
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус го повика Израел да покаже „милост“ во војната во Газа и инсистираше дека мирот е во интерес на самиот Израел. Во вчерашниот говор на годишното собрание на СЗО, Гебрејесус рече дека војната му штети на Израел и дека нема да донесе трајно решение. – Можете да замислите како страдаат луѓето. Навистина е погрешно да се користи храна како оружје. Многу е погрешно да се ...
Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, соопшти дека по обемни анализи за тоа како да се најде модел што ќе ги задоволи и синдикатите и работодавачите, решението во врска со воведувањето на седумчасовно работно време е блиску, објави денеска „Вијести“. Спајиќ најави дека на почетокот на следната недела, министерката за труд и социјална политика, Наида Нишиќ, ќе води разговори во рамките на социјалниот дијалог со претставници на синдикатите и ...
Општина Кочани објави повик за продажба со јавно наддавање на градежна парцела во непосредна близина на градскиот базен и стадионот „Никола Мантов“, наменета за изградба на бањски, односно спа комплекс. Целта е да се искористат потенцијалите на геотермалната вода чиј цевковод поминува во непосредна близина на парцелата која е со површина од 12 илјади метри квадратни. -Комплексот треба да обезбеди физичка релаксација и закрепнување, со оглед што ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска по повод Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на влашката заедница, упатувајќи порака на благодарност и признание за нивниот историски и општествен придонес во државата. „На сите припадници на влашката заедница им го честитам денешниот Национален ден на Власите. На овој ден оддаваме почит и признание на влашкиот народ, на нивната истрајност, култура и традиција. Низ ...
Во земјава вчера првпат лабораториски се потврдени два случаи на Monkeypox – Мајмунски сипаници. По потврдувањето на случаите, епидемиологот Драган Даниловски појаснува за какво заболување станува збор, нагласувајќи дека тоа не се пренесува лесно и оти е многу мал ризикот за епидемија. Заболувањето се пренесува со директен контакт со кожни лезии или телесни течности на заразено лице, близок физички контакт, вклучувајќи сексуален однос, контакт ...
Јазикот и идентитетот на Македонците не му нанесуваат штета на никого — напротив, тие се дел од светското културно наследство и заслужуваат почит и грижа. Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик. Мојата ангажираност со македонскиот јазик и литература, сега е дел од мојот идентитет. Тоа е чин на солидарност и отпор кон заборавот, неправдата и ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска телефонски разговараше со претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти кабинетот на израелскиот премиер. „Трамп изрази длабоко жалење за нападот во Вашингтон во кој беа убиени двајца вработени во израелската амбасада, Јарон Лишински и Сара Милграм“, се вели во соопштението. Двајцата лидери разговараа и за војната во Појасот Газа, при што Трамп ја изрази својата поддршка за целите на Нетанјаху во неа, ...
Полицијата на Нов Јужен Велс утрово соопшти дека тело на маж е пронајдено во автомобил потопен во поплавни води во близина на Кофс Харбор, пренесе ДПА. Обилните дождови предизвикаа сериозни поплави долж источниот брег на Австралија, при што помалите градови на Средниот северен брег се меѓу најтешко погодените. Австралискиот премиер Ентони Албанезе и премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, денеска ги посетија некои од подрачјата зафатени од ...
Земјотрес со јачина од 6,3 степени денеска го погоди индонезискиот остров Суматра, соопшти Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика на земјата (БМКГ). БМКГ ја процени длабочината на земјотресот на околу 10 километри. Тој се случил околу 3 часот по полноќ по локално време. Германскиот истражувачки центар за геонауки ја измери јачината на земјотресот на 5,8 степени. Локалните власти соопштија дека нема ризик од цунами, а засега нема ...
Администрацијата на Доналд Трамп денеска соопшти дека го одзела правото на Харвард да запишува странски студенти по ескалацијата на борбата меѓу претседателот и престижниот универзитет. „Со стапување во сила веднаш, сертификацијата за Програмата за студенти и посетители на размена (SEVIS) на Универзитетот Харвард е одземена“, напиша министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем во писмо до институцијата од Ајви лигата, осврнувајќи се на ...
Американски федерален судија ја блокираше извршната наредба на претседателот Доналд Трамп за распуштање на Министерството за образование и нареди враќање на работа на многу од вработените во министерството кои беа отпуштени од работа. Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе поднесе жалба на пресудата. Окружниот судија на САД, Мјонг Џоун, во Бостон издаде прелиминарна забрана со која и забранува на администрацијата да ги спроведе плановите ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
По потврдата на два случаи на мајмунски сипаници (Мпокс), Инситутот за јавно здравје излезе со информација за начинот на ширење и пренесување, за симптомите и третманот. Mpox, претходно познат како мајмунски сипаници е вирусно заболување предизвикано од вирусот monkeypox, вид од родот Orthopoxvirus. Постојат две различни клади на вирусот: клада I (со потклади Ia и Ib) и клада II (со потклади IIa и IIb). Во 2022-2023 година, глобалната епидемија ...
Институт за јавно здравје информира дека денеска за прв пат во нашата држава лабораториски се потврдени два случаи на Monkeypox – Мајмунски сипаници. Од ЈЗУ Институт за јавно здравје, информираат дека од клиниката за кожни болести им биле упатени два пациенти суспектни за Monkeypox – Мајмунски сипаници и воедно беше упатно назначено да се направи испитување и за ХИВ, сифилис и херпес. -Институтот за јавно здравје изврши лабораториски испитувања ...
По повод освоеното прво место на Меѓународните спортски игри без граници во Грција, одбојкарките на клубот Младост УГД денес беа примени од градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Градоначалникот им го честиташе извонредниот настап и освоениот пехар, истакнувајќи дека нивниот успех е гордост за целиот град. Во своето обраќање, Јорданов ја изрази поддршката на Општина Штип кон спортот и најави континуирана логистичка и финансиска поддршка ...
Русија го зголемува своето воено присуство во близина на границата долга повеќе од 1.300 километри што ја дели со Финска, предизвикувајќи загриженост во европските престолнини за идните планови на Русија. Од своја страна, Хелсинки вложи заеднички напори за зајакнување на сопствената гранична одбрана, вклучително и зголемување на трошоците за одбрана и одржување заеднички вежби за обука во големи размери со трупите на САД и НАТО. Додека се ...
Нема да водиме политика на овие случаи, никој нема да биде оставен сам, поддршка ќе има, ама и одговорност, нагласи пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ како одговор на најавата од СДСМ дека повторно го поднесуваат Предлог-законот за подршка на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. -Не сакаме да влеземе во сценариото на политизација на трагедијата во која СДСМ упорно сака да нѐ внесе. Нашиот план за поддршка на ...
Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип поднесе кривична пријава против 73-годишниот Ј.Б. од Берово поради агресивно однесување кон малолетна ученичка во основно училиште. Според официјалните информации, инцидентот се случил на 14 март 2025 година во основно училиште во Берово, кога Ј.Б., кој е дедо на една од ученичките, влегол во училиштето и на агресивен начин се однесувал кон соученичка на неговата внука. Надлежните институции постапиле по ...
По неколкумесечна предистражна постапка што ја спроведуваше јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, денеска под раководство на предметниот обвинител, полициски службеници од Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на ...
Стопанската комора смета дека новиот гувернер Трајко Славески ќе ги исполни очекувањата на бизнисот и дека Народната банка раководена од него ќе продолжи да работи самостојно и професионално. Како што рече денеска претседателот на Комората Бранко Азески, за бизнисот е многу важна стабилноста на курсот и девизните резерви да бидат поставени на национално ниво. Комората од Славески очекува и продлабочување на соработката со реалниот сектор, ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас денеска во Лондон го потпишаа Договорот во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни објекти, со кој земјава добива на располагање историски најголем обем на средства од пет милијарди фунти за реализација на капитални проекти. -Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство го гледаме како нешто што ќе ја доведе ...
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за предлогот Трајко Славески да биде иден гувернер, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во изјава за медиумите дадена при денешната посета на Желино, Мицкоски рече дека согласно Уставот обврска на претседателот на државата е да го даде предлогот за гувернер. – Тоа е одлука на претседателот на државата, не е одлука на Владата. Согласно Устав, претседателката на државата го поднесува тој ...
Обвинителството денеска објави дека поднело две посебни обвиненија поврзани со скандалот на Клиниката за онкологија, кои ја отвораат една од најсериозните истраги во македонското здравство. Како што изјави шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, предметот е поделен на два дела – едниот ги опфаќа финансиските злоупотреби, а вториот третманот на пациентите. Првото обвинение се однесува на економското работење на клиниката и опфаќа две ...
Истрагата која се води за трагичниот настан во Кочани, треба да заврши за десетина денови, најави јавниот Обвинител Љупчо Коцевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Јавното обвинителство. По завршување на истражните дејства, одбраната ќе има можност за увид во доказите, а обвинителниот акт се чека да биде готов во средината на јуни. – Засега толку можеме. И вчера и во моментов се распрашуваат сведоци, осомничени, ...
Премиерот Христијан Мицкоски е убеден дека ќе се изнајдат решенија и дека Европската унија ќе најде механизми за земјава да го добие заслуженото место во Унијата. Во изјава за медимите дадена денеска од Желино, Мицкоски рече дека како држава ќе продолжиме да се однесуваме проевропски и дека Владата нема дилеми дека треба да гради добри односи со сите соседи, вклучително и со Бугарија, но дека нема да дозволи ултиматуми. – Јас сум прагматичен ...
Иако предлогот за избор на гувернер на Народната банка на Македонија сѐ уште не е доставен до пратениците, предложениот кандидат Трајко Славевски нема да добие поддршка од опозицијата, најави координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Оливер Спасовски. – Сметаме дека изборот е исклучиво теснопартиски, не е избор којшто ќе понуди експерт на позицијата гувернер на Народната банка, што било традиција во изминатите години. Од ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2025 година, изнесува 44 763 денари и во однос на истиот месец лани е повисока за 10.5 %, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 15.8 %, Рударство и вадење на камен за 14.1 % и Административни и помошни услужни дејности за 12.5 %. Зголемување на ...
Руските сили во текот на ноќта соборија 35 украински дронови кои летаа кон Москва, соопшти Министерството за одбрана. Од синоќа во 21:00 часот до 0:00 часот, системите за противвоздушна одбрана уништија и пресретнаа вкупно 105 украински дронови, од кои 35 летаа кон главниот град на Русија, се наведува во соопштението. Поради нападите, московските аеродроми беа привремено затворени. Градоначалникот на рускиот главен град Сергеј Собјанин изјави ...
Кумановските пожарникари гаселе пожар на патнички автомобил во близина на граничниот премин Табановце, соопштија денеска од полицијата и од противпожарната единица. Вчера во 23:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот пред граничен премин Табановце настанал пожар во патничко возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки во движење, управувано од Д.П.(23) од Куманово. Пожарот го изгасила екипа на територијалната противпожарна ...
Бидете спокојни, таква работа кај нас ќе нема, рече премиерот Христијан Мицкоски во врска со шпекулациите дека со договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство во земјава предвиден е и прием на мигранти. Според премиерот Мицкоски, договорот е јасен и таква работа нема. -На ова прашање одговор даде амбасадорот на Обединетото Кралство кој што беше многу јасен, а тој одговор е дека апсолутно нема таква работа. А таа тема се наметна ...