
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



МВР информира дека уапсила двјца малолетници од Тетово, кои пукале пред неколку дена. -На 29.05.2025 во 10.30 часот на регионалниот пат Тетово -Попова Шапка, на влез во селото Гајре, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода двајца малолетници од село Гајре, поради сомнение дека на 26.05.2025 околу 21.15 часот на улица „111″ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т. од Тетово. Малолетниците се ...
МВР информира дека вчера е уапсен штипски дилер на дрога. -На 29.05.2025 во 10.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.С.(34) од Штип. Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје Штип, по добиена судска наредба, извршиле претреси во домот на А.С. и во дворно место од куќа на подрачјето на Штип, како и во семејна куќа во село Дулица, општина Македонска Каменица. При претресите биле ...
Филм инспириран од вистинска приказна за мултиплекс склероза, корумпиран систем и непокорна борба Во држава каде болестите често се третираат тивко и незабележливо, новиот филм со работен наслов „Течение“ го крши молкот за мултиплекс склерозата – хронична, тешка и често невидлива болест со која илјадници луѓе во Македонија живеат секојдневно. Или, поточно – преживуваат. Режисер на филмот е Антонио Митрикески, едно од најпрепознатливите имиња на ...
За справување со пожарите во летниот период, Владата со Оперативниот план за 2025 година предвидува вработување на 400 пожарникари. -Со оваа мерка како Влада сакаме да постигнеме навремена и брза реакција на спречување на пожарите кои се најприсутни во летниот период. Пожарникарите даваат натчовечки напори за борба со огнената стихија, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други човечки животи, животната средина и други материјални ...
Државниот јавен обвинител Љубомир Коцевски вечерва изјави дека истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е завршена и дека од утре почнува увидот на одбраната во доказите. – По два и пол месеци истрагата се завршува утре што значи дека од утрешниот ден се почнува со увид во предметот од страна на одбраната. Одбраната во наредните 15 дена има право да доставува докази кои јавното обвинителство ќе ги цени со тоа што по поминување на тие ...
Професионален читач на усни тврди дека моментот кога Брижит Макрон му удри шлаканица на сопругот, Емануаел Макрон, бил многу посериозен отколку што двојката сакала да го прикаже, судејќи според невербалната комуникација на Брижит додека се симнувале по скалите. „Кога вратата на авионот се отвора, претседателот Макрон се свртува кон Брижит. Во еден ненадеен момент, таа го турка во лице. Кога сфаќа дека вратата е веќе отворена и дека персоналот го ...
Управата за водење на матични книги попладнево информираше дека е постигнат меѓуинституционален договор со кој свечената сала во објектот „Порта Македонија“ ќе може да се користи за граѓански венчавки. – Според договорот, Управата ќе има право да ја користи просторијата во деновите четврток, петок, сабота и недела, во термин од 14:00 до 17:30 часот, за реализација на службени венчавки, информираа од Управата за водење на матични книги. ...
Фосилите од диносаурус би можеле да понудат клучни сознанија за новите откритија за рак и идното лекување кај луѓето. Научните сознанија се објавени во списанието „Бајолоџи“ (Biology), а истражувачите од британскиот Универзитет Англија Раскин (АРУ) и Империјалниот колеџ во Лондон речиси 10 години се занимавале со ова истражување. Научниците, имено, во фосил од диносаурус заболен со тумор, пронашле сочувани структури на црвени крвни зрнца. ...
Пензионери денеска во Свети Николе протестираа барајќи линеарно зголемување на пензиите. Бараат од септември усогласувањето на пензиите да биде линеарно, а не процентуално. Трајче Станојков од Иницијативниот одбор на пензионерите изјави дека само на таков начин можат да имаат достоинствен живот и да се намалат разликите меѓу највисоката и најниската пензија во државата. – Да продолжиме да си го бараме тоа истото покачување односно усогласување ...
Во просториите на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денес се одржа значаен настан посветен на подигањето на свеста за дигиталното насилство. Настанот ги обедини студентите од УГД, претставници од Италијанската национална полиција и Амбасадата на Италија во Северна Македонија, со цел да се едуцира младата популација за опасностите кои демнат во онлајн просторот. Интернет генерација Според најновата студија на Светската ...
Ветувам дека ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат некакви забелешки ќе ги убедам во спортивното, дека Народна банка била и ќе остане независна институција, посочи новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко Славески, во денешната свечена изјава. Славески подвлече дека Центарлната банка треба да се фокусира на трите основни цели, а тоа се ниска и стабилна инфлација односно ценовна стабилност, финансиска стабуилност и поддршка на ...
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. -Обвинетиот 43-годишник, во прецизно неутврден момент меѓу 20.05.2025 и 22.05.2025 година, при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Делото го извршил во станот во кој престојувала оштетената на улицата „Ѓуро Салај“ во ...
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Проневера во службата член 354 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. -Во периодот од 01.08.2024 до 30.04.2025 година, осомничениот како службено лице – референт-администратор шалтерски работник во Одделение за материјално финансиско работење во Сектор за ...
По целосно спроведена постапка и извршени проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на анонимните пријави против директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за кривични дела – Фалсификување исправа и Употреба на исправа со невистинита содржина. -Пријавите се повикуваа на јавно објавени податоци според кои пријавениот при аплицирање за позиции директор во ЈП „Градски паркинг“ – ...
Клиниката за урологија во Скопје испиша ново поглавје во македонската медицинска историја. За првпат, во државното здравство, беа извршени три успешни операции на вградување пенилни протези, со што Македонија се вклучи во редот на најнапредните здравствени системи што нудат врвни решенија за хируршкото решавање на органската еректилна дисфункција. -Овој иновативен третман е наменет за пациенти кај кои конвенционалните медикаментозни терапии не ...
Националниот парк „Шар Планина“ бара донации за справување со мечките. Има се’ повеќе пријави на мечки забележани во близина на населените места околу Шар Планина, во регионот на Националниот парк. Според надлежните, овој феномен е резултат на недостатокот на природни извори на храна во областите што се нивни вообичаени живеалишта. „За да го намалиме ризикот од несакани средби со луѓе и да помогнеме во обезбедувањето на здравјето и безбедноста ...
МВР информира дека уапсило возач од демирхисарско, кој управувал возило со 3,43 промили алкохол во крвта. -На 28.05.2025 во 19 часот на патот Битола-Демир Хисар полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода В.Р. (49) од село Обедник, демирхисарско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди” со демирхисарски регистарски ознаки, кое го управувал В.Р. и по преземени мерки констатирано е ...
Повредените лица од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани со писмен допис до јавноста реагираат за кадровски промени во Општата болница со проширена дејност што ќе влијае врз анатмошниот нивен третман и лекување. -Чувствуваме должност и потреба да се обратиме јавно поради сериозна и загрижувачка промена во нашата здравствена нега. Ја информираме јавноста дека од овој понеделник, 1 јуни, докторката Катерина Паниќ, позната како докторка Кате, која ...
Во првото тримесечје од 2025 година бројот на живородените деца е 3 526, и во споредба со истиот период од 2024 е намален за 2.9 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 3.8 % во споредба со истото тримесечје од 2024 и изнесува 5 398 лица, а од нив 15 се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен и изнесува -1 872, што значи дека за толку ...
Милијардерот Илон Маск соопшти дека ја напушта својата позиција во американската влада откако го водеше таканаречениот Оддел за владина ефикасност во контроверзен обид за намалување на федералните трошоци. – Како што моето време како специјален владин службеник се ближи кон крајот, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп за можноста да го намалам расипничкото трошење, напиша тој на X. Мандатот на Маск од 130 дена како ...
Повеќе од 17.000 луѓе беа евакуирани денеска во провинцијата Манитоба, централна Канада, откако се соочи со многу лош почеток на сезоната на шумски пожари, соопштија локалните власти. Во услови на глобално затоплување, Канада сè почесто е погодена од екстремни метеоролошки појави, вклучително и пожари во шумските предели во последните години. Во 2023 година, земјата ја доживеа најлошата сезона на пожари во својата историја. – Ова е најголемата ...
Во дигиталната судница во затворот Идризово во Скопје, започнува судењето на 31 обвинети= и пет правни лица, помеѓу кои и високи службеници од енергетскиот сектор во случајот познат како „Адитив“. Осомничените лица организирале и извршиле пререгистрација на правни субјекти за да ги изиграат постапките за јавна набавка, со што овозможиле одредени компании да добијат договори и да се стекнат со значителна имотна корист. Ова е второ судење по две ...
За стар кредит земен пред 13 години, но и за долг кон економски оператор, кој тужел и добил на суд, ЈП „Исар“ од Штип секој месец ќе треба да издвојува по 4 милиони денари во наредните пет години за да може да ги исчисти долговите. Ова беше објаснувањето на секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова – Ангелова пред членовите на Советот на општината, кои на вчерашната седница одобрија субвенција од 7 милиони денари за „Исар“. Како што објасни ...
На 25,26 и 27 јули во Дојран ќе се одржи Дојран Д – Фест 2025! Подготовките траат наголемо, веќе се пополнува листата на артисти кои ќе настапат. Концепциски се ќе биде исто, само се менува продукцијата и датумот. ММС разговараше со градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, кој рече дека фестивалот веќе е на мапата на настани за оваа туристичка сезона и дека во иднина ќе има промени во организацискиот дел, односно начинот на кој ќе се бира ...
Камион за отпад од Општина Чаир го истури ѓубрето пред влезот на Град Скопје, откако претходно градоначалникот Висар Ганиу, во придружба на група граѓани, го испрати возилото со порака дека Чаир заслужува да биде чист. Јавната пресметка што трае со денови продолжи со пренос во живо на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која го повика Ганиу да се појави. Ганиу рече дека Градот Скопје не го собира отпадот, иако граѓаните плаќаат за ...
Во манастирот „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол, Скопје, денеска и вчера се одржале значајни духовни настани за Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Д-р Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и поранешен декан на истиот, примил монашки постриг и бил ракоположен во јероѓаконски чин, добивајќи го името Георгиј. Како што е објавено на веб страницата на ...
Денеска од 18:30 часот започнува продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Белгија (6. јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за СП 2026. Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300, 400 и 500 денари. Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим можат да купуваат билети директно преку нашата веб – платформа, (https://eticket.ffm.mk/). Во неколку чекори подгответе се за ...
Платформата GLEY го започна пилот-проектот “GLEY и движи“, оригинален видео-серијал за јога и фитнес подготвен во соработка со етаблираната јога инструкторката Лејла Рамковска. „GLEY и движи“ е серијал со видео содржини, чиј прв дел што моментално се стримува се состои од осум видеа што имаат за цел да ги потсетат и мотивираат стримачите да воведат здрав и активен животен стил во своето секојдневие. Физичката активност денес е клучен сојузник за ...
Годинава се навршуваат илјада и седумстотини години од Првиот вселенски собор, одржан во Никеја, во 325 година, а на кого присуствувале и тројца македонски епископи: Александар, Епископ на Солун, Будиј, Епископ на Стоби и Дакиј, Епископ на Скупи. -Присуството на македонски епископи на овој Собор е историски показател за длабоките корени на христијанството во Македонија, односно за тоа дека во тој период, на нашиве простори веќе постоел ...
Член на организираната криминална група „Беланоца- Барон“, за која вчера Обвинителство поднесе обвинение за повеќе тешки кривични дела извршени во период од 2020 до 2024 година, меѓу кои и седум убиства, нарачал убиство со цел да се приближи кон радикално исламистичко движење, а мотивиран од сомнение дека жртвата соработувала и всушност ги предал избеганите во Косово Африм Исмаиловиќ и Алил Демири на институциите во предметот „Монструм“ за ...