
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Тајланд регитрира над 50.000 нови случаи на Ковид19 за само една недела, при што здравствените власти предупредуваат дека порастот, поттикнат од видот Омикрон XEC, кој бргу се шири, сè уште не го достигнал својот врв. Според Џурај Вонгсават, портпаролка на Одделот за контрола на болести, меѓу 11 и 17 мај биле забележани 49.065 случаи, а уште 12.524 нови случаи се пријавени од 18 мај, објави „The Nation“. XEC, една од најновите подвидови на ...
Цените на храната неоправдано растат во Европската Унија, а особено на Балканот, и покрај бранот бојкоти на супермаркетите. Така, бугарското Министерство за земјоделство одлучи да основа ланец малопродажни продавници „Продавници за народот“, кои ќе имаат максимална маржа од 10 отсто и ќе продаваат претежно бугарски производи. Бугарската влада обезбеди околу пет милиони евра почетен капитал за околу 1.500 „Продавници за народот“ кои главно ќе ...
Претходните напори за борба против маларијата се потпираа на инсектициди и елиминирање на комарците што ја пренесуваат болеста, но тоа не доведе до нејзино искоренување. Наместо тоа, експертите предлагаат нов пристап – давање на комарците антималарични лекови за да се ослободат од инфекцијата и да ги спречат да ја шират болеста. Паразитите од маларија, кои убиваат речиси 600.000 луѓе годишно, претежно деца, се пренесуваат преку женски комарци ...
Јапонските медиуми деновиве објавуваат повеќе детали за огромната загуба од околу 21 милијарда долари што се стравува дека јапонската автомобилска индустрија ќе ја претрпи оваа фискална година поради царините што ги воведе администрацијата на претседателот Доналд Трамп. На 3 април стапија во сила царини од 25 проценти за автомобили воведени од владата на новиот-стариот претседател Доналд Трамп, а на 3 мај стапија во сила царини од ист износ за ...
НАСЛОВИ Полнењето на телефонот можеби изгледа како обична секојдневна навика, но начинот на кој го правиме тоа може да има големо влијание врз долговечноста на батеријата. Стручњаците истакнуваат неколку едноставни навики кои можат да го продолжат векот на батеријата – и да ви заштедат пари и нерви. Идеално полнење: помеѓу 20 и 80 проценти Стручњаците препорачуваат да го одржувате нивото на наполнетост помеѓу 20 и 80 проценти. Овој опсег е ...
Во молк, без транспаренти и со фотографии од починатите деца, родителите и семејствата на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска во Кочани го оддржаа седмиот „Марш за ангелите“. Учесниците на маршот ја поминаа вообичаената маршрута од Паркот на Револуцијата, низ Трговскиот центар, кратко запреа кај зградата на Општина Кочани и Полициската станица, а потоа стигнаа пред Основниот суд и Обвинителството. Единствената јавна порака, испишана ...
Тетекс, Слога Виница и Шкендија Арачиново се екипите кои ќе играат следната сезона во Втората лига. По подолга пауза Шкендија Арачиново се враќа во Втората победата над Осогово со 2-1. Овој натпревар одигран во Каваарци пред петилјадна публика, го следеа тензии и прекин поради националистичко навивање. Тимот од Арачиново со голот на Ѓорѓиоски во 37. минута од пенал дојде во водство од 1:0. Осогово израмни во 52. минута со голот на Симоски, а ...
НАСЛОВИ Во време на глобални кризи, конфликти и неизвесност, некои градови остануваат столбови на стабилност, економија и квалитетен живот. Аналитичарите од компанијата Oxford Economics составија листа на 1.000 највлијателни градови во светот, оценувајќи ги според пет клучни критериуми: Топ 10 градови во светот за 2025 година Зошто баш овие градови? Кој се искачи, а кој падна? Градови на иднината: 8 архетипа Oxford Economics ги групира градовите ...
НАСЛОВИ Силното невреме сѐ почесто ги затекнува возачите неподготвени. Најголемата опасност? Градот, кој може да предизвика сериозна штета на автомобилот – особено ако има панорамски покрив или е паркиран на незаштитено место. Церада против град – најдобра заштита Едно од најефикасните решенија е специјална церада против град. Изработена од дебел и издржлив материјал, таа ги ублажува ударите и ги штити каросеријата и стаклата. Може да се набави ...
Најновото истражување спроведено врз 10.000 луѓе покажа дека нивото на холестерол е значително поврзано со ризикот од развој на деменција. Интересно е што проблем не претставува само високиот холестерол — туку и големите осцилации во неговото ниво со текот на годините може да го зголемат ризикот од оваа болест дури за 60%. Дури и кога не се развива деменција, изразени промени во нивото на холестерол од година во година можат да го зголемат ...
НАСЛОВИ Хипертензијата е еден од водечките фактори на ризик за појава на срцев и мозочен удар, како и за хронична бубрежна болест. Често се развива незабележливо, без изразени симптоми, поради што со право се нарекува „тивок убиец“. Опасноста од хипертензијата лежи во фактот дека не предизвикува болка. Ако не се препознае и не се лекува навреме, со тек на време може да предизвика сериозни системски оштетувања – на срцето, мозокот, бубрезите и ...
Тензичност и напнатост во штипското студио на Канал 77, особено по телефонското вклучување на Маја Атанасова од Мрежа за заштита од дискриминација, од каде јавно побараа Богојески да се смени од позицијата директор. Како основен аргумент на нивното барање го истакнаа непочитувањето на европските вредности и особено ширењето говор на омраза на социјалните мрежи од страна на актуелниот директор на агенцијата. На што Богојески на неколку наврати ...
Општина Штип одговори на денешниот прес на СДСМ Штип во врска со гасењето на семафорите на крстосницата во населба Сењак: „Општина Штип отпочна реализација на ДУП со изградба на булеварот „Партизанска“ и воведе изменет режим на сообраќај при изградбата. Во текот на изведбата поради затворање на дел од улиците и лентите за движење на возилата на бул. „Партизанска“ и ул. „Борис Крајгер“, на крстосницата со ул „Сремски Фронт“ и ул. „Борис Крајгер“ ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) денеска објави дека Русија и Украина размениле воени заробеници. Тој им честита на двете страни на успешните преговори, наведувајќи дека размената би можела да биде вовед во позначаен напредок кон мирот. – Штотуку заврши голема размена на затвореници помеѓу Русија и Украина. Наскоро ќе стапи во сила. Честитки до двете страни за овие преговори. Дали ова може ...
Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски на денешната прес-конференција информира дека по лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје потврдени се два случаи на мајмунски сипаници. Андоновски соопшти дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести. Апелира граѓаните да не паничат оти како што рече, системот функционира и се преземаат сите активности. И директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска информира дека се работи ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на средбата во Скопје со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, меѓу другото, разговарале и за билатералната средба со бугарската страна, за нејзиниот формат, кој се би можел на неа да присустуствува и каде би можела да се одржи. Претстојниот Самитот на НАТО во Хаг е добра можност за средбата, на неа би присустувале претедателката Сиљановска Давкова, ...
Во рок од еден месец, од 29 мај до 30 јуни, вршителите на енергетски дејности треба да поднесат барање за промена на лиценцата до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Согласно новиот Закон за енергетика, ваква обврска имаат и носителите на лиценци за пробна работа. Како што соопшти денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, промената на лиценцата е бесплатна, на носителите не им се наплаќа никаков надоместок. Во моментов за ...
Најмалку 28 лица загинаа, а десетици се повредени во најновите израелски напади во Газа изминатата ноќ, јави палестинската новинска агенција Вафа повикувајќи се на медицински извори. Израелските војници продолжуваат со операциите против „терористичките организации низ Појасот Газа“, напиша израелската војска на својот канал на Телеграм, пренесе ДПА. Војниците вчера „елиминираа неколку терористи низ Појасот Газа и нападнаа воени комплекси, ...
Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека изминатите три дена соборени се вкупно 756 украински дронови. Украинската армија, откако рускиот претседател Владимир Путин одби примирје, од вечерта на 20 мај до утрово непрекинато ја напаѓаше Русија со беспилотни летала. Тоа е најдолг и најинтензивен украински напад со дронови врз Русија. Украинската армија нападна 15 руски региони и окупираниот Крим. Најголем број дронови се соборени ...
Прашањето за учеството на Израел на Евровизија се чини дека добива нова димензија, по мноштвото реакции и јавни изјави што излегоа на виделина и зборуваат за искривени резултати во теле-гласањето, во сенка на крвопролевањето во Палестина. По исландската и финската радиотелевизија, сега и шпанскиот премиер за прв пат отворено проговори за ова прашање, додека сензација предизвикуваат и минатогодишните документи што ги објави шпанската РТЕ, кои ...
Општинското основно училиште (ООУ) „Синиша Стоилов“ во Општина Зрновци ќе се доградува и реконструира со средства кои се обезбедени преку Програмата за намалување на диспаритети од министерството за локална самоуправа информираа на денешната прес-конференција во Штип директорот на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Трајче Здравков и градоначалникот на Општина Зрновци, Борче Коцев. Здравков истакна дека преку оваа Програма се ...
Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицински и организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје. На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, а последицата од сторените кривични ...
Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски на денешната прес-конференција информира дека по лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје потврдени се два случаи на мајмунски сипаници. Андоновски соопшти дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести. Апелира граѓаните да не паничат оти како што рече, системот функционира и се преземаат сите активности. И директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска информира дека се работи ...
Семафорите на главната крстосница во штипската населба Сењак повеќе од половина година се надвор од функција. Крстосницата е со зголемена фреквенција на сообраќај поради прекинот на булеварот „Партизанска“, чии делници од Сењак – Диспанзер и Диспанзер – Автобуска станица не се поврзани поради проблеми со објекти, кои треба да се рушат. Светлосната сигнализација на крстосницата Сењак е во прекин од крајот на минатата година, кога по сообраќајна ...
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата во поведена прекршочна постапка соопшти дека донела решение за изрекување на прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија заради давање на неточни, нецелосни податоци и податоци кои можат да ја доведат во заблуда Комисијата за одлучување по прекршок. -Комисијата по допрен глас поведе постапка против Сојузот на стопански комори и против четири ...
Европската Унија останува со Северна Македонија на патот кон целосното интегрирање, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Каја Калас на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје. Високата претставничка истакна дека разговарале за повеќе теми, при што потенцира дека земјава е првиот корисник во регионот на она што го нуди Планот за раст на Западен Балкан, но и прва држава, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, потенцира дека нашата определба е јасна, земјата припаѓа на ЕУ, за што досега вложила голем труд и направила многу жртви, но напомена дека таа определба треба да биде возвратена. -Разговаравме за патот кон Европската Унија – пат кој не беше ни лесен, ни краток, ниту секогаш ...
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус го повика Израел да покаже „милост“ во војната во Газа и инсистираше дека мирот е во интерес на самиот Израел. Во вчерашниот говор на годишното собрание на СЗО, Гебрејесус рече дека војната му штети на Израел и дека нема да донесе трајно решение. – Можете да замислите како страдаат луѓето. Навистина е погрешно да се користи храна како оружје. Многу е погрешно да се ...
Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, соопшти дека по обемни анализи за тоа како да се најде модел што ќе ги задоволи и синдикатите и работодавачите, решението во врска со воведувањето на седумчасовно работно време е блиску, објави денеска „Вијести“. Спајиќ најави дека на почетокот на следната недела, министерката за труд и социјална политика, Наида Нишиќ, ќе води разговори во рамките на социјалниот дијалог со претставници на синдикатите и ...
Општина Кочани објави повик за продажба со јавно наддавање на градежна парцела во непосредна близина на градскиот базен и стадионот „Никола Мантов“, наменета за изградба на бањски, односно спа комплекс. Целта е да се искористат потенцијалите на геотермалната вода чиј цевковод поминува во непосредна близина на парцелата која е со површина од 12 илјади метри квадратни. -Комплексот треба да обезбеди физичка релаксација и закрепнување, со оглед што ...