
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Премиерот Христијан Мицкоски најавува заедничка акција помеѓу Европската Комисија и Владата – Кочани 2030, за реконструкција на инфраструктурни објекти, како што е кочанската болница, но и училишта, спортски сали, паркови и патна инфраструктура. За овој план Кочани 2030, како што посочи премиерот Мицкоски, веќе разговарал со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. – Со претседателката на ЕК разговаравме да имаме заендичка акција, да ...
Фирми во сопственост на актуелни градоначалници и поранешни министри редовно добиваат договори за јавни набавки, лиценци и концесии од државни институции, открива новото истражување на Центарот за граѓански комуникации. Иако законските прописи бараат носителите на јавни функции да пријават сопственички интереси преку изјави за интереси, реалната слика покажува дека оваа обврска често се игнорира. Особено алармантно е што дел од овие политички ...
Индонезија е подготвена формално да ја признае државата Израел и да воспостави дипломатски односи доколку се реализира решение со две држави што ќе гарантира создавање на целосно независна палестинска држава, изјави денеска претседателот Прабово Субианто. Индонезија, која е дом на најголемата муслиманска популација во светот, долго време е силен поддржувач на палестинската државност и не одржува формални дипломатски односи со Израел, потсети ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада би можела да се приклучи на планираниот американски одбранбен воздушен штит, познат како „Златна Купола“, или со плаќање 61 милијарда долари или со станување дел од САД. Неговите коментари дојдоа откако канадскиот премиер Марк Карни изјави за Си-Би-Си дека сака да се приклучи на голема европска одбранбена иницијатива до 1 јули, потег насочен кон намалување на зависноста на земјата од САД ...
Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка со која ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека “Пулс” спрема уште едно лице, кое исто така е осомничено како соизвршител за -Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Од дејствијата преземени во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека ...
Бебе старо два месеци без знаци на живот утрово било однесено на Детското одделение во струшката болница, потврди за МИА директорот на болницата, Владимир Бунчески. Причините за смртта, според него, треба да ги покаже обдукцијата. Во полициската станица во Струга, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, утрово во 8 часот и 30 минути било пријавено дека на детското одделение во ЈЗУ „Општа болница“ во Струга, од страна на ...
Глобалните температури веројатно ќе бидат повеќе од 1,5 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа во следните пет години, предупредија научниците. Откако рекордните температури во 2024 година го надминаа – барем привремено – прагот од 1,5 степени до кој земјите се согласија да го ограничат глобалното затоплување за да ги избегнат неговите најопасни влијанија, новите климатски предвидувања покажаа 86 проценти шанса дека во уште една година ...
Штип по петти пат ќе биде домаќин на интернационалниот натпревар по модерни танци „Dance Cup Štip“, кој ќе се одржи викендов во Домот на културата „Ацо Шопов“. Повод за разговор со организаторката Ана Марија Габровска е токму овој настан на кој деца ќе се натпреваруваат во различни дисциплини. „Натпреварот опфаќа различни танцови стилови и категории – од Performing Arts, преку Street Dance, па сè до Latin Style. Ова ни овозможува да привлечеме ...
Пред пратениците во рамки на денешната 52. седница ќе биде Предлогот за именување гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. За иден гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески од Економскиот факултет во Скопје, кој треба да ја замени досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска. За избор на Славески се потребни 61 глас или просто мнозинство. Славевски е актуелен претседател на Советот на Град Скопје, а ...
Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC) објавија дека вакцинацијата против Ковид-19 повеќе не се препорачува за бремени жени и здрави деца. Министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор во видео обраќање на платформата X објави дека тие вакцини се отстранети од препорачаната програма за вакцинација на ЦДЦ за тие две категории на населението. Кенеди, кој долго време е скептичен кон вакцините, е задолжен за реформирање на ...
Минатата недела во престижната сала Sporting Monte Carlo во Монако се одржа финалето на 21-от Избор за Top Model International 2025, на кој победи нашата претставничка, 15-годишната Лара Станчева, ученичка во СУ „Георги Димитров“ од Скопје. Таа овој фантастичен успех го направи во конкуренција на 59 девојки учеснички од целиот свет! Нашата Лара е член на Модното студио „Црнокрак“, од кое добивме информации во врска со овој интернационален избор ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против десет лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. -Во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година обвинетите како повеќе лица се здружиле во криминална група која на територијата на град Скопје се занимавала со ...
Од општата болница „Папаниколау“ во Солун, вчера беше отпуштена и последната пациентка, која заедно со уште две лица беа хоспитализирани на 16 март, само неколку часа по трагичниот пожар во Кочани, додека пак во Грција, на лекување остануваат уште двајца повредени, згрижени во атинската воена болница, јави дописничката на МИА од Атина. Од солунската болница, денеска преку соопштение информираа дека и тројцата пациенти на возраст од 19, 25 и 26 ...
По спроведена континуирана и темелна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд поднесе Обвинителен акт против девет лица – припадници на организирана криминална група „Беланоца- Барон“. Во координација со органите на прогонот, обезбедени се обемни и релевантни докази врз основа на кои на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела извршени во период ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ги критикуваше израелските воени операции во Појасот Газа. – ЕК отсекогаш го поддржувала, и ќе продолжи да го поддржува правото на Израел на безбедност и самоодбрана, но оваа ескалација и непропорционалната употреба на сила против цивилите не можат да се оправдаат според хуманитарното и меѓународното право, наведе Лајен по телефонскиот разговор со јорданскиот крал Абдула Втори. ...
Сите угостители на струмичкиот плоштад по преговорите со општина Струмица се согласија да ги отстранат сите неправилности во однос на објектите, како доградби, монтажни додатоци, тенди, платформи и стакленици, кои не се во согласност со законот. Градоначалникот Костадин Костадинов изрази задоволство од постигнатиот договор: Паралелно истиот проблем е актуелен во Кочани, особено по несреќата во дискотеката „Пулс“, за кој се утврди дека има низа ...
Би сакале тоа да биде наш проект. Ќе ги разгледаме сите опции, а ќе ја избереме таа што ќе биде најдобра за граѓаните, рече денеска министерката за енергетика Сања Божиновска, одговорајќи на новинарско прашање во врска со изградбата на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“. Божиновска информира дека веќе е поставена рамка и дека се во тек финалните размислувања за финансиската конструкција. Станува збор за проект, потсети, што ќе се гради седум ...
Во Скопје синоќа во 23.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(49) од Скопје, соопштија денеска од МВР. При извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По насоки од јавен обвинител, С.Н., соопштија од МВР, тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно ...
Азир Алиу, поранешниот министер за информатичко општество и администрација од владата предводена од СДСМ и ДУИ, е официјалниот предлог на Коалицијата „Вреди“ за нов министер за здравство. Предлогот го потврди вицепремиерот и актуелен министер за животна средина, Изет Меџити. Оваа најава доаѓа по напуштањето на Владата од страна на Алијансата за Албанците, предводена од Арбен Таравари, кој со тоа ја заврши и својата функција како министер за ...
Денеска официјално започнаа сослушувањата на законските застапници на сите жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Процедурата се спроведува со утврдена динамика во надлежните обвинителства во Кочани, Штип и Скопје. Сослушувањата се дел од истражната постапка за расветлување на настанот, а се одвиваат согласно распоред кој беше координиран директно со семејствата на жртвите и во соработка со граѓанската организација „Support ...
Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ 4 јуни ќе одржи гала концерт во Штип, со почеток во 19:30 часот, во Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип. Преку писмено соопштение од Центарот за култура „Ацо Шопов“ информираат дека публиката ќе има уникатна можност да ужива во извонредна програма која ги слави македонската народна традиција, фолклор и музичко наследство. Со карактеристичната енергија, прецизна изведба и богат ...
Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) ја објави новата база на податоци „Верски имоти под лупа”, која за првпат обезбедува увид во имотот на двете најголеми верски заедници во земјата – Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и Исламската верска заедница (ИВЗ), онака како што овој имот е впишан во македонскиот катастар. Во базата се внесени 14.757 парчиња имот со кои располага МПЦ-ОА, поединечните цркви или ...
Во емисијата 360 степени, претседателот на СДСМ Венко Филипче го осуди начинот на кој се води истрагата за трагедијата во Кочани и го предупреди институционалниот молк околу одговорноста. „Ситуацијата во Кочани е многу сериозна. Револтот на родителите е огромен. Тие имаат сериозна забелешка за тоа како се води истрагата. Еве се најавува затворање на истрагата – ниту еден од актуелните функционери во МВР не е повикан“, рече Филипче. Тој праша ...
Брзата реализација на европските и евроатлантските интегративни процеси е суштинска за реформскиот напредок, стабилноста и отпорноста на земјите од регионот, како и за спречување на влијанија кои не се во интерес на демократијата, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на одбележувањето на 30 годишнината на Дејтонскиот договор во рамки на пролетната сесија на Парламентарното Собрание на НАТО, во Дејтон, ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска посочи дека мнозинството останува стабилно и оти Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет. Во однос на тоа кога ќе се избере новиот министер за здравство, Гаши напомена дека премиерот е тој што треба да го предложи, тој предлог да биде ставен на дневен ред, и потоа ќе биде доставен до сите пратеници во Собранието. -Ставилно е мнозинството. Нема никаква дилема околу тоа дали ...
По барање на пратеничката група на „Левица“ денешното продолжение на 49. собраниска седница е одложено за еден час. Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев побара пауза од еден час бидејќи, како што рече, се уште не добиле одговор на доставеното барање на пратеничката Јована Мојсоска во јануари во кое се бараат исплатените патни трошоци и кирии за 2024 за сите пратеници. -Процедуралната е врз основа на член 62 став 1 алинеја 10 од Деловникот согласно ...
Во пресрет на Локалните избори, опозициската СДСМ веќе потврди тројца актуелни градоначалници за идни кандидати на изборите, а како се ближат изборите во партиските табори се калкулира со потенцијалните имиња. Некои од актуелните градоначалници најавуваат повлекување, нечии кандидатури се потврдуваат или се зборува за нив како сигурни, а за некои се’ уште чекаат што ќе кажат анкетите и членството, односно лидерите на партиите. Еден од актуелните ...
Најмалку 50 лица, меѓу кои четири деца, се повредени во „ужасен“ инцидент во Ливерпул, откако автомобил удри во толпа луѓе за време на прославата на шампионската титула на фудбалскиот клуб Ливерпул, јави ДПА. Помошник-комесарот на полицијата во Мерсисајд, Џени Симс, изјави дека настанот, кој се случи на државен празник, не се третира како терористички чин и најверојатно е изолиран случај. На местото на инцидентот е уапсен 53-годишен маж, кој е ...
Што всушност даде Владата за настраданите од трагедијата во Кочани? Ова прашање сè почесто се поставува во јавноста, откако поминаа повеќе од два месеци од немилиот настан, а сè уште нема конкретни информации за финансиска или материјална помош од страна на државата. Граѓаните пак сè повеќе се прашуваат дали Владата ќе преземе одговорност и ќе обезбеди вистинска поддршка за погодените семејства. Од она што досега е познато е дека Владата на 22 ...
Поранешниот министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу е предлогот на ВЛЕН за нов министер за здравство на местото на Арбен Таравари. Ова го потврди првиот вицепремиер на Владата и дел од ВЛЕН. „Раководството на ВЛЕН одобри Арбен Фетаи да остане вицепремиер за добро управување, додека Азир Алиу ќе биде предложен за министер за здравство, додека за другите позиции ќе се одлучи во наредните денови“, рече Меџити. Азир Алиу е ...