свој штанд на кој беа изложени дел од ...
Фондот за здравство работи на формирање тимови од странски и домашни експерти кои ќе бидат во Кочани и ќе дадат максимална поддршка во делот на рехабилитација на сите повредени, истакна на денешната прес -конференција во Владата, портпаролката Марија Митева. Одговарајќи на новинарски прашања и најавата на премиерот Христијан Мицковски дека во Кочани ќе бидат испратени специјални медицински тимови, нагласи дека фокусот е да направат решение ...
Тестаторите да ја спроведат сериозно работата и во корист на учениците, а тие да не се обидуваат да препишуваат и испитот да го сфатат како дел од нивното образование кој не треба да претставува никаков проблем – порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред утрешното полагање на првиот екстерен испит од годинашната матура за која се пријавени над 15 000 средношколци. -Тестаторите да си ја спроведат сериозно работата и ...
Бугарското Собрание денеска усвои нова резолуција за напредокот на земјава во процесот на пристапување кон Европската Унија. Резолуцијата била едногласно поддржана со 194 гласови „за“. Во резолуцијата, поднесена од Тошко Јорданов (ИТН) и група пратеници, се наведува дека Бугарија останува целосно посветена на европскиот консензус од јули 2022 година и ги повикува властите во Република Северна Македонија строго да ги спроведуваат договорите што ...
МВР информир дека вчете дете од четири години е повредено во градинк во Радовиш. -На 29.05.2025 во 11.00 часот во ОВР Радовиш, од Јавната здравствена установа Радовиш е пријавено дека кај нив со повреди е донесено четиригодишно дете, кое подоцна е препратено во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Според пријавеното, со повредите се здобило додека престојувало во детска градинка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, ...
Министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев изјави дека неговата земја ќе продолжи да се придржува до договорот од 2022 година и нема да се помрдне ни сантиметар од него. Рече дека во општеството постои целосен консензус во однос на Македонија, но и целиот процес на европска интеграција што се однесува на Западен Балкан. Потврда на ова е и денеска усвоената одлука за напредокот на Република Српска Медитеранска Унија (РСМ) во ...
Оваа сабота, на 31 мај, во Кочани ќе се одржи осмиот по ред „Марш за ангелите“ – тивок, но одлучен протест во чест на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“. Граѓаните ќе се соберат во 16:05 часот во Паркот на револуцијата – време кое симболизира задоцнети институционални реакции. Маршот ќе се движи по утврдена рута: од паркот, преку трговскиот центар, Општинската зграда и Полицијата, со завршна точка пред Судот и Јавното обвинителство. ...
По повикот на премиерот Христијан Мицкоски кој вчера на седницата за пратенички прашања ја повика опозицијата да поддржи измени на Изборниот законик за една изборна единица, денеска лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче изјави дека се подготвени да разговараат за предлогот, но дека за ваквиот предлог треба да се разговара со сите политички партии. – Подготвени сме да разговараме за било што, меѓутоа тоа е работа во која треба да ...
Казни од 350 до 2.000 евра за употреба на мобилен телефон или за неносење кацига на мотор, намалување на дозволената брзина во населените места и зголемување на автопатите, казни од 2.000 до 8.000 евра за брзина од над 200 километри на час, меѓу другото, предвидуваат промените во законот за безбедност во сообраќајот, според алтернативниот министер за транспорт на Грција Константинос Киранакис, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервјуто за ...
Основното јавно обвинителство Кочани денеска ја заврши истражната постапка во врска со пожарот во клубот „Пулс“ со која се опфатени вкупно 46 осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Во следниот период течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите и да предложи свои докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука. Во истражната постапка ...
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство д-р Оливер Миланов, со делегација предводена од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), беше назначен за делегат на Генерално собрание на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH) и претставник на Република Македонија во Светската здравствена организација за заштита на животните. Миланов со делегацијата во периодот од 25 до 29 мај 2025 учествуваа на 92-то Генерално ...
Над 15 000 ученици во завршна година од средното образование утре ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од годинашната државна матура – мајчин јазик и литература, кој е задолжителен за сите матуранти. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за државна матура годинава се пријавени 15 004 кандидати. Од нив, 8816 ученици се од средните стручни училишта, 5966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование. За ...